Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди грчката префектура Коринт на Пелопонез. Нема извештаи за повредени или материјална штета, пренесува грчкиот весник „Катимерини“. Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил лоциран на четири километри северозападно од Фенеос, на длабочина од 11 километри. Грција се наоѓа во еден од сеизмички најактивните ...

Мостот Карола ненадејно се урна среде ноќ во германскиот град Дрезден. Делови од мостот, кој го поврзува историскиот стар град со новиот град, паднале во реката Елба, додека постои опасност од уривање на други делови од мостот, пренесува „Билд“. Граѓаните велат дека слушнале тресок околу три часот по полноќ. „Слушнав огромна експлозија, ме разбуди. Не можев да видам ништо во мракот, а потоа слушнав сирени“, изјави жителот Хендрик Пач за ...

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на бензините се намалува од 0,5 до два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,79 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 68,5, а на Екстра лесното масло ...

Често безгрижно фрламе некои работи од дома за кои не ни знаеме колку се корисни. Меѓу нив е и кората од портокал, односно прашок кој се добива со дробење дехидрирани лушпи, што е важна состојка во производите за нега на кожата. Важно е да знаете дека кората од портокал содржи многу витамин Ц, но и повеќе влакна, калциум, витамин А во споредба со другите овошја… Богата е со различни растителни соединенија кои имаат антиоксидантни и ...

Кога станува збор за маникир и лакови, интернетот, а особено TikTok, е полн со совети и трикови Се разбира, некои совети за маникир се добри, додека некои е подобро да не се обидувате. Но, еден TikToker по име „8kateee“, откри неверојатен трик, бизарно едноставен и многу ефикасен. Повеќето од нас ги лакираат ноктите 20 минути само за да се олупи лакот веќе следниот ден. Да знаевме за трикот „ледени нокти“, ќе можевме да живееме мирно сите ...

На Попова Шапка утрово се измерени 10 степени Целзиусови, а во изминатите 24 часа до 08 часот наврнале 59 литри на метар квадратен воден талог. Во Лазарополе и Маврови Анови се измерени 11 степени, 14 во Охрид, Дебар и Крушево, 16 Претор и Крива Паланка, 17 Скопје-Зајчев Рид Битола, Тетово, Прилеп, Виница и Куманово, 18 Струмица, Штип, Велес и Кавадарци, 19 Скопје-Петровец, Демир Капија и Гевгелија. Како што информираа од УХМР до 08 часот во ...

Важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31.12.2024 година. МВР денеска ги повика сите граѓани кои се уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват својата возачка дозвола, до истекот на рокот, со цел да не се создаваат непотребни гужви. – Сите капацитети на министерството и шалтерите на управните служби функционираат во полн капацитет ...

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер нареди воведување на пасошката контрола на сите копнени граници на земјата во обид драстично да се ограничи бројот на луѓе кои влегуваат во земјата без визи, јави ДПА, повикувајќи се на владини извори. Мерките стапуваат во сила на 16 септември и првично се очекува да важат шест месеци. Фезер ја информирала Европската комисија за плановите, кои имаат за цел да ја ограничат илегалната ...

Турција ќе го произведе својот прв брз воз, а тестирањата ќе бидат извршени следната година, потврди турскиот министер за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу. – Нашиот брз воз, кој ќе го произведува TURASAS (Турска железничка индустрија), ќе има максимална брзина од 225 километри на час. Ќе има осум вагони, со капацитет од 584 патници, рече Уралоглу. Тој додаде дека по завршувањето на статичките тестови на фабриката „возот ќе биде ...

Свлечиштата и големите поплави предизвикани од тајфунот Јаги убиле најмалку 65 луѓе, а други 39 се водат како исчезнати, соопштија денеска локалните власти. Тајфунот Јаги – најсилниот што ја погоди земјата во последните 30 години – го погоди северен Виетнам во саботата, носејќи силни ветрови и пороен дожд. Но, последиците се покажаа особено смртоносни, со повеќекратни свлечишта пријавени додека обилните дождови продолжуваат, се вели во ...

Околу 270 основни училишта низ Словачка утринава добија дојава за бомба, изјави словачкиот министер за внатрешни работи, Матус Шутај Ешток. Помеѓу училиштата кои добиле дојави се и основните училишта во општината Петржалка во Братислава, потврди портпаролката на општинските власти Марија Халашкова. Полицијата не пронашла експлозив во училишните простории, па учениците по проверка можеле да се вратат во училниците. Во меѓувреме, закана за ...

