Според податоците на „Евростат” за 2023 година, младите во Европската Унија го напуштаат домот на своите родители на возраст, во просек – од 26,3 години. Просечната возраст се разликува меѓу државите-членки поединечно. Највисока просечна возраст е забележана во Хрватска. Во оваа балканска земја младите во просек остануваат со своите родители до 31,8 години. По Хрватска, висока просечна возраст е забележана и во Словачка (31 година), Грција ...

Државјаните на Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Црна Гора, Косово, Украина и други земји на чии граѓани не им треба виза за влез во Европската Унија, од 10 ноември годинава на границите ќе мора да дадат отпечатоци од четири прсти и фотографија на лицето, во рамки на новиот Систем за влез и излез (ЕЕС). Според Европската комисија, ова правило не важи за деца помлади од 12 години. Оваа регулатива ќе се применува на ...

Владата ја укина забраната за докторите од приватните клиники да не можат да се вратат во јавното здравство и наскоро тие ќе може да се вратат, рече министерот за здравство Арбен Таравари. „Имаше една забрана од Владата од август 2022, да не можат докторите од приватните клиники или болници да се вработат во државните. Пред три недели ја поминавме на Влада одлуката да се тргне таа забрана и сега во Министерството за здравство подготвуваме ...

Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, септември се карактеризира како просечно топол месец со просечни количества врнежи на ниво на државата во споредба со многугодишните просечни вредности 1991/20, но со поизразено количество врнежи во северозападот на државата. Како што информира УХМР, средномесечната температура се движела од 11,8 степени во Лазарополе до 21,9 во Гевгелија. Споредено со просечните ...

Пропустите во начинот на финансирање на координацијата и испораката на вакцини од страна на ЕУ, резултираше со нивни недостиг во земјите партнери на Унијата, се наведува во Извештајот на Европскиот суд на ревизори во врска со ревизорската контрола на финансиската поддршка на блокот на здравствени проекти во Демократска Република Конго, Бурунди и Зимбабве во периодот од 2007, па до почетокот на оваа година. Судот на ревизори посочува дека еден ...

Имињата на добитниците на Нобеловата награда ќе бидат објавени од 7 до 14 октомври во Стокхолм и Осло, објавено е на веб-страницата на одборот за доделување на наградата. Како што се наведува, прво традиционално ќе биде објавено името на добитникот на Нобеловата награда за физиологија или медицина на 7 октомври во Стокхолм, додека добитникот на наградата за физика ќе биде познат ден подоцна, чие име ќе биде објавено во Кралската шведска ...

Aмериканските власти поднесоа обвиненија против 10 лица за нелегална продажба на околу 70 милиони опиоидни таблети, соопшти Министерството за правда на САД. Според Министерството, ова е најголемата акција досега против дистрибутерите на опиоиди и други лекови кои често се злоупотребуваат, чија вредност на црниот пазар достигнува 1,3 милијарди долари. Обвинетите се поврзани со фармацевтската индустрија, вклучувајќи трговски претставници и ...

Три лица од Прилеп загинаа, а едно е повредено во тешката сообраќајна несреќа што се случила утрово пред 8 часот на патот Прилеп – Битола на излезот од градот, во близина на селото Лагово. Сообраќајката настанала во директен судир меѓу патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски таблички кое се движело кон Битола и камион кој се движел во обратен правец, кон Прилеп. Екипите на Противпожарната единица се уште се обидуваат да го изгаснат ...

Пожарот кој вчера утрото избувна во станбена зграда во Чаир сè уште е активен соопштуваат од ЦУК. Борбата на пожарникарите за гасење на пожарот во подрумски простории траеше во текот на целата ноќ. На помош било повикано и специјално противпожарно возило на Армијата. Гаснењето на пожарот се одвиваше отежнато поради големата количина на чад и високата температура во подрумите во кои била складирана поголема количина на запаливи материјали. ...

Бројот на работниците во индустријата од јануари до август годинава, во однос на истиот период лани, е зголемен за 1.4 отсто. Во август 2024, пак, во споредба со август претходната година, нивниот број е намален за 0.5 процент, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во август 2024 година, во однос на август 2023 година, бележи пораст од 4.8 %, а во секторот Снабдување со електрична ...

