Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Десетина студенти ќе станеле магистри и доктори по науки, без факултет. Без завршени додипломски студии тие се запишале на магистерски и докторски студии на Филозофскиот факултет при УКИМ, за што платиле од 2000 до 6000 евра. Станува збор за 7 студенти на магистерски и 4 на докторски студии. На сите им се поништува уписот и статусот на студенти, односно им се прекинува студирањето. Од Филозофскиот факултет велат дека до ваквата состојба дошла ...
Доналд Трамп негира дека е под притисок да склучи мировен договор со Иран, но вели дека тој ќе биде постигнат релативно брзо. Пред крајниот рок за прекин на огнот во среда, следната фаза од мировните преговори останува неизвесна. Американска делегација предводена од потпретседателот Венс наскоро ќе биде во Пакистан. Сепак, од Иран велат дека немаат планови за нова рунда преговори во Исламабад. Една од пречките е американската поморска блокада ...
Прекинот на глобалните испораки на нафта поради војната во Иран ги зголеми цените на керозинот, што директно влијае врз цената на авионските билети. Според анализа на светски медиуми, трошокот за гориво по патник се зголемил за околу 88 евра на долги летови и за 29 евра на летови во Европа. На пример, лет од Барселона до Берлин поскапел за околу 26 евра по патник, додека лет од Париз до Њујорк има зголемување од околу 129 евра само за гориво. ...
Кубанската влада потврди дека неодамна се одржале средби со американски претставници на островот. Ниту американската, ниту кубанската страна не соопштија кога точно се одржал состанокот, ниту кои претставници учествувале. Меѓу условите за укинување на санкциите, Вашингтон бара од кубанските власти да ја прекинат политичката репресија, да ги ослободат политичките затвореници и да ја либерализираат економијата. Кон крајот на јануари, ...
Скандалозна одлука на скопска Апелација. Судот го одби барањето на осудените за случајот 27-ми април, кои бараа постапката да се повтори. Со ова пропаѓа нивната надеж дека ќе успеат да издејствуваат нов судски процес, во кој би ги образложиле своите аргументи дека не се терористи и би добиле слобода. Со оваа одлука Апелација го потврди решението на Кривичниот суд донесено на 15-ти декември минатата година, со кое судот одлучи дека нема ...
Негатор на македонскиот јазик, предводник во битката за вето за Македонија во ЕУ, заговорник за впишување на Бугарите во македонскиот устав, двигател на негаторска политика кон македонското малцинство во Бугарија – кој е новиот бугарски лидер Румен Радев. Политичар кој во изминатите години континуирано ја гради оваа позиција – преку изјави, услови и конкретни политички потези. Својата политика кон Македонија, според која македонскиот јазик ...
Со бруталните напади, обвинувања, етикетирања и критики кон новинарите на Алфа, и телевизијата вопшто, Венко Филипче не врши само навреда и клевета, туку и кривични дела за кој законот предвидел затворска казна. Од оневозможување на службено лице во вршењето на својата должност, преку лажно пријавување, па се до омаложување. Експертите велат дека за само неколку минтути со својот рафален напад кон Алфа, Филипче изнел толку тешки квалификации, ...
Битката на лидерот Венко Филипче против Алфа се претвори во донкихотовски подвиг. Во офанзивата и нападите врз новинарите и медиумите тој очигледно останува сам, затоа што повеќето функционери од СДСМ барем пред камерата на Алфа се далеку поумерени. Тие не го осудуваат својот лидер, но сметаат дека е непринципелно да се напаѓаат медиуми. Некои дури му се чудат. Поранешниот премиер и претседател на социјалдемократите, Димитар Ковачевски, во ...
Еден ручек . Толку ја чинело експретседателката на Антикорупциска Татјана Димитровска полагањето на тестот за безбедносен сертификатат. Но, не е сигурно дека нејзиниот колега Миле Столевски кој полагал наместо неа, ќарил ручек. Ова произлегува од пораките кои обвинителството ги прочита пред судот со кои ја товари Димитровска за комјутерски фалсификат. Експретседателката и обвинетиот Столевски го слушаа обвинителот како ги чита во судница. ...
