Скопски безбедносен форум: „Архитекти на стабилноста: безбедносниот идентитет на Западен Балкан“ ќе се одржи денеска во Собранието со почеток во 10:00 часот. Годинашниот форум, наведува Организацискиот одбор на настанот, е посветен на темата „Архитекти на стабилноста: Безбедносниот идентитет на Западен Балкан“ и има за цел да обедини претставници на академската заедница, државните институции, дипломатскиот кор, меѓународните организации и ...

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф рано утринава соопшти дека САД и Иран постигнале мировен договор. „Двете страни прогласија итен и траен прекин на воените операции на сите фронтови, вклучително и во Либан“, напиша Шариф на платформата Икс. Според него, официјалната церемонија за потпишување на договорот ќе се одржи на 19 јуни во Швајцарија. Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф рано утринава соопшти дека САД и Иран постигнале мировен ...

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека е постигнат мировен договор со Иран. Претходно договорот го објави пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, кој посредуваше меѓу двете завојувани страни. „Договорот со Исламската Република Иран е постигнат“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“. Засега не се познати конкретните услови од договорот. Шариф изјави дека тој предвидува „итен и траен прекин на воените операции на сите ...

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска организира јавна расправа Јавна расправа по Предлогот на закон за соодветна и правична застапеност, во прво читање што беше доставен од Владата. Законот се носи во редовна постапка и е на дневен ред на 104. планерна седница, која треба да продолжи денеска во 14:00 часот. Основната цел на предлог-законот за соодветна и правична застапеност е да обезбеди јасна, прецизна ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски од денес до 18 јуни ќе оствари работни посети на Сојузна Република Германија, Обединетото Кралство и Ирска. -Следната недела фокусот ќе биде на економската дипломатија, политичкиот дијалог и билатералните односи, јакнењето на стратешките партнерства и европската интеграција. Нашата цел е јасна: повеќе економски можности, посилни партнерства и конкретни придобивки за ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изрази уверување дека конзорциум предводен од домашната градежна компанија „Гранит“, кој ќе го гради вториот дел од автопатот Скопје-Блаце, во должина од 10,5 километри, а, чија изградбата ќе почне летово, е на ниво на задачата и роковите ќе бидат испочитувани. Николоски во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител нагласи дека во процесот постапувале согласно строгите правила на ...

Лентите означени за M -таг на патарините во државава од ноќеска ќе бидат наменети исклучиво за користење со електронски тагови, а непочитувањето на означувањето и намената на лентите може да предизвика застои во сообраќајот и да влијае врз безбедноста и ефикасноста на сообраќајот, укажува Јавното претпријатие за државни патишта. Апелира до корисниците на услугите на наплатните станици повнимателно да ги следат информативните електронски ...

Со години дебатата за рударството во Македонија се води во атмосфера на стравови, претпоставки и меѓусебни обвинувања. Наместо фактите, науката и стручните анализи, сè почесто главниот збор го имаат дезинформациите и најгласните коментари на социјалните мрежи. Од локалната иницијатива „И Здравје и Работа“ сметаме дека е време јавната дебата конечно да се врати таму каде што ѝ е местото – кај експертите, науката и институциите. Го ...

Граѓаните веќе трет ден се соочуваат со проблеми при користењето на апликацијата „Мој ДДВ“, која не е целосно функционална и предизвикува револт кај корисниците кои не можат да скенираат фискални сметки, објави 4news.mk Според пријавите од корисниците, при обид за најава во апликацијата и внесување на ПИН-код, се појавува порака „Нема конекција од УЈП“, поради што пристапот до системот е оневозможен. Оваа состојба трае повеќе од 48 часа, што ...

САД и Иран, со посредство на Пакистан и Катар, и со учество на Египет и Турција, како што се очекува, денеска ќе одржат виртуелен состанок и електронски ќе потпишат меморандум за разбирање со кој ќе се продолжи прекинот на огнот за 60 дена, повторно ќе се отвори Ормуската Теснина и ќе започнат нови преговори за иранската нуклеарна програма, објави синоќа Аксиос, повикувајќи се на свои извори. Меморандумот за разбирање треба да придонесе за ...

Швајцарија денес има околу 9,1 милиони жители, што ја прави една од помалите европски држави според бројот на население, но една од најразвиените според економската моќ и животниот стандард. Демографската слика на земјата се карактеризира со неколку важни процеси: стареење на населението, ниска стапка на наталитет и значителен удел на жители со странско потекло. Најголемиот дел од населението припаѓа на работоспособната група, односно луѓе ...

