Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе оствари поединечни средби со министерката за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Беате Мајнл-Рајсингер, како и со министерката за Европа, Клаудија Бауер. Овие средби, како што информираат од МРиНТ, Муцунски ќе ги оствари како дел од делегацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, која престојува во работна посета на ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска соопшти дека до овој момент нема добиено известување преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на Европската Унија (RASSF) дека на македонскиот пазар е пласиран небезбеден производ храна за бебиња од брендот HiPP (190-грамско пакување во стаклена тегличка со вкус на морков и компир), кој е предмет на повлекување и истрага во Австрија и во неколку европски земји. Посочуваат ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, го заокружи учеството на Министерската конференција во Будва, одржана во рамки на Берлинскиот процес, со низа билатерални средби со свои колеги и високи претставници од регионот и од Европската Унија, со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во клучните реформски области. Како што соопшти Министерството за јавна администрација, во фокусот на разговорите беа реформите во ...
Светскиот ден на книгата и авторското право, македонското Собрание го одбележа со јавен културен настан „Читај меѓу редови“, посветен на книгата како трајна вредност, извор на инспирација и простор за дијалог меѓу различни искуства, генерации и општествени хоризонти. Во обраќање пред аудиториумот, претседателот на Собранието Африм Гаши истакна дека од книгата произлегуваат, се обликуваат и добиваат трајност мислите и идеите, а за Собранието и ...
Доградба на три нови училници во Основното училиште „Крум Тошев“ во село Трубарево, санитарен јазол, просторија за технички персонал, како и проширување на кујната, наставничкиот кабинет, библиотеката и други придружни простории е предвидено со проектот што се реализира со поддршка на вториот јавен повик на Владата за финансирање инфраструктурни проекти и ова е уште еден пример како со партнерство меѓу локалната и централната власт се ...
Денот на планетата Земја, 22 Април, наставно-воспитниот кадар од образовните институции во Општина Кочани го искористи да се организира отворен ден за прием на новите првачиња од детските градинки. Во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ дојдоа дечињата од предшколска возраст од детската градинка „Павлина Велјанова“ и приватната детска градинка „Амичи“. За целите и задачите на овој интересен несекојдневен проект се разговараше со претставници од ...
Со 67 гласа „за”, 13 „против“ и ниту еден воздржан Собранието на денешната седница ја утврди потребата од донесување по скратена постапка на предлог-законот за изменување на Законот за Владата на Македонија, со што законското решение ја помина првата фаза од собраниската процедура. Заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски во образложението пред пратениците истакна дека преодната, односно техничката влада за спроведување на ...
Швајцарската комора на Северна Македонија „СвисЧам МК“ и Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), поддржани од „MSC Македонија“, на заедничка маса денес диксутираа за современите решенија при транспортот на температурно-чувствителни производи, во кои спаѓаат свежите прехранбени производи од млечно и месно потекло, зеленчукот и овошјето. Настанот кој се одржа во Гевгелија, се реализира како мастер клас на тема ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека многу е комплицирана ситуацијата со Филолозофскиот факултет и дека таа не е надлежна да каже дали некој од кадарот ќе сноси одговорност. – За тоа постојат други институции во земјата. Се надевам дека таа процедура ќе си тече така како што треба. Би сакала да верувам дека ова е изолиран случај и дека не е тенденциозно направен, но токму поради тоа, другите институции ќе си ...
Како претседателка на Клубот за младински прашања и политики, ја најавувам претстојната јавна расправа на тема: „Влијанието на социјалните мрежи врз младите и нивното ментално здравје“. Одлуката е донесена консензуално, што потврдува дека станува збор за прашање од заеднички интерес, надвор од партиските разлики. Јавната расправа ќе се одржи во Собранието на 29 април (среда), со почеток во 11 часот – се вели во соопштението од пратеничката ...
Управа за јавни приходи ги потсетува сите даночни обврзници, кои имаат обврска да поднесат даночна пријава за данок на додадена вредност – образец „ДДВ-04“, дека законскиот рок за поднесување на пријавите за даночните периоди 1.1.2026 – 31.3.2026 година и 1.3.2026 – 31.3.2026 година е 25 април 2026 година. Со оглед на тоа што 25 април 2026 година е неработен ден, крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите се поместува на 27 април 2026 ...
Државната комисија за спречување корупција денеска на седница одлучи да поведе постапка пред надлежн орган за сомневање за злоупотреба на службена положба за директор и в.д. директор на ученички дом. Според информациите добиени од надлежните органи, меѓу кои и Министерството за образование и наука, двете лица не ги исполнувале условите за вработување во ученичкиот дом бидејќи не биле од редовите на вработените, во домот биле сместени и ...
Министерот за здравство Азир Алиу денеска истакна дека со предлог-измените на Законот за здравствената заштита се вреднуваат знаењето, искуството и придонесот на здравствените работници со долгогодишно искуство. Со предлог-измените на Законот е предвидено пензионерите на возраст од 64 до 67 години да продолжат да работат доколку постои потреба, а специјалистите над 67 години да продолжат со работа до 70-годишна возраст. – Со ова се вреднуваат ...
Силна е посветеноста и на македонската и на британската влада на договорот за стратешкото партнерство, што ќе овозможи реализација на клучни инфраструктурни проекти, како и доверба меѓу деловите заедници. Цврстите економски односи се проследени со раст на вупната трговска размена, но и на инвестициите од Британија во Македонија,- беше истакнато денеска на одбележувањето на третата годишнина од формирањето на Британската бизнис-асоцијација ...
