Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Бројот на смртни случаи поврзани со топлотни бранови во Обединетото Кралство се предвидува дека ќе се зголеми повеќе од шесткратно до крајот на векот, ако светот се загрее за 3 степени Целзиусови, покажува една студија. Но, смртните случаи поврзани со студ – кои моментално се многу повисоки од оние поврзани со топлина – се предвидува да се зголемат само малку, достигнувајќи речиси 70.000 годишно до 2100 година, според анализа објавена во ...
Построги правила за течности и гелови во рачниот багаж повторно ќе стапат во сила од 1 септември на сите аеродроми во Европска Унија, соопшти аеродромот во Франкфурт. Со новите правила на патниците ќе им биде дозволено да носат течност или гел до 100 милилитри, спакувани во проѕирна пластична кеса со максимален волумен од еден литар. Лековите и течната храна за бебиња се исклучени од новите правила. Безбедносните правила за течности и гелови ...
Цените на акциите на поголемите берзи во Европа вчера главно пораснаа. Инвеститорите очекуваат низа важни настани оваа недела, вклучувајќи го и говорот на претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел. Нафтата поевтини, а курсот на еврото порасна. Индексот на најважните компании во еврозоната Еуростохх 50 порасна за 0,64 отсто. Во Франкфурт индексот ДАКС зајакна за 0,54 отсто, а во Париз индексот ЦАЦ 40 порасна за 0,70 отсто. Зајакна и ...
Американскиот производител на авиони „Боинг“ продолжува да се соочува со проблеми. Последниот во низата е запирањето на пробните летови на новиот широкотрупен авион од серијата „777 Х“, откако компанијата откри дефект на делот кој ги поврзува моторот и трупот. „За време на закажаната инспекција откривме компонента која не работи како што треба“, се вели во изјавата на американскиот воздухопловен гигант за француската новинска агенција АФП. Од ...
Поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел им се обратија вчеравечер на делегатите на конвенцијата на Демократската партија, каде што и дадоа поддршка на Камала Харис во трката против Доналд Трамп, велејќи дека таа е личност која сака на сите луѓе да им даде еднакви шанси. Како прв црн претседател во американската историја, Обама има голем политички углед, а на конвенцијата на Демократската партија имаше бројни ...
Иранскиот Врховен суд затвори два ограноци на организации поврзани со Германија поради „незаконски активности и финансиски измами“, објави вчера доцна попладнето новинската агенција Мизан, а до тоа дојде откако Германија го забрани исламскиот центар во Хамбург. Новинската агенција објави фотографии од безбедносните сили кои го отстрануваат знакот на Институтот за германски јазик во Техеран, кој е поврзан со германската амбасада. ...
Украинските пратеници вчера го отворија патот за забрана на Украинската православна црква поврзана со Русија, која Киев ја смета за соучесник во руската инвазија на Украина. Повеќето Украинци се православни христијани, но тие се поделени на огранок традиционално поврзан со Руската православна црква и независна црква, која светската православна хиерархија ја призна во 2019 година. Украинските лидери ја обвинуваат Украинската православна црква, ...
Во Аукленд, на Нов Зеланд, на бездомници и луѓе со ниски примања им беа поделени бонбони со висока доза на метамфетамин. Бонбоните, несвесна за потенцијалната опасност, ги поделила хуманитарна организација. На оваа организација, пак, и биле донирани од непознато лице. Добротворната организација сега е во потрага по пакети со храна што ги содржат бонбоните. Тоа всушност биле тврди топки од метамфетамин затворени во обвивки за бонбони. ...
Едно лице загина, а по уште шест се трага откако страшно невреме ја потопи луксузниот брод „Бајзијан“ во близина на главниот град на Сицилија, Палермо, јавуваат италијанските медиуми. Сицилијанските противпожарни и крајбрежни служби претходно соопштија дека нивните нуркачи трагаат по седум исчезнати лица, без веднаш да објават дека е пронајдено едно тело. Британскиот технолошки тајкун, Мајк Линч, е меѓу шесте исчезнати, додека неговата ...
Американската потпретседателка, Камала Харис, има намера да предложи подигнување на стапката на корпоративниот данок на 28 отсто, од сегашните 21 отсто, доколку го победи републиканскиот противкандидат, Доналд Трамп, на претседателските избори на 5 ноември. Портпаролот на кампањата, Џејмс Сингер, рече дека тој потег ќе биде дел од „фискално одговорниот пат за враќање на парите во џебовите на работниците и да се осигура дека милијардерите и ...
