Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Приведен е скопјанец кој минатиот четврток пред угостителски објект на улицата „50 Дивизија“ со нож му нанел убодни рани на друго лице. Министерството за внатрешни работи информира дека против скопјанецот со иницијали А.Ч. е поднесена кривична пријава и одредена му е мерка куќен притвор во траење од 30 дена. – Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Ч. од Скопје затоа што на 23.04.2026 пред угостителски објект на ул. “50 ...
Значителен дел од малолетниците во Општина Гевгелија експериментираат со наркотични средства, особено со марихуана и синтетичка дрога, кои ги користат при групни собири, викенд забави и слично. Ова е дел од информацијата за состојбата со употреба на наркотици и психотропни супстанции кај младите од Гевгелија, која на денешната седница беше презентирана пред општинските советници. Од Центарот за социјална работа во Гевгелија велат дека немаат ...
Набргу на Влада треба да помине проект за изградба на центар за хронични рани и гангрени – најави директорката на Геријатрија, Ленче Нелоска. Таа вели дека се среќни што, како што истакна, еден стар проект, кој бил замрзнат, повторно е актуелен. – Очекуваме набргу да помине на Влада изградба на центар за хронични рани и гангрени. Со изградба на ваков објект, кој треба да биде овде (кај што се овие стари бараки), објект на приземје и два ката… ...
Македонскиот денар ја задржува својата стабилност и во услови на глобална економска неизвесност – изјави денеска заменик министерот за финансии, Николче Јанкуловски, кој присуствуваше на штипскиот Економски факултет на одбележување на Денот на македонскиот денар. Тој истакна дека довербата на граѓаните и компаниите во домашната валута останува висока, а тоа се потврдува и преку растот на депозитите, нагласувајќи дека Министерството останува ...
Она што го прави НАТО со стандардите, да го прави Европската Унија со Копенхашките критериуми – порача денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од армискиот полигон Криволак во изјава за медиумите. Таа беше дел од Денот на високи гости на вежбата „Блесок 26“. Освен Сиљановска-Давкова како врховен командант на Вооружените сили, пред присутните се обратија и министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на ...
Нашите македонски војници работат во согласност со највисоките НАТО-стандарди – рече денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски на Денот на високи гости на вежбата „Блесок 26“ на армискиот полигон Криволак. – Гордост е да се биде министер на ваква Армија. Навистина сте гордост на државата! Тука на армискиот полигон Криволак, нашиот најголем полигон за обука и еден од капацитетите по кои сме препознаени во алијансата, сите ние бевме ...
Сертификат за акаредитација во важност од пет години денеска ѝ беше доделен на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје, од страна на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи. Директорката на Геријатрија, Ленче Нелоска се заблагодари до АКАЗУМ за континуираната соработка и укажување на сè она што може да го подобрат. -Огромна благодарност до вработените коишто секојдневно ја ...
Последниот рок за пријавување на традиционалната атлетска трка HalkEco Skopje Run 10K 2026 е 29 април 2026 година (среда) или до пополнување на предвидениот број на учесници. Организаторите упатуваат финален повик до сите љубители на трчањето и активниот начин на живот да го обезбедат своето место на една од најмасовните градски трки во Скопје. Настанот под мотото „Скопје трча, Скопје расте“ ќе се одржи на 10 мај со почеток во 9 часот на ...
Ако треба да ја сумирам надворешната политика во изминатите две години, тоа би било во три збора, а тие се: достоинство, резултати и визија – изјави денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски пред Комисијата за надворешна политика во Собранието. – Достоинство – затоа што националниот интерес не се брани со агресивна реторика, туку со јасни позиции, силни аргументи и институционална сериозност. Резултати – ...
Селото Рајчани, оддалечено дваесетина километри од Кочани е последното пребивалиште на Никола Карев, пред неговата смрт на 27 април 1905 – та година во Свиланово. Рајчани се наоѓа на Осоговските Планини на надморска височина од нешто над 700 метри. Доколку се појде од Кочани, најпрвин се минува низ селата Бели, Нивичани и Пантелеј. Патот во најголем дел е асфалтен, но во лоша состојба. Последните 2 – 3 километри пред Рајчани се без асфалт. До ...