Граѓаните на Швајцарија денес излегуваат на референдум на кој одлучуваат за контроверзен предлог со кој би се ограничил бројот на жители во земјата на најмногу 10 милиони до 2050 година. Иницијативата, предложена од десничарската Швајцарска народна партија (SVP), предизвика широка дебата околу имиграцијата, растот на населението, притисокот врз станбениот сектор и јавните услуги. Поддржувачите на мерката сметаат дека брзиот демографски раст ...

Конзорциум предводен од домашната градежна компанија „Гранит“ ќе го гради вториот дел од автопатот Скопје-Блаце, во должина од 10,5 километри, а изградбата ќе почне летово, информира вчера вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој очекува автопатот да биде изграден за 3,5 години. На него ќе има пет тунели, две галерии, 12 мостови, околу 40-тина објекти заедно со помалите. Според Николоски, изборот на „Гранит“ за ...

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави најновата листа на должници, која ги опфаќа физичките лица и фирмите со неплатени даночни обврски. На листата бр. 06/2026 се евидентирани долгови што биле доспеани до 28 февруари 2026 година, а не биле подмирени заклучно со 31 мај 2026 година. Објавените податоци се однесуваат на различни видови јавни давачки – данок на додадена вредност (ДДВ), данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси ...

Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГК) на Иран синоќа објави дека договорот меѓу Иран и САД денеска нема да биде потпишан, отфрлајќи ги претходните тврдења на американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека неговото инсистирање на овој рок врши притисок врз иранскиот преговарачки тим. Револуционерната гарда на својот канал на Телеграм изјави дека „необичното инсистирање“ на Трамп договорот да биде потпишан во недела, 14 ...

Протестите во Албанија продолжуваат да се шират, а незадоволните граѓани влегоа во втора недела на демонстрации против владата на премиерот Еди Рама и големите инвестициски проекти на албанското крајбрежје. Илјадници луѓе повторно се собраа на плоштадот „Скендербег“ во Тирана, каде под слоганот „Револуција Фламинго“ побараа политичка одговорност и промени во управувањето со земјата. Демонстрантите упатија пораки против актуелната власт, ...

Претседателот на Демократска унија за интеграција, Али Ахмети, изјави дека во иднина нема да остане на чело на партијата, туку ќе се приклучи кон редовите на ветераните. На изборното собрание на партискиот огранок во Куманово, Ахмети порача дека ДУИ е една од најорганизираните политички структури во земјата и регионот, нагласувајќи дека во партиското раководство се направени значајни промени со вклучување на нови генерации. Тој истакна дека ...

Меѓународниот монетарен фонд и Украина постигнаа договор на ниво на експертски тимови со кој се отвора патот за дополнителна финансиска помош од 690 милиони долари за Киев. Средствата се дел од четиригодишниот Аранжман за проширен фонд (ЕФФ), а конечната одлука треба да ја донесе Извршниот одбор на ММФ. Доколку биде одобрена, вкупната финансиска поддршка за Украина во рамките на овој механизам би достигнала околу 2,2 милијарди долари. Од ММФ ...

Европската комисија (ЕК) ќе предложи покренување постапка против Бугарија за прекумерен дефицит откако ќе се утврди дека земјата не ги исполнува фискалните критериуми на Европската унија, потврди еврокомесарот за економија, Валдис Домбровскис. Зборувајќи по состанокот на Советот за економски и финансиски прашања (ЕКОФИН) во Луксембург, Домбровскис изјави дека Комисијата ја проценила буџетската состојба на неколку земји-членки и заклучила ...

Американската влада го одобри преземањето на медиумската компанија „Ворнер Брос Дискавери“ од страна на „Парамаунт Глобал“ без поставување никакви услови. Министерството за правда заклучи дека спојувањето нема да им наштети на конкуренцијата или на американските потрошувачи – ниту во телевизискиот и стриминг бизнисот, ниту во филмската продукција. Прегледите на конкуренцијата сè уште се во тек во неколку американски држави, како и надвор од ...

Градот Кочани денеска ќе биде центар на спортот, рекреацијата и забавата како домаќин на првото издание на „Women Power Cup 2026“. Настанот ќе се одржи во училишниот двор на СОУ „Љупчо Сантов“, а ќе обедини учесници и посетители од повеќе од десет градови од државата. Програмата започнува во 17 часот и ќе трае до полноќ со многу содржини за сите генерации. Во рамки на ова ново спортско-рекреативно случување ќе се одржи женски баскет 3х3 ...

