Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Граѓаните повторно можат да ја користат апликацијата „МојДДВ“, откако беше отстранет проблемот поради кој таа не функционираше изминатите денови. Од Управата за јавни приходи (УЈП) информираа дека прекинот бил предизвикан од технички активности поврзани со надградба и прилагодување на системот. Апликацијата, која ја користат голем број граѓани за скенирање фискални сметки и остварување поврат на дел од платениот данок на додадена вредност, ...
Уапсен скопјанец осомничен дека ги запалил возилата пред бугарската амбасада Полицијата брзо го расчисти случајот со пожарот што денеска ги зафати возилата паркирани пред бугарската амбасада во Скопје. Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), идентификувано е лицето за кое постои сомнение дека го предизвикало пожарот. Станува збор за И.Д. (44) од Скопје, кој е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Од МВР ...
Пакомак доби признание за својата континуирана поддршка и значајниот придонес кон успешната реализација на јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Како дел од партнерството, оваа година компанијата донираше 200.000 денари и обезбеди инфраструктура за селективно одложување на отпад за време на фестивалските денови, поттикнувајќи одговорно управување со отпадот и унапредување на еколошката ...
Премиерот по отворањето на фабриката Brainchild во индустриската зона Жабени – Битола. изјави дека разговорите за евентуална реконструкција на Владата ќе започнат по одбележувањето на 36-годишнината на ВМРО-ДПМНЕ, која ќе се одржи во Струмица. Одговарајќи на новинарско прашање дали коалициските партнери ќе го задржат сегашниот број ресори и дали се подготвува помала или поголема реконструкција, тој рече дека во овој момент не би навлегувал ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social) објави дека трговските бродови почнале да се движат низ Ормуска Теснина, додека платформата „Морски сообраќај“ наведе дека бродовите уште се во мореузот. Трамп тврди дека бродовите се движат по „јужниот автопат“ кој, според него, е целосно безбеден и заштитен. Неговата објава е пред најавеното потпишување на меморандум за разбирање помеѓу Техеран и ...
Под мотото „За почисто Водно“, повеќе од 130 вработени – еко волонтери, вклучувајќи ги и сите членови на Управниот одбор на НЛБ Банка, ја поддржаа акцијата на Банката за расчистување на отпадот од зелените површини и рекреативните патеки на Водно, како дел од континуираните општествено одговорни активности што НЛБ Банка ги спроведува во рамки на својата ESG стратегија. Оваа иницијатива претставува потврда за посветеноста на Банката кон ...
Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа во казина и автомат клубови, АПИС, ја поздравува одлуката на членовите на Комисијата за финансирање и буџет конечно да се одважат и да го прифатат нашето заедничко барање за одржување јавна расправа по повод Предлог законот за игри на среќа кој го помина првото читање. За жал, асоцијациите и здружението на вработени во секторот, до сега немаа можност, со својата експертиза, знаење и искуство да ...
Прометот од продажбата на услугите е намален за 1,8 отсто во првото тримесечје од 2026 година во однос на истото тримесечје претходната година, соопшти Државниот завод за статстика (ДЗС). Во првото тримесечје од 2026 година, во однос на истото тримесечје од 2025 година, најголемо зголемување на прометот во услугите од 5,5 отсто има во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, а најголемо намалување од 4,8 проценти во ...
Градот Скопје денес официјално го означи почетокот на санацијата на мостот „Естакада“ во општина Гази Баба, еден од најзначајните сообраќајни објекти и една од најфреквентните врски на источниот влез и излез од градот. На почетокот на градежните активности присуствуваа градоначалникот на Град Скопје и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, кои истакнаа дека станува збор за проект што со години бил барање на жителите и е од ...
Горивата од полноќ поскапуваат од половина денар до два денари. Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи бензините да поскапат од 1,5 денари до 2 денари за литар, а дизелот за пола денар. Поевтинуваат Екстра лесното масло за домаќинство и мазутот. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/литар и тој од полноќ ќе се продава по цена од 87,50 ден/литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за два денари и ...
