ШК Алкалоид со четврта победа во низа на Европскиот клупски куп, кој се одржува во Врњачка Бања, Србија, со учество на 84 најдобри екипи од Стариот Континент, уште еднаш го покажа својот потенцијал за успех на меѓународната сцена. Овој пат совладан беше словенечкиот тим „ШК Тајфун“ од Љубљана. Иако победата од 3,5:2,5 важи за минимална, двата бода што шахистите на Алкалоид ги освоија со триумф во четвртото коло ги вбројува во европската елита ...

Премиерот Христијан Мицкоски ја пречека пред Владата претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која е во официјална посета на државава во рамки на турнејата низ шесте земји од Западен Балкан. Во моментов во Владата се одржува тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и претседателката на ЕК Фон дер Лајен, по што ќе се одржи билатерална средба помеѓу двете делегации. По состанокот ќе се одржи заедничка прес-конференција на ...

Од денес стапуваат на сила новите намалени цени за голем дел од услугите на Агенцијата за катастар на недвижности. Минатата недела во Службен весник беа објавени измените и дополнувањата на тарифниците, со кои се врши промена и намалување на цените на најкористените услуги на Агенцијата за дури 75%. Досега, граѓаните при купопродажба на стан и паркинг простор плаќаа за четири имотни листови вкупно 5.000 денари. Со новите промени, таа услуга ...

Во Германија за првпат е откриен новиот клад 1b варијанта на вирусот мпокс, соопшти Институтот Роберт Кох (РКИ), пренесе ДПА. Првиот случај на кладот 1b варијантата на мпокс надвор од африканскиот континент беше потврден во Шведска во средината на август. – РКИ во моментов не прогласува зголемен ризик од кладот 1 вируси во Германија, но ја следи ситуацијата многу внимателно и ќе ги приспособи своите препораки доколку е потребно, објави ...

На крајот на вториот квартал од 2024 година, јавниот долг на земјите од еврозоната се зголеми од 87,8 отсто во првиот квартал на 88,1 отсто од БДП, објави Евростат. Во Европската унија, јавниот долг на крајот на вториот квартал од 2024 година изнесува 81,5 отсто од БДП, што претставува зголемување од 0,2 процентни поени во однос на претходниот квартал. Најзадолжена земја на Европската унија во наведениот период е Грција со долг од 163,6 отсто ...

ШК Алкалоид продолжи на Европскиот шаховски клупски куп со максимална победа од 6:0 против шампионот на Словачка, екипата „ŠK K Cero Invest Nitra“. Велемајсторот Александар Инѓиќ, на шестата табла прв ја започна серијата победи на шахистите на Алкалоид, во средишницата ја искористи позиционата грешка на противникот и рутински го совлада на шестата табла Матришка Петер. Веднаш потоа, следеа победите на Еригаиси Ајрун и Ју Јангји, така да ...

Здравствените работници имаат десетпати поголем ризик од заболување со грип во споредба со општата популација, поради природата на својата работа. Здравствениот работник може да заболи од грип од своите пациенти или колеги. Постојат студии кои покажуваат дека за време на епидемија, во здравствена установа повеќе од половината здравствени работници кои се грижат за пациентите со грип, и самите се инфицирани од вирусот, истакнуваат утрово од ...

Со поместување на часовникот за еден час наназад, од 26. октомври почнува зимското сметање на времето, со што времето во 3 часот ќе се смета како 2 часот. Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година. Последните години во Европа, па и во земјава се води јавна дебата дали е потребно да дојде до прекин на сезонските промени на времето од зимско во летно и обратно. Иако ...

Контролирањето на нивото на шеќер во крвта е од суштинско значење за одржување на здравјето – особено за луѓето со дијабетес или предиспозиција за оваа болест. Иако слатките се првото нешто што доаѓа на ум кога се зборува за шеќер, има и други намирници коишто исто така предизвикуваат нагол скок на шеќерот во крвта. Ендокринологот и нутриционистка Армине Афонина од Моква, Русија, наведува некои намирници што треба да се внесуваат внимателно, ...

Од полноќ се намалуваат цените на горивата од еден до два денари. Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за еден денар, а дизелот за два денари. За 2,50 денари се намалува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство. Според новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 77 ден/лит, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 79 ден/лит. Новата цена на дизелот ќе биде ...

Од 15-те вработени во скопската Зоолошка градина за кои веќе е завршена епидемиолошката анкета од страна на епидемиолози од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за четворица денеска ќе бидат издадени решенија за здравствен надзор, а кај еден од нив, кој во петокот пројавил симптоми на покачена температура и дијареја ќе биде извршено тестирање за присуство на птичји грип. Поради појава на „птичји грип“ Зоолошката ...

