Градоначалникот на Скопје денеска одржа редовна координативна средба со градоначалниците на општините на територијата на град Скопје и претставници од општините, на која биле дефинирани следните чекори за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните на главниот град. – Денес, заедно со моите колеги, градоначалниците на општините на територијата на град Скопје и претставници од општините, одржав редовна координативна средба, на која ги ...

Оставете нѐ да се европеизираме на патот, да станеме компатибилни со она што го бараат Копенхашките критериуми. Како? Не губејќи го времето на решавање историски прашања бидејќи тие се исклучени од идентитетските, од конститутивните акти на ЕУ, преку членот дека ќе се почитуваа националниот и културниот идентитет, и да се концентрираме на европеизацијата – истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во мегаинтервјуто, што ќе биде ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, во Народната канцеларија во Скопје, се сретна со претставници на граѓанското здружение САНО, кое ги обединува родителите и децата што го победиле или сè уште се борат со канцерот. На средбата, како што информираа од Кабинетот на претседателката, претставниците на САНО ја информирале за минатата и за тековната работа на здружението, како и за проблемите и предизвиците со кои се соочени. ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, во Народната канцеларија во Скопје, оствари средба со претставници на Здружението на воените ветерани и воените инвалиди „Братство 2001“. На средбата, информираат од Кабинетот на Сиљановска-Давкова, присуствуваа Владо Томески, претседател на Здружението, Петар Јанчевски, Мики Ристовски и Сашко Голубовски. Според нив, Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на ...

Со серија активности и донации наменети за поддршка на локалната заедница, Рудник Саса денеска одбележува значаен јубилеј – 20 години од рестартирањето на рудникот. Реализираните активности и донации како што информираа од компанијата се уште една потврда за долгорочна посветеност на Рудник Саса кон развојот, благосостојбата и просперитетот на средината и земјата во која работи. Во рамки на одбележувањето на 20-годишнината од рестартирањето ...

Паника и страв утрово околу 6 часот доживеале станарите на нова станбена зграда во Кисела Вода, откако избувнал пожар пред влезот на објектот. Се запалил орман на ЕВН, при што гореле електрични кабли и броила, информираат од Републичкиот центар за управување со кризи. Интервенирано е со едно возило и петмина пожарникари. Материјалната штета сѐ уште се утврдува. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за утврдување на причините за ...

Уште едно успешно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Шеесеттото издание годинава понуди богата содржина со бројни претстави, промоции и изложби. Наградата за уметничко остварување на претстава во целина оди во рацете на ансамблот на Македонскиот народен театар за претставата „Страв и надеж“. „Јас, како традиционалист или конзервативец, можам да кажам дека со некои претстави можеби не се согласувам, но имам око и ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека се почнати активности за уредување на паркот „Македонија“ 1, 2 и 3 во Карпош, каде се поставува нова урбана опрема – клупи, корпи за отпадоци, како и уредување на летниковците кои секојдневно ги користат голем број граѓани. -Го уредуваме еден од најубавите паркови во Скопје. Парковите се белите дробови на градот. Таму децата растат, семејствата создаваат спомени, младите се дружат, а ...

Македонија и Турција ќе работат на воспоставување карго железничко поврзување меѓу двете земји, со цел да се забрза транспортот на стоки и да се зголеми трговската размена. Ова било договорено на средбата на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски со министерот за трговија Омер Болат како и Абдулкадир Уралоглу, министерот за транспорт на Турција, каде што се разговарало за унапредување на економската и инфраструктурната ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во Истанбул учествуваше на бизнис-форумот Македонија – Турција, значаен економски настан посветен на продлабочување на билатералната соработка, привлекување инвестиции и отворање нови можности за партнерства меѓу компаниите и институциите од двете држави. Форумот ги обедини претставниците на владите, институциите и бизнис-заедниците од Македонија и Турција, со цел ...

Во просториите на Делегацијата на Европската Унија во Скопје денеска беше потпишан Меморандум за разбирање за спроведување на проектот „Конвергенција на климатската и еколошката правда“ (CEJ Convergence) меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за правда и француските партнери. Како што соопштуваат од МЖСПП, меморандумот го потпишале заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане ...

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола изразува благодарност до министерката за образование и наука, професор д-р Весна Јаневска, за нејзината поддршка и заложба за развој на високото образование, како и до сите пратеници кои ја препознаа важноста на законското решение со кое Високата медицинска школа во Битола прераснува во Факултет за медицински науки и здравство. Од УКЛО информираат дека донесената одлука претставува значаен исчекор ...

