Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Титулата европска престолнина на културата 2028 не се сведува на едногодишна културна програма, туку претставува долгорочен процес насочен кон трајна трансформација на градот и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Ова беше главната порака на конференцијата „Обликување на иднината на Скопје: Култура, урбани политики и одржливи европски градови“, одржана во рамки на „Скопје – европска престолнина на културата 2028“. На настанот ...
Енергетската безбедност е многу важно прашање, ниедна земја не треба да биде сама, потребна ни е поврзаност – порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска за време на нејзиното учество на панел-дискусија посветена на енергетиката на Економскиот форум во Делфи, Грција. Министерката детално се осврна на плановите и чекорите што ги презема нашата земја со цел да се обезбедни енергетска стабилност, но и ...
Евроинтегративниот процес претставува клучен двигател на зелената трансформација во нашата земја, овозможувајќи не само усогласување со европските стандарди, туку и суштинска промена на економската структура кон одржлив и иновативен модел. На денешната интернационална конференција посветена на одржливи системи и бизнис трансформации, заменик-министерката за европски прашања истакна дека зелената и циркуларната економија повеќе не се концепт ...
Факултет за медицински сестри ќе биде отворен во склоп на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола за кој законот е подготвен од пратеници и од Министерството за образование и наука. Министерката Весна Јаневска очекува тој да биде многу бргу усвоен, со што за медицинските сестри, акушерки и физиотерапевти ќе има и академски студии и тие потоа ќе може да продолжат на академски студии од втор и од трет циклус. Отворањето на факултетот во ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска го очекува извештајот за нерегуларностите утврдени на Филозофскиот факултет на УКИМ, на кој на студенти со тригодишни стручни студии во измиантите седум години, спротивно на законот, им било овозможено да запишуваат магистерски и докторски студии. По извршениот вонреден надзор иснепкторите донеле решение, по кое Филозофскиот факултет постапи, да им се прекинат студиите односно да им ...
Изградбата на патниот и железничкиот дел од Коридорот 8 ќе чини речиси 5 милијарди евра, проектите за железничкото и за автопатското повзрување кај нас се одвиваат добро и се надевам дека со иста одговорност ќе работат и нашите соседи Албанија и Бугарија – изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред состанокот за активностите и плановите за проектите на Коридорот 8, кој се одржува во соработка со ...
Во општина Пробиштип денеска ќе се одржи трибина во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ на Министерството за земјоделство, шумарство и восотопанство. Кампањата почна на 18 март годинава од Босилово и, како што беше најавено, ќе се реализира во над 30 општини, со посета на повеќе од 120 населени места. Целта е да се слушнат ставовите и потребите на земјоделците, да се презентираат досегашните политики и мерки во ...
Собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите денеска ќе одржи надзорна расправа на тема „Спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство, од аспект на еднаквите можности, институционалната координација, предизвиците и можностите за унапредување на ефикасноста на постапувањето на органите на извршната власт“. Воведно обраќање на надзорната расправа ќе одржи ...
Град Скопје денеска ќе организира меѓународна конференција „Скопје – Европска престолнина на културата 2028: Обликување на иднината на Скопје“ -Настанот ќе ги обедини водечките институции, градоначалници, европски партнери, експерти, универзитети и меѓународни организации со цел да се отвори стратешки дијалог за урбани политики, културен развој и одржливи европски практики, најави Град Скопје. Град Скопје денеска ќе организира меѓународна ...
Меѓународна стартап академија ќе биде свечено отворена денеска на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, која ќе трае до 25 април. Академијата се реализира во координација помеѓу Универзитетот „Гоце Делчев“ и Американско катче – Штип, со поддршка на Амбасада на САД во Македонија. -На настанот ќе учествуваат средношколци од Македонија и Бугарија, како и студенти од УГД, кои ќе имаат можност да работат на развој на стартап ...