ВЛЕН ја смета за несериозна и самосаботирачка денешната иницијатива на ДУИ, која повеќе наликува на сатирична пародија отколку на нешто што вреди сериозно да се разгледа. ДУИ сериозно ја навредува ЕУ и Албанците кога Блерим Беџети зборува за европски вредности. Го потсетуваме јавноста дека Блерим Беџети, како долгогодишен функционер на ДУИ, е синоним за политика спротивна на секоја европска вредност, се вели во соопштението од ВЛЕН, кое МИА ...
Во матичната собраниска Комисија за економски прашања, труд и енергетска политикапочна амандманската расправа за измените на предлог на Законот за минерални суровини и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство. Претседателот на комисијата Бојан Стојановски информираше дека за првата точка од дневниот ред – Предлог на законот за изменување дополнување на Законот за минерални суровини поднесен од група на пратеници по скратена постапка, ...
Дуалното образование е во подем. Дури 66 проценти од средношколците се запишани во стручно образование, а вклучени се над 800 компании, со над 500 илјади евра за обука на млади. Ова е доказ дека учениците ја препознаваат предноста да влезат на пазарот на труд и да се стекнат со практични знаења за конкурентни работни места. 5.40 – „Оваа измена е согласна со европското разбирање на стручното образование не само како одговор на недостигот на ...
Тежок случај на врсничко насилство е пријавен во скопската населба Ѓорче Петров, каде малолетничка, според информациите, била изложена на ужасно малтретирање од три други девојчиња. Според сознанијата, настанот се случил пред Велигден во парк во Ѓорче Петров, познат како „Вовче“, каде девојчето најпрво било навредувано, а потоа и физички малтретирано од повеќе девојчиња со кои учеле во исто училиште. Девојчето било горено со цигари, па дури и ...
За влакно избегната стравична трагедија која можеше да одземе најмалку 3 животи. Сред бел дел на најфреквентната пешачка патека во Охрид кај Студенчишта, сред народ, слетаа двајца параглајдеристи. На овие аматерски снимки јасно се гледа како во последен момент мајката го спасува своето дете, додека параглајдеристот летал опасно ниско над пешачката зона, по што удри во столб за улично осветлување и целосно го откорнал. Граѓаните се крајно ...
И во услови на глобална економска неизвесност, македонскиот денар ја задржува својата стабилност. Довербата на граѓаните и компаниите во домашната валута останува висока, а тоа се потврдува и преку растот на депозитите, посочи заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски, нагласувајќи дека Министерството останува посветено и на намалувањето на сивата економија. „Стабилноста на националната валута е директен резултат на стабилните ...
Вооружениот напаѓач кој пукаше на гала-вечерата во Вашингтон денеска ќе биде изведен пред сојузен суд и обвинет за напад врз службено лице, пукање со огнено оружје и обид за убиство на службено лице. Американските медиуми го идентификуваа како 31-годишниот Кол Томас Ален од Торанс, Калифорнија. Американскиот претседател Доналд Трамп за „Фокс њуз“ изјави дека осомничениот имал антихристијански ставови, додавајќи дека станува збор за „болен ...
Иран испратил нов предлог до Соединетите Американски Држави за деблокирање на Ормускиот теснец и ставање крај на војната, додека разговорите за нуклеарната програма предлага да бидат одложени за подоцнежна фаза, објави американскиот медиум „Аксиос“, повикувајќи се на американски официјален претставник и двајца извори запознаени со преговорите. Според предлогот, Техеран се обидува да го заобиколи најспорното прашање за нуклеарната програма, со ...
Кривична пријава против поранешната обвинителка Вилма Рускоска поднесоа осудените од случајот 27 април. Пријавата е за попречување на правдата и злоупотреба на службена положба. Јане Ченто еден од осудените тврди дека постојат нови докази кои сериозно ја доведуваат во прашање целата постапка. Обвинувањата се сериозни – се користеле незаконски докази, имало притисоци врз сведоци и се носеле пресуди врз основа на, како што тврди Ченто, ...
Европската перспектива, уставните измени и стандардот на граѓаните – повторно во центарот на политичкиот судир меѓу власта и опозицијата. Откако СДСМ ја обвини владата дека нема јасен ЕУ курс, дека граѓаните живеат полошо и дека се неопходни уставни измени со внесување на Бугарите во Уставот – премиерот Христијан Мицкоски возврати со порака: Македонија веќе еднаш направи крупни уставни отстапки, но ветениот подобар живот не дојде. Првиот ...
