Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Освен берачите од Албанија, годинава за берба на јаболка се пријавиле многу пензионери, на кои ова им е одлична можност за дополнителна заработка. Дневницата за берачите годинава изнесува од 2.000 до 2.200 денари, а овоштарите годинава очекуваат подобар и поквалитетен род од минатата година. -Квалитетот е одличен, родот е добар и има поголеми количества од лани. Во моментот откупната цена на ајдарет е од 17 до 20 денари, а на останатите ...
Цената на кафето достигна историски врв и експертите предупредуваат дека ќе продолжи да расте. Причините за ова се многубројни, од суши и климатски промени, до неочекувани фактори како што е порастот на производството на дуријан во Виетнам. Бразил, најголемиот производител на кафе во светот, се соочува со сериозни проблеми поради сушата и климатските промени. Во меѓувреме, во Виетнам, земјоделците се одлучуваат да го заменат кафето со ...
Годинава по основ на домашен и странски долг државата треба да исплати 634,2 милиони евра. Годинава доспеваат за отплата домашни обврзници со рочност од 3, 5 и 10 години во износ од скоро 300 милиони евра. Во оваа 2024 година од задолжување на домашниот пазар се очекува буџетски прилив во износ од 896 милиони евра, а од задолжување во странство скоро 725 милиони евра – и по двата основа има пораст на задолжувањето во однос на претходните ...
За уредување, засадување, одржување тревник пред влезот на МЕПСО како и за зимзелени и листопадни садници, систем капака по капка и цвеќиња државната компанија за една година ќе потроши речиси 18.000 евра Новиот генерален директор на МЕПСО Бурим Латифи потпиша договор за набавка во неговиот мандат во државниот електропреносен систем – оператор Станува збор за хортикултурно уредување на просторот пред деловната зграда, но и за набавка на ...
– Предметот за „балансерот” кој е оформен по поднесена иницијатива од стариот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), утре е на дневен ред на седницата на Уставниот суд. – Оспорени се член 19 став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“ од Законот за вработените во јавниот сектор, член 36 став 1 алинеја 1 во делот „и припадност на заедница“ од Законот за административни службеници и член 2 став 1 алинеја 8 и ...
Се бара решение за есенската потрошувачка кошница со кое ќе им се помогне на граѓаните, но нема да бидат оштетени ниту производителите, ниту трговците. Од Министерството за економија велат дека министерот веќе имал средби и дека ќе бидат слушнати предлозите од сите страни. Предлозите од Министерството за економија ќе бидат доставени до Владата и разгледани на некоја од наредните седници. Вчера и премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не ...
Министерството за земјоделство размислува за промени на системот во субвенционирање за следната година. Се планира укинување на дополнителното пријавување во декември, а целосната исплата на парите ќе треба да заврши во првите месеци од 2025. Новини ќе има и кај зелената нафта … Укинување на авансирањето на субвенциите е една од промените што се најавуваат. Аванс за тековна година се исплаќа само кај нас, додека во ниедна друга земји во ...
Спојувањето меѓу UniCredit и Commerzbank може да ја зголеми вредноста за сите засегнати страни и да создаде посилна банка, изјави извршниот директор на UniCredit Андреа Орцел за германски Handelsblatt во понеделникот. Втората по големина италијанска банка минатата недела се стекна со девет отсто од акциите во Комерцбанк, купувајќи 4,49 отсто од германската влада за нешто повеќе од 700 милиони евра. Така, вкупната сума на аквизицијата ...
Цените на златото се на рекордно високо ниво, а причина за тоа е веројатната одлука на монетарните власти во Соединетите Американски Држави да ги намалат каматните стапки. Се очекува тоа да се случи веќе во среда, на 18 септември. Трговците на берзата претпоставуваат дека златото ќе биде уште попривлечно. Овој благороден метал повторно станува се поинтересен во однос на државните обврзници. Голема побарувачка за злато има и кај централните ...
ВМРО-ДПМНЕ како опозиција постојано зборуваше дека имаме голем долг а сега со ова ново задолжување од Унгарија долгот ќе го пробие плафонот, далеку над дозволениот процент од 60%, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска во емисијата Аргумент + на 24 Телевизија. СДСМ јасно и транспарентно пред јавноста ги објасни забелешките за коруптивниот Закон за задолжување од Унгарија, но власта го турка по секоја цена, додаде таа. -Прво се носи во ...