Во Ресен денеска ќе се одржи панел-дискусија „За почиста Преспа: заеднички чекори за подобро управување со отпад“. Отворени ќе бидат прашањата – што се презема во моментов и кои се главните предизвици кога станува збор за собирањето, селекцијата и одлагањето на отпадот, зашто тоа директно влијае врз природните ресурси, здравјето, одржливиот развој и иднината на регионот. На панел-дискусијата излагања ќе имаат Емил Стојанов од Салар ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе се обрати на конференција со која ќе се означи почетокот на втората фаза на проектот „Зајакнување на образованието и професионалната регулатива за медицински сестри и акушерки во Македонија 2026–2028“. -Проектот го води Центарот за европска перспектива, официјална институција за имплементација на Словенечката програма за помош и вклучува експерти од голем број институции, ...
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, ќе присуствува и ќе го отвори работниот состанок на тема „Коридор 8 – активности и проекти”, кој се организира во соработка со Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Како што информираат од Министерството за транспорт, работниот состанок е од затворен карактер. Предвидени се изјави за медиумите од замeник-претседателот на Владата, Николоски, и заменик-шефот ...
Поранешниот вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците Артан Груби останува во куќен притвор, со надзор. Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека по предлог на Обвинителството, судот ја продолжил мерката за 30 дена. Груби, кој заедно со поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, е осомничен за проневера од осум милиони евра со ВЛТ-апарати, по повеќе од 14 месеци бегство во февруари годинава беше уапсен на ...
Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини, е уапсен во утринската полициска акција спроведена од Министерството за внатрешни работи во соработка со Јавното обвинителство. Сејдини се товари за сериозни финансиски злоупотреби поврзани со средства доделени од УЕФА. Според првичните информации, станува збор за проневера на 700.000 евра, пари кои биле наменски доделени од европската фудбалска куќа за ...
Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, денеска ќе ја посети општина Струга како дел од иницијативата за информирање на јавноста со цел приближување на ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните заедници. Посетата на Рокас ќе почне со средба со градоначалникот на Струга, Менди Ќура, која ќе се одржи во 15 часот во општинската зграда. По средбата, предвидени се изјави за медиумите на евроамбасадорот Рокас и ...
Во Гевгелија денеска ќе се одржи јавна трибина „Актуелни состојби и еколошки предизвици на Вардарскиот речен слив“, на која ќе бидат презентирани клучните наоди од мониторингот и документот за јавни политики „Од локални инциденти до потенцијална екокатастрофа: како да се подобри управувањето со водите во Вардарскиот речен слив“. Како што велат организаторите, документот нуди препораки за јавните политики и институционалната координација. ...
Независниот академски синдикат (НАкС) вечер од 18 часот на Институтот за хемија при Природно-математички факултет – Скопје организира дебата за претставување на кандидатите за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за мандатниот период 16 септември 2026 – 15 септември 2029. Изборите за ректор на УКИМ ќе се одржат на 28 април, со тајно гласање на сите единици во состав на Универзитетот. Во трка за ректор се проф. д-р Дарко ...
Партијата на пензионери соопшти дека целосно го поддржува влегувањето во собраниска процедура на предлог-законот со кој би се забранило пратениците во Собранието да поседуваат двојно државјанство, што отсекогаш е едно од нашите залагања како партија, се наведува во соопштението ан Партијата на пензионерите. Исто така, бараме и ја подржуваме идејата ова правило да се имплементира за сите избрани функционери на сите рамништа на управа во целата ...
Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, од 4.30 до 15.30 часот денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците од фирмите „Стил железо“, „Електроводомонд“, „Европа 92“, како и корисниците од улиците „1506“, „1550“ и „Дани Калош“ во Индустриската зона Момин Поток во општина Карпош. По известување добиено од ЕВН Македонија АД, РЦУК информира дека 8.30 до 14 часот денеска струја ќе немаат и корисниците од ул. „Роман Каскалиевиќ“ во ...
Во согласност со Законот за ученичкиот стандард, Министерството за образование и наука организира стручен испит за воспитувачите и стручните соработници во јавните ученички домови, кои по истекот на приправничкиот стаж се должни да го полагаат испитот. Полагањето на стручниот испит Министерството за образование и наука ќе го реализира во текот на идниот месец. Во објавата на веб-страницата на МОН се наведени документите кои кандидатите треба ...
