Шпанскиот тенисер Рафаел Надал обелодени денеска дека најверојатно нема да настапи на претстојниот грен – слем УС Опен и навести дека неговата кариера би можела многу брзо да заврши. Надал вчеравечер загуби во четвртфиналето на олимпискиот турнир во машки двојки со сонародникот Карлос Алкараз и го заврши настапот на Игрите во Париз, откако претходно беше елиминиран во поединелчна конкуренција од Србинот Новак Ѓоковиќ во второто коло. ...

Се проверува дали има оштетени реагенси во Институтот за јавно здравје, откако вчера некој ги исклучил фрижидерите во кои се чуваат, ова денеска го потврди за МИА, директорката Марија Андоновска, која очекува Јавното обвинителство да покрене постапка околу тоа кој се имал пристап и до осигурувачите за струја за фрижидерите каде се чуваат реагенси за целата држава. Од Институтот, за случајот ги информирале сите надлежни државни органи. – Можно ...

По информациите во јавноста дека на Институтот за јавно здравје вчера било намерно исклучено напојувањето со електрична енергија на коморите во кои се чуваат реагенсите за испитување на заразни и незаразни болести, Јавното обвинителство итно оформи предмет по допрен глас за да испита дали во конкретниот случај има обележја на кривично дело, информираат од Обвинителството. -Поради сериозноста на можните штетни последици врз здравјето на луѓето ...

Европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеји денеска изјави дека координираните напади со лажни профили на социјалните мрежи од Косово врз асистентите на европратеничката Виола фон Крамон се неприфатливи, но додаде дека не може да преземе повеќе по тоа прашање. На прашањето на поранешната пратеничка во Европскиот парламент, кое Крамон го постави во април за ботските напади врз нејзиниот асистент Ѓорѓе Бојовиќ, како и ...

Министерството за внатрешни работи информира дека утре (02.08.) Одделот за граѓански работи, односно сите подрачни единици во рамки на Одделот, како и пунктовите во објектот на МРТВ и „Беко“ во Скопје ќе работата на издавање на готови лични документи на граѓаните (патни исправи, лични карти и возачки дозволи). Во Скопје (МРТВ и „Беко“) управните служби ќе работат во периодот од 08 до 16 часот, додека низ државата подрачните управни служби ќе ...

До крајот на денов сончево и топло со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 37 степени. УВ индексот ќе биде 8. Времето во Скопје сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе биде до 36 степени. Синоптичарите за утре најавуваат сончево и топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. – Во петок и во деновите од викендот во попладневните часови ...

САД се очекува да бидат многу активни во разговорите за точниот начин на спроведување на договорот меѓу Скопје и Софија штом Бугарија има постабилна влада, најави помошник – државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања Џејмс О`Брајан. О`Брајан, како што јави Гласот на Америка на македонски јазик, на сослушување за иднината на Европа во Комитетот за надворешни работи на Сенатот, рече дека Северна Македонија страда поради ...

Повици за помош со вода стигнуваат утрово од Пехчево, во чија околина од вчера гори огромен пожар, a утрово од 6 часот камбаните бијат за тревога. Водата од водоводот во Пехчево да не се користи за пиење, а никако за наводнување на градините, бидејќи се празнат резервоарите на филтерстаницата, а водата е потребна за гасење на пожарот, повикува градоначалникот Александар Китански преку социјалните мрежи Од ЈКП „Комуналец“ Пехчево известија ...

Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – јуни 2024 година продажбите достигнуваат 6.709.614.706 денари, што е за 7 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 9.475.222.706 денари, што е за 12,5 % повеќе во според ба со истиот период од минатата година. Продажби според региони Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени ...

Новиот балансер не е провокација за коалициските партнери во Владата, туку почитување на постојните закони, изјави министерот за јавна администрација Горан Минчев, одговарајќи на забелешките од ВЛЕН дека новиот балансер за вработување во јавната администрација, кој се прави исклучиво според попишаното резидентно население, е провокација за Албанците оти се намалува нивниот процент. Според него, балансерот е затворена тема и тој веќе се ...

Додека не се изгласа ребалансот на Буџетот, нема да има исплата на парите од „Мој ДДВ“. Директорката на УЈП Елена Петрова вели дека со сегашниот Буџет не се предвидени средства за исплата и дека е неопходно да има ребаланс пред да започне исплата на парите за второто тромесечие. -Би сакала да појаснам дека не е започната исплатата на Мој ДДВ. Оваа информација беше погрешно пренесена. Исплатата ќе започне после ребалансот на Буџетот. Имено, ...