На 18.08.2024 во 16.06 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат с.Сиричино – с.Желино, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд ка“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Г.(82) од с.Сиричино и патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од В.А.(30) од с.Теарце, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Г., а со телесни повреди се здобил ...
По победата на Реал Мадрид од 2:0 над Аталанта во Суперкупот на УЕФА, играчот од средниот ред Лука Модриќ стана најтрофеен играч во историјата на мадридскиот клуб. За Хрватот овој трофеј е 27-ми во дресот на „Кралскиот клуб“. Втори на оваа листа се Даниел Карвахал и Начо, кои имаат по 26 трофеи со Реал Мадрид. Карим Бензема и Марсело ја заокружуваат првата тројка со 25. Синоќа во Варшава, Реал Мадрид го освои Суперкупот на УЕФА по шести пат, ...
Легендарниот француски актер Ален Делон кој почина на 88-годишна возраст пред две години изјавил дека сака да биде евтаназиран, пишува„Ле Паризиен“. Според францускиот весник Делон го замолил својот син Ентони да го организира целиот процес и да биде покрај него додека тој умира. – Секако дека ја поддржувам евтаназијата. Живеам во Швајцарија, каде што е легална. Мислам дека тоа е најлогично и најприродно нешто. Секој има право да умре без да ...
Британскиот бруто домашен производ (БДП) порасна во второто овогодишно тромесечје за 0,6 отсто на квартална основа, што значи благо забавување во однос на првите три месеци од оваа година, објави денеска Британската статистичка служба. Британската економија на тој начин продолжува да расте откако на крајот на минатата година заврши во блага рецесија. БДП-то во периодот од 1 јануари до 1 април годинава порасна за 0,7 отсто, откако во третото ...
Во епидемијата на колера што го зафати Судан, животот го загубија најмалку 22 лица, додека 354 се заразени, соопшти денеска суданското Министерство за здравство. Светската здравствена организација (СЗО) објави дека годинава во Судан до 28 јули се регистрирани 78 смртни случаи од колера, а од 1 јануари до 28 јули од оваа болест се разболеле повеќе од 2.400 луѓе. Тарик Јашаревиќ, портпарол на СЗО, рече дека епидемијата започнала во источната ...
Украинскиот пробив на руска територија има за цел да направи тампон зона за да ги оневозможи нападите врз Украина од руска страна, рече украинскиот претседател Володомир Зеленски откако неговата војска уништи уште еден важен мост во регионот Курск. Тој вели дека стратешките цели покрај создавањето на тампон зона се и да се уништи што е можно поголем арсенал на руско оружје и да се направат одредени контраофанзивни акции кои би ги спречиле ...
Во Чикаго денеска почнува Демократската национална конвенција на која треба да биде официјализирана номинацијата на Камала Харис за претседателски кандидат на Демократите за ноемвриските избори во Соединетите Американски Држави. Конвенцијата трае четири дена и се очекува да присуствуваат илјадници луѓе, за да се покаже ентузијазам за кандидатурата на Харис, која стана кандидат по повлекувањето на претседателот Џо Бајден. Главниот дел од ...
Американската авиокомпанија „Американ Ерлајнс“ соопшти дека ќе ги прекине сите летови за Израел до април 2025 година поради големите регионални тензии. Според израелскиот јавен сервис „КАН“, „Американ Ерлајнс“ се приклучи на неколку големи компании кои исто така одлучија привремено да ги прекинат летовите. Од 7 август, вкупниот број на странски авиокомпании кои ги прекинаа летовите до и од Израел достигна 20, наведува „КАН“. Меѓу ...
Напнатата расправа во турскиот парламент заврши со масовна тепачка. Пратеник од опозоцоската Работничка партија побара ослободување на притворениот колега, по што членовите на владејачката партија веднаш се нафрлија врз него. Видеоснимката покажува како пратениците на владејачката партија брзаат да го удираат Ахмет Шик на говорницата и десетици други како се придружуваат на метежот, а некои се обидуваат да ги задржат другите. Крв имаше ...
Судскиот совет денеска одлучи да ја испита одлуката на Кривичниот суд во Скопје, со која на поранешниот припадник на ОВК, Бљерим Рамадани, по кого Србија заради сторени злосторства има распишано меѓународна потерница, беше дозволено да избега во текот на екстрадициската постапка. Како што беше речено на седницата на највисокото судско тело во Македонија, комисијата што ќе се формира ќе ја утврдува фактичката состојба во врска со одлуките на ...