Вакцинацијата за сезонски грип почнува денеска и ќе се спроведува на 36 локации во државата. Досега за вакцијација од сезонски грип се пријавиле над 32.000 граѓани. Во Скопје вакцинацијата ќе се одвива во Центарот за јавно здравје, во поликлиниките Букурешт, Идадија и Бит Пазар, а во ИЈЗ само за здравствените работници. Од Министерството за здравство информираат дека сите пријавени на сајтот добиваат смс порака порака за датумот, точното ...

Околу 10.000 луѓе се приклучија на демонстрациите против масовниот туризам на Канарските острови, според проценките на полицијата. Протестите на шпанските острови наредени од одморалиштата следат по демонстрациите во април кога повеќе од 55.000 луѓе излегоа на улиците, според бројките на официјалните лица. Најновите демонстрации се одржаа во одморалиштето Маспаломас на Гран Канарија, Тенерифе, Фуертевентура, Ланзароте, Ла Палма и Ел Хиеро, ...

Европската централна банка (ЕЦБ) вчера ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни поени на 3,25 отсто, при што инфлацијата во еврозоната падна на најниско ниво од почетокот на 2021 година. Каматната стапка по која банките позајмуваат пари од ЕЦБ – исто така беше намалена за 0,25 процентни поени на 3,4 отсто. По долг период на зголемување на стапките за да помогне во контролата на инфлацијата во екот на пандемијата на коронавирус, ...

Најмалку шест лица загинаа, а 25 се повредени при превртување на туристички автобус во Аксарај, Турција. Туристичкиот автобус од непозната причина се превртел на локацијата Аципинар на автопатот Аксарај – Анкара. На местото на настанот се испратени бројни возила на брза помош, полиција и пожарникари. Според првичните податоци, во несреќата загинале шест лица, а 25 се повредени. Гувернерот на Аксарај, Мехмет Али Кумбузоглу, изјави дека ...

Републиканскиот кандидат на претседателските избори во САД, Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека помогнал да се започне војната со Русија, навестувајќи радикална промена на политиката кон Украина доколку победи на изборите на 5 ноември. Поради милијардите долари американска воена помош за Украина од почетокот на војната во 2022 година, поранешниот американски претседател редовно го критикуваше Зеленски за ...

Германија има одговорност да се погрижи војната меѓу Русија и Украина да не се претвори во војна меѓу Русија и НАТО, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц, повторувајќи го своето „наин“ („не“) за испраќање оружје со долг дострел во Киев, пренесе ДПА. -Не сметам дека е тоа исправна испорака – и така ќе остане, рече Шолц вчера по самитот на Европската унија во Брисел. Тој ги отфрли клучните точки од „планот за победа“ на украинскиот претседател ...

Франција најави воведување привремени гранични контроли со шест земји, од 1 ноември 2024 година до 30 април 2025 година, пишува Луксембург Тајмс. Според тој медиум, Франција и најавила на Европската комисија гранични контроли на границите со Луксембург, Белгија, Германија, Шпанија, Италија и Швајцарија. „Сериозни закани за јавниот ред, јавната безбедност и внатрешната безбедност претставени со високо ниво на терористичка активност, зголемено ...

Уставот на Северна Кореја сега ја дефинира Јужна Кореја како „непријателска држава“, според државните медиуми, што е прво спомнување на неодамна усвоените уставни измени, јавува денеска Би-би-си. Државниот весник „Родонг Синмун“ ги нарече уставните промени „неизбежна и легитимна мерка“, во време кога тензиите меѓу двете Кореи се на највисоката точка во последните години. Некои аналитичари посочуваат дека усвојувањето на уставните амандмани е ...

Разорен земјотрес со јачина од 6,1 степен ја погоди денеска Турција. Земјотресот е регистриран на 46 километри источно од Малатија, која беше разурната од минатогодишниот земјотрес. Земјотресот е регистриран на длабочина од 9 километри. Засега нема информации за жртви и штети. Да потсетиме, во февруари минатата година, низа разорни земјотреси, од кои најсилниот беше 7,8 степени според Рихтеровата скала, го погодија истокот на Турција. ...

Почетокот на новата фудбалска Суперлига најверојатно ќе биде даден во септември 2025 година, пишува весникот „АС“ повикувајќи се на генералниот директор на проектот Бернд Рајхарт. Во април 2021 година, 12 клубови (Реал Мадрид, Јувентус, Барселона, Атлетико Мадрид, Милан, Интер, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Челси, Ливерпул, Тотенхем и Арсенал) објавија создавање на турнирот, но по заканата со санкции од УЕФА проектот беше стопиран. Во ...