На граничните премини Богородица, Дојран и Табановце за излез од државата се чека повеќе од еден час, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава, информира АМСМ. Како што се наведува во соопштението за сотојбата на патиштата од 12 часот, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските ...

Големиот пожар во Мариово не покажува знаци на намалување. Огнената стихија зафати околу 1.600 хектари, додека периметарот на огнената линија изнесува 110 километри. Според прилепскиот кризен штаб, на теренот се преку 200 професионалци, а дејствува само еден „Ер трактор“, поради технички проблеми на вториот. Началникот на прилепскиот кризен штаб, Борче Јовчески, посочи дека будно се чуваат населените места, и силите главно се концентрирани на ...

Мадрид најави дека ќе го забрани изнајмувањето на електрични тротинети, со што ќе стане втор европски главен град по Париз што ја презема таа мерка поради зголемениот број несреќи во кои најчести жртви се пешаците. Градската власт на Мадрид соопшти дека забраната ќе стапи на сила на 1 октомври. „Ги повлекуваме сите дозволи за компаниите да изнајмуваат е-тротинети на улиците на градот“, напиша на мрежата Икс конзервативниот градоначалник на ...

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) упати повик на преземање итни мерки за ограничување на ширењето на сексуално преносливите инфекции во Европската Унија и во Европската економска област, во услови на регистриран значителен раст на овие заболувања во текот на минатата година. Според податоците на ЕЦДЦ, лани во земјите од ЕУ и ЕЕО се регистрирани 300.000 нови случаи на сексуално преносливи инфекции, при што процентот ...

Европската Унија, САД и Велика Британија се очекува да го потпишат првиот меѓународен договор за правно регулирање на технологиите базирани на вештачка интелигенција, јави весникот „Фајненшл Тајмс“. Брисел, Вашингтон и Лондон се очекува денеска да ја потпишат конвенцијата на Советот на Европа за вештачка интелигенција, која ги нагласува човековите права и демократските вредности во нејзиниот пристап кон регулирањето на системите на јавниот и ...

Од европскиот космодром во Француска Гвајана минатата ноќ во 03.50 часот успешно беше лансирана ракетата „Вега“, која во земјината орбита го однесе сателитот „Коперникус Сентинел 2-Ц“. Како што соопшти денеска Европската комисија, „Сентинел 2-Ц“ ќе доставува најнови податоци и ќе овозможува услуги за набљудување на Земјата за потребите на јавните служби и приватни корисници. Ажурираните податоци добиени од сателитот ќе им помогнат на јавните ...

Извршниот директор на „Дојче банк“, Кристијан Зевинг денеска ги повика Германците да работат повеќе за да помогнат во обновувањето на германската економија, велејќи дека просечната работна недела во Европската унија е околу 34 часа, споредено со околу 28 часа во Германија. „Инвеститорите веќе се сомневаат во нашата способност за реформи, но особено во нашата способност и нашата волја за реформи. Поголем раст во Германија ќе дојде само ако го ...

Во изминатите три месеци, односно од 1 јуни до 31 август, во летните здравствени амбуланти во Албанија услуга добиле над 70.000 туристи, изјави министерката за здравство Албана Кочиу. – Медицинска услуга добија 70.187 туристи, од нив 22.202 или 32 отсто странски, што е за околу 30 проценти повеќе, што е условено и од поголемиот број туристи. Овие, 34 амбуланти нудат 24 часовна услуга седум дена во неделата и се незаменлив извор на услуги за ...

Финансиска стимулации за привлекување и задржување на лекарите во т.н. проблематични или непопуларни подрачја, воведува грчката Влада, а бонусот ќе биде меѓу 200 и 600 евра месечно, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку социјалните мрежи соопшти дека веќе е потпишана конкретната министерска одлука, објаснувајќи дека „новиот додаток, во зависност од категоријата на областа каде лекарот ќе работи, започнува ...

Во која земја во светот живеат најатрактивните мажи? Картата на Европа објавена на Икс графички го прикажува мислењето на жителите на различни земји и каде според нив живеат најубавите мажи. Со оглед на тоа што земјите се поделени по боја, може да се забележи дека доминантна боја на картата е жолтата, што ја означува Италија, а мажите од оваа земја важат за најатрактивните во поголемиот дел од Европа. Италијанците се најатрактивни за ...

