Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Претставници на висока владина делегација од Црна Гора предводена од министерот за здравство д-р Војислав Шимун, Бранко Крвавац, главен советник на претседателот на Владата на Црна Гора и Александар Богавац, директор на ЗУ „Апотеке Црна Гора Монтефарм“ остварија официјална работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје, со фокус на зајакнување на соработката, пишува во денешното соопштение на „Алкалоид“ АД – Скопје, што МИА го пренесува интегрално. ...
Македонија е силно посветена на изградбата на стратешки инфраструктурни проекти и на реализација на капитални инвестиции кои значат квалитетни транспортни конекции со целиот регион. Фокусот на Владата е да изгради модерни транспортни коридори преку кои ќе придонесеме за економски напредок во државата и севкупно на регионот, што е и основна цел на Стратегијата за Јадранско – Јонскиот регион. Подобра инфраструктура значи силна економија, ...
Нови противпожарни возила и современа заштитна опрема денеска добија пожарникарите од Територијалните противпожарни друштва (ТППЕ) во Штип, Радовиш, Конче и Неготино. Станува збор за донација од Соединетите Американски Држави, со која значително се зајакнуваат капацитетите на територијалните противпожарни единици. Никола Варнс в.д. амбасадорката на САД рече дека опремата и возилата ќе овозможат побрза и поефикасна интервенција на терен, како ...
Министерот за здравство Азир Алиу денеска во Министерството за здравство оствари официјална средба со делегација од Министерството за здравство на Црна Гора, предводена од министерот за здравје, Воислав Шимун. На средбата беше потврдена заедничката определба за натамошно унапредување на билатералната соработка, со посебен акцент на европските интегративни процеси – пишува во денешното соопштение на Министерството за здравство. – Нашата држава ...
Очигледно е дека Венко Филипче се фати во сопствените лаги и станува се повидлив стравот од сопствениот пораз. Вчера, Митко Трајчулески од СДСМ, се закани дека ќе излегле од Собрание ако се укинела техничката влада, а денес Филипче ретерираше од овој нивен став. Тоа е за поздравување, бидејќи така СДСМ се враќа на нивниот прв став за укинување на техничката влада. Предлогот за укинувањето на техничката влада е тоа да се случи по наредните ...
Во кампот за обука „Пепелиште“, по реализираните активности на националната теренска вежба „Блесок 26“ и по завршувањето на последниот настан од главната листа на настани и инциденти, денеска успешно е завршен процесот на оценување на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), согласно стандардите за оценување на копнени команди и единици од Здружената команда за операции на НАТО, соопштија попладнево од Генералштабот на Армијата. На ...
Министерството за здравство ја информира јавноста дека останува цврсто посветено на принципите на стручност, законитост и правичност во функционирањето на здравствениот систем. Секое постапување спротивно на законските прописи и медицинските стандарди ќе биде предмет на соодветни институционални постапки, во соработка со надлежните органи, се наведува во денешното соопштение, како став на Министерството за здравство за актуелната акција ...
Како резултат на повеќемесечна, темелна предистражна постапка под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал реализираше координирана и обемна акција за разбивање на организирана криминална група. Во рамки на акцијата, врз основа на претходно обезбедени судски наредби од Основниот кривичен суд, извршени се претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола. Приведени се 14 лица, меѓу ...
– Со залагање на раководството на месната заедница и финансиска и матерјална донација, се уредува рекреативната патека „Подмел“ долж кејот на реката Радика, кај селото Долно Косоврасти. -Овој значаен зафат го поддржа Ерхан Махмуд, кој несебично донираше 1.500 евра и директно придонесе овој проект да се реализира. Неговата поддршка претставува вистински пример како поединец може да направи значаен придонес и добро дело за заедницата. Со ...
Управата за јавни приходи (УЈП) потсетува дека 27 април 2026 година е последниот ден од законскиот рок за поднесување на ДДВ пријавата и за плаќање на ДДВ долгот за даночниот период 01/01-31/03/2026. -Бидете дел од даночните обврзници кои навремено и ажурно ги завршуваат даночните обврски и имаат солидна даночна историја. Доколку имате даночно побарување за ДДВ кое го пренесувате од претходен даночен период, од тој износ ќе се пребие ...
