Конечно на матурантите им се кратат маките. Денеска завршува полагањето на екстерните предмети на државната матура. Според првите проценки на Државниот иситен центар полагањата се одвивале во најдобар можен ред и без никакви нерегуларности. Препишувања и ученици со телефони сепак имало. „Некаде околу 30 ученици беа откриени со телефони, истите им беа одземени и за тие ученици испитот е завршен. И се да напишале нивниот испит ќе биде поништен ...

Заштита, конзервација, реставрација и вреднување на клултурното богатство преку примена на најсовремени стандарди, модерно управување на музеите, дигитализација на архивскиот материјал, обука на професионалци од областа на културата, како и многу поголема мобилност на уметниците и луѓето од креативните индустрии преку учества на фествали, средби и проекти во музичката и театарската уметност, кинематографијата и визулени уметности, предвидува ...

Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска оствари работна посета на Општина Кисела Вода, каде што се сретна со градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска, членовите на Советот и претставници на општинската администрација. Како што соопшти Општина Кисела Вода, на средбата се разговараше за тековните активности и развојните приоритети на општината, реализацијата на капиталните ...

Македонија се позиционира како стабилна и конкурентна бизнис дестинација, со стратешка географска положба, поволна инвестициска клима, модерни индустриски и пристап до регионалните и европските пазари, посочи премиерот Христијан Мицкоски, при неговото обраќање на Бизнис форумот Македонија – Турција во Истанбул. – Ја продолжуваме традицијата на организирање B2B настани и средби, односно тоа што го започнавме во Унгарија, го продолживме во ...

Стабилна е состојбата на 69-годишниот штипјанец, кој вчера беше хоспитализиран поради повреди здобиени во големиот пожар над Штип. Од штипската Клиничка болница информираат дека пациентот е подобар, но поради изгореници и интоксикација од чад ќе остане под лекарски надзор и во наредните денови. Обидувајќи се да ја спаси викендицата од огнените јазици, се здобил со изгореници од втор степен на левата рака и потколениците. 69-годишниот маж во ...

Има голем интерес на турските компании за инвестирање во Македонија – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски по учеството на бизнис-форумот во Истанбул, каде што со владина и бизнис-делегација ги презентира можностите на македонската економија. Целта, посочи Мицкоски, е нашата македонска економија и нашите бизниси да се поврзат со бизнисите овде во Истанбул. – Овде сум присутен заедно со владина, но и со бизнис-делегација. Ја ...

Зајакнувањето на економската соработка, зголемувањето на трговската размена и отворањето нови инвестициски можности беа во фокусот на Бизнис форумот Македонија – Турција, кој денеска се одржа во Истанбул. Македонската делегација, предводена од претседателот на Владата Христијан Мицкоски, учествуваше на форумот заедно со високи државни претставници, институциите и бизнис заедниците од двете земји, со цел продлабочување на економските односи и ...

Градски воз, трамвај на тркала. Граѓаните со нетрпение го очекуваат стартот на двата капитални проекти кои ги подготвува Градот Скопје со поддршка од Владата. Модерното решение кое треба да донесе организиран градски превоз стартува на 1 септември со линијата за градски воз од Миладиновци до Скопје. Ова ќе биде само една, од планираните три линии низ кои ќе сообраќа градскиот воз. Првата ќе појде од Миладонвци и ќе стаса до Транспортен центар ...

Медицински робот влезе во хирушка сала на Клиниката за урологија. Изведена е првата робот-асистирана операција во Mакедонија. Четворица пацинети со карцином на проста веќе се оперирани со демо роботот.Овој систем има функционални прсти, но на операцијата ги управува хирург. Пациентите се оперирани со минимално инвазивна метода. Директорот на Клиниката д-р Башким Шабани, за Алфа го објаснува процесот на хирушкиот зафат, каде што со само еден ...

Професионално обучување, експертска поддршка во делот на културата и туризмот, дигитализација на архивските материјали и професионално усовршување на кадри – за ова со потпишување на меморандум за соработка, се договорија министерството за култура и туризам и француската амбасада. „Веднаш тргнуваме во формирање на работни групи кои ќе започнат со имплементација на сите активности верувам дека ова партнерство ќе донесе конкретни и видливи ...

Демократската обнова на Македонија (ДОМ) најостро реагира на начинот на кој во Собранието помина првиот филтер за измените во Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење, скроени по мерка на инвеститорите во дата-центри, се вели во соопштението од ДОМ. Сметаме дека е апсолутно недозволиво зад затворени врати да се воведуваат нови исклучоци и рокови во овие закони. Под изговор дека се работи за инфраструктура за дигитални податоци, ...