Општата болница со проширена дејност во Дебар, ги зголемува капацитетите во сите одделенија, кои функционираат во оваа институција, со цел здравствената услуга да биде што поблиску до граѓаните. Последниот од низата зафати и набавки на посовремени апарати е за лабораторијата, за која е набавен апарат за имунолошки анализи со пет секции. -Со цел континуирано унапредување на здравствените услуги и зголемување на квалитетот на дијагностиката, во ...
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денеска во својот кабинет оствари средба со амбасадорката на Кралството Норвешка, Кристин Мелсом. Од Општина Битола информираа дека на средбата биле разменети мислења за билатералните односи меѓу двете држави, кои во изминатите неколку децении се засноваат на традиционално пријателство и конструктивно партнерство. Градоначалникот Коњановски ја запозна амбасадорката со личната карта на Битола ...
Британските компании во Македонија засега се имуни на кризата предизвикана од воениот конфликт на Блискиот Исток. Го задржуваат бројот на вработени, а ангажирањето на нови луѓе оди според планираното. Сепак, будно ја следат состојбата, особено нагорните промени во цената на гасот кој го користат во индустриските зони и прекинот на трговските ланци. Се надеваат на најдоброто, но се подготвуваат и за најлошото сценарио „Се уште е неизвесно ...
Аплаузите, восхитот и еуфоријата на СДСМ кон нивниот врховен лидер Заев ги засени роденденот на партијата и неговиот чирак Филипче, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Аплаузите, восхитот и еуфоријата на СДСМ кон нивниот врховен лидер Заев, го засени роденденот на партијата и неговиот чирак Филипче. Односот на лојалистите кон аболицираниот криминалец Заев, покажува дека немаат намера да се реформираат, немаат намера да расчистат со ...
Димитријевиќ се сретнал Бранко Ружиќ, СДСМ и Филипче работат со српската опозиција додека партијата им стана минорна поради личните интереси на Заев и Башановиќ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Димитријевиќ се сретнал Бранко Ружиќ, СДСМ и Филипче работат со српската опозиција додека партијата им стана минорна поради личните интереси на Заев и Башановиќ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ на чело со Филипче се повеќе се ...
Во Собранието веќе е поднесен предлог-закон за измена на Законот за пратениците. И тука повторно ќе пукне уште еден меур од сапуница, оние списоци што ги објавуваа, па сега ги направија повторно многу актуелни со парламентарните избори во Бугарија, дека многумина од нашите пратеници, функционери, се со двојни државјанства – истакна Дафина Стојаноска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата на телевизија „Алфа“ . Во ...
Македонското еколошко друштво (МЕД) ќе доделува стипендии до 400 евра месечно за матурантите од Преспа, кои ќе запишат универзитетски студии по екологија, биологија, шумарски или земјоделски науки. Од МЕД информираат дека програмата е наменета за средношколците од Преспа и има цел да го надмине локалниот недостиг од кадар во природните науки поврзани со заштитата на природата и животната средина. Со реализација на програмата идните студенти ...
ЈП „Комунална хигиена“-Скопје ги информира корисниците што имаат заостанат долг во евиденцијата на ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, на заедничка сметка, по основ неплатени сметки за собирање и транспортирање на комунален отпад (тужен и редовен), дека започна акција за отплата без пресметана камата за задоцнето плаќање. -Можноста да се плати долгот од страна на корисниците без пресметана камата е со определено времетраење, сметано од ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и Управниот суд ќе се поврзат дигитално преку софтверската платформа ЕПУС. Ова е предвидено во меморандумот за соработка, што го потпишаа претседателот на РКЕ, Ацо Ристов, и в.д. претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини. Софтверската платформа, како што велат од РКЕ, е креирана за да обезбеди брза, безбедна и ефикасна електронска ...
АД ЕСМ е првата компанија која официјално се регистрира на пазарот во тековниот ден со што е подготвена за активно учество во првите трансакции на новиот пазарен сегмент, информираат од Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, кој од денеска го започна процесот на регистрација на нови учесници на пазарот во тековниот ден (Intraday Market). Пазарот во тековниот ден официјално стартува на 6 мај годинава. -Со ...
Премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со владина делегација престојува во официјална политичка и економска посета на Австрија, денеска во Виена ќе има средба со австрискиот канцелар Кристијан Штокер на која се очекува да се разговара за продлабочување на билатералната соработка, како и за важни и актуелни прашања поврзани со Европа и регионот. По средбата, Мицкоски и Штокер ќе се обратат на бизнис форум пред претставници на стопанските ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните и југоисточните делови. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец. Минималната температура, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен ...
Под наслов „Шокот на новото“, со учество на 1.200 говорници – 760 од Грција и 440 од странство, меѓу кои и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски, со планирани над 200 дискусии, во грчкиот планински град со античко и историско значење Делфи од денеска до сабота се одржува 11-от Економски форум. Форумот точно напладне свечено ...
Судскиот совет на Македонија денеска треба да ја одржи 541-та седница на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои и годишниот извештај за работата на Судскиот совет за 2025 година и извештајот за спроведено вонредно оценување на работата на судиите како кандидати за избор на претседател на Управен суд. Советот, исто така, ќе расправа и по претставки и поплаки поднесени од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на ...
Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за социјална политика, демографија и млади. Единствена точка на денвиот ред на Комисијата е Предлог одлука за одржување на Јавна расправа по Конечниот извештај за извршена ревизија на успешноста на тема имплементација на конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (ИСТАНБУЛСКА КОНВЕНЦИЈА) со осврт кон специјализираните услуги за ...
По повод 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право, Собранието денеска организира настан „Читај меѓу редови“, посветен на книгата како трајна вредност, извор на инспирација и простор за дијалог меѓу различни искуства, генерации и општествени хоризонти. На настанот, како што е најавено, ќе биде прочитана национална порака по повод Светскиот ден на книгата и авторското право. Предвидено е, исто така, и пратеници да се обратат на ...