Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Инвестициите во инфраструктурата клучни за енергетска стабилност и безбедност за време на криза. Вицепремиерот Николоски го потенцираше напорот за изградба на најважните патни и железнички коридори во земјава. Тој во Вашингтон учествуваше на глобален форум посветен на предизвиците во транспортот. Тој ја истакна важноста на геостратешката позиција на Македонија на Балканот и во Европа како точка кадешто се вкрстуваат двата пан-европски ...
Недостиг на основни противпожарни апарати, празен хидрант, заклучена помошна врата и отсуство на систем за пријавување пожар констатирала увидната екипа на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) по пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани. Ова го истакна инспектор на ДЗС од подрачното одделение во Виница, кој денеска сведочеше на судското рочиште, посочувајќи дека до моментот на несреќата, Општина Кочани повеќе од една деценија немала вработено ...
Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, во соработка со асоцијациите и институциите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто се активни во доменот на финансиската едукација, во периодот од 16 до 22 март 2026 година, четиринаесетта година по ред ќе ја одбележат Глобалната недела на ...
Во основното училиште „Невена Георгиева Дуња“ денеска се одржа „Саем на франкофонските држави“, настан кој ги претстави културата и традицијата на франкофонијата преку ангажман на учениците од Општина Кисела Вода. Учениците од осумте основните училишта од општината подготвија штандови посветени на различни франкофонски држави. Преку изложени обележја, традиционална храна и презентации, присутните имаа можност да се запознаат со ...
Џабе демант и од Европската Унија, СДСМ продолжува да лаже и да растура пердуви. СДСМ не само што лаже, туку суши од лажење. До толку лажат СДСМ на чело со Филипче, Заев, Жерновски, па и Кузеска во нивно друштво, што нема ден а да не се демантирани и тоа од релевантни институции. Како што лажеа за мигрантите од Обединетото Кралство, за што добија и јавен демант и од британскиот амбасадор, така продолжуваат да лажат и за ЕУ. На ширачите на ...
Странските инвестиции остануваат значаен двигател на македонската економија. Позитивните ефекти се повеќекратни – директно вбризгување капитал и трансфер на нови технологии, како и креирање на нови работни места со висока додадена вредност. Експертите коментираат дека државата мора да продолжи со политиката на поддршка на меѓунардоните компании. „ Со тоа што ќе се отворат нови работни места, ќе се зголеми обемот на работа на компаниите, а ...
Здравјето на бубрезите не е одговорност само на лекарите – тоа е одговорност на целото општество. Информирањето, превенцијата и раната дијагноза можат да спасат животи и да го подобрат квалитетот на животот на милиони луѓе. Тоа го порача денеска Јетмир Зиба, директорот на Специјализираната болница за нефрологија – Струга по повод Светскиот ден на бубрезите – 12 март, кој годинава се одбележува под мотото „Здрави бубрези за сите: Грижа за ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги поканува сите љубители на поезијата и музиката на 18 март, од 19:00 часот, во „Лабораториум“, на целовечерен поетско-музички настан „Светот ја слави поезијата. Градот ја слуша!” -По повод 50 години од постоењето на нашата општина организираме серија настани што ќе ја збогатат градската културна сцена. Почнуваме со дружење посветено на поезијата и музиката, со наши домашни автори. ...
Царински службеници на Граничниот премин „Блаце“, на влез во државата, спречиле обид за криумчарење на вкупно 120 килограми тутун за наргиле, со вредност од 384 илјади денари кои биле наменети за продажба на македонски пазар. Против сторителот, како што информираат од Царинската управа, од страна на Одделението за истраги, е поднесена кривична пријава за кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик. Со ова е спречен обид ...
Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска во Њујорк, во рамките на неговото учество на 70-тата сесија на Комисијата за статусот на жените на Обединетите нации (CSW70) присуствуваше на два значајни настани. Имено, на покана на Делегацијата на Европската унија при Обединетите нации, заменик-министерот Димитровски присуствуваше на затворен состанок посветен на операционализацијата на одредбите за ...