Големиот пожар на Галичица изминативе десетина дена зафати над 6.500 хектари површина во Македонија и Албанија. Огнената стихија и понатаму е активна. Гори на исток во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на охридска територија на запад кон месноста Војтино. Зафатена е нискостеблеста вегетација и букова шума. Покрај екипите за справување со кризи, на терен се и бројни доброволци во земјата кои речиси две недели се борат со ...
„Распуштање на Советите на судии и јавни обвинители мора да има, двајца членови фатени во поткуп, а друг судија го пушти во домашен притвор Блерим Рамадани за да избега. Наќе Георгиев и Иџет Мемети, од кои едниот беше член на Судскиот совет, а другиот заменик претседател на Советот на јавни обвинители не се единствените кои треба да одговараат. Тие го земалe поткупот и извршиле притисок, а по нивиот притисок постапиле и други судии и ...
Бруто домашниот производ на Јапонија денеска ги надмина очекувањата на аналитичарите, и на квартално и на годишно ниво. БДП-то во вториот квартал се зголеми за 0,8%, во споредба со проценките во анкетата на „Ројтерс“ за раст од 0,5%. Тоа беше и пресврт во однос на ревидираниот пад од 0,6%, забележан меѓу јануари и март. Порасна за 3,1% на годишно ниво, надминувајќи ги и проценките за раст од 2,1%. На годишна основа, меѓутоа, БДП на земјата ...
Касарната на Вооружените сили на Сојузна Република Германија во градот Келн вчера е затворена поради сомнение дека некој ја саботирал водата за пиење во неа, јави германски „Фокус“. Според пишувањето на „Шпигел“, полицијата, воената полиција и воените контраразузнавачи истражуваат сомнителни настани во касарната. На војниците и на другиот персонал им било кажано да не пијат вода од чешмите. Денеска ќе се проверуваат водоводните инсталации во ...
Германските власти го идентификуваа осомничениот за диверзијата на гасоводот „Северен тек“ од пред две години и по него распишаа потерница, јавија денеска германските медиуми. Како што објавија медиумите, Главниот државен обвинител во Карлсруе издаде налог за апсење на еден Украинец, специјален нуркач, за кој постои основано сомнение дека заедно со уште двајца украински државјани во септември 2022 година извршил диверзија на двата тека на ...
Турската полиција уапси осомничен за прободувањето со нож на најмалку пет лица во близина на џамија во градот Ескишехир, во северозападна Турција, пишува Ал Џезаира. Турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, изјави дека нападот се истражува. Локалните медиуми шпекулираат дека 18-годишниот Арда К., за кој се сомнева дека го извршил нападот, бил под силно влијание на видео игри. Ал Џезира во својот текст наведува дека осомничениот ...
Инфлацијата во Србија во јули, на годишно ниво, според податоците на српскиот Републичкиот завод за статистика изнесува 4,3 отсто, што е на линија која е во склад со проекциите на Народната банка на Србија, објави централната банка. Како што се наведува во соопштението, инфлација во јули изнесувала 0,4 отсто, што е еднакво на просечните месечни остварувања од почетокот на годината. Во него се нагласува дека месечната динамика на инфлацијата ...
Восхит за својата храброст и личниот ризик заслужуваат активистите на „Не го даваме Јадар“, студенти и млади луѓе кои успеаја после мирниот собир да ги блокираат железничките станици во Србија, „Прокоп“ и „Нов Белград“. Четиринаесет од нив, како што соопшти Ивица Дачиќ, биле „однесени“ во полициска станица откако дури утрината околу 6.30 часот полицијата ги оддалечила од овие места. Тројца се сомничат дека сториле прекршоци и две лица кои се ...
Законските измени за урбанистичкото планирање кои се туркаат по итна постапка во Собранието во екот на одморите, предизвикаа реакции во јавноста. Спорна е измената на членовите 2, 7, 14, 15 и 16 во Законот за Урбанистичко планирање и се бара нејзино стопирање. Додека Министерството за транспорт тврди дека со законските измени ќе се олесни изградбата на училишта, градинки и болници, невладините организации и дел од опозициските партии сметаат ...
„Постои реален ризик од ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах кој е поддржан од Иран, а Канаѓаните треба да го напуштат Либан додека тоа е можно, бидејќи Отава можеби нема да може да ги евакуира сите доколку ситуацијата се влоши“, изјави вчера премиерот Џастин Трудо. „Гледаме дека ризикот од разгорување на војната е реален, предизвиците во регионот се значајни“, рече Трудо пред новинарите во Онтарио. „Правиме одредени подготовки за ...