Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Се проширува акцијата за откривање нелегален увоз на ботокс и филери. Од Основно јавно обвинителство најавуваат нови претреси низ целата држава. Неофицијално, станува збор за увезени ботокси и филери од Турција, Србија и Кина, кои немале одобрение од надлежен орган, ниту упатства и декларации. Во текот на вчерашниот ден имаше претреси и апсења во Скопје, Битола и Струмица. Уапсени се повеќе лица, дел од нив вработени како лекари на скопските ...
Пазарните инспектори тргнаа во контрола на трговците со вештачки ѓубрива. Ќе се проверува дали се применуваат ограничените маржи во трговијата. Државен пазарен инспекторат апелира до сите економски оператори – трговци на големо и мало – да ги почитуваат донесените одлуки. Мерките ќе важат до 31 мај годинава. Контролите ќе бидат насочени кон доследна примена на владините мерки: како највисоки цени во трговијата на големо на неорганските ...
Поддршката на жените лидери е инвестиција во посилна економија и посилно општество, порача министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, на јубилејното 30-то издание на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“. Министерката потенцираше дека поддршката на жените во економијата и претприемништвото не е само прашање на родова еднаквост, туку и на одржлив економски развој. „Поддршката на жените во економијата, ...
Со фокус на дигиталните и ВИ вештини, денес започна Youth Empowered Пивара Скопје Академијата за млади – бесплатна едукативна платформа насочена кон унапредување на знаењата и вештините на младите, со цел нивна поголема конкурентност на пазарот на труд и активно учество во заедницата. Стартот на Академијата беше одбележан со панел-дискусија на Економскиот факултет во Скопје, на која учествуваа: министерот за дигитална трансформација, Стефан ...
Тројца работници утрово биле затрупани со земја при ископ на темели на градилиште во Скопје, од кои двајца се извадени и пренесени на скопските клиники, а се работи на вадење и на третото лице, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). – Денеска во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на улица Козјак во Скопје, при ископ на темели со земја биле затрупани тројца работници. Од нив, двајца се извадени и со возило на ...
Многу бргу ќе слушнеме уште една, многу покрупна неправилност од оваа, која ќе ја изненади целата македонска јавност. Има многу неправилности во одредени институции, не во сите, и за нив ќе се постапува по закон. Дали била виновна администрацијата или раководството, дали некои студенти учествувале во ваквите дејства, ќе утврдат соодветните органи – изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска коментирајќи ги случувањата ...
На (23.04.2026) од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при под раководство на ОЈО за ГОКК се спроведува полициска акција при што е сузбиена организирана криминална група инволвирана во извршување на повеќе кривични дела. Во рамки на акцијата, врз основа на претходно обезбени наредби од Основен кривичен суд се вршат претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола, при што лишени од слобода се повеќе лица, ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју на една од националните телевизии говорејќи за нафтената криза истакна дека ќе има нови мерки при што посочи дека Владата се бори напорно за подобар живот на граѓаните, но во исто време се бори и со хаосот кој е наследен и долговите наследени од претходната влада. Премиерот Мицкоски во однос на тоа како тоа оваа влада и претходната се справувале со кризите, потенцираше дека двете кризи ...
Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците попладнево ја одржа амандманската расправа за Предлог на закон за изменување на Законот за Владата на Македонија, по скратена постапка. Министерот за јавна администрација Горан Минчев не прифати ниту еден од амандманите кои беа поднесени од пратениците на Европскиот фронт. Продолжението на оваа седница на која на дневен ред е и амандманската расправа за Предлог на закон за ...
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва изјави дека со измените на Законот за Влада истакна останува техничката влада и на следните избори, а се укинува за изборите после нив. Па оттука, вели Мицкоски, стравот на опозицијата и на Филипче кои се противат на овие измени е дека и следните избори ќе ги изгубат. – Измените во Законот за влада велат дека на следните парламентарни избори останува да важи техничката влада, а тоа подразбира дека како што ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска потврди дека Арбен Фетаи повеќе нема да биде министер за добро владеење и транспарентност и потори дека реконструкцијата на Владата најверојатно ќе се случи на крајот на мај или почетокот на јуни и најави множна ротација на ресори. – Разговаравме јас и тој лично. И тој лично ми пренесе дека во иднина нема да се гледа повеќе во Владата, која што јас ја предводам. Тоа беше уште можеби пред ...