Стратешкото партнерство со Турција добива нова димензија преку економската соработка и поттикнувањето на инвестициите, во согласност со визијата на ВРЕДИ за одржлив развој, конкурентна економија и повеќе можности за граѓаните, стои во соопштението на ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално. Учеството на првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, на Бизнис форумот Турција-Северна ...

Без електрична енергија денеска во периодот од 08:00 до 15:30 часот ќе бидат корисниците од селата Бадар, Кожле и Блаце, корисниците од населба Тотинци и тунелите Катланово во општина Петровец, информира ЕВН Македонија. Без струја во периодот од 08:30 до 12:00 часот ќе бидат корисниците од село Сарај лоцирани позади старата џамија во општина Сарај. Без електрична енергија денеска во периодот од 08:00 до 15:30 часот ќе бидат корисниците од ...

Илон Маск е едно од најпознатите имиња на денешницата. За него се знае дека е милијардер, основач или лидер на некои од најпознатите технолошки компании, но зад јавната слика постојат многу детали кои не се толку познати. Уште како дете Маск покажувал голема љубопитност кон технологијата. Наместо класични детски интереси, тој бил фасциниран од компјутери, наука и научна фантастика. На само 12 години направил едноставна компјутерска игра и ...

Кубанските власти најавија планови за реформирање на економскиот систем, следејќи ги примерите на социјалистичките пазарни модели што ги применуваат Кина и Виетнам. Претседателот на Куба, Мигел Дијаз-Канел, изјави дека планираните промени треба да овозможат поголемо учество на приватниот сектор и постепено намалување на зависноста од државно управуваната економија. Според најавите, реформите имаат цел да ги надминат долгогодишните проблеми ...

Европската Унија в понеделник ќе почне формални преговори за членство со Украина и Молдавија, откако беше укината блокадата од страна на Унгарија. Кипар, кој во моментов претседава со Советот на Европската Унија, соопшти дека земјите-членки постигнале договор за заеднички став во врска со првата фаза од преговорите, со што се комплетирани сите неопходни подготовки. Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку социјалните мрежи им се ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во напад на САД е убиен лидерот на транснационалната криминална група „Трен де Арагва“. „По моја наредба, Јужната команда на САД изврши брз и смртоносен кинетички напад за успешно елиминирање на Нињо Гереро, озлогласениот лидер на ’Трен де Арагва‘, една од најкрволочните терористички организации на планетата Земја“, соопшти Трамп во објава на својата платформа Truth Social, која содржеше и ...

Илон Маск денес е еден од најпознатите претприемачи во светот, а неговото име се поврзува со компании кои работат во различни области – од електрични автомобили и вселенски технологии, до вештачка интелигенција и биотехнологија. Неговата најпозната компанија е Tesla, производител на електрични автомобили, батериски системи и соларна технологија. Маск е извршен директор и еден од најголемите акционери, а компанијата стана еден од симболите на ...

Украина ќе ги зголеми платите за воениот персонал, ќе регрутира повеќе доброволци од странство и ќе воведе нови договори за воена служба, најави вчера украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зеленски појасни дека армиските бригади ќе имаат можност директно да добиваат средства, како и самите да организираат воена обука за новодојдените војници. Според него, на овој начин ќе се воспостават конкретни услови за службата благодарение на ...

Компанијата „СпејсИкс“ (SpaceX) на Илон Маск денеска забележа рекордно деби на берзата при нејзината првична јавна понуда (ИПО), откако вредноста на акциите на отворањето скокна за повеќе од 11 отсто, достигнувајќи 150 долари во споредба со почетната цена од 135 долари. Со овој скок, пазарната вредност на компанијата се искачи на речиси два билиони долари. Ваквата почетна проценка го направи Маск – преку неговите удели во „СпејсИкс“ и во ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.84
43%
1013
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
72%
1012
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
1.3
53%
1013
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
1.0
44%
1013
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
1.63
65%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.6
81%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
2.85
48%
1009
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.35
48%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
2.9
53%
1013
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
1.24
62%
1012
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 27ᴼ
6.26
42%
1012
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
2.83
100%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Сребро

1994.05

Иридиум

252383.36

Родиум

274085.11

Злато

136962.18

Калај

56.46

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Бакар

13.51

Алуминиум

3.25

Платина

56135.20

Паладиум

43499.96