Подлабоката монетарна интеграција може да одигра значајна улога во намалувањето на финансиската ранливост на регионот на Западен Балкан, особено имајќи ја предвид широко распространетата употреба на еврото во повеќе економии од регионот. Усвојувањето на заедничката валута го намалува ризикот од неусогласеност меѓу приходите во домашна валута и задолжувањето во странска валута, со што се олеснува управувањето со финансиските обврски на ...

Проектот за спортскиот базен во ООУ „Исмаил Ќемали“ е реализиран согласно договорот и законските прописи – обвинувањата се целосно неточни и тенденциозни Во интерес на точно и објективно информирање на јавноста, Општина Чаир информира дека проектот за изградба на затворен спортски базен во ООУ „Исмаил Ќемали“ е реализиран согласно договорните обврски и важечките законски прописи. Финансиските обврски поврзани со проектот се реализираат ...

СДСМ и Филипче ги лажеа граѓаните за нов Клинички центар а оставија хаос и го уништија здравството, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гради и инвестира во здравствениот систем. Филипче ветуваше нов Клинички центар, а остави руинирано здравство и сомнежи за корупција, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Венко Филипче со години ги лажеше граѓаните со ветувања за нов Клинички центар, додека македонското здравство тонеше во хаос, скандали и ...

Традиционалниот концерт на Македонската филхармонија под отворено небо ќе се одржи на 20 јуни во Градскиот парк, со почеток во 21 часот, кога публиката ќе има можност бесплатно да ја проследи изведбата на музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, во изведба на здружените оркестри од Скопје, Софија и Солун. Трите филхармонии на концертот ќе настапат под диригентство на Најден Тодоров, со солистите Ана Дурловски (сопран), Николас ...

По разузнавачка царинска информација, Царинската управа спречи обид за неовластен промет со дрога која државјанин на САД се обидел нелегално да ја внесе во државава преку поштенски пратки со ДВД ЦД-а коишто пристигнале во ЦИ Пошти од Франција. Царинската управа денеска соопшти дека по пристигнување на пратките во ЦИ Пошти, наменети за лицето Ј.Е., царинските службеници извршиле контрола со скенер за поштенски пратки, при што е детектирана ...

Агенцијата за поддршка на граѓанското општество на Албанија, на престедателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, му додели признание за придонес во Националниот совет за граѓанско општество. – Би сакал да изразам благодарност за благодарницата од Агенцијата за поддршка на граѓанското општество на Албанија, што сметам дека е резултат на мојата ангажираност, изјави Ѓурѓај. Македонците во Република Албанија од 2021 година ...

Ова е ден кога им оддаваме признание на генерациите питомци кои своето образование го минале токму тука, на офицерите и професорите кои со својата работа, знаење и посветеност ја граделе и ја унапредувале Воената академија како еден од најзначајните столбови на македонскиот одбранбен систем – рече министерот Владо Мисајловски, на свеченоста по повод одбележување на Денот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во касарната „Гоце ...

Прометот во индустријата, вкупно, е зголемен за 7.3 проценти во април годинава во однос на април лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Прометот во индустријата, вкупно, во април годинава во однос на април минатата година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.4 %, Капитални производи за 12.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.5 %, додека опаѓање бележи ...

Со уставните измени се отвора пандорината кутија, а тоа им одговара само на Бугарија и на Филипче, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конфренција. Капитулантскиот договор кој го потпиша власта на СДСМ кој е лош за Македонија а добар за Бугарија, е доказ за потчинетата дипломатија која ја водеа неуспешните и корумпирани политичари од минатата власт на СДСМ и ДУИ. Првиот чекор се уставни измени, а потоа би следеле ...

Коцкањето претставува сериозен здравствен ризик, а најефективната терапија за зависноста е превенцијата, порача министерот за здравство Азир Алиу во видео-обраќање, давајќи поддршка за Предлог-законот за игри на среќа и забавни игри, кој веќе помина во прво читање во Собранието. Алиу истакна дека коцкањето не смее да се третира како забава кога преминува во зависност што има последици врз поединецот и семејството. – Не може да зборуваме за ...

