Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Бројот на азиски тигрести комарци кои предизвикуваат денга треска е зголемен во 13 земји на ЕУ, вклучувајќи ги Франција, Шпанија и Грција, што доведе до зголемување на бројот на заболени, објави Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ). ЕЦДЦ наведува дека климатските промени создаваат поволни услови за ширење на тигрестиот комарец, што доведува до зголемување на бројот на случаи на денга. Центарот предупреди дека ...
Саудиските власти објавија дека повеќе од 1,5 милиони верници пристигнале во земјата за да присуствуваат на годишниот аџилак во Мека, што почнува в петок. Официјални лица рекоа дека очекуваат годинашниот број на лица на аџилак да биде поголем од оној во 2023 година, кога се проценува дека имало 1,8 милиони луѓе. Еден од најголемите верски собири во светот, аџилакот во Мека е еден од петте столбови на исламот. Од сите муслимани се бара да го ...
Арбен Таравари вчера вечерта и официјално потврди дека е подготвен законот со кој се очекува до локалните избори во октомври следната година да не има нови избори во Гостивар, Аеродром и Сарај. -Замислете кампања да направи некој кандидат за градоначалник само за десет месеци и да излезат да речеме 30, 50, 701 илјади граѓани да гласаат за да изберат градоначалник кој ќе биде за само десет месеци. Ако сакаме да ги редуцираме трошоците, истиот ...
Кандидатот за претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија проф. д-р Венко Филипче, од Охрид и Струга ја започна кампањата за внатрепартиските избори. Филипче пред членовите на партијата ја претстави програмата за претседател преку која ветува дека СДСМ ќе биде ефикасна и функционална партиска организација која работи во интерес на членовите и граѓаните. На вчерашните средби, проф. д-р Филипче, ја презентираше првата поголема ...
Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата Вреди и ЗНАМ се очекува да биде формирана на 19 или 20 јуни, најави Изет Меџити од Вреди, објавувајќи дел од имињата на идните функционери од оваа коалиција. Покрај за поделбата на ресорите во новата влада и имињата на министрите, во фокус на јавноста останува двотретинското мнозинство што за измените на Законот за организација на државната управа коалициските партнери во владата во најава го ...
Европската унија ќе и обезбеди на Украина 517 милиони евра преку програми предводени од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), од кои 143 милиони директно ќе поддржат проекти во градовите, додека остатокот ќе биде инвестиран во клучни области како што се инфраструктурата и енергетскиот сектор, соопшти ЕБОР. Украина, исто така, доби заем од 100 милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа, како дел од проектот дизајниран да ...
Насилството врз децата за време на вооружените конфликти достигна „екстремни нивоа“ во 2023 година со „шокантно“ зголемување на сериозните прекршувања, иако податоците за Газа се нецелосни, се вели во годишниот извештај на генералниот секретар на ОН во кој имале увид западни медиуми. „Во 2023 година, насилството врз децата за време на вооружени конфликти достигна екстремни нивоа, со шокантни 21 процент зголемување на сериозните прекршувања“, ...
Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, зеде учество на конференцијата „Чувари на мудроста“, која по втор пат се одржува во организација на „Халк банка“ АД Скопје, под мотото „Инспирација за новата генерација“. Во рамките на вториот конференциски панел, насловен „Успешна бизнис приказна – посветеност, дисциплина, интуиција“, модериран од Сашко Коцев, а во друштво на ко-панелистот Петар Ниновски, основач на ...
Администрацијата на претседателот Џо Бајден ќе ја укине забраната на контроверзна украинска воена единица да користи американско оружје, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на претставници на Стејт департментот. Стејт департментот ја укина десетгодишната забрана за полкот Азов да користи американска обука и оружје, откако по анализа не откри докази за кршење на човековите права од страна на единицата, објави весникот. Актот Лихи забранува ...
Девет пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие и сите се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи. Пожарникарите интервенирале за гаснење во општините: Ѓорче Петров, Сарај и Гази Баба (заради запалено ѓубре); Радовиш кај нас.Дамјан, Штип, кај „Авто Чајка“ и во Желино, кај с.Чифлик (заради запалена ниска вегетација); Тетово кај с.Фалише (депонија) Опш. Маврово и Ростуше с.Галичник (трансформатор на отворено и ...
