Времето денеска ќе биде променливо облачно, во раните утрински часови со услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер од над 70 километри на час и град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени Целзиусови. ...

Македонскиот производител на лекови „Алкалоид“, кој во последните пет години забележа просечна стапка на раст од над 12%, отвори капитално поврзано друштво во Романија за зајакнување на својата позиција на локално ниво. Заради одржување на темпото на раст, компанијата, која е присутна речиси во 50 земји, цели кон глобална експанзија. Во канцелариите во Скопје пазарот во Романија се смета за стратешки, а локалното работење во првата година ...

Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција предложена од Кина, поддржана од САД, со која се повикуваат богатите развиени земји да го премостат се поголемиот јаз со сиромашните земји во развој и да обезбедат да имаат еднакви можности да користат вештачка интелигенција. Резолуцијата беше усвоена вчера по усвојувањето на првата резолуција на ОН за вештачка интелигенција на 21 март, предложена од САД. Усвојувањето на двете ...

Врховниот суд на САД донесе историска одлука за случајот на Доналд Трамп, велејќи дека поранешните претседатели имаат извесен имунитет од кривично гонење за делата што ги направиле додека биле на функција, а адвокатите на поранешниот шеф на Белата куќа веднаш одговориле со писмо до друг судот. Трамп побара Врховниот суд да одлучи дали како поранешен претседател е имун од кривично гонење, а веста што вчера пристигна од Вашингтон ја нарече ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека Преспанскиот договор е реалност и дел од уставниот и правниот поредок на земјата, а Договорот за добрососедство е веќе репреговаран, со додадавањето на т.н. „француски предлог“, од кои произлегуваат уставните измени, поради што, како што рече, не гледа причина, зошто кон него да не се додаде некаков друг предлог, што ќе ги опфати барањата на македонскиот народ. Ова го изјави денеска Мицкоски ...

Соопштение за јавност Личните интереси настрана и одлуки што ќе бидат за општото добро на сите – членовите, граѓаните и државата. Ова го вети д-р Венко Филипче кој синоќа беше избран за лидер на СДСМ на внатрепартиските избори. „Многумина сакаат да ја видат СДСМ клекната и поразена. Се надеваат дека партијата нема да опстане и се ситат на изборниот пораз. Ветувам дека ќе го вратиме достоинството на партијата, а они кои се надеваат на лоша ...

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар за литар, а цената на бензинoт ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менува. Како што додаваат од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) се зголемува и маллопродажната цена на Мазутот М-1 НС за ...

Утре ќе преовладува променливо облачно време. Во раните утрински часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) и град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во среда и во четврток времето ќе биде променливо облачно и посвежо со ...

Едно лице почина, а едно е поврдено и пренесено во Ургентниот центар во Скопје денеска претпладне во село Батинци кога во нив било пукано од автомобил, соопшти МВР. Полицијата работи на пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот. -На 01.07.2024 во 09,25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, две лица со патничко возило „мерцедес“ пукале кон патничко возило „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од с. ...

Времето денеска во земјава ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта ќе има локална појава на невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје сончево и многу топло, со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта во делови од ...

На 29.06., 30.06. и 01.07.2024, за време на одржување на фестивал во Стар Дојран, полициски службеници ги лишиле од слобода А.С.(29) од Струмица, Д.Ш.(24) од Гевгелија, Ј.Р.(23) од Скопје, К.В.(24) од Куманово, А.А.(32) од Струмица, Д.А.(34) од Скопје, Г.И.(46) од Скопје, Ј.Б.(32) од Гостивар, В.Г.(18) од село Црничани, гевгелиско, Т.П.(18) и К.Ц.(18), и двајцата од село Миравци, гевгелиско, Г.М.(47) од Скопје, Ф.И.(19) од село Удово, ...

Сметките на потрошувачите на електрична енергија на регулираниот пазар, односно на домаќинствата и на малите потрошувачи, од денеска до крајот на годинава, за најголем дел од потрошувачите, ќе бидат повисоки за 0,4 отсто. Одлуката за минималното зголемување на цената во четвртокот ја донесе Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Како што посочи претседателот на РКЕ Марко Бислимоски по носењето на одлуката, цената на електрична енергија ...

