Летото и високите температури значат поголема потреба од хидратација, т.е. пиење вода. Соодветниот внос на течности во текот на летните месеци е клучен за одржување на оптималното здравје и спречување дехидрација. Налето, телото се соочува со повисоки температури што го поттикнуваат потењето како природен механизам за ладење. Тоа значи губење поголеми количини вода и електролити. Затоа, соодветната хидратација, поточно надоместувањето ...

Шенон Доерти почина вчера по долга борба со ракот, пренесува People. „Со тешко срце потврдувам дека актерката Шенон Доерти почина. Во саботата на 13 јули ја загуби битката со ракот по долги години борба“, потврди нејзината долгогодишна колешка Лесли Слоун и додаде: „Посветената ќерка, сестра, тетка и пријателка беше опкружена со своите најблиски, како и со нејзиното куче Буви. „Семејството ја бара нивната приватност во овој момент за да можат ...

Без проблем добивавме пристап до врвот на Водно 11 години по ред, велат од Агенцијата за електронски комуникации која е инвеститор во телекомуникациската кула. Не знаат зошто баш сега Град Скопје одлучил да не им дава дозвола да го користат патот од Средно Водно до врвот, без што не може да се гради на терен Од Град Скопје, за „360 степени“ само констатирале дека АЕК „нема важечко одобрение за движење со тешки товарни возила камиони и ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 36 до 43 степени. UV=10 Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 41 степен. Како што ...

Нашата намера никогаш не е да се мешаме, туку да ве поддржиме – вели американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер во врска со неодамнешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски оти станало пракса странските амбасадори да се мешаат во внатрешните работи на државата. Изјавата на премиерот се однесуваше на изјавите на дел од амбасадорите во земјава оти Судскиот совет и Советот на јавни обвинители не треба да се распуштат – мерка што уште ...

Најмалку 19 лица се повредени во пожар на туристички брод во близина на брегот на турското летувалиште Мармарис, од кои тројца се во тешка состојба, соопшти Командата на крајбрежната стража. – Поради пожарот на туристичкиот брод Иглс, евакуирани се 96 патници и шест членови на екипажот, соопшти Командата на крајбрежната стража, пренесуваат турските медиуми. Дрвениот брод долг 20 метри, кој се користи за еднодневни патувања, од засега ...

Американскиот претседател Џо Бајден вечерва и се обрати на нацијата со најновите информации за обидот за атентат врз Доналд Трамп и за мерките што ги преземаат безбедносните служби. – Благодарен сум што Трамп е добро и се опоравува. Разговарав со Доналд Трамп. Имавме краток и добар разговор. Навистина сум благодарен што Трамп е добро и се опоравува, рече Бајден во кусото обраќање. Посочи дека во Америка нема место за ваков вид насилство, ниту ...

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека по атентатот во кој беше полесно повреден во саботата, целосно го променил говорот што ќе го одржи во четврток, на последниот, четврти ден од конвенцијата на Републиканците во Милвоки. Тој изјави дека ќе повика на нов напор кон национално единство. Трамп во ексклузивно интервју за неделникот „Вашингтон Егзаминер“ изјави дека сака да го искористи историскиот момент и да ја обедини ...

Политичари во Германија изразија голема вознемиреност откако Си-Ен-Ен објави репортажа за наводен руски заговор за убиство на директорот на германската компанија за производство на оружје „Рајнметал”, која има клучна улога во обезбедувањето воена помош за Украина, пренесе ДПА. Си-Ен-Ен, повикувајќи се на пет неименувани американски и западни функционери, извести дека американското разузнавање открило планови на руската влада да го убие Армин ...

Договорот од Преспа беше историско достигнување и САД ќе работат со Северна Македонија и со Грција за да ги одржат неговите придобивки, стои во одговорот од Стејт департментот на САД, на прашање од сервисот на македонски јазик на Гласот на Америка. Како што објави медиумот, новиот премиер на земјава Христијан Мицкоски не го користеше уставното име во своите јавни изјави за време на Самитот на НАТО во Вашингтон, поради што се обратиле до Стејт ...

Коалицијата „Вреди“ ќе има седум заменици-министри во Владата. На Алијансата за Албанците му припаѓа местото заменик-министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и во Министерството за одбрана. На другите партии од нашата коалиција им припаѓаат Министерството за транспорт и врски, Министерството за внатрешни работи, Министерството за спорт, Министерството за образование и наука и Министерството за култура и туризам. ...

