Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Американската потпретседателка и демократски кандидат, Камала Харис, и поранешниот претседател и републикански кандидат, Доналд Трамп, остануваат изедначени на седум недели пред претседателските избори на 5 ноември, покажуваат најновите објавени анкети. Во националната анкета, Харис и Трамп се изедначени со 47 отсто поддршка од американските гласачи. Анкетата е спроведена на 2.437 испитаници од 11 до 16 септември за потребите на „Њујорк ...
Министерот за здравство Арбен Таравари информира дека се размислува дали модуларната болница лоцирана кај Инфективната клиника во Скопје да ја преземе Министерството за одбрана или пак таа да се пренесе во Затворот Идризово. Таравари, денеска во одговор на новинарско прашање, посочи дека има одлука од Владата за преземање на модуларната болница од страна на МО, но оти треба амбуланта и во Затворот Идризово. -За модуларната болница на ...
Компанијата „Алкалоид“ започна со имплементирање на софтверската платформа AlkaLIMS, која има цел да изврши целосна интеграција на сите лабораториски процеси во компанијата, централизирано управување со податоците и со процесите, нивна следливост поврзана со контрола на производите, регулаторна усогласеност и стимулација за континуирано подобрување. „Алкалоид“ започна процес на целосна интеграција на сите свои лабораториски процеси во рамките ...
Американскиот здравствен систем се најде на последно место во меѓународна споредба на 10 земји со сличен профил, според нов извештај на Фондот на Комонвелт. Иако Американците плаќаат речиси двојно повеќе од другите земји, системот лошо се покажа во однос на здравствената еднаквост, пристапот до здравствена грижа и резултатите. „Јас секојдневно го гледам товарот врз луѓето поради овие недостатоци“, изјави д-р Џозеф Бетанкур, претседател на ...
Семејната фирма на Бернар Арно, Вентурес, инвестираше над 300 милиони долари во пет стартапи за вештачка интелигенција во 2024 година. Најголемата инвестиција беше 220 милиони долари во Х (поранешна Холистик), француска фирма фокусирана на вештачка општа интелигенција. Вентурес, исто така, го финансираше Ламини, стартап за вештачка интелигенција во Пало Алто, со 25 милиони долари, како и Прокима, компанија за дигитален маркетинг со вештачка ...
Ограничениот буџет за патување не мора да значи здодевно сместување, вели стручњакот за патувања Џил Мекелрој. Таа открива пет од можеби најчудните европски „одморалишта“, со прилично евтин престој, пишува Дејли мејл (Daily mail). Затворот „Кароста“ кај Лиепаја, Латвија За првoтo одморалиште од листава, Џил пишува: „Дали некогаш сте посакале да ја доживеете Вашата последна ноќ на слобода? Па, затворот-хотел во Латвија ќе направи да се ...
Домови се евакуираат во северниот италијански регион Емилија-Ромања, откако бурата „Борис“, која од минатата недела усмрти најмалку 24 лица во централна и источна Европа, го зафати регионот, предизвикувајќи сериозни поплави и свлечишта. Силни дождови ја погодија Емилија-Ромања вчера доцна попладне, а ситуацијата брзо се влоши со доаѓањето на ноќта. Градоначалникот на Модиглијани, Џадер Дарди, изјави дека реката „експлодирала“. – Ситуацијата е ...
Бројот на центимилионери – поединци со богатство од 100 милиони долари или повеќе – во последната деценија нагло се зголеми за 54 проценти. Во светот има повеќе од 29.300 луѓе со богатство над 100 милиони долари, се вели во извештајот на инвестициската консултантска фирма Henley & Partners. САД и Кина регистрираа најзначајни зголемувања кај оваа категорија богати луѓе. Кина забележа неверојатни 108 отсто зголемување на центимилионери во ...
Европската комисија усвои препораки за подобра заштита на луѓето во ЕУ, особено на децата и младите, од ефектите на пасивното пушење и аеросолите, преку проширување на реоните на отворено во кои ќе биде забрането пушењето цигари. Согласно овие препораки до земјите членки на ЕУ, новите „зони без чад“ треба да ги вклучат местата за рекреација на отворено каде што вообичаено се собираат деца, како јавни игралишта, забавни (луна) паркови и ...