Топлотен бран вчера го зафати југот на Франција, каде се наоѓаат одредени локации за олимписки натпреварувања, а висока температура и денеска ќе има на подрачјето Париз, каде се одржуваат повеќето настани за време на Олимписките игри (ОИ). „Во поголемиот дел од југот на земјата температурата би можела да достигне и до 40 степени Целзиусови“, соопшти француската метеоролошка служба. На југозапад изутрината во 5 часот на метеоролошката станица ...

Пожарот над Прилеп во голем дел е ставен под контрола, а со големи напори на противпожарните единици доцна во ноќта е спасен и манастирски комплекс. Командирот на ТППЕ Прилеп информира дека во моментот позади сртот на Маркови кули пожарот е поделен во два крака Oд Општина Прилеп упатија апел до сите граѓани да не се потпалуваат стрништа. „Овие неконтролирани пожари претставуваат сериозна закана за нашите отворени простори, а уште полошо, ...

Четири локомотиви за товарни возови се очекува да стигнат во следните три-четири недели во Македонија од Србија, а за возврат ние ним ќе им дадеме стари вагони кои ќе си ги репарираат во нивната фабрика. Новиот министер за односи со заедниците Иван Стоиљковиќ, во емисија на Канал 5, појасни дека преговарал со српската страна и ова го договориле, се со цел, стоката од грчка граница да може да стигне до Табановце и понатаму во Србија. ...

Пожарот кај Светиниколско утринава се уште е активен, соопштуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, фронтот на огнот е многу широк, но населените места не се во опасност. На терен работат пожарникари, а како што вели Ангелов во приправност има доволно припадници на Армијата кои се вклучуваат во гаснењето на пожарот на барање на локалните командири. Во текот на денот, на овој пожар Ангелов ...

Европската унија подготвува трговска стратегија во случај Доналд Трамп да победи на претседателските избори во САД во ноември, и таа се заснова на брз договор или возвратни тарифи доколку Вашингтон воведе царини од 10 отсто на стоките увезени во државата. Европските преговарачи планираат да се обратат до тимот на Доналд Трамп за да разговараат за тоа кои американски производи Европската унија би можела да ги купи во поголеми количини, објави ...

Новинските агенции јавуваат дека Францускиот организациски комитет на Олимписките игри (ОИ) во Париз ја повлекол акредитацијата на четворица руски новинари кои веќе присуствувале на некои спортски настани. Повлекувањето на акредитацијата е „сосема неочекувано“, оцени агенцијата ТАСС, прецизирајќи дека на церемонијата на отворањето и на неколку настани на Олимпијадата веќе присуствувале неколку руски новинари. Во меѓу време Меѓународниот ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност, особено во планинските подрачја каде ќе има услови за краткотраен локален дожд, информираат од УХМР. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од северен правец со брзина од над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната од 33 до 40 Цезиусови степени. УВ индексот ќе биде 8. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала ...

Во Србија околу 67.500 граѓани чекаат некаква хируршка интервенција, а во зависност од институцијата се чека во просек од пет месеци до четири години, покажуваат податоците на Здружението на пациенти, објваија Вечерње новости. Најдолгите листи на чекање се за замена на колк и операција на колено. Многумина се одлучуваат за хируршка интервенција, но остануваат без одговор на прашањето што е причината за толку долгите листи на чекање, наведува ...

Островот Дрејк, во близина на брегот на британската област Девон, којшто има приватна плажа, стари утврдувања и дозвола за изградба на луксузен хотел, е ставен на продажба. Островот е наречен по англискиот морепловец Френсис Дрејк, кој оттаму отпловил низ светот во 1577 година. Имотот нема фиксна цена, но трошоците за реновирање се проценуваат на 25 милиони фунти, пишува „Скај њуз“ (Sky News). Недалеку од градот Плимут, југозападна Англија, ...

Шест лица се пронајдени мртви во луксузна хотелска соба во центарот на Бангкок, а тајландската полиција се сомнева дека причината за смртта е труење, јави Си-Ен-Ен. „Персоналот на хотелот ги пронашол телата во соба на петтиот кат во Гранд Хајат, откако гостите не успеале да се одјават по повеќе од 24 часа“, рече полицискиот комесар на Бангкок, Тити Саенгсаванг, според Си-Ен-Ен. Полицијата соопшти дека нема индиции за грабеж и дека на телата ...