Македонските граѓани се 49-ти во светот според просечниот коефициент на интелигенција, покажува рангирањето објавено на страницата „International IQ test“. Листата е составена врз основа на резултатите од 1.691.740 лица од целиот свет кои направиле еден ист тест за интелигенција во 2023 година. Според оваа листа, Македонците имаат просечен коефициент на интелигенција од 98,83. Тоа е блиску до општиот просек којшто изнесува коефициент 100. ...

Меѓународната агенција за рак и истражување (ИАРЦ) при Светската здравствена организација го класифицираше талкот како „веројатно канцероген“ за луѓето, пренесува „Сајенс алерт“ (Science Alert). Талк или талциум е природен минерал којшто се ископува во многу делови од светот, а потоа се користи како состојка во бебешката пудра или во некои видови козметика. „Одлуката на СЗО е заснована на ограничени докази дека талкот може да предизвика рак ...

Одлуката на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, за одбележување на 11 јули како Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница објавена е во Службен весник на оваа земја, известува Анадолија. Во одлуката потпишана од Ердоган, се наведува дека геноцидот во Сребреница, кој Меѓународниот суд на правдата го означи како најголем геноцид во Европа по Втората светска војна, остави мрачна трага во човековата историја поради ...

– Партиите од владината коалиција во Германија би освоиле 30 отсто од гласовите ако парламентарни избори се одржат оваа недела, што е најнизок резултат досега, покажуваат резултатите од вчера објавена анкета на РТЛ/нтв. Социјалдемократите (СПД) на германскиот канцелар Олаф Шолц би освоиле 14 отсто од гласовите, партијата на зелените би освоила 11 отсто, а помалиот коалициски партнер Слободните демократи (ФДП) пет отсто. Конзервативната ...

Данокот за шеќер за безалкохолните пијалаци во Велика Британија доведе до значителен пад на шеќерот во исхраната на луѓето, покажуваат резултатите од долгорочно истражување спроведено од Универзитетот Кембриџ и Универзитетскиот колеџ во Лондон Само една година по стапувањето во сила на данокот на шеќер во 2018., децата внесувале 4,8 грама помалку шеќер дневно, додека возрасните имале 10,9 г. помал внос. Поголемиот дел од ова намалување се ...

Доналд Трамп размислува да го намали споделувањето на разузнавачки информации со членките на НАТО, кои зависат од САД за видот на информации што и помогнаа на Украина да се одбрани од Русија, според странски официјални лица информирани за плановите. Советниците на Трамп им кажале на сојузничките земји дека намаленото споделување на разузнавачки информации ќе биде дел од поширок план за намалување на поддршката и соработката на САД со ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со колегите од Албанија, Бугарија и Италија, Гуидо Кросето, Нико Пелеши и Атанас Запријанов, вчера во рамки на Самитот на НАТО во Вашингтон потпишаа Писмо на намери за воспоставување на хармонизиран коридор за воена мобилност во рамките на Паневропскиот Коридор VIII, за потребите на Алијансата. Ова е првиот меѓународен документ потпишан од страна на новата Влада. Целта на оваа иницијатива, како ...

Шпанија ја победи Франција со 2:1 на првото полуфинале на ЕУРО 2024, кое се одигра во Минхен и оди во финале. Двете екипи приредија одличен фудбал, особено во првото полувреме, со прекрасниот гол на Јамал. Во финалето во недела Шпанија ќе игра со победникот од утрешното второ полуфинале меѓу Англија и Холандија. Се започна спектакуларно со шансата на Фабијан Руис уште во 5,минута. Сепак не се чекаше многу на голот, и тоа на првиот од игра кои ...

Половина од Американците ја поддржуваат твојата теза дека е добро Америка да се меша во внатрешните работи на Македонија, ми праќа порака од Северна Каролина мојот пријател од детство Дичо Дракулевски. А втората половина? Па, се подразбира од кажаното во вајбер пораката: втората половина не ја подржува оваа политика и смета дека Америка треба да престане да се меша во внатрешните работи на други држави и „да си ја гледа работата“. Всушност, ...

По изборите во Франција: на Мицкоски му е потешко одошто по европските избори, за Северна Македонија – тоа се добри вести. 1. Свесни дека саботирањето на Преспанскиот и Софискиот, но и на духот на Рамковниот договор им е се попровидно и пресретнато и во соседството и дома: – Давкова ќе се објаснува по медиуми, а – премиерот ќе се слика од Вашингтон… За тоа време: – само формално ќе бидат “кооперативни”, за земјата да не прерасне во доверлив ...