Субвенциите за тутунарите во износ од две милијарди денари ќе бидат исплатени во текот на денешниот и утрешниот ден, иако законскиот рок за исплата е до 30 јуни, соопшти премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Битола. Тој посочи дека Владата одлучила средствата да бидат исплатени порано, нагласувајќи дека земјоделците ќе ја добијат поддршката пред предвидениот рок. „Оваа Влада, за две години, има исплатено околу 15 милијарди денари, што ...
Во рамки на кампањата за вработување „Добра игра. Фер плеј“, Лидл Северна Македонија започнува со реализација на караван кој во текот на јуни ќе посети шест градови низ државата. Првата средба со заинтересираните кандидати ќе се одржи утре, 16 јуни, во 11.00 часот во „Штип Сити Мол“ во Штип. Преку караванот, заинтересираните кандидати ќе имаат можност да се информираат за отворените работни позиции во логистичкиот центар на Lidl во Куманово, ...
Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард денеска го поздрави договорот за прекин на конфликтот меѓу САД и Иран, оценувајќи дека станува збор за „добра вест“, доколку неговата примена биде потврдена во наредните денови. Во интервју за радиото „Франс култур“ (France Culture), Лагард изјави дека постигнатиот договор, кој предвидува укинување на американската блокада кон Иран и повторно отворање на Ормуската Теснина, може да ...
Во 2025 година, деловните субјекти изградиле 3 733 станови, чија просечна корисна површина е 75.2 м2, од кои 3 677 се во индивидуална сопственост, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најмногу се градело во Скопскиот регион. Изградени се вкупно 1 852 објекти со вкупна станбена површина од 280 644 м2, а вредноста на извршените градежни работи изнесува 44.5 милијарди денари. Индивидуалните сопственици, пак, извршиле градежни ...
Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер најави дека владата ќе воведе забрана за користење на социјални мрежи за деца помлади од 16 години. Тоа претставува една од најстрогите мерки во областа на заштита на малолетниците во дигиталниот простор. Стармер денеска истакна дека социјалните мрежи можат да имаат сериозно негативно влијание врз менталното здравје на децата и оти пласираните содржини често носат ризици од зависност. Тој нагласи ...
Владата досега исплатила околу 230 милиони евра поддршка преку средствата познати во јавноста како дел од „унгарскиот кредит“, соопшти премиерот, нагласувајќи дека мерката има за цел да ги поттикне инвестициите и развојот на домашната економија. Според него, само во текот на минатата недела биле префрлени околу 120 милиони денари, а вкупната исплатена сума од почетокот на проектот достигнала приближно 230 милиони евра. „Како Влада не само ...
Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска се обрати на работниот состанок посветен на поддршката за подготовка на плански документи за локален економски развој, организиран во рамки на Ресурсниот центар за поддршка на општините. Во своето обраќање, министерот Перински истакна дека Министерството за локална самоуправа преку Ресурсниот центар продолжува да развива конкретни механизми за поддршка на општините, со цел јакнење на ...
Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) информира дека од полноќ (15.06.2026) започнуваат измените во системот за наплата на патарините. Од денес, лентите означени за М-Tag ќе бидат наменети исклучиво за возила со електронски тагови, а повеќе нема да може да се користат за плаќање со MCard. Од ЈПДП апелираат возачите внимателно да ги следат електронските табли пред и на наплатните станици, каде што јасно се означени лентите според ...
РЦУК – Штип информира дека Територијалната противпожарна единица Штип на 15:05 часот добила пријава за пожар во атарот на селото Долани, Општина Штип. Пожарот зафатил поголема површина, при што гореле сува трева, стрниште и нискостеблеста шума. На терен интервенирале екипи од ТППЕ Штип со четири противпожарни возила и 15 пожарникари, како и ДПД Штип со две возила и шест доброволци. Во гаснењето учествувале и екипа од ЈП „Стипион“ со еден ...
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Каја Калас денеска го поздравија постигнатиот договор меѓу САД и Иран за прекин на воените дејствија. Во соопштението објавено од Европската комисија, Фон дер Лајен оцени дека договорот треба да овозможи итно повторно отворање на Ормуската Теснина. Таа изрази очекување дека договорот ќе придонесе и за ...