Со премиерата на претставата „Мачкина глава“, работена по текст на Венко Андоновски, а во режија на Дејан Пројковски, Македонскиот драмски театар ќе ја одбележи 80-годишнината од своето постоење. Оваа претстава е 461-та премиера на сцената на Драмски театар од неговото основање, а трета само во текот на оваа година. Приказната на овој култен театар започнува на 21 април 1946 година, на сцената на тогашниот МНТ, кога била изведена куклената ...
Седум студенти ќе станеле магистри и доктори на науки – без завршен факултет. Без комплетирани додипломски студии, тие се запишале на магистерски и докторски студии на Филозофскиот факултет при УКИМ, за што платиле од 2.000 до 6.000 евра. Студентите сега ги бараат парите назад, откако Државниот просветен инспекторат констатирал неправилности и им ги поништил уписите, со што останале и без статус, но и без средства. Министерката за ...
На списокот на влијателни членови кои сметаат дека партијата се движи во погрешен правец, сега се додава и пратеничката и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска. Во честитката по повод 35-годишнината на партијата, таа преку порака на социјалните мрежи повика на промени, предупредувајќи дека во спротивно партијата може да исчезне. „Сме губеле, сме победувале, но секогаш сме се менувале – на подобро, се разбира. Промената на ...
Димитријевиќ и СДСМ се ставија на услуга на српската опозиција, станаа маргинална партија во Македонија поради лични интереси на Зоран Заев и Зоран Башановиќ, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција. Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, имал средба со српскиот опозиционер Бранко Ружиќ, поранешен министер за образование, кој дошол во Македонија со една цел а тоа е да оформи ...
Проблеми и во ДУИ. Контроверзниот поранешен градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, упати остри критики кон неговата матична партија ДУИ и лидерот Али Ахмети. Вели – од него се дистанцирале, применуваат двојни аршини и го игнорираат, додека други ги бранат и за нив бараат правда. Мерко ја обвини ДУИ за двојни стандарди, посочувајќи дека не добил поддршка кога се соочил со кривични пријави, за разлика од актуелната поддршка за Блерим Беџети и ...
Пратеничката Иванка Василевска го отвори случајот со адвокатот Тони Менкиноски пред Советот на Европа, барајќи одговори од генералниот секретар Ален Берсе за десетгодишната забрана за негов влез во Бугарија. Поради ограниченото време за говор, Василевска прашањето го доставила и писмено до кабинетот на Берсе, инсистирајќи на јасен став и конкретна реакција од институцијата. Таа предупредува дека ваквата мерка може да претставува сериозна ...
Ги сакал жените и никогаш не би кренал рака на нив -со овие зборови обвинетиот Денис Асанов, во јавноста познат како „касапот од ШТИП„ поради убиството на 79 годишната Борјанка Николова, што се случи лани во ноември, ја негираше својата вина во завршните зборови пред основниот суд во Велес. Обвинителството, пак посочувајќи на бруталноста на делото и налчинот на кој го скрил телто, побара до судот да го осуди асанов за фемицид „Врз основа на ...
Набавката на уште еден ангиограф и целосното реновирање на старите одделенија во охридскиот кардиолошки центар се приоритети кои, според раководството, не смеат да се одложуваат. Во установата, која е втора по големина кардиолошка болница во државата, годишно се лекуваат околу 45.000 пациенти, а се изведуваат над 2.000 кардиолошки процедури. Тоа, според раководството, е недоволно за работа со само еден ангиограф. „Тоа го прави функционирањето ...
Висока делегација од Казахстан, предводена од министерот за трговија и интеграција Арман Шакалиев, денес оствари официјална посета на ТИРЗ во Скопје, при што беше посетена и фабриката на Џонсон Мети. Во рамки на посетата, делегацијата остварила работна средба со директорот на дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски, на која се разговарало за можностите за интензивирање на економската соработка, привлекување нови инвестиции и унапредување на ...
Македонскиот Фонд за здравство покрива 1.836.667 осигуреници, од кои дури 25% се лица без приходи. Ваквите бројки кои се таложат со години, стануваат огромен товар за државата. На корисничката листа има дури и починати луѓе, невработени, граѓани кои живеат со години во странство и се корисници на тамошно осигурување. Список се прочистува, а паралелно се олеснува пристапот до користење на бесплатно здравство за сите граѓани. Фондот воведува ...