Македонија да не биде слепо црево, туку важен транспортен играч на потегот исток-запад – бараат стопанствениците. Со пругата кон Бугарија до поголема бизнис соработка со бугарските фирми, но и со компаниите од земјите долж Коридорот 8. Откако Вицепремиерот Александар Николоски најави дека за десетина дена ќе биде распишан тендер за изведувач и конечно третата делница од Крива Паланка до Бугарија ќе почне да се гради летово, се зголеми и ...
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, и судијката проф. д-р Ана Павловска-Данева беа говорници на 91. средба на правниците, во организација на Здружението на правниците на Македонија, која се одржува од 23 до 25 април 2026 година во Охрид – се наведува во соопштението од Уставниот суд. Костадиновски и Павловска-Данева се обратија на сесијата одржана на 23 април со излагање на темата: „Интерпретативните одлуки како новина во ...
Во услови на светски економски предизвици, зголемувањето на учеството на жените на пазарот на труд носи значителни економски и општествени придобивки. Намалувањето на родовите разлики придонесува за поголема иновативност, поефикасно искористување на човечкиот капитал и за намалување на јазот во приходите. Сепак, жените и натаму се соочуваат со предизвици, како што се пониска застапеност на раководните позиции и ограничен пристап до финансиски ...
Еден градежен работник загинал, а тројца биле тешко повредени откако биле затрупани од насип со земја на градилиште во општина Кисела Вода, информира доктор Драган Панов, шеф на смена во Итна медицинска помош – Скопје. Докторот Панов изјави дека според првичните информации, настраданите најверојатно се на возраст од 35 до 45 години, но, увидот ќе покаже за што точно станува збор и под какви околности се случила несреќата. Жртвата, како што ...
Двајца од работниците кои утринава беа затрупани со земја на градилиште во Кисела Вода се со полесни телесни повреди и контузии, а еден е со скршеници на двете потколеници и една натколеница, информира Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. – Во врска со несреќата на градилиште во Кисела Вода, информираме дека во Ургентниот центар се транспортирани тројца повредени градежни работници. Двајца од работниците се со ...
Д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска, потпретседателка на Стопанската комора и советничка за економски развој и инфраструктура во Кабинетот на претседателот на Комората е една од наградените жени менаџери по повод 30-годишниот јубилеј на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“, соопшти денеска Стопансклата комора. Во својата 25-годишна кариера, Георгиева-Јовевска извршува клучни позиции во Стопанската комора и тоа најпрво како ...
Посети на министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис на земјите од Западен Балкан во следниот период, како и министерска средба во Атина до крајот на годината, според портпаролката на грчкото МНР, Лана Зохиу, се планираните активности на Грција за зајакнување на европската перспектива на регионот. На брифингот со новинарите во Министерството за надворешни работи на Грција портпаролката се осврна на усвојувањето на Делфи-декларацијата ...
Државниот пазарен инспекторат денеска најави дека ќе врши засилени инспекциски контроли на пазарот на ѓубрива, во согласност со одлуките на Владата за ублажување на економските последици и заштита на домашното земјоделско производство. – ДПИ ќе постапува по сите утврдени неправилности и ќе изрекува соодветни мерки и санкции согласно со законските надлежности. Апелираме до сите економски оператори во големопродажба и малопродажба да ...
На Македонија не и треба техничка влада за да спроведе фер и демократски избори . Тоа го покажуваат последните три изборни циклуси за градоначалници и совет, како и двата последователни избори за Претседател на Македонија , кои покажаа дека волја на гласачите не зависи од Владата која ги организира. Ова е размислувањето на дел од аналитичарите кои сметаат дека позитивните извештаи од меѓународните набљудувачи, но и признавањето на резултатите ...
Потрошени се сите аргументи на сопствениците на хациенди во Ореовец, кои се противат на ископот во државниот каменолом. Сите параметри и мерења укажуваат дека нема никакви отстапувања. Ниту ќе се уништат куќи, ниту цел Прилеп ќе остане без вода. Мерењата се јасни, а резултатите од нив биле презентирани и како докази во судскиот процес што го покренаа сопствениците на имот во селото, а кој на крајот го изгубија, откако ги мина сите инстанци. ...
Скандалот на Филозофскиот факултет ја отвори Пандорината кутија за тоа како работат факултетите во државата. Министерката Јанесвка најави дека преку евалуацијата, ќе се чешлаат сите институции и дека јавноста наскоро ќе биде сведок на уште поголем скандал од оној на Филозофски каде беа беа фатени студенти кои спотивно на законот запишале магистерски и докторски студии. Се работи за седуммина запишани на магистерски и четворица на докторски ...