ВМРО-ДПМНЕ активно работи на намалување на невработеноста во земјава, а еден од нашите главни приоритети е и отворање на нови работни места. Посветено работиме на стимулирање на младите преку обуки, практикантства и креирање нови можности за вработување, рече Ели Панова, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, денеска на прес-конференција. Покажуваме дека како Влада се грижиме за граѓаните, имајќи предвид дека средствата за Оперативниот план за ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска учествуваше на министерски состанок помеѓу Европската комисија и министрите од Западен Балкан, посветен на иницијативата „Роаминг како дома“. Очекувањето на Министерството за дигитална транформација, како што рекол Андоновски, се по добивањето на мислењето за предложената правна рамка, преговорите да продолжат без одложување, во дух на транспарентност, партнерство и заедничка ...

Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Златко Перински, оствари работна посета на Општина Кисела Вода, каде одржа средба со градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска, членовите на Советот на општината и општинската администрација. На средбата се разговараше за тековните активности на општината, развојните приоритети, реализацијата на капиталните инвестиции и потребите за понатамошно јакнење на ...

Во Општина Илинден се одржа петтата редовна седница на Штабот за заштита и спасување, со која претседаваше командантот на Штабот, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. На седницата присуствуваа претставници од општинската администрација, јавните претпријатија, како и претставници од релевантни институции и компании, меѓу кои ОКТА, Макпетрол, ТАВ, ПС Петровец, Општинскиот противпожарен сојуз и Територијалната ...

Премиерот вчера даде совршен одговор и конкретен. Ставовите што ги имаме како Влада сме ги кажале многу пати. Преминување преку црвените линии нема да има, рече денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во врска со изјавата на евроамбасадорот Михалис Рокас, дека нон-пејперот не ги исклучува уставните измени за почеток на преговорите. Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето Меморандум за соработка со Амбасадата на ...

За речиси пет минути со воз од Маџари до центарот на Скопје, наспроти многу подолго патување со автобус на истата релација, медиумите денеска направија практична споредбена тура низ главниот град во рамките на конференцијата Traffic for All – Skopje, организирана од „Го грин“. Турата почна со градски автобус на релација Карпош 4 – Маџари по трасата предвидена за идниот брз автобуски превоз (БРТ) по што учесниците се префрлија на воз од Маџари ...

Подружницата на „Македонски пошти“ Куманово доби нови шест возила од дирекцијата. Генералниот дректор, Орхан Куртиши рече дека со примопредавање на новите возила се обновува возниот парк на поштенската подружница во Куманово. – Досега подружницата располагаше со четири возила, а сега се обезбедени уште шест нови, со цел подобрување на ефикасноста и квалитетот на поштенските услуги – изјави Куртиши. Од менаџментот посочија дека со оваа ...

Александар Наумоски, поранешниот градоначалник на општина Ѓорче Петров од СДСM, а поставен за член на ИО на партијата од Филипче, денес говори за борба против корупција. Јавноста добро го памети Наумоски по тоа што уште првиот ден кога стана градоначалник си ја зголеми градоначалничката плата, а потоа по неговите настапи по локалните меани – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Александар Наумовски од СДСМ. Последните ...

Од денеска граѓаните ќе можат да го користат правото за обука за управување со мотоцикл до 125 кубни сантиметри во автошколи кои имаат лиценца за „А1“ категорија, откако Министерството за внатрешни работи ги финализираше сите неопходни предуслови за имплементација на законските измени. Од МВР информираат дека обуката за управување со мотоцикл од категоријата „А1“ (до 11 kW со автоматски менувач) ќе ја спроведуваат овластени автошколи и ќе ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.26
81%
1017
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
3.13
78%
1017
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
1.53
53%
1018
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.23
89%
1018
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.08
69%
1017
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.95
87%
1019
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
0.45
41%
1014
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.39
73%
1015
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
3.22
65%
1016
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 19ᴼ
5.36
90%
1016
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 21ᴼ
1.34
53%
1017
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
3.06
100%
1014
Currency

61.6417

Currency

54.2602

Currency

71.4521

Currency

37.4417

Currency

38.1416

Currency

66.9235

Currency

7.98014

Currency

0.72738

Currency

0.33541

Currency

0.52504

Currency

1.16545

Currency

0.57161

Иридиум

234700.45

Алуминиум

3.21

Паладиум

38613.05

Калај

52.14

Сребро

1971.82

Цинк

0.00

Бакар

12.33

Рутениум

49029.89

Платина

52534.32

Кобалт

45.39

Родиум

255598.44

Злато

131223.80