Венко Филипче е избран за нов претседател на СДСМ на денешните вонредни внатрепартиски избори со над 9000 гласа од вкупно излезени 12200 гласачи од запишаните 23 000. -Вчера вечерта СДСМ доби нов претседател. Во една фер и демократска процедура на внатрепартиски избори Социјалдемократите го избраа др. Венко Филипче за претседател на СДСМ. По завршување на гласањето во 20 часот во 77 избирачки места пристигнаа прелиминарните резултати кои се ...

Изјава на Јован Деспотовски вчера Денеска, дел од членовите на СДСМ гласаа. СДСМ е единствената партија и воземјава, и во регионот, која има широк модел за избор на претседател. Со тоат реба да ја покаже својата големина и демократски капацитет. Но, тој демократски капацитет денес, но и во деновите што следат треба да биде докажан и потврден. Од срце им благодарам на сите членови на партијата кои излегоа да гласаат, какои на сите оние кои ...

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека зголемениот временски период на чекање на ГП Табановце, за влез и излез од територијата на Република Северна Македонија е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Република Србија. Како што стои во соопштението, граничните полиции на двете држави се во постојана комуникација со цел овозможување брз и непречен проток на патници и возила, но и соодветна контрола ...

Почина маж, кој вчера со нож нападна тројца полицајци во град во близина на Нирнберг, во Германија, откако беше застрелан од полицијата на железничка станица во градот, изјави портпаролот на полицијата. -Тој починал на самото место на нападот, во јужниот град Лауф ан дер Пегниц, и покрај итните мерки за прва помош, изјави портпаролот. Според полицијата, напаѓачот најпрвин нападнал полициска патрола. Кога полицајците излегле од возилото, тој ...

Се боревме против заробена држава, добивме заробена партијa, напиша вечерва на нејзиниот фејсбук-профил Славјанка Петровска, актуелната пратеничка и една од кандидатите за претседател за СДСМ, која вчера ја повлече од трката, посочувајќи за нефер изборен процес. Во моето писмо со кое ја повлеков кандидатурата образложив дека денешниот ден ќе биде спротивно и на статутот и на принципите на социјалдемократијата, и така бидна се случи фијаско. ...

Кандидатката за претседателка на СДСМ, Славјанка Петровска, денеска ги повика останатите тројца кандидати да се откаже внатрепартиското гласање за избор на претседател на партијата кое треба да се одржи во недела. Петровска во изјава за медиумите рече дека изборниот процес бил нефер, односно еден од противкандидатите имал пристап до базата на податоци и ги злоупотребувал личните податоци на членовите на партијата. Како причина за откажувањето ...

Германската метеоролошка служба (DWD) веќе прогласи четврто ниво на метео предупредување за јужниот дел на Баден-Виртемберг во средата. Силно невреме вчера погоди делови од Германија. Под вода беа многубројни улици, подруми и возила, а потопен беше и стадионот. Противпожарната служба во Хамбург истакна дека за само неколку часа имало повеќе од 600 интервенции. Паднатите гранки и дрвја предизвикаа сообраќаен метеж, а железничката рута меѓу ...

Безживотното тело на 68-годишен турист од Германија беше пронајдено во понеделникот (24.06) во непристапна област, во клисура во близина на Ханија на Крит. Станува збор за маж кој го поминувал својот одмор со сопругата на најголемиот грчки остров. Планирал да направи планинска обиколка од висорамнината Омалос до Сугија на Либиското Море. Вкупното растојание е 24,5 километри и потребни се приближно осум часа пешачење. Не е особено тешка тура ...

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на вчерашниот Европски совет ги информирал неговите колеги за, како што рече, „фактот што и претседателката и премиерот на Северна Македонија директно го прекршуваат Договорот од Преспа“ и посочил дека е неопходно сите да разберат дека „почитувањето на европското законодавство, очигледно поминува преку верното почитување на меѓународните договори“, јави дописничката на МИА од Атина. На ...