Германскиот министер за труд Хубертус Хајл вчера изјави дека бенефициите за невработеност ќе бидат замрзнати во 2025 година, бидејќи инфлацијата ќе се врати на нормално ниво. Хејл за РТЛ изјави дека никакво зголемување на Бургергелд – или приходот на граѓаните – не е планирано за следната година според постоечката формула за пресметување на покачувањата. Новиот германски систем за бенефиции за невработеност беше договорен кон крајот на 2022 ...

Во текот на летото, односно од почетокот на сезоната заклучно со вчера во Грција биле потврдени вкупно 140 случаи на вирусот Западен Нил, додека починаа 17 лица, на возраст меѓу 61 и 92 години, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Согласно неделниот извештај, во изминатата седмица биле регистрирани 16 нови случаи додека пак починале две лица. Дополнително, во ...

Европската комисија (ЕК) потврди дека од 10 ноември во земјите од „Шенген зоната“ на Европската унија, стапува на сила електронската пасошка контрола на влез и излез за патниците кои не се државјани на Унијата. Малта и Ирска, како што е наведено, ќе продолжат да одржуваат гранични проверки и печати во пасошите. Како што објасни претставник на ЕК, целта е значително да се забрза протокот и следењето на патниците од земјите кои не се членки на ...

– Доцнењето во исплатата на средствата од фондот на Европската Унија наменет за закрепнување од Ковид-19, сериозно ја попречува способноста на земјите членки на ЕУ да ги надминат последиците од пандемијата, се оценува во извештајот на Европскиот суд на ревизори (ЕЦА). Во извештајот, како што јави дописникот на МИА од Брисел, се истакнува дека до крајот на 2023 година од Механизмот за закрепнување и отпорност (РРФ) на ЕУ земјите членки ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. За попладне се најавува локална појава на пороен дожд и ретки грмежи. Минималните температури ќе се движат во интервал од 8 до 18 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 25 до 36 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб променлив ветер. Температурите ќе се движат од минимални 15 ...

На 72-годишна возраст почина Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на групата Рибља чорба. Неодамна беше примен во болница во Љубљана со тешка пневмонија. Се лекувал со антибиотици, а по неколку дена поради влошената состојба бил ставен на респиратор.Тој долго време се бореше со тешка болест. Музичарот пред Нова година имал пневмонија, поради што го откажал концертот во Ниш. – Докторот експресно ми забрани да вложам секакви напори бидејќи боледувам од ...

Претседателот на Собранието Африм Гаши, по однос на поднесената интерпелација за неговата работа, рече дека демократијата е можност да се ислушаат спротивставените мислења, но „ова не е интерпелација против Африм Гаши, туку против верската припадност на претседателот на Собранието“. Кој го има легитимитетот во нашата држава, порача Гаши од собраниската говорница, да суди кој може или не да биде претседател на Собранието, само зошто доаѓа од ...

Вкупно 24 пожари на отворено имало во текот на вчерашниот ден до 19 часот. Од нив, се уште активни се седум, два под контрола, а 15 изгаснати. Центарот за управување со кризи вечерва соопшти дека активни се пожарите меѓу селата Степанци, м.в.Кадиица – Оморани и селото Ораов Дол во општина Чашка, меѓу селата Пештани, село Кокре и село Кален во општина Прилеп, меѓу селата Хаџи Хамзали – Едеклерци – Топлик – Драгоево во општина Штип, како и меѓу ...

Со надеж за здрава и негувана кожа, луѓето секојдневно се мачкаат со хидратантни креми и лосиони. Но, честопати се заборава една многу важна работа – храната што има големо влијание врз изгледот и здравјето на самата кожа. Дури и малите промени во исхраната може да ги зголемат шансите за почиста и поздрава кожа. – Како што некои видови храна можат да го влошат здравјето на нашата кожа, некои други можат да го подобрат или барем да ублажат ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
59%
997
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
9.26
60%
996
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
92%
996
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
6.69
81%
999
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.89
100%
1001
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
95%
996
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
2.68
85%
999
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
58%
997
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
93%
999
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
6.69
93%
1001
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
997
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
4.63
64%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Алуминиум

3.09

Платина

83354.78

Рутениум

45750.51

Родиум

339994.14

Кобалт

64.04

Злато

157561.16

Иридиум

221848.72

Паладиум

55781.55

Сребро

2733.78

Калај

48.78

Бакар

12.12

Цинк

3.29