Советот за безбедност на ОН усвои американска резолуција што го поддржува последниот предлог на Израел за прекин на огнот и ослободување на заложниците, и го повикува палестинскиот Хамас да ја прифати понудата. Вкупно 14 членки на Советот за безбедност на ОН гласаа за резолуцијата, ниту една против, додека Русија беше воздржана. Израел минатата недела го изрази своето противење на резолуцијата, изразувајќи незадоволство од некои од ...
„Стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ вели дека јавниот долг ќе се зголеми над 60% од БДП. Контрадикторно е дека ова никаде не е споменато во нивната програма Платформа 1198 , но со најавеното задолжува од една милијарда евра јавниот долг ќе биде 66% од вредноста на БДП“, рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи во неговото гостување во емисијата „24 Анализа“, која вчера вечер се емитуваше на телевизија 24. Коментирајќи ја најавата на Христијан Мицкоски ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува умерен, попладне во делови од котлината повремено ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Германија на конференција посветена на повоената обнова на Украина и на разговори со канцеларот Олаф Шолц. На Телеграм, Зеленски објави дека мерките поврзани со енергетскиот сектор на Украина, уништен од руските воздушни напади, ќе бидат приоритет на конференцијата, што се свикува секоја година. Разговорите на Зеленски со Шолц ќе се фокусираат на континуирана воена поддршка, вклучително ...
Според вчерашните прелиминарни резултати, популистичката десничарска Демократска партија на Шведска освоила 13,2 отсто од гласовите на неделните европски избори и се наоѓа на четвртото место, што ја прави Шведска една од ретките земји во Европа каде што екстремната десница потфрли. Шведските демократи освоија 13,2 отсто од гласовите, што е за 2,2 отсто помалку од претходните европски избори и ќе ги задржат трите места во Европскиот парламент, ...
На иницијатива на Ротари клубот „Камен мост-Скопје“, потпомогната од Данскиот и Норвешкиот конзулат во Скопје, ќе се донираат 377 книги на македонски јазик на Националната библиотека во Осло. Проф. Д-р Радмила Димовска, при нејзината посета на Националната библиотека во Осло, која е една од најпрестижните во Европа, констатирала дека не постои катче на македонски јазик: „При вообичаена посета на библиотеката, утврдив дека на нејзините полици ...
УНИЦЕФ соопшти дека девет од десет деца во Газа не можат да јадат доволно хранливи материи од групите намирници за да обезбедат здрав раст и развој. – Во Појасот Газа, повеќемесечните насилства и ограничувањата на испораките на хуманитарна помош ги урнаа системите за храна и здравство, што резултираше со катастрофални последици за децата и нивните семејства, соопшти УНИЦЕФ. Тие објаснуваат дека пет групи на податоци собрани меѓу декември 2023 ...
Во судир на два трамваи во Кемерово, Русија, повредени се 67 лица, соопшти вршителот на должноста гувернер на Кузбас, Илја Середјук на Телеграм. Тројца од повредените се во тешка состојба – двајца се на интензивна нега, еден во операциона сала каде лекарите се борат за неговиот живот. Десет лица се упатени на амбулантно лекување, информира Середјук. Несреќата се случила рано утрово на автопатот Логоваја во Кемерово, Сибир, а надлежното ...
Нашиот глас на изборите станува порака до нашите северни соседи. Нивниот пат кон Европа минува и низ нашата земја, преку почитување на меѓународниот легитимитет, на владеењето на правото, на Договорите. Нешто што се однесува како на Скопје, така и на Тирана, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Солун, за време на предизборниот митинг во пресрет на евроизборите, јави дописничката на МИА од Атина. Дeновиве кулминира предизборната ...
Во земјава на 31 јануари минатата година т.н. стапка на затворање изнесувала 142 затвореници на 100.000 жители, што претставува нејзино зголемување за 25,5 проценти на годишно ниво, покажуваа податоците од Годишна казнена статистика на Советот на Европа за 2023 година. Со ова, како што јави дописникот на МИА од Брисел, Северна Македонија се наоѓа на второ место меѓу членките на Советот на Европа според растот на стапката на затворање зад ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, напладне, во вила Видно, ќе го додели мандатот за формирање влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој по изборите на 8 мај обезбеди парламентарно мнозинство со коалицијата Вреди и Движењето ЗНАМ, што беше потврдено при изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието. Новиот владин кабинет е проектиран со реорганизација на ресорите и ВМРО-ДПМНЕ вчера до Собранието достави предлог ...