Српската го приведе А.К. (42) македонски државјанин, осомничен за кривично дело измама, бидејќи лажно се претставувал како хирург и барал пари од луѓе за операции. Тој е осомничен дека заедно со неколку засега непознати лица ја довел во заблуда оштетената дека за паричен надомест итно ќе оперира член на нејзиното семејство, кој наводно доживеал сообраќајна несреќа. Полицијата го уапсила веднаш по предавање на пари и кај него пронашла 16.650 ...
Во Пробиштип денеска се одржа 13-тата трибина во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“. -Кампањата се реализира преку два големи тима кои одржуваат трибини во повеќе општини, како и шест помали тимови кои посетуваат населени места, со цел да се презентираат сите актуелни мерки, реализирани активности и идни планови на Министерството, истакнал министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан ...
Генерално ни е важно да станеме препознатливи и во државата и надвор, но за тоа да го направиме мора да направиме малку посериозна интеграција. Кога зборувам за интеграција ние да се запознаеме меѓу нас. Кога ќе станеме така препознатливи меѓу нас можеме да правиме заеднички проекти, мултидисциплинарни, да соработуваме многу повеќе и да прејудицираме многу повеќе знаење, трудови, па дури и да направиме настава во која студентите ќе добијат ...
Градоначалникот Марко Колев потпиша Меморандум за соработка со Технолошко-техничкиот факултет во Велес, со кој меѓудругото се предвидува финансиска поддршка за матуранти на овој факултет. Колев информира дека со овој Меморандум се воспоставува долгорочна научна-стручна, образовна и апликативна соработка помеѓу двете страни. -Со оваа поддршка како општина придонесуваме за развој на формалното образование и обезбедување на можност за студирање, ...
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за криминалистичка полиција при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.С., поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Основното јавно обвинителство, пак, вечерва ...
„Ако сметаме да градиме држава врз цврсти темели, истите овие ликови кои денес велат дека се против пржинска влада, особено тука мислам на колегите од Социјалдемократскиот сојуз, истите кога беа власт го говореа спротивното. За разлика од нив, ние како ВМРО-ДПМНЕ со конзистентен став сме биле и како опозиција, сме поднеле предлог за да се укине оваа пржинска влада, и денес еве сме власт и повторно велиме“, истакна Дафина Стојаноска, ...
ЕВН Македонија АД известува дека утре од 08:30 до 11:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од РТВ Предавател Водно, кула АЕК Водно, село Горно Нерези, Етно село – Нерези, Предавател Космофон, објект Даре Џамбаз-Водно, објект на Поштенски дом-Водно и село Горни Крушопек. Во период од 08:30 до 16:00 часот без струја ќе бидат и корисниците на дел од село Морани и викенд населба Морани, а од 09:00 до 14:00 часот корисниците од ...
Денеска (23.04.2026) од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при под раководство на ОЈО за ГОКК се спроведува полициска акција при што е сузбиена организирана криминална група инволвирана во извршување на повеќе кривични дела. Во рамки на акцијата, врз основа на претходно обезбени Наредби од Основен кривичен суд се вршат претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола, пришто лишени од слобода се повеќе ...
Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Студеничани, Петровец, Карпош и Гази Баба, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 08:30 до 11:30 часот, без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците од РТВ Предавател Водно, кула АЕК Водно, село Горно Нерези, Етно село – Нерези, Предавател Космофон, објект Даре Џамбаз-Водно објект на Поштенски дом-Водно ...