Здружението на одгледувачи на говеда „Симентал“ од Делчево на прес-конференција алармираше дека најавениот прекин на откупот на млеко од страна на млекарниците „Осогово Милк“ и „Малеш“ сериозно ќе го загрози опстанокот на сточарските фарми во регионот и ќе остави без пласман околу 15.000 литри млеко што дневно го произведуваат околу 80 сточари. Од Здружението оценија дека одлуката претставува сериозен удар врз млечното сточарство во ...

Со официјалното воведување во работа на проектот за реконструкција на административната зграда на Општина Пехчево, денеска започнаа градежните активности за реализација на една од позначајните инвестиции насочени кон подобрување на енергетската ефикасност на јавните објекти во општината. Проектот беше означен како почеток на нова фаза во модернизацијата на општинската инфраструктура од страна на градоначалникот Александар Китански, кој ...

Оралните болести бележат раст, потребна е едукација уште од мали нозе со цел да се заштити оралното здравје. Ова беше истакнато на денешната прес-конференција во просториите на Стоматолошката комора во Скопје, во пресрет 17. Меѓународен стоматолошки конгрес што треба официјално да почне вечер во главниот град на државава. Во моментов во просториите на Стоматолошката комора се одржува состанокот на К4 групацијата. Беше кажано дека покрај ...

– Министерството за правда и Министерството за животна средина и просторно планирање потпишаа Меморандум за разбирање со Експертиза Франција (Expertise France), Француската агенција за развој (AFD) и Амбасадата на Франција во Македонија, со што официјално се потврдува заедничката заложба за унапредување на климатската и еколошката правда во земјата. Меморандумот, инфомрираат од Министерството за правда, ја воспоставува рамката за спроведување ...

Работната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржа осмата седница, на која, како што информираат, биле разгледани преостанатите отворени прашања поврзани со подготовката на измените и дополнувањата на Изборниот законик. На седницата, на покана на Министерството за правда, присуствувале и претставници на институциите кои претходно доставиле предлози, мислења и препораки во рамки на процесот на подготовка на измените на ...

Креирањето на силен систем за социјална заштита кој ќе испорача вистинска грижа за најранливите категории на граѓани, а истовремено ќе обезбеди и спречување на злоупотреба на истиот е приоритет кој Министерството за социјална политика, демографија и млади (МСПДМ) го постави како врвен приоритет со доаѓањето на оваа Влада. Ги земаме предвид наодите од извештајот на Државниот завод за ревизија и сметаме дека токму ваквите констатации ја ...

Во организација на општината, со низа активности, утре, на главниот плоштад „Гоце Делчев“ во Пустец ќе биде означен почетокот на туристичката сезона, по кој повод градоначалникот, Пали Колефски упати јавна покана за присуство на свеченото отворање, што ќе се одржи, како што наведува во прекрасна атмосфера. – Преспа, прекрасно место, преполно со природни убавини, културно историски споменици, уникатна историја, Преспанското Езеро, како посебно ...

Општина Маврово и Ростуше под мотото „Гради ја иднината во твојот роден крај“ упати порака до завршените деветоодделенци, образованието да го продолжат во средното општинско училиште „Маврово и Ростуше“ во Ростуше. -Денеска почна уписот во прва година во сите средни училишта во државава, а со тоа и во нашата општина. Пријавувањето е по електронски систем и трае до 15 јуни. Запишете се во општинската гимназија и градете ја иднината во вашиот ...

Да се крати рокот за обновување на дозволата за поседување на оружје од 10 на 5 години, органичување во бројот на парчиња кои може да ги поседуваат, измени во услови за набавка и поседување, но и за трансфер. Се воведува електронско следење на оружјето, нови регистри и дигитални евиденции, како и построги правила за трговците со оружје. Во собранието се оддржа јавна расправа за предлог законот за оружје. Од МВР посочуваат дека така ќе се ...

Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска со владина делегација е во работна посета на Турција на бизнис-форум во Истанбул, ги повика турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на Македонија. – Македонија и Турција негуваат традиционално пријателски односи изградени врз доверба, почит и силни врски меѓу народите, а токму тие односи претставуваат цврста основа за продлабочување на економската соработка и нови инвестиции – истакна ...

