Владата на Србија издвои 209,72 милиони динари (околу 1,8 милиони евра) од тековната буџетска резерва за Републичката изборна комисија (РИК), според одлука објавена во Службен весник. Во документот потпишан од првиот потпретседател на Владата и министер за финансии, Синиша Мали, се наведува дека тие пари се одобрени „со цел да се обезбедат недостасувачките средства потребни за набавка на материјали за посебни намени“. Средствата наменети за ...

Додека цената на бакарот на Лондонската берза достигна 13.600 долари за тон, Македонија сè уште нема донесено конечна одлука за реализација на проектот „Иловица-Штука“, кој располага со потврден потенцијал за производство на овој критичен минерал. Според геолошките проценки, рудникот би можел да произведува најмалку 10.000 тони бакар годишно во период од 23 години. Освен извозните ефекти, проектот би генерирал приходи и за државниот буџет ...

Претставништво на Кинескиот совет за промоција на меѓународната трговија (CCPIT), во кој се повеќе од 300.000 компании-членки, ќе биде отворено во Србија и тоа претставништво со своите активности ќе го опфати целиот регион, соопшти српската Стопанска комора. CCPIT е најголемата институција на Кина за поддршка на меѓународната трговија и инвестиции, со ограничен број претставништва во странство, „кои се отвораат исклучиво на стратешки важни ...

Министерот за локална самоуправа Златко Перински оствари работна посета на Општина Петровец, каде одржа средба со градоначалникот Борче Митевски, членовите на Советот и општинската администрација. На средбата се разговараше за актуелните потреби и предизвици со кои се соочува општината, како и за можностите што ги нуди Ресурсниот центар за поддршка на општините во насока на јакнење на административните капацитети и подобрување на квалитетот ...

Во Собранието денеска ќе заседава Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на чиј дневен ред е амандманска расправа по Предлог на законот за судска служба и Предлог на законот за јавнообвинителска служба, и двата во второ читање. За Предлог-законот за судска служба поднесени се над 100 амандмани од пратеничките групи на СДСМ, Европски фронт и Левица, а за јавнообвинителска служба 27 амандмани од пратеничката група на СДСМ. ...

Во Скопје утре свечено ќе биде отворена дводневната меѓународна конференција „Дијалог за единство и мир 2026“, на која ќе учествуваат поранеши шефови на држави, министри, дипломати, универзитетски професори, истражувачи, претставници на меѓународни организации, бизнис-лидери и млади од повеќе земји од Европа и Азија, со цел да разменат идеи и искуства за актуелните глобални предизвици и можностите за унапредување на меѓународната соработка, ...

Во Белград денеска почнува 21. Светски конгрес на економисти на Меѓународната економска асоцијација (ИЕА). Тоа е најголем меѓународен научен собир во областа на економијата. Меѓу клучните теми ќе бидат иднината на глобализацијата и прашањето дали тој процес завршува или продолжува во нови облици. Во следните пет денови на конгресот ќе учествуваат околу илјада учесници од повеќе од 80 држави. Меѓу нив се и тројца добитници на Нобелова награда ...

На Градскиот плоштад во Охрид денеска ќе се одржи Соларен саем во организација на Центарот за климатски промени со цел користењето на сончевата енергија и обновливите извори да се доближи до пошироката јавност. Посетителите ќе можат да се информираат за придобивките од користење соларна енергија, можностите за поставување фотонапонски системи во домаќинствата, како и пошироките чекори за вклучување во енергетската транзиција, вклучително и ...

Во Скопје денеска и утре ќе се одржи конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа. Конференцијата ја организира Врховниот суд на Македонија во соработка со CEELI Институтот и со поддршка на Проектот на ЕУ за владеење на правото. Најавено е учество на претседатели, заменици претседатели и судии од 13 врховни судови од Централна и Источна Европа, како и на Дејвид Кемпбел, виш окружен судија, претседател на ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во Скопје, ќе учествува на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите – ЦЕФ (2026 Annual Meeting of the CEF Governing Board). Како што соопштуваат од владината прес – служба, средбата ќе се одржи во „DoubleTree by Hilton“ во Скопје, а по состанокот во 11 часот, предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот. Центарот за извонредност во финансиите ...

Во рамки на истрагата поврзана со случајот за Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), органите на прогонот обезбедија уште четири лица кои претходно биле недостапни. Според првичните информации, двајца од осомничените денеска биле изведени пред судија на претходна постапка. За едно од лицата е определена мерка притвор, додека за вториот се изречени мерки за обезбедување присуство во постапката. Останатите двајца осомничени се очекува да ...