„По катастрофалниот настап во дебатата против Доналд Трамп, демократите разговараа за замена на Бајден во трката“, пишува угледниот британски весник Телеграф. Како што наведуваат, за време на 90-минутниот дуел, Бајден ги губел мислите и на моменти изгледал целосно збунет. И Њујорк Тајмс известува дека група демократски конгресмени сега размислуваат за нов претседателски кандидат откако виделе каква „катастрофа се одвива пред нивните очи“. ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Локално ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 7. Во Скопје променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 17, а ...

Лидерите на ЕУ доцна вечерва го одобрија предлогот договорен меѓу Европската народна партија, социјалдемократите и либералната група „Да ја обновите Европа“ за поделбата на врвни раководни позиции во Унијата, со што поранешниот португалски премиер Антонио Кошта е избран за претседател на Европскиот совет, актуелната претседателка на Европската комисија, Германката Урсула фон дер Лајен е номинирана за реизбор на функцијата, а естонската ...

Општо познато е дека во Русија, по инвазијата на Украина, е укинато секое изразување на слободно, односно критичко мислење, што е дури и законски регулирано. Но, барем според последниот извештај на „Политико“, се чини дека ниту во Украина ситуацијата по тоа прашање не е ни приближно задоволителна, особено кога станува збор за тамошниот хроничен проблем со длабока корупција. И слично како и во Русија, на критичарите често им се закануваат дека ...

Бомба молотов била фрлена пред домот на претседателката на Врховниот суд на Грција, при што бил повреден полицаец и пренесен во болница со повреди на лицето и раката, јави дописничката на МИА од Атина. Инцидентот се случил во населба во северниот дел на Атина, кусо еден часот по полноќ, а било запалено патролно возило на полицијата, при што интервенирала противпожарната служба со осум пожарникари и две возила. Портпаролот на грчката Влада ...

Во Анкетниот лист на новиот премиер на Република Македонија се обелодени дека Христијан Мицкоски поседува часовници од над 40 ИЛЈАДИ ЕВРА и од над 13 ИЛЈАДИ ЕВРА. Ова откритие предизвикува реакција и загриженост која нè посочува кон отцепеноста на новиот премиер од секојдневните маки кои ги живее населението – наместо човек од народот, повторно со нас владее човек од елитите и послушник на олигархијата, велат од Левица. „Овие часовници од ...

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Крива Паланка – 66 литри на метар квадратен, потоа во Тетово – 52, Скопје, кај Петровец – 18 и Штип и Виница по седум литри на метар квадратен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Од УХМР, нагласуваат дека дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР, но поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на ...

Регулаторната комисија за енергетика денеска на прес-конференција се очекува да ја соопшти новата цена на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи која ќе важи од 1 јули. Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски вчера изјави дека ќе нема ценовен шок и оти просечната цена на електричната енергија за домаќинствата нема да биде зголемена повеќе од еден процент. На тендерот што го распиша универзалниот снабдувач ЕВН Хоме беше ...

Во Германија од денеска стапува на сила новиот закон со кој се олеснува стекнувањето германско државјанство, јави ДПА. Реформата на законот за државјанство, која беше поттикната од германската владејачка трипартитна коалиција, му дава можност на лицето да стане германски државјанин, а во исто време да го задржи државјанството на земјата од која потекнува. Досега, зачувувањето на државјанството на земјата на потекло беше можно само за ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1000
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
4.63
72%
998
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
0.0
93%
997
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.49
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
997
weather icon

Атина

14ᴼ / 10ᴼ
0.89
90%
1001
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
76%
1001
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1001
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
3.6
94%
1001
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
92%
997
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Рутениум

45750.51

Родиум

336779.07

Злато

157055.75

Алуминиум

3.07

Бакар

11.66

Паладиум

53434.54

Кобалт

64.04

Калај

48.47

Сребро

2457.28

Платина

83354.78

Цинк

3.33

Иридиум

221848.72