По острите критики од Израел, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, вчера (2.10) недвосмислено го осуди иранскиот ракетен напад. „Како што требаше да биде јасно вчера во контекст на осудата што ја изразив, уште еднаш најостро го осудувам вчерашниот масивен ракетен напад на Иран врз Израел“, рече тој за време на состанокот на Советот за безбедност на ОН во Њујорк. Гутереш по иранскиот напад го осуди „проширувањето на конфликтот на ...

Граѓаните на ЕУ сметаат дека најмногу се изложени на ризици поврзани со влијанието на климатските промени, но и од безбедносните и социјалните предизвици, па затоа мнозинството од нив сметаат дека им се потребни повеќе информации за да бидат подготви за реакција во случај на елементарни непогоди и вонредни ситуации, покажуваат резултатите од истражувањето на Евробарометар пред два дена објавени Како што соопшти Европската комисија, во ...

Повеќето германски компании, поточно 70 отсто, очекуваат во иднина да постигнат поголема продуктивност благодарение на вештачката интелигенција (ВИ), е заклучокот од извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања од Минхен. Резултатот покажува дека многу компании го гледаат потенцијалот во вештачката интелигенција, коментира шефот на истражувањето од Институтот, Клаус Волрабе. Според него, сите компании ќе треба да ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија остро го осудува ракетниот напад врз Израел, извршен од страна на Иран, како и терористичкиот напад во Тел Авив, во кој загинаа шест цивили. Амбасадата на Македонија во Тел Авив веќе стапи во контакт со израелските надлежни институции за да потврди дека меѓу жртвите и повредените нема македонски државјани. Поради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството апелира ...

Главните берзански индекси во САД регистрираа вчера значаен пад додека цените на нафтата растат по извештаите за ракетните напади на Иран врз Израел. Индексот S&P 500 падна околу 1,3 отсто во тргувањата вчера на пладне, откако завчера вечерта завршија на рекордно ниво. Приносите на државните обврзници исто така паднаа. Приносите паѓаат како што цените растат, а загрижените инвеститори често се насочуваат кон ултра-безбедните државни ...

Тајван приземји стотици летови, затвори училишта, канцеларии и финансиски пазари пред пристигнувањето на тајфунот Кратон, при што е забележан еден смртен случај и обилни дождови го погодија јужниот дел на островот. Официјални лица во клучниот пристанишен град Каосиунг, кој ќе биде во центарот на бурата, им порачаа на луѓето да останат во затворени простории и да ги избегнуваат морето, реките и планините, предупредувајќи на повторување на ...

До овој момент, нема македонски државјани кои се обратиле за помош или евакуација од Либан, велат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за МИА. -Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија во неколку наврати ги повика сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика и апелираше да се одложат сите ...

Пензионерите во Република Северна Македонија од денеска добиваат зголемени пензии за 2500 денари. Согласно, Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското иинвалидското осигурување, околу 340.000 пензионери кои се стекнаа со правото на пензиско осигурување заклучно со 31 август, се опфатени со линеарното покачување на пензиите, извести МТСП. „Овие законски измени предвидуваат линеарно зголемување на пензиите во м. Септември и м. ...

Бројот на жртвите на ураганот Хелена во шест американски држави се искачи на над 130, а милиони луѓе останаа без струја или пристап до интернет. Спасувачките тимови во западните делови на Северна Каролина се обидуваат да стигнат до луѓето чија судбина се уште е непозната, три дена откако ураганот Хелена го опустоши југоисточниот дел на Соединетите Американски Држави. Бројот на загинати продолжува да расте бидејќи работниците за итна помош ...

Еден од генералните секретари на НАТО со најдолг мандат, Јенс Столтенберг, денеска ќе му ги предаде должностите на поранешниот холандски премиер Марк Руте, во време кога Алијансата се соочува со некои од најголемите предизвици во својата историја. Столтенберг, 13-тиот генерален секретар на НАТО, ја презеде функцијата во 2014 година, а должината на неговиот мандат ја надмина само холандскиот дипломат Џозеф Лунс, кој помина 13 години на чело на ...