Извозот на производи од германски инвеститори во земјава кон Германија десетина години по ред е во пораст, со исклучок на годините во короната кога била евидентна стагнација. Како што соопшти Антје Ванделт, директорка на Германската стопанска комора (АХК), германските инвеститори од земјава најмногу извезуваат високософистицирани компоненти наменети за автомобилската индустрија, во Германија се извезуваат и седишта за автобуси, за возови и ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави одложување на почетокот на „есенската потрошувачка кошничка“, затоа што сè уште се усогласувале ставовите со трговците и производителите. Тој не очекува утре владата да реши за тоа кои производи за широка потрошувачка ќе се намалат и дали тоа ќе биде по пат на замрзнување на цените или на маржите. Најави дека одлуката можеби ќе биде донесена наредната недела. -Ние сме подготвени за разговор, ние не ...
Извештајот за конкурентноста на ЕУ, кој го претстави поранешниот претседател на ЕЦБ, Марио Драги, а за кој ќе расправа и Европскиот парламент, ја истакнува итната потреба од зголемување на продуктивноста и зајакнување на инвестициите- пишува Сее.биз. Драги повика на големи инвестиции од 750 до 800 милијарди евра годишно. Според Марко Јаклич, професор на Економскиот факултет на Универзитетот во Љубљана, инвестициите во инфраструктурата за ...
Извршниот директор на „JP Morgan Chase“ посочи кој е „најлошиот исход“ за американската економска иднина, освен рецесија. „Најлошиот исход е стагфлацијата. И не би го симнал од дневен ред“, изјави Џејми Димон. Лидерот на најголемата инвестициска банка во САД со имот од 3,4 трилиони долари, го даде својот коментар на Советот на институционални инвеститори во Њујорк. Стагфлацијата, акроним за стагнација и инфлација, се однесува на состојба во ...
Од полноќ нови цени на горивата. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,989 ден/кг и сега ќе изнесува 41,328 ден/кг. Максималните цени на ...
Претседателката на Комората најави почеток на две инвестиции кои што изминатиов период заедно присуствувавме и ги отпочнавме. Очекувам во периодот кој што следи покрај оние четири договорени од почетокот на функционирањето на оваа Влада уште дополнителни три до крајот на годината. Со што драматично ќе се зголеми економската активност и ќе влијаат позитивно на растот на домашниот бруто производ за следната 2025 година, но и за годините коишто ...
Финската министерка за финансии Рика Пура денеска објави дека Финска се приклучила на протестот на земјите кои сакаат да ги оспорат плановите на Меѓународниот монетарен фонд за обновување на економските консултации со Руската Федерација за прв пат од почетокот на војна на земјата со Украина. Според неа, Финска заедно со другите северноевропски земји, балтичките земји и Полска подготвиле протестно писмо упатено до генералната директорка на ...
Нa девизните пазари курсот на доларот во однос на еврото порасна минатата недела, откако Европската централна банка ги намали каматните стапки, но овој раст беше минимален бидејќи се очекува следната недела и американската централна банка да ги намали каматните стапки. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела ослабна за 0,1 отсто, на 101,11 поени. ...
Министерството за економија денеска треба да добие Предлог од работната група за есенската потрошувачка кошница со според најавите 100 прехранбени земјоделски производи со ограничени трговски маржи или замрзнати цени. Според најавите, со есенската кошница треба да бидат опфатени зеленчук, овошје, пекарски, млечни производи,… Предлогот треба да биде усвоен утре на редовната седница на Владата. Работната група е составена од претставници на ...
Во 2023 година биле превезени 817 илјади тони различни стоки преку македонската железница, а тоа е речиси двојно помалку од пред 5 години, кога биле превезени 1.679.000 тони, покажува извештајот на Агенцијата за железничкиот сообраќај, кој треба да го разгледаат пратениците во Собранието. Порталот Пари ги анализираше бројките од кои произлегува дека таа состојба се пресликува и во поминатите километри на товарните вагони. Во 2018 година биле ...