Во Основниот граѓански суд Скопје објавени се повеќе известувања за презакажани и одложени рочишта за кои странките дополнително ќе добијат нови термини. Од судот информираат дека станува збор за одложувања предмети на тројца судии, кои со одлука на Судскиот совет привремено се делегирани во други судови. – Предметите на делегираните судии, во согласност со опертивниот систем АКМИС по автоматска распределба веднаш се распределени кај судиите ...

Комитетот за истрага на несреќи и сериозни инциденти во воздухопловството (КИНСИВ) и Министерството за внатрешни работи со меморандум за соработка денеска дефинираа рамка за размена на информации, техничка поддршка и оперативна координација, особено во случаи што бараат паралелно постапување – безбедносно истражување на местото на настанот и судско-истражни активности на надлежните органи. На тој начин, информира КИНСИВ, се осигурува дека ...

Денес сме пред вас за да откриеме сериозен проблем кој со години беше сокриван зад статистики и официјални извештаи, а во пракса директно му наштетувал на правото на Албанците за правична и соодветна застапеност во државните институции. Со години на граѓаните им се тврдеше дека механизмот наречен Балансер обезбедува правична етничка застапеност во администрацијата, рече Газменд Алиу од ВРЕДИ на прес-коференција. Меѓутоа, фактите што денес ...

Во Собранието денеска се одржа јавна расправа на Комисијата за одбрана и безбедност посветена на предлог-законот за оружјето, со што ќе се овозможи остварување на законски утврдените цели на Министерството за внатрешни работи и се уредуваат условите за набавување, поседување, носење и пренесување, чување, производство, поправање, онеспособување (деактивирање), промет, посредување, трансфер, превоз, претовар и пренесување преку државна граница ...

Основниот суд Велес соопшти дека, постапувајќи по обвинителен акт на Основното јавно обвинителство Велес, донел пресуда со која Ѓоре Петровски од село Ореше, Општина Чашка, и Даниел Димески од Прилеп се огласени за виновни за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ поврзано со предизвикување пожар, со што целосно била опожарена куќа во село Нежилово. Како што информира Судот, по одржана главна, јавна и усна расправа на 5 јуни 2026 ...

Шеесет и девет годишниот сопственик на викендица во штипската викенд населба Кумлак е во добра и стабилна состојба информираат од Клиничка болница-Штип. Посочуваат дека е подобар, но поради изгорениците по екстремитетите и вдишаниот чад ќе остане под лекарски надзор. Тој при гаснењето на пожарот на кровот на неговата викендица се здобил со изгореници од втор степен на потколениците и левата рака. Според информациите од Дарко Коцев пожарникар ...

Со француска поддршка ќе се зајакнуваат архивските служби на Македонската радио-телевизија (МРТ) за конзервирање на целокупниот аудио- и видеоматеријал. Станува збор за поголем проект во кој се вклучени радија и телевизии од регионот, меѓу кои и МРТ. Конзервацијата на аудио- и видеоматеријалот на Македонската радио-телевизија е дел и од активностите предвидени со меморандумот за соработка, што денеска го потпишаа Министерството за култура и ...

Министерството за финансии овозможи проширена буџетска рамка од 47,6 милиони денари и заедно со приходите од самофинансирачки активности, дотации и донации, вкупниот буџет на Општината Битола ќе изнесува 3,2 милијарди денари, истакна градоначалникот Тони Коњановски на денешната седница на Советот на Општина Битола. Според градоначалникот Коњановски, со новиот изменет буџет се овозможува понатамошна успешна реализација на сите планирани ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.26
81%
1017
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
3.13
78%
1017
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
1.53
53%
1018
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.23
89%
1018
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.08
69%
1017
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.95
87%
1019
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
0.45
41%
1014
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.39
73%
1015
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
3.22
65%
1016
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 19ᴼ
5.36
90%
1016
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 21ᴼ
1.34
53%
1017
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
3.06
100%
1014
Currency

61.6417

Currency

54.2602

Currency

71.4521

Currency

37.4417

Currency

38.1416

Currency

66.9235

Currency

7.98014

Currency

0.72738

Currency

0.33541

Currency

0.52504

Currency

1.16545

Currency

0.57161

Калај

52.14

Рутениум

49029.89

Платина

52534.32

Цинк

0.00

Сребро

1971.82

Иридиум

234700.45

Родиум

255598.44

Бакар

12.33

Алуминиум

3.21

Злато

131223.80

Кобалт

45.39

Паладиум

38613.05