Претседателот на САД, Доналд Трамп, го пофали „непристрасниот“ став на кинескиот и рускиот лидер, Шји Џјинпинг и Владимир Путин, за време на конфликтот со Иран. Тој оцени дека тие не ги попречиле напорите на Вашингтон за ограничување на нуклеарните амбиции на Техеран. На прес-конференција по повод Самитот на групата Г-7 во Евиан, Трамп изрази благодарност кон двете земји за, како што истакна, нивното воздржаност од интервенција во ...

Една миночистачка, „Фулда“, и еден снабдувачки брод, „Мозел“, од германската морнарица се упатени кон Ормускиот теснец, потврди германскиот министер за одбрана Борис Писториус во пресрет на состанокот на НАТО, кој се одржува во Брисел. Двете пловила на Бундесверот претходно беа распоредени во источниот дел на Средоземното Море, со цел да се очекува потпишување договор за мир меѓу САД и Иран. Воените бродови, доколку бидат ангажирани во ...

Унгарската опозициска партија „Фидес“ ја оцени како „сериозна грешка“ намерата на Владата на премиерот Петер Маѓар постепено да ги укине ограничените цени на горивата. Партиската група во Парламентот на „Фидес“ преку официјално соопштение нагласува дека во услови на глобална неизвесност нема цврсти гаранции дека цените на нафтата нема повторно драстично да скокнат. Поради тоа, тие сметаат дека сегашното ограничување на цените треба да ...

Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје (ЦДХВ) усвои измени во својот ценовник за услугите кои ги нуди на учесниците на пазарот и корисниците на неговите услуги. Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија ги одобри овие промени. Ова претставува првпат по подолг период да се направат вакви темелни модификации на тарифниот систем. Со нив се постигнува усогласување на одредени ставки и се внесуваат новини во ...

Критичните минерали и годинава се меѓу клучните теми на Самитот на Г7, потврдувајќи дека светот влегува во нова геополитичка трка за обезбедување сигурни извори на суровини. Додека најразвиените економии градат стратегии за обезбедување бакар, антимон и други минерали неопходни за енергетската транзиција, Македонија сè уште не ги користи сопствените потенцијали. Во земјава со години се блокираат рударски инвестиции, а отпор има и кон ...

Собранието денеска ќе одржи седница на чиј дневен ред се повеќе законски предлози, извештаи и одлуки. Пратениците ќе дискутираат за Извештајот за работата на Комисијата за хартии од вредност за 2025 година, финансиските извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2025 година, ревидирани од овластен ревизор, како и Извештајот за реализација на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2025 ...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски ќе учествува на Самитот за инвестиции во транспортот „Обезбедување раст и конкурентност преку поврзување“ што ќе се одржи денеска во Солун, во организација на Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција, Транспортната заедница, Европската банка за обнова, развој и Европската инвестициска банка, со поддршка на Инвестициската рамка за Западен Балкан. ...

Економската сигурност, повеќегодишниот финансиски план на Европската Унија, одбраната, актуелната состојба на Блискиот Исток и процесот на приклучување на нови земји кон Унијата спаѓаат меѓу најважните теми на дискусија во рамките на Европскиот совет, кој денес и утре ќе одржи состанок во Брисел. Особено внимание на средбите ќе биде посветено на безбедноста на источните граници на ЕУ, како реакција на сѐ почестите инциденти со упади на руски ...

Во просториите на Народната банка денеска ќе се одржи 58. сесија на Клубот на истражувачи која е отворена платформа за презентација и дискусија на научно-истражувачки трудови особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. На сесијата ќе биде презентиран трудот „Поширок поглед врз стабилноста на банките: Дали нефункционалните кредити се значајни за земјите во развој?“, од проф. д-р Бесиме Зибери и д-р Артина Беџети Бафтијари. ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го објави службениот текст на Меморандумот за разбирање помеѓу САД и Иран, кој е прв чекор кон мир на Блискиот Исток. За време на викендот Вашингтон и Техеран постигнаа рамковен договор за завршување на војната, што почна на 28 февруари со американско-израелскиот напад врз Иран. И двете страни тоа го прогласија за сопствена победа и упатија предупредувања во случај да не се ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер до 40 километри на час од северен правец, особено во источните делови од државата. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а ...