Менаџирањето со цврстиот отпад и третирањето на канализациските води се врвни приоритети во кои Европската унија ќе направи се што е во нејзина можност со цел Струга и Охрид да го задржат статусот на УНЕСКО. Тоа го истакна денеска амбасадорот на Европската унија во земјава Михалис Рокас по средбата со градоначалникот на Општина Струга Менди Ќура. На средбата, како што истакна Рокас, било разговарано за евроинтегративниот пат на Република ...
Економско-социјалниот совет го издигнуваме на повисоко, стратешко ниво, по примерот на европските практики, каде што социјалниот дијалог е суштински дел од носењето на политиките – изјави денеска министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. На денешната едница на ЕСС, информира, се отворени важни прашања, што директно ги засегаат работниците, работодавачите и граѓаните, при што фокусот е ставен на конкретни мерки и законски решенија. ...
Во книгата почиваат гласовите на вековите, разговараат мудрецот и детето, владетелот и сиромавиот, поетот и научникот, оној што сонувал и оној што страдал. Ниту еден храм не собрал толку молитви на разумот, ниту еден дворец не сочувал толку богатства колку што тоа го сторила книгата. Книгата за мене е ризница во која не се чуваат злато и сребро, туку идеи, сознанија, визии и надежи. Книгата не нè учи само да читаме редови, таа нè учи да ги ...
На денешната седница на собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците почна амандманска расправа по предлог-законот за изменување на Законот за Владата, со чии измени се предвидува укинување на техничката влада. Заменик-претседателот на Комисијата, Јован Јаулески, информира дека за предлог-законот се поднесени поголем број амандмани и даде пауза затоа што, како што рече, амандманите не биле технички обработени и не се ...
Во спортската сала „Гоце Делчев“ во н.м Илинден свечено беше отворен Вториот регионален саем за економски развој „ЕКСПО Илинден“, кој прераснува во значаен настан за поттикнување на локалниот и регионалниот економски раст. -Саемот официјално го отвори градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој во своето обраќање истакна дека по успешното прво издание, годинашното продолжение претставува потврда за континуираната ...
Дванаесет лица биле лишени од слобода за безобѕирно управување возило. Од нив, 11 возеле без возачка дозвола, а скопјанец возел со 3,95 промили алкохол во крвта, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. – Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило, од кои 11 затоа што управувале возила без возачка дозвола – тројца во ...
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје најави денеска Министерството за внатрешни работи, поради меморијална трка. – Во недела, 26 април, во периодот од 9 до 13:30 часот, ќе се одржи меморијална дуатлон – трка насловена како „Меморијал Ѓоко Кузмановски“, со стартно-целна позиција пред СЦ „Јане Сандански“, при што натпреварувачите ќе се движат на дел од булевар „АСНОМ“ на потегот од крстосница со улица „Васко Карангелевски“ до ...
По завршените подготвителни работи и асфалтирањето, реконструкцијата на атлетската патека на Градски стадион „Зоран Паунов“ во Велес влегува во завршна фаза. Градоначалникот Марко Колев информира дека изведувачот веќе го обезбедил потребниот тартан, кој е донесен и подготвен за финално поставување. Тој најави дека со стабилизирање на временските услови ќе биде комплетирана реконструкцијата на патеката, што претставува исполнување на ...
По повод одбележувањето на Денот на Генералштабот на Армијата, покрај протоколарните активности, се реализираше и доброволна хуманитарна акција. Во Општина Неготино припадниците на Генералштабот донираа технички средства, спортски реквизити и школски прибор за децата од градинките „Фемо Кулаков“ и основните училишта „Страшо Пинџур“ во село Криволак и село Пепелиште. На чинот на предавањето на донираните средства, освен претставници на ...
Педесет средношколци и студенти од Македонија и Бугарија од денеска учествуваат на тридневната Меѓународна стартап академија на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип. Проректорот на УГД-Штип, Дарко Лазаров истакна дека средношколците и студентите ќе имаат можност да предложат бизнис идеи. – Ова секако е во целосна согласност со стратегијата и мисијата на Универзитетот „Гоце Делчев“, бидејќи станува збор за ...