Од денеска, 21 јуни до 18 октомври, авиокомпанијата Аустриан ерлајнс ќе лета меѓу Виена и Охрид двапати неделно, секој четврток и недела. Со свечен пречек и сечење црвена лента, за првиот лет и првите 154 патници што пристигнаа од Виена на аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, Аустриан ерлајнс (Austrian Airlines) официјално ја отвори својата нова авиолинија ...

Со слетување на првиот авион на авиокомпанијата „Аустриан ерлајнс“ со 154 патници, од денеска на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, и официјално е воспоставена новата авиолинија Виена – Охрид. Со новата сезонска линија што ќе сообраќа двапати неделно во четврток и недела, до 18 октомври, Охрид ќе има директна авионска поврзаност со австриската престолнина, а со тоа и подобри конекциии преку Виена како еден од најзначајните европски ...

Започнува нова воздушна врска меѓу Охрид и Виена, со што патниците од југозападниот регион добиваат директна можност за патување до главниот град на Австрија. Оваа нова линија која ќе ја опслужува авиокомпанијата „Остријан ерлајнс“, а воспоставувањето на директниот лет се очекува да донесе подобра поврзаност на Охрид со Европа и да отвори нови можности за развој на туризмот и економските врски. По повод првиот лет од Виена, на аеродромот во ...

Белград од 22 до 26 јуни ќе биде домаќин на XXI Светски конгрес на економисти на Меѓународната економска асоцијација (IEA), најголемиот меѓународен научен и стручен собир на економисти досега организиран во Србија. За првпат во историјата, Светскиот конгрес на економисти, благодарение на Сојузот на економисти на Србија, ќе се одржи во Србија и во регионот на Југоисточна Европа, додека по речиси две децении повторно се враќа на европскиот ...

Воведувањето на авиолинијата Виена – Охрид има огромно значење за Охридскиот аеродром. Ќе придонесе за поголем број странски туристи и за економски равзој на Охрид и Охридскиот Регион, оценува вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид утрово слета првиот авион на „Аустриа Ерлајнс“, со што и официјално започна да функционира новата редовна авиолинија Виена – Охрид. Линијата ќе се ...

Американски и ирански претставници денеска ги започнуваат разговорите во швајцарскиот Бургеншток, во обид да се намалат тензиите и да се постигне напредок околу клучните прашања што ја потресуваат регионот. Преговорите доаѓаат во чувствителен момент, со оглед на зголемените несогласувања меѓу Вашингтон и Техеран. На дневен ред се спроведувањето на прекинот на огнот, иранската нуклеарна програма, како и безбедноста на еден од најважните ...

Германскиот пензиски систем би можел да претрпи значајни промени откако Комисијата за пензии постигна договор за пакет од 30 мерки насочени кон долгорочна стабилност на фондовите. Предлозите, кои треба да бидат доставени до федералниот канцелар и министерот за труд, предвидуваат низа измени што би можеле целосно да го променат начинот на кој граѓаните во Германија ќе работат и ќе заминуваат во пензија. Една од најголемите промени се однесува ...

Со почетокот на летната краткоденица денеска официјално започнува летото на северната хемисфера, а со тоа и новата летна сезона во Македонија. Астрономското лето започнува на 21 јуни, кога Сонцето ја достигнува најсеверната точка во своето привидно движење на небото. Токму поради ова, денешниот ден е најдолгиот во годината, додека ноќта трае најкратко. Овој природен феномен го означува почетокот на периодот со повеќе сончеви часови, повисоки ...

Утринава, на денот на летната долгодневица, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, присуствуваше на археолошкиот локалитет Кокино, каде што го следеше изгрејсонцето – редок природен и астрономски феномен што со векови го привлекува вниманието на научниците, истражувачите и посетителите. На настанот, организиран од Музејот во Куманово, покрај министерот Љутков, присуствуваа и директорката на Музејот во Куманово, Марија Живачки, ...

Иранската заедничка воена команда денеска објави дека Ормускиот Теснец повторно е затворен за поморски сообраќај, наведувајќи дека одлуката е поврзана со продолжувањето на израелските напади во Либан. Според информациите објавени преку иранските државни медиуми, Техеран оценува дека ситуацијата во регионот останува нестабилна и дека, доколку продолжат воените дејствија, може да следуваат и дополнителни мерки. Иранските власти како причина за ...