Поради интервенција за менување вентил, денеска ќе има прекин на водоснабдувањето на дел од улицата „Димитрие Чуповски“ во централното градско подрачје, соопштуваат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје. Како што информираат надлежните служби, без вода ќе останат корисниците на потегот од улицата „Македонија“ до Министерството за правда, во близина на бурекџилницата „Рекорд“. Прекинот ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до завршување на ...

„Првите чекори кон енергетската транзиција во Општина Центар започнаа уште во 2023 година со формирање на ТД ‘Енергија Центар’ , првото општинско енергетско претпријатие во државата. Така ја започнавме нашата локална стратегија за енергетска независност и самоодржливост,“ рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во обраќањето на тркалезната маса „Зајакнување на конкурентноста“, во организација на Finance Think. Тој нагласи ...

Во пресрет на главната летна туристичка сезона Општина Охрид упати јавен повик до сопствениците на пловни објекти (кајчиња) да ги отстранат од крајбрежниот појас на езерото на потегот кај Сараиште во Стариот дел на градот и долж крајбрежјето на туристичката населба Пештани. Во повикот се нагласува дека пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето во тој дел од градот, со цел непречено користење од ...

Европската парламент денеска ги усвои годишните извештаи за пет земји од Западен Балкан – Црна Гора, Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово. За извештаите европратениците расправаа вчера на заедничка седница. Конкретно за извештајот за Македонија, подготвен од известувачот Томас Вајц, резултатот од денешното гласање помина со 411 гласа „за“, 120 „против“ и 120 „воздржани“. По гласањето, за денеска попладне се закажани и ...

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков денеска беа дел од почетниот настан на проектот „CulTour Crossing Borders“ („Антички Европос – Дојранско Езеро – Римски терми Банско: Преминување на границите за одржлива култура и туризам“), кој се реализира во рамки на Програмата Интерег VI-А ИПА за прекугранична соработка со Република Грција. Домаќини на настанот беа градоначалникот на ...

Споредба на цени на продукти за широка потрошувачка со вклучени околу 10.000 кодови на производи, поделени во шест основни категории и неколку поткатегории од десет супермаркети се вклучени во онлајн платформата „Колку чини“ – новата дигитална алатка на грчката Влада преку која граѓаните можат да ги споредуваат понудите на различни маркети, да ги следат промените на цените и да ги организираат нивните купувања, јави дописничката на МИА од ...

Европската комисија денеска го претстави извештајот за состојбата на дигитализацијата во Европската Унија, кој содржи оценки и препораки за земјите членки. Податоците покажуваат дека 98,6 отсто од Европејците имаат покриеност со мобилни мрежи од петтата генерација (5Г), додека 60 отсто поседуваат најмалку основни дигитални вештини. За Бугарија во извештајот се наведува дека земјата располага со добра телекомуникациска мрежа и дека ...

Стопанска банка го проширува стратешкото партнерство со Мастеркард со цел остварување натамошен развој на своите услуги за плаќање и воведување нови производи за картички за физички и деловни клиенти. Проширената соработка е дел од стратегијата на банката за развој на својата инфраструктура за плаќање и подобрување на дигиталното искуство за своите клиенти. „Соработката на Стопанска банка со Мастеркард почна во 2009 година и оттогаш банката ...

Дебатата за рударството во Македонија мора да се врати во рамките на науката и стручните анализи, а не да се води исклучиво преку емоции и стравови, оценува секретарот на Здружението на металурзи на Македонија, Виктор Грозданов, во својата најнова колумна. Грозданов смета дека во јавноста недоволно се слуша гласот на стручната јавност и нагласува дека токму експертите од областа на геологијата, рударството и металургијата имаат најголема ...

„Сите земји, без оглед на нивната големина, се соочуваат со истиот предизвик – да изградат институции во кои граѓаните ќе имаат доверба низ генерации, а централните банки имаат важна улога во зачувувањето на стабилноста на домашната валута“. Ова беше една од главните пораки на трибината што се одржа во Музејот на Народната банка, во организација на Народната банка, Амбасадата на Швајцарија и Швајцарската комора во Северна Македонија. На ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со академик Живко Попов, претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на која беше разговарано за воспоставување поинтензивна соработка меѓу Министерството и највисоката научна институција во државата во креирањето на стратешките политики во областа на енергетиката, рударството и минералните суровини. На средбата ...

