Полицијата сроведе оперативно-тактичка мерка “заседа”, долж автопатот “Пријателство” во близина на Градско, со цел спречување на кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога на територијата на Р.С.Македонија, при што пресечен е транспорт на наркотична дрога -марихуана и запленета е поголема количина. Уапсени се две лица и се спроведени во Полициска станица Велес. https://www.youtube.com/shorts/AgxIXSBE3nU „Полициските службеници ...

Ахмети упорно ги потценува Албанците. Неговото писмо е стоти опозициски обид своите грешки и пропусти да ги префрли на туѓа адреса. Цели 20 години беше власт и наместо системски да ги решава правата на Албанскиот народ остави во наследство половични и недоречени акти. Тогаш кога му одговараше лажно, со гол популизам, сееше магла дека ги решил сите прашања на Албанските права, а реалноста е сосема поинаква, се наведува во соопштението од ...

Вјоса Османи денес ги предаде должностите на претседателот на Парламентот, Аљбуљени Хаџи, кој ќе биде вршител на должноста претседател до изборот на нов. – Нема да биде лесна задача. Се обидов и во 2021 година, и како претседател на Собранието и како вршител на должноста претседател. Да се биде шеф на државата и да се води надворешната политика на земјата и нејзината армија е голема одговорност. Ви посакувам многу успех и здравје во ...

Рускиот амбасадор во Велика Британија, Андреј Келин, денес изјави дека агресијата на САД и Израел врз Иран е делумно резултат на политиката на Лондон. – Всушност, трагичните настани во Иран и низ целиот регион се делумно резултат на политиката на Лондон, која им одеше во прилог на антииранските јастреби во Вашингтон и придонесе за пропаѓање на нуклеарниот договор со Иран од 2015 година (JCPOA), рече Келин, пренесува РИА Новости. Тој ...

Иранските вооружени сили во петокот соопштија дека Исламската Република употребила нов систем за воздушна одбрана за да собори два американски борбени авиони и десетици беспилотни летала, велејќи дека наскоро ќе ја врати целосната контрола врз својот воздушен простор, објавија државните медиуми. Заедничката команда за воздушна одбрана Хатам ал-Анбија на Иран соопшти дека употребила нов систем за воздушна одбрана за да собори американски ...

Во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на државава биле пријавени вкупно седум случаи на семејно насилство, при што четири лица се лишени од слобода, информираат од Министерство за внатрешни работи. Во Куманово, 32-годишен маж бил приведен поради долготрајно физичко малтретирање и закани кон неговата сопруга. Во Тетово биле регистрирани два случаи, при што две жени пријавиле физичко и психичко насилство од нивните партнери. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп штотуку се огласи на социјалната мрежа Truth и повторно му се закани на Иран. „Запомнете, му дадов на Иран 10 дена да склучи договор или да го отвори Ормутскиот теснец. Времето истекува! Уште 48 часа пред да се распадне целиот пекол! Слава му на Бога!“, напиша американскиот претседател. Трамп прво му даде на Иран 48 часа да го деблокира Ормутскиот теснец или во спротивно ќе ги уништи електраните и ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денес повика да се обезбедат услови за конечно и трајно завршување на „нелегалната војна наметната врз Иран“. – Она што нè интересира се условите за конечно и трајно завршување на нелегалната војна што ни е наметната, изјави иранскиот министер за надворешни работи во соопштението на IX. Аракчи рече дека американските медиуми погрешно ги претставуваат ставовите на Иран, нагласувајќи дека ...

Американската актерка Шерон Стоун изјави дека нејзиниот најдобар филмски бакнеж бил со нејзиниот колега Роберт Де Ниро за време на снимањето на култниот филм „Казино“ во 1995 година. „Ја снимивме оваа сцена каде што морам да одам во тоалет, и бидејќи играм измамник, го натерав да ми даде пари за да одам. Тој ми ги даде парите, а јас го погледнав како да сум: „Навистина? Мислам дека е малку повеќе од 50 долари за тоалетот“. И тој… посегна и ...

Во Македонија 45 отсто од возрасните пушат и колку и ние да издвоиме за скрининг и за дијагностика и третмани, ќе биде невозможна трка, изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски коментирајќи ја важноста на превенирањето на малигните болести. Како што рече, најлесно е да донесеме закон за забрана на пушење, но важно е неговото спроведување зашто ние и сега имаме закон. -Не само прилагодување туку бараме и повисоки ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не знае како го блокирале европскиот пат, како што ги обвинуваат од СДСМ, но, како што посочи, ја знае „таа реторика на СДСМ – тоа е мекото ткиво на македонскиот идентитет, тоа се тие мекотелни политики“ и порачува дека по следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија. -Јас не сакав да се вклучувам во предизборието кај нашиот источен сосед иако тие би биле најсреќни јас да се вклучам во ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање, посочи дека власта прави брутална партизација на секое ниво, а особено под политичко влијание е обвинителството со поставување на јавен обвинител кој работи по делегираните задачи од премиерот Христијан Мицкоски, што отвора сомнеж за неговата независност и непристрасност во работењето. „Како може да е влезен во систем, да се декларира ...