Општина Берово објави јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на енергетски ефикасни грејни тела – инвертер клима уреди и топлински пумпи, во рамки на Програмата за енергетска ефикасност за 2026 година. Согласно повикот, Општината ќе субвенционира до 50 проценти од вредноста на набавениот уред, но не повеќе од 15.000 денари по одобрено барање. Финансиската поддршка ќе се доделува по принципот „прв дојден, прв услужен“, сѐ ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува стабилизација на пазарот со нафтените деривати по најавите за мировни преговори меѓу САД и Иран. Во понедленик кога Регулаторната комисија за енергетика треба да донесе нова одлука за горивата, премиерот очекува намалува на бензините за околу четири денари и на дизелот за околу седум денари. – Ние правевме наши калкулации, малку е зголемена и вредноста на доларот. Очекувам во понеделник врз основа на тие ...

Основните животни трошоци за четиричлено семејство во тековниот месец бележат пад од 88 денари во споредба со претходниот. Оваа информација денеска ја обелодени Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), организација која е одговорна за составување на синдикалната минимална кошница. Согласно статистиките на ССМ, вредноста на синдикалната минимална кошница за јуни изнесува 68.654 денари. Доколку на ова се додаде и трошокот за изнајмување стан ...

Во главниот град денеска ќе се одржи Парадата на гордоста, настан кој ќе започне во попладневните часови од Градскиот парк. Организаторите посочуваат дека маршот е насочен кон поддршка на човековите права, еднаквоста и борбата против дискриминацијата. Годинашното издание се одржува со пораки за поголема видливост, солидарност и почитување на различностите. Учесниците ќе тргнат од фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк, а маршрутата ќе продолжи ...

Албанската влада донесе одлука со која се одобрува активирањето на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop“ со Македонија. Со овој модел се предвидува поедноставување на процедурите на границата и побрз проток на патници и стока меѓу двете држави. Новата практика ќе овозможи граничните служби на двете земји да работат координирано преку заеднички процедури, што треба да придонесе за намалување на чекањето и поголема ефикасност ...

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, труд и енергетска политика, за финансирање и буџет, за здравство, за политички систем и односи меѓу заедниците, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и законодавно-правната комисија. На дневниот ред на Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика се предлог законите за изменување на Законот за упатување работници од ...

Од првото издание во 2004 до ова издание во 2026 година во Белград, Србија, натпреварот Saint-Gobain Architecture Student Contest тардиционално се организира секоја година. Цела генерација на студенти учествуваат на Architecture Student Contest натпреварот за студенти по архитектура со цел да се придонесе кон размислувањето за тоа како да се обликува иднината на одржливата архитектура. Натпреварот за прв пат беше организиран во 2004 година ...

Израел и Хезболах се согласија на прекин на огнот, а примирјето стапи во сила во 16 часот по локално време (15 часот по средноевропско време) Примирјето го договорија преговарачите на САД и Катар, со помош од Иран Договорот за прекин на огнот уследи по новиот бран насилства во јужниот дел на Либан Либанската Национална новинска агенција (ННА) јави дека во израелските воздушни напади загинале најмалку 18 луѓе, а повеќе од 30 се повредени ...

Групациите HELLENiQ ENERGY и Chevron потпишаа нов договор за заедничко истражување на јаглеводороди во рамки на постојната концесија за Блокот 10 што се наоѓа во морскиот дел на Кипарискиот Залив, во јужниот дел на Јонското Море во Грција. Согласно договорот, Chevron ќе стекне 70% удел во концесијата и ќе ја преземе улогата на оператор, додека HELLENiQ ENERGY ќе задржи 30% од сопственичкиот удел. Со потпишувањето на новиот договор, HELLENiQ ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
2.13
43%
1013
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
3.13
68%
1012
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
1.67
48%
1013
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.74
41%
1013
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.77
60%
1012
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.48
77%
1015
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
0.89
48%
1010
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.26
46%
1013
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
52%
1013
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 22ᴼ
0.45
60%
1012
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
0.45
38%
1012
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
3.61
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Цинк

0.00

Платина

56135.20

Бакар

13.51

Сребро

1994.05

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Калај

56.46

Алуминиум

3.25

Злато

136962.18

Иридиум

252383.36

Паладиум

43499.96

Родиум

274085.11