Општина Ресен денеска го продолжи периодот за поднесување на пријави за штети на земјоделски култури предизвикани од природна катастрофа, конкретно од мраз, на нејзината територија. Наведениот период за пријавување на штетите се однесува на природниот феномен регистриран помеѓу 1 и 4 мај оваа година, кој го зафати речиси целото подрачје на Општина Ресен. Засегнатите земјоделски парцели се пријавуваат врз основа на површината со посеви, ...

Претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе биде домаќин на дводневниот собир Русија-АСЕАН, кој стартува денеска во рускиот град Казан. На овој собир е предвидено присуство на повеќе високи функционери од земјите од Југоисточна Азија. Овој состанок се одржува во период кога Москва бара да ги продлабочи своите односи со други светски региони, по заострувањето на дипломатските релации со Западот, предизвикано од конфликтот во Украина. ...

Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука стапката на дополнителниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките во земјава да остане непроменета на 2 проценти. Прес-службата на централната банка информира дека одлуката е донесена врз основа на редовната квартална проценка на системските ризици, според податоците заклучно со првиот квартал од 2026 година. „Оваа стапка ќе важи од третото тримесечје на 2027 година и се ...

Подготовките за големото одбележување во Струмица се во полн ек. Бината се издига, просторот се уредува, а градот се подготвува за настанот кој ќе се одржи утре, на 17 јуни, со почеток во 19:00 часот на Градскиот стадион. Настанот е посветен на одбележувањето на 36 години од основањето на ВМРО-ДПМНЕ и 133 години од започнувањето на македонската револуционерна борба. Организаторите упатуваат повик до граѓаните да присуствуваат и заеднички да ...

САД соопштија дека ќе издвојат милијарда долари за хуманитарна помош и помош при катастрофи за УНИЦЕФ и Светска програма за храна. Средствата се наменети за поддршка на активности за спасување животи во повеќе од 40 земји, соопшти американскиот Стејт департмент. Според соопштението, повеќе од 800 милиони долари ќе бидат доделени на Светската програма за храна, додека УНИЦЕФ ќе добие над 218 милиони долари. Информацијата доаѓа еден месец ...

Институтот за економски истражувања и политики -Finance Think, заедно со Младинскиот образовен форум, Македонскиот центар за граѓанско образование и Македонското лекарско друштво, денеска во 10 часот во хотел „Мериот“ во Скопје ќе одржат прес-конференција на која ќе ги презентираат наодите од првите две години од мониторингот на владините ветувања за периодот 2024–2028, преку платформата КОМПАС. На презентацијата ќе бидат споделени ...

Центарот за безбедносни студии – Скопје ќе ја организира првата меѓународна “Skopje Security Conference 2026” во петок, 19 јуни 2026 година, во “DoubleTree by Hilton” Скопје. Конференцијата ќе се одржи на тема „Безбедност во транзиција: навигација низ технологијата, геополитиката и отпорноста во свет што се менува“ и ќе собере јавни функционери, креатори на политики, дипломати, безбедносни експерти, академици, технолошки специјалисти, ...

Договорот што треба да биде потпишан во петок меѓу САД и Иран содржи 14 прецизно дефинирани точки со кои двете страни се обврзуваат на прекин на непријателствата, почитување на суверенитетот и постепено нормализирање на односите. Според информациите што ги објави „Ал Арабија“, документот, кој е претставен како Меморандум за разбирање, предвидува низа мерки поврзани со безбедноста, поморскиот сообраќај, санкциите и нуклеарната програма на ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
2.13
43%
1013
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
3.13
68%
1012
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
1.67
48%
1013
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.74
41%
1013
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.77
60%
1012
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.48
77%
1015
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
0.89
48%
1010
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.26
46%
1013
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
52%
1013
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 22ᴼ
0.45
60%
1012
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
0.45
38%
1012
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
3.61
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Цинк

0.00

Родиум

274085.11

Платина

56135.20

Калај

56.46

Алуминиум

3.25

Злато

136962.18

Паладиум

43499.96

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Бакар

13.51

Кобалт

56.29

Сребро

1994.05