Војните, долговите, климатската криза и пандемијата го запреа напредокот во борбата против сиромаштијата, предупреди вчера Светска банка. Институцијата со седиште во Вашингтон соопшти дека според сегашните трендови ќе бидат потребни повеќе од 30 години за речиси 700 милиони луѓе кои живеат со помалку од 2,15 долари на ден да се издигнат над општоприфатената дефиниција за екстремна сиромаштија, објави Гардијан. Во својот Извештај за ...

Портпаролката на шпанската влада Пилар Алегрија денеска изјави дека Мадрид се противи на создавање центри за мигранти во земји надвор од ЕУ, според моделот на договорот меѓу Италија и Албанија, откако претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен ги повика лидерите на Унијата да го разгледаат ова прашање. Алегрија потсети дека шпанската влада веќе го изразила своето противење за создавање ваков тип центри во трети земји и нагласи дека Мадрид во ...

Во последните недели израелската војска изврши напади врз јужните предградија на Бејрут без претходно предупредување. Иако надлежните најавуваа предупредувања дека ќе напаѓаат одредена област, потоа нападите се одвиваа во пошироки региони Израел утрово ги нападна јужните предградија на Бејрут, иако неколку дена оваа област е поштедена од напади. Израелската војска издаде предупредување за евакуација на одредена зграда, но очеведци сведочат ...

Русија, Кина и Иран се потпираат на криминални мрежи за да водат кибер-шпионажа и хакерски операции против противници како САД, се наведува во извештај на Мајкрософт. Зголемената соработка меѓу авторитарните влади и хакерите криминалци ги загрижи претставниците на националната безбедност и експертите за кибер-безбедност кои велат дека таа ги претставува сè понејасните граници меѓу овие криминалци и активностите насочени од Пекинг или Кремљ. ...

Илон Маск ѝ дал околу 75 милиони долари на својата организација која се бори за победа на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Америка ПАК (Политички акционен комитет) се обидува да ја зголеми излезноста на гласачите кои ќе го поддржат Трамп на изборите во клучните сојузни држави, а во периодот од јули до септември потрошила околу 72 милиони долари, покажуваат податоците доставени до федералната изборна комисија. Тоа е повеќе од ...

Во периодот јануари – август 2024 година бројот на туристите е зголемен за 8,3 отсто во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика. Кај домашните туристи има намалување за 0,9 проценти, а кај странските зголемување за 14,4 отсто. Зголемен е и бројот на ноќевањата за 5,3 отсто, кај домашните туристи за 2,6, а кај странските за 9,3 проценти. Бројот на туристите во август годинава бил 232 576. Од нив 48,6 отсто биле ...

Над 14.000 граѓани веќе се пријавени на веб-страницата – вакцинација.мк, каде пред три дена почна пријавувањето за бесплатно вакцинирање против сезонски грип за ризични групи население, информираа вчера попладнево од Министерството за внатрешни работи. Како што појаснуваат, предвидено е вакцинацијата да почне во текот на следната недела. – Набавени се 70.000 дози четиритипна вакцина против сезонски грип. Министерството континуирано го ...

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани златен накит, лекови, облека, електроинсталациони производи, цигари и фалсификати. Златен накит (прстени, обетки, нараквици златен часовник) – 19 парчиња златен накит и еден златен рачен часовник, откриени при контрола на автобус со турски регистарски таблички кој сообраќал на редовна линија на релација ...

Во 37 сојузни држави веќе почна предвременото гласање за претседателските избори во САД, а тоа право до синоќа го искористија речиси пет милиони гласачи, кои гласале по пошта или лично. Во следните пет дена ќе започне предвременото гласање во три од седумте клучни држави – Џорџија, Невада и Северна Каролина. Предвременото гласање стана широко распространета практика за време на изборите во 2020 година, кога повеќе од 100 милиони гласачи ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
100%
1000
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
9.77
72%
998
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
89%
994
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
5.66
93%
1003
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
99%
1004
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
98%
994
weather icon

Атина

15ᴼ / 14ᴼ
6.26
78%
1002
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
76%
999
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
87%
998
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
6.69
97%
1006
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
4.63
95%
999
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
100%
1008
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

55781.55

Кобалт

64.04

Сребро

2733.78

Рутениум

45750.51

Родиум

339994.14

Цинк

3.29

Иридиум

221848.72

Алуминиум

3.09

Платина

83354.78

Бакар

12.12

Злато

157561.16

Калај

48.78