„Минералните суровини не се само економско прашање, туку и прашање на национална безбедност, енергетска стабилност и технолошки развој“, вели универзитетскиот професор и претседател на Здружението на металурзи, Горан Начевски во интервју за „а1он“. Според него, Македонија сè уште не е активен играч во глобалната трка за критични минерали, но поседува значајни геолошки потенцијали кои можат да ја позиционираат како регионално важен снабдувач ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа какви се очекувањата за движењето на економијата во делот на БДП, изјави: „Ние остануваме на оние проекции коишто ги имавме, дека ќе биде над 3,5%. Имајќи предвид дека во првиот квартал остваривме раст реален од 3,1%, а со усогласени вредности 3,3%, сезонски усогласени вредности 3,3%, што во однос на бруто ...

Во рамките на меѓународниот симпозиум во организација на Банката за меѓународни порамнувања и Народната банка на Кина, одржан во Шангај, гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески, на покана на гувернерот на Народната банка на Кина Пан Гонгшенг, оствари билатерална средба со својот кинески колега. За време на средбата беа разменети мислења за актуелните светски економски и финансиски текови, како и за предизвиците со кои се соочуваат ...

Иранското Министерство за надворешни работи остро ги осуди американските воздушни напади врз Техеран извршени во текот на ноќта, наведувајќи дека овие напади го направиле договорот за прекин на огнот „практично бесмислен“. Нелегалните и криминални напади на САД во изминатите неколку часа не само што претставуваат флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите нации и основните правила на меѓународното право за почитување на националниот ...

Високите трошоци за живот сè повеќе ги нарушуваат основните социјални и економски права на граѓаните на Европската унија, се наведува во годишниот извештај на Агенцијата на ЕУ за основни права (ФРА), со предупредувања и за сеприсутниот раст на омразата на интернет и проблемите во интеграцијата на странските работници. Директорката на ФРА, Сирпа Раутио, оцени дека граѓаните ширум ЕУ се соочуваат со „секојдневни притисоци поради продолжената ...

Војската на САД синоќа соопшти дека нападнала танкер во Оманскиот Залив кој наводно се обидувал да транспортира иранска нафта. Врз машинскиот дел на бродот „Settebello“, кој пловел под знамето на Палау, било пукано откако екипажот ги игнорирал инструкциите, напиша на Х американската команда ЦЕНТКОМ, која е одговорна за регионот. Британската организација за поморски трговски операции (УКМТО) претходно соопшти дека избувнал пожар во машинскиот ...

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и услови за невреме со ретка појава на град, соопшти УХМР. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец (над 60 km/h), а дневната температура ќе опадне од 6 до 9 степени. Потоа времето ќе биде стабилно, во деновите од ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали денеска ја отворил четвртата седница на Заедничкиот мониторинг комитет за ИПА III, организирана во соработка со Европската комисија и Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија. Во своето обраќање, министерот Сали истакна дека Инструментот за претпристапна помош (ИПА) продолжува да биде еден од најзначајните механизми за поддршка на ...

Фондацијата МК2025 го отвора повикот за стипендии „Таленти денес – лидери утре“ за учебната 2026/2027 година и ги повикува сите амбициозни средношколци од Македонија да аплицираат и да станат дел од новата генерација млади таленти. Повикот е наменет за средношколци кои покажуваат одличен успех, учествуваат на натпревари, имаат љубопитност, идеи, амбиција и желба да се развиваат. Ова е можност за младите кои сакаат да го направат следниот ...

Наводниот недостиг на транспарентност на Европската комисија при набавката на вакцини против Ковид-19 во екот на пандемијата денеска повторно е во центарот на вниманието, кога највисокиот суд на ЕУ треба да се огласи за два поврзани случаи. Во 2024 година, Општиот суд на Европската унија, втор по големина суд во блокот, веќе пресуди дека комисијата не и овозможила на јавноста доволен пристап до договорите за набавка на вакцини, пренесе ДПА. ...