Несезонското топло време ќе се задржи уште неколку дена, според „Weather & Radar“, при што температурите повторно ќе достигнат од 35 до 40 степени Целзиусови во Србија, Италија, Албанија, Грција, Романија и Бугарија. – Но, добрата вест е дека најлошото од оваа екстремна топлина сега е зад нас. Овој упад на постуден и посвеж воздух на почетокот на следната недела, исто така, може да предизвика силни грмотевици, особено низ Балканот – вели ...

Две деца се во животна опасност откако гром удрил во дрво во неделата додека семејството било во парк во германскиот град Делменхорст. Инцидентот се случил во неделата околу 16:15 часот. Гром удрил во паркот Графт при силно невреме, а наводно седум лица се повредени, пренесува Билд. Според медиумите, група возрасни и деца, меѓу кои и едно семејство, уживале во дружењето во паркот кога времето се променило. Тие нашле засолниште под едно дрво ...

Вандали ги нападнаа француските железници и мрежата на брзи возови во серија координирани акции што доведоа до големи прекини во сообраќајот на некои од најпрометните железнички линии во земјата. Државниот железнички оператор рече дека вандалите биле насочени кон инсталации долж линиите што го поврзуваат Париз со градовите како Лил на север, Бордо на запад и Стразбур на исток, пренесува Ројтерс. Тие ги повикаа сите патници да ги одложат ...

Земјотрес со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала и Рихтерова локална магнитуда ML3.1. е регистриран утрово од Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија. Епицентарот е во подрачјето Делчево – Берово, 123 километри југоисточно од Скопје. Како што информира Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот се случил во 08 часот и 46 минути, а го ...

Во следните три недели Париз ќе биде домаќин на Олимписките игри 2024. Ви нудиме одговори на најважните прашања: Колку спортисти ќе учествуваат? Колку чинат билетите? И колку кондоми ќе се потрошат? Колку спортисти учествуваат на игрите? Околу 10.500 спортисти и спортистки од 206 нации ќе настапат на Олимписките игри. Во текот на 19 олимписки денови, од 26 јули до 11 август, тие ќе се борат за подиумот во една од 32 спортски дисциплини. ...

Во Скопје денеска со изложба и филмски проекции ќе биде одбележана 61. годишнината од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1 070 лица, а 3 000 беа повредени. Во Музејот на град Скопје вечерва во 20:30 часот ќе биде отворена изложбата „Културните институции во Скопје по земјотресот во 1963 година“. Автор на изложбата е Зоја Богдановска, кустос советник историчар во Музејот. Во Кинотека на ...

Блокот 1 на Рударско – енергетскиот комбинат Битола неколку часа после испадот од мрежа, синоќа е повторно ставен во функција, информираат од Комбинатот. -Вечерва, во 22:02 часот Блок 1 на РЕК Битола е ставен во функција. Постројката е синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем и испорачува електрична енергија. Благодарение на натчовечките напори на вработените во комбинатот, РЕК Битола експресно го оспособи Блокот и продолжува ...

Хрватската Влада на денешната седница ќе донесе Одлука за висината на основицата за пресметување плати на државните функционери која ќе се зголеми на 947,18 евра бруто, односно за 83,45 отсто, додека платите на претседателот на државата, Владата и Собранието ќе се зголемат за околу 70 проценти, јавија хрватските медиуми. Основицата за плата на државните функционери во моментов изнесува 516,29 евра, но по седницата на Владата денеска – таа ќе ...

Откривањето на полиовирусот во Појасот Газа е крајно исклучително и дополнително го влошува статусот на окупираната територија како едно од најопасните места во светот за децата, предупреди извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел. Таа изрази загриженост и поради ширење на други заразни болести во Појасот Газа, како што е колерата. – Кога децата се гладни и слаби, нивните тела се многу поранливи и поподложни на овие болести, посочи Расел, ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
51%
997
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
66%
996
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
92%
997
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
4.63
81%
999
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.32
100%
1001
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
96%
997
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
2.68
87%
999
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
62%
998
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
100%
999
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
6.17
91%
1001
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
88%
997
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
6.17
79%
1004
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Алуминиум

3.09

Платина

83354.78

Цинк

3.29

Кобалт

64.04

Злато

157561.16

Рутениум

45750.51

Паладиум

55781.55

Калај

48.78

Бакар

12.12

Иридиум

221848.72

Сребро

2733.78

Родиум

339994.14