Компромис – ДА , но НЕ без гаранции. По ставот на премиерот Христијан Мицкоски дека Македонија нема да прифаќа решенија без гаранции, аналитичарите предупредуваат дека без јасна рамка, секој договор може да донесе нови барања од Бугарија. Премиерот порача дека државата останува посветена на дијалог и европскиот пат, но без прифаќање на решенија кои немаат јасен исход. Според него, досегашното искуство со Бугарија покажало дека секој направен ...
Видов како паѓа дел од ѕидот, слушнав одрон од земја и наеднаш во насипот видов една глава. Се се случи ненадејно во дел од секунда. Вака раскажува жителка на Кисела Вода која живее веднаш до градилиштето на кое изутринава животот го загуби еден работник, а тројца беа повредени. Несреќата ја гледала од нејзиниот прозор. Се симнала долу, се собрале луѓе и сите со лопати и со голи раце се обидувале да им го спасат животот на затрупаните ...
Стратешки документ за заштита на културното наследство за прв пат ќе се донесе во Македонија. На последниот ден од расправата за донесување на Националната стратегија, директорката на Археолошкиот музеј, Весела Честоева, вели дека документот бил доставен до сите засегнати страни и од нивна страна е одобрен за понатамошна постапка. Честоева додава дека во стратегијата за состојбата на културното наследство се опфатени повеќе сегменти. ...
Непроверени и швецувани филери и ботокси биле аплицирани врз пациенти во Македонија. Препаратите биле внесувани преку црн пазар од странство, без дозволи, контрола или регистрација. И покрај тоа, тие биле бризгувани врз пациенти кои верувале дека се во сигурни раце. За овие сомнежни, истрагата спроведуваат обвинителството и полицијата, им влегоа во трага на организирана шема на нелегални естетски третмани што со години ја загрозувале ...
Венко Филипче не верува ниту во своите избори, пред шест месеци го кандидираше за градоначалник, а сега го прогласи за неспособен. Откако завчера првично го нападна, вчера го прогласи за ВМРО-вец, денеска почна и да го навредува, не можел да исконтролира 10 крави. Лидерот на СДСМ ја продолжува отворената кавга со првиот човек на Крива Паланка, Сашко Митовски. Неговиот грев е што поради рудникот за антимон, интересот на граѓаните, го ставил ...
Развивменова генерација хибридни молекули, односно 21 ново соединение, кои може да се применуваат во третман на нарушувања и болести поврзани со дефицит на ацетилхолин, вклучително и подобрување на когнитивните функции кај Алцхајмеровата болест и други состојби со дебаланс на ацетилхолинот во централниот нервен систем, велат проф. д-р Ана Поцева-Пановска и доц. д-р Александар Димковски од Фармацевтскиот факултет во Скопје. Тие посочуваат дека ...
СДСМ на чело со Венко Филипче наместо да си ја реформира партијата која се повеќе губи доверба кај граѓаните избра да се занимава со политички инженеринг во други држави. СДСМ и Венко Филипче наместо да се борат за довербата на сопственото членство и граѓаните тие градат фронтови за туѓи потреби, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ и Филипче по насока и инструкции на Заев и Башановиќ се ставија на располагање на политички агенди на ...
Општина Сарај влегува во ново поглавје на афирмација и меѓународна соработка. Посетата на вршителката на должноста на САД во нашата земја. Нејзината екселенција г-ѓа Никол Варнс, претставува значаен момент што сведочи за зголеменото внимание и почит кон оваа општина. Оваа посета доаѓа по претходната посета на амбасадорот на Европска Унија, Михалис Рокас, со што Сарај за првпат се позиционира на агендата на клучните меѓународни фактори. Овој ...
СДСМ не ја води претседателот на партијата Венко Филипче туку сенката од минатото Зоран Заев, кој ја контролира партијата. Доказ за тоа е појавувањето на Заев на роденденот на партијата што уште еднаш потврди дека тој е вистинскиот газда, а Филипче е само извршител, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Појавувањето на Заев не остави никаква дилема, тој е врховниот лидер на СДС додека Венко Филипче останува само формален претседател. ...