Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Изборот на носителите на водечките раководни позиции во ЕУ, Стратешката агенда 2024-2029 година, состојбите во Украина и на Блискиот Исток, безбедноста и одбраната, конкурентноста, миграцијата, хибридните напади и прашања од надворешната политика, ќе бидат главни теми на дводневниот Самит на Унијата што почнува попладнево во Брисел. Во поканата упатена до шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ за учество на Самитот, ...
Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, околу 14.30 часот по средноевропско време слета во Австралија, каде што го дочека толпа поддржувачи, откако ја призна вината за кршење на американскиот закон за шпионажа и беше ослободен по 14-годишна правна битка. Асанж нешто после 19.30 часот по локално време излезе од приватниот авион на аеродромот во Канбера, каде ги поздрави медиумите и поддржувачите, а потоа ја бакна сопругата Стела. Австралискиот ...
НАТО денеска го избра холандскиот премиер, Марк Руте, за свој нов генерален секретар, во време кога на праг му беснее војната во Украина и кога постои голема неизвесност во поглед на идната позиција на САД кон трансатлантскиот сојуз. Амбасадорите на земјите-членки на НАТО на состанок во седиштето на Алијансата во Брисел одлучија да го назначат Холанѓанецот Руте за следен генерален секретар, кој ќе ја преземе функцијата на 1 октомври годинава. ...
Германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фесер, сака оние кои на Интернет поддржуваат терористички напади или терористички групи полесно да бидат протерани од Германија, пренесуваат денеска германските медиуми. „Кој нема германско државјанство и велича терористички напади мора да биде протеран секаде каде што тоа е можно“, рече министерката Ненси Фезер во интервју за медиумската куќа „Функе“. „Во иднина, дури и ‘лајк’ или коментар ...
Три лица од екипата на Итната медицинска помош од Скопје кои беа заглавени во лифт во подрумски дел од зграда на улица „Христо Татарчев“ бр.47 во скопската населба Кисела Вода се жалат на повреди. Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), екипата се движела од приземје кон шести кат, но кога дошле малку над втори кат лифтот забрзано се спуштил и паднал во подрум. Претходно ЦУК информираше дека е добиена пријава на ...
Порака и предупредување до Скопје и Тирана испрати грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговиот говор на состанокот на пратеничката група на Нова демократија, велејќи дека „прават сметка без крчмарот“, јави дописничката на МИА од Атина. За нашата земја, односно како што рече за северните соседи, Мицотакис посочи дека има прекршување на меѓународното право и обврските од меѓународните договори, а индиректно упати критики и до опозициската ...
Денко Малески Биди умерен во победата и грациозен во поразот, гласи една стара поговорка.Немаше потреба од такви страшни зборови од страна на новиот премиер Мицковски упатени кон опозицијата и кон сите оние кои ја поддржуваа нивната политика кон Грција. Демократијата значи право на несогласување, па оттаму потребата од внимание до каде ќе се оди во со инсистирање на своето мислење и непочитување на туѓото. На компромисите кои ги направи ...
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов им порача на македонските власти дека мораат да ги почитуваат меѓународните договори. Тој рече дека ќе иницира средба со новоизбраниот македонски премиер, Христијан Мицкоски. „Договорите, особено меѓународните и вткаени во преговарачката рамка на ЕУ, се почитуваат“ рече Борисов, обраќајќи му се на премиерот на РСМ, Христијан Мицкоски, објави БГНЕС. Ова следи откако Мицкоски пред неколку дена коментираше дека ...
Руските власти соопштија дека со посредство на властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) размениле 90 украински воени заробеници за 90 руски војници заробени во Украина. „На крајот на преговарачкиот процес, 90 руски војници кои беа во животна опасност во заробеништво се вратени од територијата под контрола на режимот во Киев“, објави Министерството за одбрана на Русија на Телеграм. За возврат, беа предадени 90 воени заробеници од ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во Македонија е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на ...
Сончево и топло време со мала до умерена облачност прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Вакво време е најавено за претпладневните часови, а од попладне на места ќе има услови за локално невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град. Минималните температури ќе се движат во интервал од 13 до 20 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 25 до 36 степени. УВ-индексот ќе биде висок и ќе ...
Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, се изјасни денеска пред американскиот суд во Саипан за виновен за кршење на американскиот Закон за шпионажа, во спогодбата со правосудството на САД со која заврши долгогодишната правна битка, и ја напушти судницата како слободен човек, јавуваат светските новински агенции. Судијката Рамона Манглона ја одобри спогодбата со обвинителите, ставајќи крај на 14-годишната сага. Во склад со спогодбата за ...
Кенијците протестираат против новиот предлог-закон за финансии со кој се воведуваат непопуларни даночни предлози кои предизвикаа бес во целата нација, јавува Би-Би-Си. Предлог-законот, кој содржи одредби за кои се смета дека наметнуваат дополнителни оптоварувања на обичните граѓани и фирмите, предизвика големи негодувања во јавноста, која и онака е оптоварена со високите трошоци за живот. Тоа покрена протести, кои главно ги спроведува ...
Меѓународниот кривичен суд денеска издаде налози за апсење на поранешниот руски министер за одбрана, Сергеј Шојгу, и за водечкиот руски генерал, началникот на Генералштабот, Валериј Герасимов, за наводни злосторства извршени за време на руската инвазија на Украина. „Шојгу и Герасимов се обвинети дека се одговорни за воени злосторства, за насочување напади на цивилни објекти и нанесување прекумерни случајни повреди на цивили, како и за ...
Израелските сили убија најмалку 24 Палестинци во три одделни воздушни напади на градот Газа денеска утрово, а меѓу убиените се сестра и роднини на водачот на Хамас, Исмаил Ханијех, соопштија здравствените власти и лекарите во Газа. Израелски тенкови се пробија во текот на ноќта во западните области на Рафа на југот на енклавата, кревајќи во воздух куќи, изјавиле жители. Израелската војска во два воздушни напади погодила две училишта во градот ...
Руската фрегата „Адмирал Горшков“, која претходно, на почетокот на јуни, отплови кон Куба, изведе вежби во Атлантскиот Океан барајќи подморници со помош на хеликоптер, соопшти денеска Министерството за одбрана. Екипажот на хеликоптерот „вежбаше тактички техники за пребарување и следење на подморници во Атлантскиот Океан“, соопшти Министерството на „Телеграм“. На оддалеченост поголема од 50 километри од бродот, пилотите изведоа низа мерки во ...
Словенечките туристички сместувачки капацитети во мај забележаа речиси 600.000 пристигнувања на туристи. Остварени се нешто помалку од 1,4 милиони ноќевања. Податоците за првите пет месеци од оваа година, исто така, се подобри од лани. Таканаречената мртва сезона на Блед беше за 25 отсто подобро посетена отколку лани. Таа туристичка дестинација многу добро се покажа за летните месеци. „Резервациите и изнајмувањата до крајот на септември се ...
Собранието денеска на осмата седница треба да ги верификува мандатите на новите пратеници кои доаѓаат на местата на премиерот Христијан Мицкоски и на неколкумина новоизбрани министри. Пратеници стануваат Драган Недељковиќ, Велика Стојкова Серафимовска, Сергеј Попов, Емилија Ангелова, Весна Ѓорѓиева и Дијана Илиевска од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Фериде Хаџиу и Каљтрина Хаџиу од коалицијата Вреди. Тие доаѓаат на местата на Мицкоски ...
Францускиот претседател, Емануел Макрон, и јорданскиот крал, Абдула Втори, вчера го повикаа Израел да ги укине сите копнени „ограничувања“ за испорака на хуманитарна помош во Газа, се вели во соопштението на францускиот претседателски кабинет. На работниот ручек во Елисејската палата тие ја повторија „потребата да се воспостави, без дополнително одлагање, итен и траен прекин на огнот во Газа и уште еднаш повикаа на ослободување на сите ...
Кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска вчера во Охрид присуствуваше на централниот караван за претставување на сите кандидати за претседател на партијата. Пред присутните Петровска ја презентираше својата програма “Манифест на социјалдемократијата”, која ветува прогресивни политики и враќање кон основните вредности на СДСМ. „Само силен СДСМ може да биде победнички СДСМ и затоа ќе го вратиме дијалогот со различните целни ...