Општина Неготино исплати по 3.000 денари за 179 првачиња, информираа денеска од Службата за односи со јавноста при неготинската локална самоуправа. – На сметките на родителите на 179 првачиња од двете основни училишта во градот и подрачните училишта, од буџетот на Општина Неготино се исплатени по 3.000 денари еднократна поддршка на почетокот на учебната година. За таа цел од општинскиот буџет се издвоени средства во висина од 537.000 денари, ...
Млечните производи се повеќе се барани на пазарот. Предизвиците на сточарите се во недостигот на работна рака и ефективни стратегии за пласманот, но и за битка со климатските промени. Во Прилеп се одржува манифестацијата „Млеко 2024“. Пласман има, ама недостига работна рака. Млекопроизводителите не можат да ја навасаат побарувачката на млечните производи, главно сирењето. Но, без работна рака и стратегија за македонските производи и на ...
Како резултат на постоечката добра соработка и во насока на нејзино понатамошно унaпредување, Народната банка и Централната банка на Косово, потпишаа Меморандум за соработка и размена на информации. Меморандумот беше потпишан од страна на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и гувернерот на Централната банка на Косово, Ахмет Исмаили, за време на работната посета на македонската делегација на Приштина, во која учествуваше ...
Намалувањето на каматните стапки од страна на Европската централна банка денеска силно се одрази на берзите и цената на златото и нафтата. Европската централна банка (ЕЦБ) вчера соопшти дека ја намали каматната стапка на депозитите за 25 базични поени на 3,5%. Каматните стапки на операциите за главно рефинансирање се намалени на 3,65%, а каматната стапка на маргиналните кредитни капацитети ќе изнесува 3,9%. Според податоците на берзата, ...
Во полошкиот регион само седум проценти од занаетчиите и малите бизниси се пријавуваат на јавните повици за државна поддршка и тоа разочарувачки факт, рече министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши кој денес беше во работна посета на Гостивар. Министерот Дурмиши имаше средба со занаетчии и сопственици на мали бизниси од гостиварско како дел од иницијативата и акциски план на ресорното министерство и е трета средба по оние во Чаир и ...
Во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година, сезонско приспособеното индустриско производство е намалено за 0,3 отсто во еврозоната и за 0,1 отсто во Европската унија, покажуваат првите проценки на Евростат, статистичкиот завод на Европската унија. Во јуни 2024 година, индустриското производство остана непроменето во еврозоната, а во ЕУ се зголеми за 0,1 отсто. Во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, индустриското ...
Од Владата најавија есенска кошничка и намалување на цените на повеќе од 100 прехранбени производи. Но, според Синдикатот и граѓаните, оваа мерка е задоцнета, со оглед на тоа што цените на храната годинава постојано растат. Од Сојузот на синдикатите на Македонија пресметале дека покачувањето на цените на храната од почетокот на годинава досега, ги чини граѓаните 4.600 денари. Значи, инфлацијата им ги „изела“ овие пари и никој нема да им ги ...
Кина планира да ја подигне старосната граница за пензионирање на работниците почнувајќи од следната година, одлука која ќе важи во следните 15 години. Мажите ќе можат да се пензионираат кога ќе наполнат 63 години, а жените на возраст од 55 до 58 години, во зависност од работното место. Оваа одлука ќе се применува од јануари следната година, се наведува во соопштението на кинескиот законодавен дом пренесено од државната телевизија CCTV. ...
Во последните години, Албанија доживува значителен економски напредок, што се манифестира преку интензивна градежна активност и туристички развој. Со плати кои достигнуваат и до 3.000 евра за инженерски позиции, оваа земја станува атрактивна дестинација за работници од Македонија. Иницијативата „Отворен Балкан“ овозможува работа без виза, што уште повеќе ја зголемува мобилноста на работната сила. Според податоците, не само што Албанија го ...
Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) на вчерашниот состанок донесе одлука за намалување на својата основна каматна стапка за 0,25 процентни поени на 3,5 отсто, како одговор на падот на инфлацијата и на показателите за слабеење на економијата во Еврозоната во текот на летните месеци. Банката во вчерашната одлука индиректно најави и дека е можно дополнително олабавување на монетарната политика до крајот на годината, потенцирајќи ...