Во Скопје утре ќе се одржат две спортски трки, поради што ќе биде воведен посебен режим на сообраќај на повеќе локации низ градот. Утре со почеток во 07:00 часот ќе се одржи планинската трка „Водно-Матка Треилс 2026“, при што сообраќајот ќе биде затворан во три интервали од по пет минути — од 07:00 до 07:05 часот, од 08:00 до 08:05 часот и од 09:00 до 09:05 часот. Стартно-целна позиција е во комплексот „Македонско село“ и траса на движење ...

Полициски службеници го уапсија Р.Ј. (71) од Свети Николе. Како што се наведува во полицискиот билтен, тој е уапсен поради постапување по претходна пријава од 40-годишна жена од Свети Николе дека во дворно место од куќа, во која живее пријавителката, пријавениот го покажувал неговиот полов орган на нејзиниот малолетен син и неговите другари. За настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен ...

Тело на 82-годишен српски државјанин е пронајдено во Вардар кај Демир Капија, а по наредба на обвинител телото е дадено на обдукција. Тело на маж e пронајдено во близина на реката Вардар кај Демир Капија, а случајот веќе е предаден на натамошна истрага. Станува збор за 82-годишен државјанин на Србија, кој бил најден на местото викано Арсова Лака, по што лекар од Итната медицинска помош во Неготино констатирал смрт. По извршениот увид, по ...

Иранската новинска агенција Тасним денес објави дека доказите што ги добила укажуваат дека Иран најверојатно соборил уште еден американско-израелски борбен авион. Агенцијата објави фотографии од преостанатите остатоци од авионот за кој тврди дека е соборен во централен Иран и дека им припаѓа на американско-израелските сили. Iran Likely Downs Another US-Israeli Fighter Jet Overnight Iran’s air defenses reportedly shot down another ...

Го слушнавме денеска премиерот Христијан Мицкоски, како доаѓа на нашето, тоа што го зборуваме повеќе недели, и од оваа партиска говорница, и насекаде по нашите канали за комуникација. Еве сега, допрва ќе ги разгледувале, дел од мерките кои што ги предлагавме во изминатиот период да се олесни економската и финансиската состојба на граѓаните. Повторно, само дел од мерките, допрва ќе ги разгледувале на владина седница. Нема храброст премиерот ...

Иранската полуофицијална новинска агенција Фарс извести дека Иран го отфрли американскиот предлог за 48-часовен прекин на огнот, објави новинската агенција Фарс, повикувајќи се на неименуван извор. Изворот рече дека предлогот бил даден во среда преку неименувана земја, објави Ројтерс. Нема официјален коментар или потврда од САД за извештајот. Иранската полуофицијална новинска агенција Фарс извести дека Иран го отфрли американскиот предлог ...

Министерката Весна Јаневска најави дека сите издржани забелешки кои што ќе бидат дадени на новиот закон за високо образование ќе бидат земени предвид пред тој да биде затворен и пуштен во владина процедура, исто, како што рече, што биле прифатени контруктивните забелешки во изминатиот период. Со него, смета таа ќе се воспостави ред во високото образование и ќе се остранат сите нерегуларности, посочувајќи на примен на еден од затворените ...

ЈЗУ Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство ја информира јавноста дека на 28.03.2026 имаше кус прекин со напојувањето на електричната енергија во една од просторииите на Одделението за интензивна нега и терапија, но веднаш е постапено по сите протоколи. Вакви случаи со техниката можат да се случат секаде во светот и тоа е нешто што не можете да го конторлирате. Затоа клиниката е подготвена согласно протоколите веднаш да реагира ...

Неодамнешните извештаи на американските разузнавачки служби предупредија дека Иран веројатно нема да го отвори Ормускиот теснец наскоро, бидејќи контролата врз светскиот пат за снабдување со нафта му обезбедува единствена вистинска моќ врз САД, изјавија за Ројтерс три извори запознаени со ова прашање. Разузнавањата сугерираат дека Техеран би можел да продолжи да го блокира теснецот за да ги одржи високите цени на енергијата и да изврши ...