Изградбата на граничниот премин меѓу Бугарија и Македонија, Струмјани – Берово, може да почне по потпишаните потребните еколошки процедури во Министерството за животна средина и водни ресурси, пренесува БНР. – Најтешкиот пат со одобрување на извештаите за влијанието врз животната средина е веќе завршен, и тоа во пократок временски период од очекуваниот. Во меѓувреме, се координираат барањата за инфраструктурата на самиот премин во однос на ...
Додека другите шират паника, магла и дезинформации, ВЛЕН работи со факти, одлуки и конкретни чекори за албанската култура. За нас, образованието и културата се столбовите на нашата визија за развој на албанското општество. Во овој поглед, албанските културни институции не само што не се во опасност, туку влегуваат во конкретна фаза на зајакнување и функционализација, се вели во соопштението од ВРЕДИ. Посветеноста на Владата на ВЛЕН и ...
Генералниот секретар на СДСM, Александар Саша Димитријевиќ одржал средба во Скопје со српските опозиционери Бранко Ружиќ и Јован за формирање опозициски фронт, по директни инструкции на Заев и Башановиќ, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Јован Ратковиќ е меѓународен секретар и член на претседателството на Социјалдемократската партија (СДС) во Србија, која е дел од Партијата на Европски Социјалисти (ПЕС) во која членува и македонската ...
Утрово најстудено беше на Попова Шапка, каде беа измерени -4 степени Целзиусови. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, -1 степен е измерен во Mаврови Анови, 0 во Kрушево, 1 во Крива Паланка, 2 во Берово и Претор, 3 во Тетово и Охрид, 4 во Виница, Битола, Прилеп и Штип, 5 во Скопје-Петровец, Кавадарци, Демир Капија и Струмица, 6 во Куманово, 7 во Скопје-Зајчев Рид, Велес, како и 8 во Гевгелија. Најмногу дожд во изминатите 24 ...
Пораката од роденденот на СДСМ е поразителна. Одушевувањето, еуфоријата и восхитот од пристигнувањето на нивниот врховен лидер и ментор на Филипче, Зоран Заев јасно покажа кој ги држи конците во СДСМ, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Пречекот и аплаузот за Заев се доказ дека Филипче и истите лојалисти на Заев продолжуваат по старата матрица, на заштита на поединци, затворени кругови и игнорирање на гласот на сопственото членство. Во ...
Во Виена се одржа значајна средба помеѓу делегација на Македонија и делегацијата на Австрија, во атмосфера на отворен и конструктивен дијалог. Разговорите беа фокусирани на унапредување на соработката во повеќе области од заемен интерес, со посебен акцент на економијата, инвестициите и идните заеднички проекти, информира попладнево премиерот Христијан Мицкоски. -Ја потврдивме подготвеноста за продлабочување на партнерството и зајакнување на ...
Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје известува за повикот на шпанското Министерство за надворешни работи за прием на магистерски студии по дипломатија и меѓународни односи на Дипломатската школа во Мадрид, за 2026 – 2027 година, насочени кон дипломатски службеници и кон кандидати што не се дипломати. -Магистерските студии се консолидирани и познати како светска референца за подготовка на аналитичари и експерти за меѓународни односи и ...
Ако ЕУ смета дека е геополитичка неопходност проширувањето со Западен Балкан, основата е да направи конкретни чекори во тој правец, а не само реторички да повторува дека е геополитичка нужност. Геополитичката нужност може да биде присутна, но ако нема конкретни чекори тоа ќе бидат празни зборови, истакна во разговор заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски, по неговото учество на Економскиот форум во ...
Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари средба со амбасадорот на Италија во Македонија, Паоло Палминтери. На средбата, како што соопшти денеска општинската прес-служба, била истакната важноста на Струга како еден од најубавите и најпрепознатливи делови на државата, како и традиционално блиските врски со Италија, особено имајќи ја предвид бројната струшка заедница која живее и работи таму. Амбасадорот Палминтери, наведува ...