По повеќе од една деценија застој, Скопјани конечно ќе го добијат долгоочеуваниот центар за култура. Започна реконструкцијата на Универзалната сала, еден од најпрепознатливите симболи на Скопје, а ќе биде готова до крајот на 2027 година. Властите оценуваат дека оваа инвестиција е од исклучително значење за македонската култура и идните генерации. „ Проектот „Европска престолнина на културата“ после сите оние застои во минатото, конечно добива ...
Премиерот Мицкоски го поддржува предлогот на претседателката Сиљановска Давкова, освен пратениците и шефот на државата и минситрите да неможе да имаат двојно државјанство. Ако уставно-правните експерти смеетаат дека во предлог законското решение може да се имплементира и тој дел, поддршка од премиерот има. „Ако правните експерти, уставно-правните експерти велат дека нема проблем, тогаш јас апсолутно го поддржувам тоа. Јас немам двојно ...
Годинава на аџилак и во посета на светите муслимански места, од нашата земјава, ќе заминат над две илјади верници, што е идентична бројка со минатата година, изјави Ирсaл Јакупи, генерален секретар на Исламската верска заедница. -Бројката е пополнета согласно квотата што ја одреди Министерството за хаџ на Саудиска Арабија и годинава ќе има 2.020 верници од земјава, кои ќе патуваат кон светите места, иако беа пријавени повеќе. Бројката е ...
Нема да има политичка криза ако СДСМ го напушти парламентот, ниту застој на реформскиот процес. Ако некој одлучил да се маргинализира од политичката сцена, јас не можам да го спречам – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавите за напуштање на работната група за Изборниот законик од претставниците на СДСМ. Опозициската партија не се согласува со законското решение за укинување на ...
Пратениците од Европскиот фронт известуваат за почетокот на иницијативата за обезбедување на потребните пратенички потписи за иницирање на уставни измени, како неопходен и одговорен институционален чекор за унапредување на процесот на европска интеграција на Македонија, се наведува во соопштението од Европскиот фронт. Оваа иницијатива се заснова на уставната можност предвидена во член 130 од Уставот, според која предлог за измена на Уставот ...
По трагичниот настан на територија на Општина Кисела Вода, во кој едно лице го загуби животот, а три лица се повредени, градоначалничката Бети Стаменкоска – Трајкоска изрази длабоко жалење и упати искрено сочувство до семејството на починатиот, и им посака побрзо закрепнување на повредените, информираат од Општината. Таа потенцира дека дека Општината иницирала вонреден инспекциски надзор со вклучување на сите раководители од надлежните ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи при Одделението за внатрешни работи во Дебар поднесе кривични пријави против две лица, кои преку измама за лекување на наводно болно дете противправно се стекнале со финански средства. -Кривична пријава е поднесе против Х.М.(19) од с.Селокуќи, дебарско и против И.К.(28) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Првопријавената, поттикната од ...
Бизнисот очекува продлабочување на кризата и ако има потреба, од Владата ќе побара таргетирани мерки. Како што рече денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, засега ситуацијата е под контрола. Тргетирани мерки, како што истакна Азески, би требало да се преземат во согласност со развојот на ситуацијата. – Ако се погодени определени сектори, ако се погодени определени значајни гранки на стопанството без кои македонската ...
Јане Ченто, еден од обвинетите за случајот „27 април“, денеска информира дека е поднесена кривична пријава против поранешен јавен обвинител со иницијали В. Р. поради сомнежи за попречување на правдата и злоупотреба на службената положба и овластувањето. Ченто информира дека до Јавното обвинителство се доставени документи, заверени изјави и вештачења, кои, според него, отвораат сериозни сомнежи за попречување на правдата, притисоци врз сведоци ...
По повод одбележување на Светскиот ден на слободата на медиумите, 3 мај, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Здружението на новинарите на Македонија на 29 април организираат доброволно дарување крв на новинарите и медиумските работници. -Четвртата и сега веќе традиционална акција со која демонстрираме хуманост ќе се одржи на неколку локации во земјава и за таа цел ССНМ и ЗНМ ги повикуваат сите свои членови, но и ...