Иран нуди 60.000 долари за американски пилот кој исчезна по падот на борбениот авион Ф-15, објави Скај њуз. Едниот пилот е спасен, додека другиот сè уште се бара. – Тоа покажува колку е ризично да се води воздушна војна од размерот што го прават израелските и американските сили, изјави дописничката на Скај, Дијана Магни. Таа додаде дека и Техеран и Вашингтон се обидуваат да дојдат до исчезнатиот пилот. – Очигледно и Техеран и Вашингтон ...

Исполнети се условите да ги намалиме акцизите за дизелот за 4 денари, а на бензините за 2 два денара по литар, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од Општина Илинден и додаде дека за утре во 11 часот веќе е закажана седница на Владата за донесување на мерки за заштита од поскапувањето на горивата. -Берзата за нафтата се затвори во четвртокот заради велигденските преазници и нашите калкулации покажуваат дека дизелот требаше да ...

Американските специјални сили влегоа во Иран во петокот за да спасат член на екипажот на соборен борбен авион. Иран собори американски борбен авион Ф-15 над својот воздушен простор, што е првиот борбен авион уништен од непријателски оган од почетокот на војната. Извештаите велат дека двајца членови на екипажот се катапултирале, што предизвикало трка меѓу Иран и САД за пронаоѓање на заробените американски пилоти. Едно лице било спасено во ...

Компаниите добиваат нова можност за значително намалување на трошоците за електрична енергија, преку најновата понуда на ЕДС. Со склучување договор на 24 месеци со фиксна цена, бизнисите можат да заштедат до 40% на сметките за струја, додека истовремено добиваат и инвертер клима уред како подарок во вредност од 25.000 денари. Оваа комбинација на заштеда и додадена вредност ја прави понудата особено атрактивна за малите и средни ...

Проф. д-р Урош Ахчан, едно од најпрепознатливите европски имиња во пластичната, реконструктивната и естетската хирургија, е лекар чија работа е синоним за врвна експертиза, прецизност и доверба. Зад неговата долгогодишна кариера стојат илјадници успешни интервенции, но и препознатлив пристап во кој естетиката и реконструкцијата одат рака под рака. Едно од последните достигнувања на д-р Ахчан е тотална реконструкција на нос направен со 3Д ...

Иран постави како еден од условите за прекинување на конфликтот со САД и Израел почитување на неговото право на цивилна употреба на нуклеарна енергија, изјави дипломатски извор од Исламската Република, според руската државна новинска агенција РИА Новости. „Меѓу условите за прекинување на војната е траен мир во нашиот регион, а не само прекин на огнот, со кој веќе имаме горчливо искуство. Механизмот за постигнување траен мир вклучува осуда ...

Среде криза Владата на Мицкоски преку УЈП удри директно по џебот на младите и по студентите. Наместо поддршка, им испорачува нов товар – данок за тоа малку што самите го заработиле преку програмата „Work and Travel“. Наместо да ги мотивира, власта ги казнува младите што се трудат, работат и стекнуваат искуство, вели Петар Огњеновиќ – член на извршниот одбор на СДСМ. – До парите на студентите им дојде криминалната ВМРО-ОКГ? Во време на ...

Обидите на земјите од Блискиот Исток да посредуваат во прекин на огнот меѓу САД и Иран досега не успеаја, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на дипломатски извори. Според весникот, сегашниот круг иницијативи, во кој Пакистан игра клучна улога, е во ќорсокак. Медијаторите истакнуваат дека Иран официјално ги информирал своите партнери дека нема намера да учествува во разговорите со американските претставници во Исламабад во наредните ...

Еден месец од почетокот на војната во Иран, растечкиот недостиг на сурова нафта се заканува да се претвори во нешто многу полошо: недостиг на речиси сè. Конфликтот на Блискиот Исток го ограничи протокот на нафта и природен гас низ Ормутскиот теснец, намалувајќи ги глобалните залихи за околу една петтина. Ова нарушување не само што предизвика нагло зголемување на цените на горивата, туку и го намали снабдувањето со петрохемиски производи ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
72%
1016
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
3.6
43%
1014
weather icon

Загреб

17ᴼ / 16ᴼ
2.57
81%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 19ᴼ
1.03
41%
1016
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.75
55%
1015
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 19ᴼ
1.34
46%
1012
weather icon

Атина

25ᴼ / 21ᴼ
4.63
46%
1018
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
31%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
52%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 24ᴼ
4.12
41%
1015
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
8.75
56%
1013
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
46%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9791

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Кобалт

45.39

Калај

52.70

Алуминиум

3.53

Рутениум

51376.89

Злато

152465.86

Платина

66744.95

Сребро

2534.46

Иридиум

253540.09

Паладиум

49351.40

Цинк

0.00

Бакар

12.46

Родиум

319899.93