Последиците од ваквото задкулисно носење на законот без јавна расправа ќе бидат катастрофални на секое поле. Први на удар се вработените – повеќе од 10.000 луѓе директно ќе останат без работа, а социјалниот крах ќе погоди над 35.000 граѓани заедно со нивните семејства, кои државата буквално ги тера да се иселат од земјава. Дополнително, со затворањето на легалните објекти кои во моментов се единствената бариера за малолетници, играта се сели ...

Во Собранието денеска ќе заседаваат седум комисии – Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и Законодавно-правната комисија. Пред членовите на ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска оцени дека состојбата со јавниот долг во земјава е стабилна и дека неговото управување е под строг надзор. Таа посочи дека јавниот долг и понатаму се одржува под нивото од 60 проценти од бруто домашниот производ (БДП). Во гостување на телевизија „Телма“, министерката истакна дека клучно е начинот на кој државата се задолжува и дали средствата се насочуваат кон проекти кои создаваат ...

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги потврди кадровските одлуки донесени од Извршниот комитет на партијата, со што Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев стануваат нови членови на највисокото партиско раководство. Од партијата информираат дека промените се дел од процесот на внатрешно реорганизирање и зајакнување на партиската структура, со цел подобра координација и подготовка за идните политички активности. Според ВМРО-ДПМНЕ, ...

На маргините на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, остварија средба со бугарската претседателка Илијана Јотова. Во фокусот на разговорот беа проблемите во билатералните односи, врзани за македонската евроинтеграција. Соговорничките изразија различни ставови за можните решенија за ...

Тројца наши професори се меѓу десетте најцитирани истражувачи од Македонија во областа земјоделски науки и шумарство, информираа од Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, на нивната Фејсбук страница. Тие споделија дека ова претставува признание за научната извонредност на Земјоделскиот факултет при УГД – Штип. – На денешната промоција на проектот „Академско рангирање АРБУ (Academic Ranking of Balkan Universities)“, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп, ги повика републиканците во Конгресот итно да го усвојат предложениот буџетски пакет вреден 350 милијарди долари (Recon 3.0), наведувајќи дека тој план би овозможил значајно зголемување на воените расходи и би вклучил низа мерки кои ги нарече „Закон за спасување на Америка“. Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп оцени дека предложениот пакет е клучен за остварување на воениот буџет од 1,5 ...

Без струја денеска од 7:30 до 15 часот ќе останат корисниците од улицата Покриена чаршија и дел од улицата Ковачка во Стара скопска шаршија. Како што соопшти Регионалнит центар за кризи на Град Скопје, без електрична енергија од 8 до 14 часот ќе останат корисниците од село Рашче, Хлорна станица Рашче, село Бојане, село Копаница, дел од село Кондово и од 8 до 16 часот селата Добрино, Гумалево, Кадина Река, Смесница, Зелениково, Страхојадица, ...

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија од денеска до 13 јуни ќе се одржи 16. Македонска книжевна визита – манифестација со мисија за афирмација на современата македонска литература во Република Бугарија и продлабочување на соработката меѓу македонските и бугарските писатели. На програмата на манифестацијата се заедничко читање на македонска и бугарска поезија, со учество на најистакнати имиња на поетската сцена од двете ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската војска им помагала на нафтените танкери и комерцијалните бродови да поминат низ Ормуската Теснина во она што тој го опиша како „тајна мисија“ за да се одржи отворен клучниот поморски пат, додека тензиите со Иран и воената активност во регионот продолжуваат да ескалираат. Трамп на својата платформа Тruth Social соопшти дека ја наредил операцијата минатиот месец и тврдеше дека ...

Новото истражување на компанијата AirHelp ги откри аеродромите во Европа кои нудат најдобро, но и најлошо искуство за патниците во 2026 година. Според анализата, титулата најдобар европски аеродром ја доби Бодо во Норвешка, кој се издвојува по точноста на летовите, квалитетот на услугите и условите за патниците. Истражувањето опфатило 279 аеродроми од 76 земји ширум светот. Оценувањето се темелело на три главни фактори: навременост на ...