Во Европската унија во 2024 година се родени 3,55 милиони бебиња, што е намалување од 3,3% во споредба со 2023 година, додека вкупната стапка на фертилитет за 2024 година изнесува 1,34 живородени деца по жена во ЕУ, што е намалување во споредба со 1,38 во 2023 година. Во Македонија стапката на фертилитет во последните десет години, исто така, се намалува и се движи од 1,52 во 2004 и 2014, на 1,49 во 2023 и 1,44 живородени деца по жена во 2024 ...
Најниската температура во државата утрово е евидентирана во Берово. Измерени се пет Целзиусови степени под нулата, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи. Регистрирани се -2 Целзиусови степени во Скопје-Петровец, Битола, Струмица, Mаврови Анови, -1 во Крива Паланка, Велес, Демир Капија, Тетово, 0 во Гевгелија, Штип, Куманово, Прилеп, Претор, Попова Шапка, 1 во Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Охрид, 2 во Kрушево, а 3 во Виница. ...
Од февруари почнаа активности што во текот на март прераснаа во кампања посветена на жената, за превенција и заштита од родово базирано и семејно насилство, под мотото „Има помош за живот без насилство“. Станува збор за иницијатива на Секторот за полициски работи од општа надлежност – Оддел за униформирана полиција, а во координација со одделенијата за превенција, одделенијата за полиција и одделенијата за криминалистичка полиција при ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски во своето обраќање на глобалниот форум „Trasforming Transportation 2026“ што се одржува во Вашингтон во организација на Светска банка, го потенцира значењето на коридорите и инвестициите што се реализираат. Како што објави Николоски на неговиот Фејсбук профил, на економскиот форум во Вашингтон во своето обраќање ја потенцирал важноста на геостратешката позиција на ...
Државниот секретар во Министерството за социјална политика, демографија и млади Фатмир Сабриу, ја претставува Македонија на 70-тата сесија на Комисијата за статусот на жените во Њујорк, што се одржува во рамките на Обединетите нации. Настанот обединува претставници на држави од целиот свет кои ги споделуваат своите искуства, политики и практики за унапредување на статусот на жените во општеството, информираат од Министерството. Во текот на ...
Репрезентативците на Македонија во бокс, тренираат во кумановската спортска сала, соопштија денеска од општина Куманово. Градоначалникот Максим Димитриевски ја посети спортската сала во Куманово каде се спроедуваат подготовки на репрезентативците на Македонија во спортската дисциплина бокс, за претстојниот Montenegro cup. Купот ќе се одржи во Будва, Црна Гора од 15 до 20 март 2026 година, а големото финале е на 21 март. -Репрезентативците кои ...
Енергетската ефикасност беше во фокусот на денешната средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска со делегација на ЕБОР предводена од претставникот на ЕБОР во земјава, Фатих Туркменоглу и директорката на Одделот на ЕБОР за инфраструктура во Европа, Елена Гордеева. Како што информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), главниот акцент на средбата беше ставен на ...
АЛПОРТОВ СИНДРОМ/ALPORT SYNDROME MKБ-10 Q87.81 ПРЕВАЛЕНЦА – / ИНЦИДЕНЦА – инциденцата на овој синдром е приближно 1/5 000 до 1/10 000 новороденчиња. ВОВЕД Алпортовиот синдром е сериозна, ретка, наследна генетска состојба која се карактеризира со заболување на бубрезите, губење на слухот и абнормалности на очите. Луѓето со Алпортов синдром доживуваат прогресивно губење на бубрежната функција. Речиси сите погодени лица имаат крв во урината ...