Водата за пиење во Скопје е безбедна покажуваат резултатите од направените физичко-хемиски и микробиолошки испитувања од 44 мерни места во градот. – Секторот за санитарна контрола во периодот од 23 до 27 септември зема 201 примерок за физичко-хемиска и 201 примерок за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за ...

Грејната сезона во Скопје за сите приклучени на мрежата за централно греење ќе почне на 15 октомври 2024 година, со исти услови како и претходно, односно со загарантирана температура од 21 степен Целзиусов и греење во периодот од 6:00 до 22:00 часот. Како што информира денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ), доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.09.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), ...

На три ресторани и една месарница во Кавадарци им се изречени парични казни за пласирање во промет небезбедна храна и неспроведени санитарни прегледи за вработените лица, информира денеска Агенцијата за храна и ветеринарство. Недоследностите се најдени при вонредните инспекциски контроли што биле спроведени кај оператори за храна неделава во Кавадарци. -Изречените глоби се движат од 600 до 3 илјади евра во денарска противвредност за правните ...

Жичницата која води од средно Водно до врвот, е надвор од употреба поради силниот ветер, соопштуваат од ЈСП Скопје. Жичницата не работеше и во текот на вчерашниот ден. „Ве информираме дека Жичницата не работи поради силниот ветер. Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски ...

Бројот на невработени во Германија се зголеми за 17.000 во септември на вкупно 2,82 милиони, што е повеќе од очекуваното од аналитичарите на Блумберг. Тие предвидуваа зголемување на бројот на невработени за 13.500 лица. Стапката на невработеност во Германија во септември изнесуваше шест отсто, исто како и минатиот месец, се наведува во извештајот објавен денеска на германската Федерална агенција за труд. „Есенското заживување на пазарот на ...

Европската комисија (ЕК) им даде на Турција и Германија рок од шест месеци да постигнат компромис околу спорот за донер кебапот, објави британскиот магазин „Економист“. Турција побара од Европската Унија заштитен статус за донер кебапот, бидејќи рецептот на ова популарно јадење во Германија значително се разликува од традиционалната варијанта. Донер кебапот се појави во Германија во 70-тите години од минатиот век, кога во земјата пристигнаа ...

Папата Франциск се најде под притисок на белгискиот крал и премиер да преземе поконкретни акции во врска со сексуалната злоупотреба од страна на католичките свештеници, прашање кое доминира во неговата посета на Белгија. Кралот Филип и премиерот Александар Де Кро на тој проблем предупредија на невообичаено отворен начин за патувањата на папата во странство, кои секогаш се внимателно организирани настани. Кралот му рекол на папата дека на ...

Зачудувачки е што една третина од храната произведена на глобално ниво се губи или завршува како отпад, факт што има негативни влијанија не само врз безбедноста на храната, туку и врз нашите економии и општества, порача еврокомесарката за здравство и безбедност на храната Стела Киријакидес по повод Меѓународен ден на свесноста за губење и фрлање храна – 29 септември. – Само во Европа годишно се фрлаат 59 милиони тони храна, во вредност од ...

УХМР информира дека утре ќе се задржи сончево и топло време, но задутре, недела, под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север, ќе настапи позначителна промена. Ќе има повремени врнежи од дожд со локална појава на грмежи и силен ветер. Во понеделник ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали, за 8 до 10 степени. Потоа, во следните два дена, времето ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
100%
1000
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
9.77
72%
998
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
89%
994
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
5.66
93%
1003
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
99%
1004
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
98%
994
weather icon

Атина

15ᴼ / 14ᴼ
6.26
78%
1002
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
76%
999
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
87%
998
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
6.69
97%
1006
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
4.63
95%
999
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
100%
1008
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Алуминиум

3.09

Злато

157561.16

Паладиум

55781.55

Калај

48.78

Сребро

2733.78

Бакар

12.12

Платина

83354.78

Иридиум

221848.72

Родиум

339994.14

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Цинк

3.29