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на Самитот на Алијансата во Вашингтон беше одликуван со највисоката американска цивилна награда – Претседателски медал на слободата. Медалот му го врачи претседателот на САД, Џо Бајден на церемонијата на отворање на Самитот на НАТО. – Господине секретар, вие го водевте овој сојуз низ еден од најважните периоди во нејзината историја. Кога почна војната на Русија во Украина, вие не се двоумевте. ...

Победниците на изборите од француската левичарска коалиција Нов народен фронт (НФП) се огласија откако Емануел Макрон одби да го смени актуелниот премиер на Франција, Габриел Атал. Во соопштението што го потпишуваат четири партии од коалицијата, тие го обвинуваат Макрон за „обид за киднапирање на институциите“ и бараат мандат за формирање нова влада. „Долготрајното задржување на Габриел Атал на чело на владата може да звучи како обид за ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека публиката на централниот терен на „Вимблдон“ му покажала непочитување при победата над Данецот Холгер Руне, пренесоа светските агенции. За пласман во четвртфиналето, освојувачот на 24 Гренд слем титули го надмина противникот со 6:3, 6:4, 6:2. -До сите навивачи кои покажаа почит и останаа до крајот на натпреварот, ви благодарам од се срце, го ценам тоа. На другите кои избраа да покажат непочитување, ...

Откако беше основан за прв пат во август 1936 година, Алкалоид растеше и се развиваше низ многу бурни и предизвикувачки децении за да стане модерна, извозно ориентирана компанија со речиси 3.000 вработени како што е денес. Магазинот „The Region” направи интервју со Живко Мукаетов, генерален директор на една од најдобрите и најпознатите компании во Северна Македонија, за традиција која датира скоро девет децении, брендови изградени од ...

Македонија следната сезона ќе има три претставници во АБА-2 лигата. Освен шампионот МЗТ Скопје и вицешампионот Пелистер, во Јадранската лига ќе игра и екипата на Работнички, која го освои третото место во македонската лига. Веќе се познати и шеширите за новата сезона, која ќе се игра по нов формат, со четири групи со по четири екипи и со натпревари дома-гости. МЗТ Скопје, се најде во првиот шешир заедно со екипите на Подгорица, Војводина и ...

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро проневерил накит вреден 1,2 милиони долари за време на неговиот мандат, се вели во извештајот од истрагата на бразилската федерална полиција објавен денеска од Врховниот суд. Болсонаро минатата недела беше обвинет за проневера, перење пари и криминален заговор во врска со луксузен накит од Саудиска Арабија, пренесува АП. Истрагата е дополнителен притисок врз лидерот на екстремната десница, кој ...

Водителката на радиото од Филаделфија, која го интервјуираше претседателот Џо Бајден на 3 јули, поднесе оставка по прашањата од неговиот тим. Андреа Лофул Сендерс, која ја води емисијата „The Source“ на локалната радио станица WURD, му постави на Бајден четири такви прашања во интервјуто што го даде по првата претседателска дебата. WURD, единствената радио станица во Пенсилванија во сопственост на црнци, рече дека интервјуто било договорено ...

Поранешниот претседател и републикански кандидат за иден шеф на САД Доналд Трамп денеска изјави дека очекува актуелниот американскиот претседател Џо Бајден да остане во претседателската трка и покрај повиците на Демократската партија да се повлече и да го замени со помлад кандидат. Трамп оцени дека Бајден нема да се повлече токму како што рече поради неговото его. „Тие (демократите) го покриваат Бајден, но станува се потешко и потешко да се ...

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска побара од премиерот Габриел Атал засега да остане на својата функција поради стабилноста на земјата, соопшти Елисејска палата. Претходно, Атал пристигна во Елисејска палата за да поднесе оставка по вчерашните парламентарни избори на кои центристичкиот сојуз не успеа да го задржи мнозинството. Атал најави дека доколку Макрон не ја прифати неговата оставка, ќе продолжи да ја извршува функцијата ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1000
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
4.63
72%
998
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
0.0
93%
997
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.49
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
997
weather icon

Атина

14ᴼ / 10ᴼ
0.89
90%
1001
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
76%
1001
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1001
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
3.6
94%
1001
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
92%
997
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

48.47

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.07

Родиум

336779.07

Цинк

3.33

Иридиум

221848.72

Кобалт

64.04

Паладиум

53434.54

Сребро

2457.28

Бакар

11.66

Злато

157055.75

Платина

83354.78