САД и Иран постигнаа договор по повеќемесечни конфликти и тензии, а неговото потпишување е закажано за 19 јуни во Швајцарија. Иако и Вашингтон и Техеран потврдуваат дека е постигнат договор, нивните толкувања за содржината и за натамошната примена значително се разликуваат. Договорот е претставен како Меморандум за разбирање и, според достапните информации, содржи две страници. Неговата основна цел е воспоставување прекин на огнот на сите ...
Откако привлече повеќе од 1 милион посетители во 2025 година, проектот „Ноќни музеи“ и годинава, во периодот од 1 јуни до 1 октомври, ќе им овозможи на посетителите на Туркије да посетат 20 музеи и археолошки локалитети во вечерните часови,. Овој проект има цел да го направи богатото културно наследство на земјата достапно и надвор од редовното работно време и да им понуди на посетителите уникатен начин да ги доживеат нејзините историски ...
Онлајн алатка за човекови права за административни службеници ќе промовира денеска Министерството за јавна администрација, во соработка со проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“. На настанот ќе биде потпишан и меморандум за соработка помеѓу МЈА и претставници на проектот. Најавени се обраќања на министерот за јавна администрација Горан Минчев, амбасадорот на Европската Унија во државава Михалис Рокас, како и на Барбара Лигл, ...
Министрите за надворешни работи на Европската Унија денеска во Луксембург треба да разговараат за нови санкции против Русија и за дополнителна поддршка за Украина. На дневниот ред се и конфликтот на Блискиот Исток, како и односите на Унијата со Кина. Се очекува министрите да одобрат санкции против уште десетици бродови кои се дел од таканаречената руска „флота во сенка“ – термин што се користи за танкери и за товарни бродови кои Москва ги ...
Mакедонија влегува во период на интензивни инвестиции во експресната патна мрежа. Освен почетокот на изградбата на експресниот пат Куманово-Страцин како дел од “Планот за раст” заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето во Дневникот на ТВ Сител најави нов тендер за изработка на студии за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево, како и за експресен пат Радовиш-Струмица. Според ...
На 18 јуни 2026 година (четврток), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 58. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка. На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Поширок поглед врз стабилноста на банките: Дали нефункционалните кредити се значајни за земјите во развој?“, од авторите, проф. д-р Бесиме Зибери и д-р Артина Беџети Бафтијари. По презентирањето на трудот e предвидена дискусија. Клубот на истражувачите на ...
Цената на златото денес бележи позитивно движење, покажуваат последните податоци од пазарите за благородни метали. Според објавените показатели на GoldPrice, вредноста на златото изнесува 119,37 евра по грам, што претставува раст од 0,91 поен, односно зголемување од 0,77%. Движењето на златото повторно го привлекува вниманието на инвеститорите, бидејќи благородниот метал традиционално се смета за една од најследените форми на зачувување на ...
Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија Минатата недела како да се споија во ист период три-четири работи коишто ги работиме 10-тина години наназад. I. Инвестициона платформа 1. Премиерот на средбата во Комора со здружението за градежништво и потпретседателите на комората, званично обелодени дека од 1 септември ќе профункционира инвестициониот пакет на кој работиме веќе една година, како заедничко тело на ...
Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, потврди за иранската државна телевизија дека од ноќеска стапува во сила итен и траен прекин на војната и на воените операции на различните фронтови. Тој додаде дека преговорите за конечен договор ќе се водат во текот на 60-дневен период и предупреди дека Техеран ќе преземе мерки во случај на „прекршувања од другата страна“. Постигнатиот договор рано утринава беше објавен од ...
Цените на нафтата денеска забележаа пад на азиските берзи откако беше објавено дека САД и Иран постигнале договор за прекин на воените дејства. Цената на нафтата од типот „Брент“ се намали за 3,8 проценти на азиските берзи, на 84,02 долари за барел, додека американската лесна сирова нафта поевтини за 4,1 процент, на 81,40 долари за барел. За договорот за прекин на огнот првично соопшти Пакистан, кој посредуваше во напорите за ставање крај на ...