Државниот завод за ревизија извршил ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Државен инспекторат за градежништво и урбанизам за 2024 година со која, меѓудругото, констатира слабости во процесот на вршење попис на средства и изворите на средства, неизвршена процена на пазарната вредност на градежните објекти, како и слабости во процесот на пресметка и исплата на плата. Исто така, ДЗР констатирал несоодветен начин ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави јавен повик за користење средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година за поттикнување на здружувањето. Право на аплицирање имаат земјоделските задруги регистрирани за вршење на земјоделска дејност. Целта е поттикнување на здружување на земјоделските стопанства преку формирање на земјоделски задруги, со што ќе се подобри конкурентноста, ...
Судија на претходна постапка одредил мерки на претпазливост – одземање патна исправа, забрана за определни работни активности поврзани со кривичното дел и забрана за приближување на професорот од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, кој е осомничен за кривично дело „Сексуално вознемирување“ врз своја ученичка. Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека определените мерки се на предлог барање од Основното јавно бовинителство. ...
Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата Топ тема на телевизија Телма, каде говореше на повеќе теми, меѓу кои и темата за Изборниот законик, за што истакна дека целта на работната група, во која има претставници од сите политички партии, а се одвива во рамки на Министерството за правда е да се има подобар изборен модел како и подобар изборен закон, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Од стручен аспект, како ...
Пратениците во Европскиот парламент денеска усвоија стратегија за проширување на Европската унија во која се оценува дека проширувањето е стратешки одговор на променливата геополитичка реалност и витална инвестиција во безбедноста и стабилноста на ЕУ. Според усвоениот документ, цената на непроширувањето би ја надминала цената на придружувањето на нови членки на ЕУ, што би ризикувало создавање на геополитички сиви зони подложни на ...
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 20 степени. Утре ќе се задржи претежно ...
Крводарителска акцијата ќе се реализира денеска од 12 до 18 часот во Центарот за култура во Ѓорче Петров, како дел од Планот за социјална, здравствена и детска заштита на општината. Општина Ѓорче Петров ги повикува сите хумани граѓани кои се во можност да се приклучат кон оваа акција и со својот придонес да помогнат во обезбедување доволни количини крв за оние на кои им е неопходна. – Со дарување крв, граѓаните директно придонесуваат за ...
Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за еднакви можности на жените и мажите. Пред членовите на Комисијата се Предлог одлуката за одржување на Надзорна расправа на тема „Институционалното постапување во случаи на пријавено семејно и родово – базирано насилство“ и Предлог одлуката за одржување на Јавна расправа на тема „Нацрт-Национална стратегија за превенција и заштита од родово – базирано насилство врз жени и семејно насилство ...
Во Собранието денеска ќе се одржи Едукативната активност „ИМАМ СТАВ“ наменета за ученици од средните училишта. Како што информираат од собраниската прес-служба, учесници на едукативната активност ќе бидат учениците од СОУ „Јосип Броз Тито“ – Битола. Едукативната активност „Имам став!“ претставува симулација на процесот на разгледување предлог-закон во рамките на Собранието. Целта на едукативната активност е приближување на работата на ...
Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ по повод Светски ден на бубрегот во Македонија денеска во Скопје организира настанот под мотото „Бубрежно здравје за сите: Грижа за луѓето, заштита на планетата’’. На отворањето на настанот, како што најавува организаторот, ќе се обратат министерот за здравство, Азир Алиу; директорот на Фонд за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски; директорот на ЈЗУ Универзитетска Клиника за ...
Во организација на Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК) денеска во Европска куќа во Скопје ќе се одржи конференција на високо ниво на која ќе се дискутира за клучните приоритети поврзани со процесот на пристапување на земјата во Европската Унија, со учество на претставници на Владата, Делегацијата на ЕУ, социјални партнери и граѓански организации од Северна Македонија. На отварањето на конференцијата ќе се обратат првиот ...
Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Случајот го води судијката Дијана Груевска-Илиевски и се наоѓа во доказна постапка, а на денешното рочиште, како што е најавено, треба да бидат сослушани пет сведоци. На претходното рочиште пред Судот беа сослушани повеќе сведоци. ...