Турзимот станува многу предизвикувачка професија. Во услови на криза туристичките работници велат дека се однесуваат како магионичари за да можат да го одржат секторот. Глобалниот проблем со авионско гориво за среќа кај нас не е присутен, но проблем станува протокот на туристи од неевропските земји во ЕУ поради новиот систем за влез во Европската Унија. Туристичките работници стравуваат дека ова може да се одрази негативно врз нивните ...
Доказот дека Заев се уште ги држи конците во СДСМ се виде на роденденот на партијата. Филипче, Димитријевиќ и СДСМ не се оградуваат и дистанцираат од Заев, напротив аплаудираат и се восхитуваат на неговата појава, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Човекот кој го смени името на државата, човекот кој местеше судии и обвинители, одлучуваше за судски предмети и постапки, човекот кој земаше евро за брат му и евро за црквата, човекот кој го ...
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, остварил средба со бивши функционери од српската опозиција со цел оформување на опозициски фронт, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. Димитријевиќ минатата недела се сретнал со Бранко Ружиќ, поранешен министер за образование во Србија и потпретседател на Социјалистичката партија на Србија СПС. Димитријевиќ на средбата разговарал за здружување на опозициските сили од Србија со СДСМ. ...
– Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал на Попова Шапка, каде се измерени 13 литри на метар квадратен. Потоа следуваат Маврови Анови со девет, Тетово со пет, како и Пожаране и Скопје – Зајчев Рид со по четири литри на метар квадратен. Помали количини врнежи се регистрирани во Крушево со два литра, додека по еден литар се измерени во Крива Паланка, Тополчани, Прилеп и Велес. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, ...
По долго боледување, почина новинарката и уредничка Гордана Дувњак, една од препознатливите фигури во македонското новинарство, особено во областа на политиката и правосудството. Таа зад себе остава богата и значајна кариера, која траеше повеќе од три децении. Дувњак својата новинарска кариера ја почна во 1988 година во Македонска радио-телевизија, каде што работела две години. Од 1991 до 1999 година беше дел од редакцијата на „Нова ...
Партијата ВРЕДИ ќе се промовира на 9 Мај – Денот на Европа, ќе има двајца копретседатели, двајца заменик-претседатели и секретар, најави вечерва министерот за министерот за здравство, Азир Алиу. Во вечерашнното гостување во гостување на една од националните телевизии потенцираше дека партијата ќе има двајца копретседатели, двајца заменик-претседатели и секретар. Тој посочи дека од она што досега е познато, првите двајца луѓе што ќе раководат ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. Наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од 3 до 9 степени, а максималната од 14 до 21 степен. Во Скопје, во ...
Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА денеска организира едукативно-креативен настан „Зеленикс – од предизвик до иновација“, наменет за ученици од основните училишта во Скопје. Настанот ќе се одржи во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, а целта е да се поттикнат младите да размислуваат иновативно и да креираат одржливи, зелени решенија за реални предизвици од нивната околина. На отворањето, ќе се ...
Под мотото „Мигрената е повеќе од главоболка“ денеска во Скопје ќе се одбележи Националниот ден на мигрената, во организација на Македонското невролошко здружение и Клиниката за неврологија. Организаторите посочуваат дека одбележувањето има цел да ја информира јавноста за влијанието на мигрената врз квалитетот на животот и значењето на навремена дијагноза и соодветен третман. Настанот ќе се одржи во 12 часот во големата сала на Деканатот на ...
Без вода денеска од 9 часот ќе останат корисниците од улицата „Црвена Вода“ број 9 во Општина Центар. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известување од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот со водоснабдувањето е поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри и ќе трае до завршување на санацијата на дефектот. Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците ...
Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за финансирање и буџет и Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. Исто така, собраниската Комисија за еврoпски прашања ќе одржи сесија на која ќе бидат презентирани клучните наоди од Годишните извештаи за 2025 година на Меѓународната заедница – Транспортна заедница. Пред членовите на Комисијата за финансирање и буџет се Годишниот извештај за работата на ...