Најмалку 21 лице е загинато во поплавите кои изминатите денови зафатија неколку земји во Европа. Бурата „Борис“ во делови од Австрија, Чешка, Унгарија, Полска, Романија и Словачка потопи цели населби и принуди стотици илјади луѓе да се евакуираат. Седум лица се загинати во Романија, шест во Полска, пет во Австрија и три во Чешка, а неколку се водат како исчезнати. Во некои области врнежите се намалуваат, но во други нивото на водата се ...
Македонската репрезентација за фудбалерки до 17 години имаше успешен настап на силниот меѓународен турнир во Италија на кој го освои второто место. Избраничките на селекторот Катерина Милеска одиграа контролни натпревари против репрезентациите на Словенија, Албанија и домаќинот на турнирот, запишувајќи две победи и еден пораз. Во рамките на првото коло од турнирот, македонските фудбалерки во интересен и возбудлив натпревар забележаа победа ...
Во првата половина од годинава граѓаните од Албанија и Косово водат во однос на другите земји од балканскиот регион по бројот на барања за азил до Европска Унија. Во најновиот извештај на Европската агенција за азил (ЕУАА) се наведува дека од јануари до јуни 3.778 државјани на Албанија поднеле барање за азил во земјите членки на ЕУ. – Најголем број барања за азил на граѓани од Албанија се регистрирани во Италија, Грција и Франција. Дури и ...
Во периодот од 9 до 15 септември во земјава се регистрирани 57 нови случаи на SARS-CoV-2, пријавени се четири починати лица – две во Скопје и по еден во Битола и Тетово, сите над 70-годишна возраст и невакцинирани, се посочува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје. Од 9 до 15 септември тестирани се вкупно 285 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на ...
Отпорноста на антибиотици може да предизвика смрт на повеќе од 39 милиони луѓе до 2050 година. Ова е заклучокот од студијата објавена во научната публикација „Лансет“, пренесоа светските агенции. За прв пат, ваква студија го проценува влијанието на отпорноста на антибиотици низ годините и се обидува да го предвиди нејзиниот развој. Од 1990 до 2021 година, повеќе од еден милион луѓе годишно во светот умирале поради отпорност на антибиотици. ...
Од половина до пет евра ќе биде поскапа таксата за отпорност на климатски кризи во туристичките објекти во Грција во периодот од април до октомври, додека пак таксата за патниците од крузерите ќе изнесува од едно до 20 евра во зависност од периодот и островот на кој пристигнуваат туристите, јави дописничката на МИА од Атина. Надлежните грчки министри денеска детално ги анализираа мерките што грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ги соопшти на ...
Циклонот „Борис“ кој донесе обилни дождови и силни ветришта, предизвика поплави во Централна Европа, особено во Чешка, Полска и Австрија. Невремето однесе и седум човечки животи, пет во Романија и по еден во Австрија и Полска. Поплавени се градови, патишта и друга инфраструктура, населението од најзагрозените подрачја се евакуира, а има и заглавени луѓе до кои спасувачите не можат да стигнат. Премиерите на Чешка и на Полска, Петр Фијала и ...
На првиот успешно реализиран алкалоидов настан „Развој на лидерството“ менаџерските тимови од земјава и од странство имаа можност да се запознаат со најновите трендови за јакнење на клучните лидерски вештини низ развој заснован на вредности и на ефектно донесување одлуки. По воведното обраќање на Генералниот директор/Претседател на УО на „Алкалоид“ АД, Живко Мукаетов, говорници на настанот беа еминентни светски експерти од областа: Хари ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,75 % во однос на одлуката од 11.9.2024 година. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит. ...
Германија од денеска воведува проверки на сите свои граници со цел да се ограничи илегалната имиграција, јави ДПА. Според критичарите, оваа одлука ја загрозува Шенген зоната за безвизно патување. Германската полиција започна и контроли на границите со Луксембург, Белгија, Холандија и Данска. Претходно беа воведени гранични контроли на границите со Полска, Чешка, Австрија, Швајцарија и Франција. Секретарот за внатрешни работи, Ненси Фезер, ...
Министерот за здравство, Арбен Таравари, ја нарече скопската градоначалничка Данела Арсовска е промашена инвестиција. Но, според него, не смее да се остави простор политичари да разрешуваат градоначалници. Тој посочи дека тоа можат да го прават само граѓаните. „Јас мислам дека градоначалниците се избираат од граѓаните. Ние предлагаме во Законот за локална самоуправа, за да рационализираме да нема постојано избори. Мислам дека градоначалниците ...