Генералното Собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) денеска ќе одржи седница на која ќе се дискутира за актуелните предизвици со кои се соочуваат општините и активностите на ЗЕЛС во делот на лобирањето за идните заложби на развој на локалната самоуправа. На втората седница на Генералното Собрание на ЗЕЛС ќе бидат разгледании извештаи од работењето на ЗЕЛС. Највисокото тело во ЗЕЛС – Генералното собрание, има вкупно ...

Три нови клинички болници во Штип, Кичево и Тетово, како и систем од клинички болници во Скопје ќе го подобрат македонското здравство, смета премиерот Христијан Мицкоски кој на денешниот брифинг со медиуми најави нови инвестиции во здравството како еден од клучните столбови на државата. Проектите чинат стотици милиони евра и ќе значат модернизирање на здравството, поквалитетни и побрзи услуги за пациентите и олеснување на работата на ...

Изградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце – Крива Паланка, се реализира со вкупен напредок од 36 проценти, а целото железничко поврзување со Бугарија се очекува да биде завршено до 2031 година, изјави денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при увидот во градежните работи на Коридорот 8. Николоски, кој заедно со директорот на МЖ Инфраструктура Синиша ...

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески учествуваше на панел-дискусијата на гувернерите под наслов „Трасирање на идниот развоj” во рамките на меѓународниот симпозиум „Навигација низ светската финансиска неизвесност – развој на финансиските пазари, инвестициските стратегии и меѓународниот монетарен систем“, организиран од Банката за меѓународни порамнувања и Народната банка на Кина во Шангај. Во своето обраќање, гувернерот Славески ...

Цените во САД минатиот месец пораснаа со најбрзо темпо во изминатите три години, соопшти Бирото за статистика на трудот. Стапката на инфлација во мај достигна 4,2 проценти, што е највисоко ниво на индексот на потрошувачки цени од април 2023 година. Повисоките цени на нафтата и гасот, по американско-израелските напади врз Иран придонесоа за зголемувањето на цените. Цените на енергенсите нагло се зголемија поради блокадата на Ормуска Теснина и ...

Управата за игри на среќа на Црна Гора во првите пет месеци од 2026 година собрала вкупно 19,96 милиони евра приходи, што претставува зголемување за 33,69 отсто на годишно ниво, јави црногорската агенција МИНА. Според официјалното соопштение на Управата, резултатот постигнат во мај е особено забележителен, со остварени приходи од 4,38 милиони евра. Оваа бројка претставува скок од дури 81,83 отсто во споредба со истиот месец минатата година, ...

Инвестицијата на „Heidelberger Druckmaschinen“ во ТИРЗ влегува во напредна фаза, со интензивирање на активностите за нејзина реализација и најави за натамошно проширување на соработката, соопштуваат од Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ). – Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ), Гоце Димовски, оствари средба со претставници на германската компанија „Heidelberger Druckmaschinen“, при ...

Македонија е пред ризик да се врати во мрачните деведесетти години, а оние кои сакаат криминално да заработуваат веќе ги тријат рацете. Ова е алармот кој денеска силно одекна од паркот „Жена Борец“, каде Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина (АПИС), поддржани од вработените, одржаа итна прес-конференција пред Собранието, реагирајќи на ставањето ...

Бизнис академија Смилевски – БАС во Битола одржа меѓународна научна конференција посветена на современите менаџерски предизвици и организациските науки, со тематски фокус „Академски и консултантски предизвици за обезбедување организациска виталност“. На свеченото отворање се обратија професот д-р Цветко Смилевски, претседател на програмскиот одбор на конференцијата, професор д-р Гордана Тасевска, директорка на БАС, и доцент д-р Сања Гонгета ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.8
46%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
3.13
72%
1012
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.86
50%
1014
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.09
48%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.3
65%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.69
80%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
0.89
49%
1009
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.31
44%
1012
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.07
49%
1013
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
5.36
64%
1012
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 26ᴼ
4.47
51%
1013
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
2.85
100%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Калај

56.46

Рутениум

53852.50

Паладиум

43499.96

Злато

136962.18

Родиум

274085.11

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.25

Бакар

13.51

Сребро

1994.05

Платина

56135.20

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00