Цените на нафтата беа малку пониски во вчерашното тргување во Азија. Како што пренесуваат странските новински агенции, инвеститорите чекаат вести кои ќе наведат детали во врска со очекуваното намалување на каматните стапки. Барел тексашка нафта од 159 литри за испорака во август вчераутро по средноевропско време чинеше 80,65 долари, осум центи помалку од петокот. Во Лондон, северноморската терминска цена на сировата нафта „Брент“ за август ...
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, вчера го обвини Израел дека шири дезинформации за себе, за време на повеќе од осуммесечната војна меѓу Израел и палестинските милитанти на Хамас во Појасот Газа. „Го слушнав истиот извор многу пати како тврди дека никогаш не сум го нападнал Хамас, дека никогаш не сум го осудил Хамас, дека сум поддржувач на Хамас“, рече Гутереш на конференција за новинари зборувајќи за интегритетот на ...
Официјална Москва е подготвена да разговара за евроазиските безбедносни прашања со Шангајската организација за соработка (ШСО) предводена од Русија и Кина, Заедницата на независни држави (ЗНД) и Евроазискиот економски сојуз (ЕАЕУ), како и со земјите од БРИКС (Бразил, Русија , Индија, Кина, Јужна Африка, Иран, Египет, Етиопија и Обединетите Арапски Емирати), изјави рускиот претседател Владимир Путин после неговата посета на Северна Кореја на ...
ЕУ и меѓународната заедница треба јасно да ги стават на знаење последиците што непочитувањето на Договорот ќе ги има врз регионот, а особено врз иднината на Северна Македонија, истакнал поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас за време на Комитетот за Западен Балкан на Советот на Европа, јави дописничката на МИА од Атина. Ципрас вчера претседаваше во Стразбур со Комитетот, а според информациите од Грција, фокусот бил ставен на важноста на ...
Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена ...
Викиликс соопшти дека неговиот основач Џулијан Асанж го напуштил британскиот затвор и полетал од Обединетото Кралство, откако американските обвинители рекоа дека тој треба да се изјасни за виновен оваа недела за кршење на американските закони за шпионажа, во договор што може да му овозможи да се врати дома во Австралија. Асанж, чија сага трае речиси 15 години, се согласи да се изјасни за виновен пред американското правосудство за да биде ...
Русија и Белорусија, покрај Северна Кореја, Туркменистан и Сирија, се најдоа во списокот од 13 држави чии власти ја финансираат трговијата со луѓе, се наведува во најновиот Извештај за трговија со луѓе во 2024 година. Извештајот беше претставен синоќа од државниот секретар Ентони Блинкен. -Дигиталните инструменти го засилија опфатот, големината и брзинта на трговијата со луѓе. (Трговците со луѓе) користат онлајн платформи за продажба на ...
Со 12,25 случаи на милион жители, Македонија е трета во Европа според стапката на смртни случаи од огнено оружје, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на меѓународниот Институтот за мерење и проценка на здравјето со седиште на Универзитетот во Сиетл. Повисока стапка на смртност од огнено оружје има во Турција (18,16) и во Албанија (15,20). Од земјите во соседството, оваа стапка во Србија е 10,44, во ...
Папата Франциско ја загуби контролата врз својата либерална револуција, пишува порталот Политико“, наведувајќи дека се кува голема побуна против популарниот верски водач, и тоа во истиот географски регион којшто во 16 век го изнедри протестантското реформаторско движење. Во текстот потпишан од Бен Мунстер се наведува дека главното движење на отпорот кон пребавната либерализација на Католичката црква расте во Германија, но дека либералните ...
Ако е точно дека досегашната шефица на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, навистина е главната и практично единствената сериозна кандидатка на Европската народна партија (ЕПП) за нов мандат на чело на најважната европска институција, тогаш и ЕПП и Лејен се соочуваат со пресуден правосудски предизвик. Имено, поради аферата „Фајзергејт“, францускиот лобист Фредерик Балдан поднесе кривична пријава против Лејен пред истражниот суд во ...