Министерството за економија денеска требаше да добие предлог од работната група за есенската потрошувачка кошница со 100 прехранбени земјоделски производи со ограничени трговски маржи или замрзнати цени кои утре требаше да се најдат на седница на Влада, но премиерот Мицкоски најави пролонгирање на роковите поради дијалогот со производителите и трговците. Според најавите, со есенската кошница треба да бидат опфатени зеленчук, овошје, пекарски, ...
Јужноафриканската глумица Шарлиз Терон постојано привлекува внимание поради својот младешки изглед и негуваната кожа на која ѝ посветува посебно внимание. Тоа, се чини, е една причина поради која Терон, на самиот залез од петтото десетлетие од својот живот, едноставно импресионира со своите модни комбинации на облека што ја истакнуваат нејзината фигура, пишува „Харпер’с базар“ (Harper’s Bazaar). Следат петте причини за тоа. 1. СПФ цела година ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во вторник на 17 септември ќе го претстави новиот состав на Колеџот на комесари во Европскиот парламент, информира заменичката главна портпаролка на ЕК, Аријана Подеста. На новинарско прашање дали е можно Фон дер Лајен да го презентира составот на ЕК „минус еден еврокомесар“, имајќи го предвид одолговлекувањето на потврдувањето на новопредложената словенечка кандидатка за членка на ...
Амбасадорката на САД Анџела Агелер смета дека е добро што претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе оди во Софија каде ќе се сретне со претседателот на Бугарија, Румен Радев и ќе присуствува на настапот на Македонската национална опера и балет, што во Софиската опера и балет ќе ја изведе операта „Набуко“ од Џузепе Верди.. Агелер во вчерашното гостување во централниот дневник на телевизија „Сител“ рече дека колку државите соработуваат како ...
Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) на вчерашниот состанок донесе одлука за намалување на својата основна каматна стапка за 0,25 процентни поени на 3,5 отсто, како одговор на падот на инфлацијата и на показателите за слабеење на економијата во Еврозоната во текот на летните месеци. Банката во вчерашната одлука индиректно најави и дека е можно дополнително олабавување на монетарната политика до крајот на годината, потенцирајќи ...
Француските власти спречија три терористички напади за време на Олимписките (ОИ) и Параолимписките игри (ПОИ) во Париз и другите градови домаќини на натпреварите, изјави вчера државниот обвинител за антитероризам Оливие Кристен. Кристен рече дека заговорите вклучуваат планови за напад на „израелските институции и израелските претставници во Париз“ за време на Олимпијадата во Париз од 26 јули до 11 август. Тој истакна дека „израелскиот ...
Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави рекорден број на трансфери реализирани во летото 2024 година. Во платформата на централата јасно се гледа и која земја е број 1 по бројот на завршени трансфери летово. Англиските клубови доминираа, само во летниот преоден рок потрошија огромни 1,6 милијарди долари. Во летото 2024 година или до 31 август се направени рекордни 11.000 регистрирани меѓународни трансфери, што е зголемување од 4,8 отсто ...
Влезниците за претстојното издание на традиционалниот Скопски џез фестивал, што годинава ќе се одржи од 17 до 20 октомври, од денес се достапни на билетарницaтa на НОБ и онлајн на МКтикетс. Фестивалот годинава ќе го отвори супериорно најдобрата и најпопуларна џез-пејачка во светот, трикратната Греми лауреатка СЕСИЛ МЕКЛОРИН САЛВАНТ од САД со нејзиниот блескав квартет во кој, меѓу другите, членува и еден од водечките американски џез-пијанисти, ...
До петок треба да биде изготвена есенската потрошувачка кошница со околу 100 прехранбени производи, јавува МИА. Работната група во која има членови од министерствата за економија, земјоделство и финансии, ќе направи симулација за ограничување на цените или на маржите. – Значи ќе се направат пресметки со намалување на маржите на 5, 10 или 15 проценти на трговија на мало или замрзнување на цените на одредено ниво. Симулацијата треба да даде ...
Европскиот суд на правдата вчера одлучи дека американскиот технолошки гигант „Епл“ ќе мора да плати 13 милијарди евра на име неплатени даноци. Пресудата е донесена во врска со жалбата на „Епл“ и Ирска на одлуката на Европската комисија од 2016 година со која се бара од американската компанија, чие седиште за ЕУ е во ирскиот град Корк, „да врати 13 милијарди евра“, сума што „ја заштедила“ благодарение на даночните олеснувања предвидена со ...