Во Брисел има разговори дека претседателот на Европскиот совет – Шарл Мишел се обидува да ја собори својата „пријателка“ Урсула фон дер Лајен, моќната шефица на Европската комисија. Осум дипломати на ЕУ и претставници на националната влада изјавија за „Политико“ дека стравуваат дека Мишел се обидува да го спречи нејзиниот втор мандат на чело на Комисијата. „Тоа ги излудува сите бидејќи неговата игра е многу јасна: натерајте ја Фон дер Лајен ...
Венко Филипче – актуелниот пратеник и екс министер за здравство денеска ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ. Тој истакна дека во трката влегува сам, а тимот ќе го создава по изборот за претседател, доколку ја добие довербата. Посочи дека членството, резултатите ќе ги види многу рано. – Овие изборни резултати партијата на некој начин ја клекнаа на колена. Некој го поставува прашањето дали СДСМ ќе опстои, а јас цврсто верувам дека ...
Во текот на вчерашниот ден во Грција бил регистриран нов максимален температурен рекорд за првите десет дена од јуни, со измерени 39,3 степени Целзиусови во градовите Тива и Елефсина, според податоците од метеоролошките станици на порталот Метео и Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. Од 502 активни метеоролошките станици во целата земја, 181 од нив, односни 36 отсто, регистрирале температури над 35 степени, 61 ...
Иднината на Европа по европските избори, интегративниот процес на Западен Балкан, геополитичките случувања во Источен Медитеран, мирното решавање на споровите, справувањето со климатската криза, но и во европските економски случувања, ќе бидат главните теми на дводневната Меѓународната конференција за мир и одржлив развој што на 17 и 18 јуни ја организираат „Институтот Алексис Ципрас“ и „Фондацијата Зоран Заев“, јави дописничката на државната ...
Уставниот суд избра нов уставен судија. Во иднина функцијата прв човек на Уставен ќе биде Дарко Костадиновски. Засега нема информации колкумина од деветте судии гласале за Костадиновски.– Уставниот судија Дарко Костадиновски таму е над 5 година. Беше предложен од поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а го изгласа тогашното парламентарно мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ. Дарко Костадиновски е доктор на правни науки на Универзитетот „Свети ...
Новата акција на обложувалниците „Sport Life“ – „Играј за повеќе“, ќе се одвива од 1-ви јуни сè до 14 јули, во шест неделни етапи, со премија од 100.000 денари за секоја етапа. Премијата ќе ја освои играчот со највисок погоден коефициент надобитен тикет, уплатен со приложување на СЛ клуб картичката. За пресметка во неделните етапи влегуваат тикетите кои што се уплатени во периодот од почетокот на етапата 09:00 заклучно со последниот ден од ...
НАТО има само две до три години да се подготви пред Русија да ја врати способноста да изврши конвенционален напад врз алијансата, објави Блумберг, цитирајќи го генералот Еирик Кристоферсен, највисокиот норвешки генерал. Коментарите на Кристоферсен беа најнови во серијата сè пострашни предупредувања од западните лидери и претставници на одбраната за заканата од Русија и моменталната неподготвеност на Европа за таков напад. „Во еден момент ...
Конзервативната опозиција во Словенија поднесе предлог за спречување на утрешното гласање на словенечкото Собрание за официјално признавање на државата Палестина. Словенечката демократска партија (СДС) на поранешниот премиер Јанез Јанша побара „консултативен референдум“ за тоа прашање, па гласањето закажано за вторник, се одложува за најмалку еден месец. Парламентот сега треба да гласа за предлогот на следната седница на 17 јуни, а доколку ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, кој вчера се сретна со американскиот министер за одбрана во Сингапур, рече дека е разочаран што „одредени светски лидери“ не се обврзале да присуствуваат на мировниот самит за Украина во Швајцарија. Кинескиот претседател Кси Џинпинг нема да учествува, а колку што досега се знае, на самитот не доаѓа ниту американскиот претседател, Џо Бајден. „Разочарани сме што некои светски лидери сè уште не го ...