Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, денеска присуствуваше на отворањето на новата фабрика за производство на вафли од брендот „Винчини”, инвестиција на компанијата „Макпрогрес” вредна 8, 5 милиони евра, реализирана во изминатите шест месеци. -Заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, владината делегација, претседателот на Стопанската комора и раководството на компанијата, имавме можност да се запознаеме со ...
Денеска во Клубот на пратеници се одржа Бизнис форумот за одржливост, на кој Клубот на одговорни бизниси на Здружението Конект во партнерство со Министерството за економија и труд на Република Северна Македонија ги додели наградите „Предводници на одржливиот развој”, со кои се одликуваат компании и поединци што со своето работење придонесуваат за одржливо и одговорно општество. Наградите им беа врачени на компаниите: „Халкбанк АД Скопје” – ...
Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја заврши редовната консултација со Република Северна Македонија согласно член IV од Статутот на ММФ, при што даде позитивна оцена за спроведувањето на монетарната политика и за состојбите во финансискиот систем. Во својата оцена, директорите на ММФ истакнуваат дека домашната економија се соочува со неповолни влијанија од светскиот енергетски шок, што претставува ризик за забавување на ...
Иран ги прекинува нападите врз Израел откако даде „болен одговор“ за израелските напади врз Либан, соопшти денеска иранската војска на националното радио, пренесе ДПА. Одлуката следи откако во текот на ноќта и утрово Израел и Иран изведоа повеќекратни напади што претставуваше најсериозната ескалација откако во април стапи на сила прекинот на огнот во војната меѓу САД и Израел против Иран. Иран синоќа лансираше ракети кон Израел, како одговор ...
На денешната седница на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, поминаа предлог законите за користење на енергија од обновливи извори и за изменување и дополнување на законот за возила, во прво читање. Воведно образложение по првиот предлог закон, даде претставникот на Владата, заменик министерот Мирослав Лабудовиќ. – Предлог законот за користење на енергија од обновливи извори воспоставува современа и сеопфатна рамка за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во денешната објава на неговата мрежа Truth Social ги повика Иран и Израел веднаш да ги прекинат обновените меѓусебни напади, пренесе ДПА. „Израел и Иран мора веднаш да престанат да „пукаат“. Претседател ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, наведе тој во објавата. Неговото барање доаѓа откако Иран синоќа го нападна Израел, а Израел утрово возврати. Ова, исто така, следува по телефонското интервју за „Фајненшел Тајмс“ ...
Нова фабрика за производство на вафли од брендот „Винчини“, инвестиција од 8,5 милиони евра пушти во употреба денеска компанијата „Макпрогрес“, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски. Генералниот директор на „Винчини“ Глигор Цветанов информираше дека инвестицијата од 8,5 милиони евра е од сопствени средства и кредити од комерцијалните банки вклучително и дел кредити од унгарската линија која ја обебзеди Владата. – Покрај првичните 40 ...
Центарот на Скопје во саботата беше обоен во боите на радоста, насмевките и позитивната енергија на илјадници луѓе кои заедно испратија моќна порака за здрав живот и грижа за животната средина. Јубилејното десетто издание на настанот „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка донесе рекордни 10.000 пријавени учесници и уште еднаш потврди дека станува збор за еден од нашите најомилени и најмасовни настани во земјата. ...
Малопродажните цени на бензините евросупер БС-95 и евросупер БС-98 од полноќ се намалуваат за 2,00 денара, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари по литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на евросупер БС – 95 ќе биде 86,00 денари, евросупер БС – 98 ќе се продава за 88,00, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 87,00, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 89,00 за литар. ...
Државниот секретар во Министерството за финансии Андриана Матлиоска од 5 до 7 јуни учествуваше на Годишното собрание и бизнис форум на Европската банка за обнова и развој, што се одржа во Рига, Латвија. Годинашното Собрание беше посветено на тема „Од нестабилни до разновидни економиии коишто иновираат во свет што се менува“, на коешто учествуваа владини претставници, финансиски и корпоративни директори, акционерите, партнерите и клиентите на ...
Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8 %, а цените на мало раст од 5.6 %. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во мај во однос на април годинава, изнесува 0.6 %. Во мај 2026 година, во однос на април 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 1.6 %, Облека и обувки, Храна и безалкохолни пијалаци за 1.0 %, Рекреација, спорт ...
Градоначалникот на Општина Виница заедно со пратеничката Даниела Христова, денеска оствари работна средба со заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристевски. – Разговаравме за актуелните економски состојби, можностите за унапредување на локалната економија и поддршката на домашните компании и инвестициски проекти, информира Костадиновски. Според него, во разговорите била истакната важноста од добрата соработка помеѓу локалната и ...
Општина Македонска Каменица најави дека во наредниот период ќе спроведува засилени инспекциски контроли на целата територија на општината, со цел подобрување на јавниот ред, чистотата и заштитата на животната средина. Како што информираа од локалната самоуправа, контролите ќе се реализираат врз основа на повеќе законски прописи, меѓу кои Законот за локалната самоуправа, Законот за комуналните дејности, Законот за јавна чистота, Законот за ...
Канада важи за една од водечките земји во развојот на критични минерали, кои се клучни за електричните возила, обновливите извори на енергија и модерната технологија. Наспроти ваквиот тренд, Македонија сè уште не донела конечна одлука за реализација на проектот „Иловица-Штука“. Според експертите, државата мора да одлучи дали ќе ги искористи сопствените природни ресурси за економски развој или ќе остане набљудувач на глобалните промени. Иако ...
Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека е ставена во целосна борбена готовност и дека започнала нова воена операција насочена кон израелски воени цели, во услови на зголемени тензии меѓу двете држави. Според соопштението на ИРГЦ, воздухопловните сили ја започнале операцијата „Наср“, при што цел на нападите биле стратешките воздухопловни бази „Тел Ноф“ и „Неватим“ во Израел. Од Техеран наведуваат дека акцијата е одговор на ...
Водечките американски берзански индекси ја завршија трговската сесија во црвено, при што технолошкиот сектор претрпе најголеми загуби, а инвеститорите покажаа зголемена претпазливост на пазарите. Најголем пад забележа Nasdaq, кој се намали за 1.121,53 поени или 4,18 проценти, завршувајќи на 25.709,43 поени. Индексот во текот на денот се движеше меѓу 25.648 и 26.572 поени. Индексот S&P 500 падна за 200,57 поени или 2,64 проценти, ...
Во изминатите три дена, ЈП Лајка – Скопје успешно го реализираше „Лајка Фест – Повеќе од настан“, иницијатива која на едно место ги обедини институциите, стручната јавност, граѓанските организации и граѓаните околу едно од најактуелните општествени прашања – проблемот со бездомните кучиња и потребата од хумани, одржливи и системски решенија. Фестивалот започна со панел-дискусија во Собранието на Град Скопје, на која учествуваа претставници ...
Цените на нафтата забележаа значителен раст на светските пазари, при што двата најважни реперни типа нафта остварија скок од повеќе од четири проценти. Северноморската нафта Брент достигна цена од 97,24 долари за барел, што претставува зголемување од 4,15 долари или 4,46 проценти. Во текот на тргувањето нејзината цена се движеше меѓу 95,02 и 97,85 долари за барел. Во исто време, американската лесна сурова нафта WTI за испорака во јули се ...
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, нема друг избор освен да го прифати договорот што САД ќе го постигнат со Иран, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во синоќа објавеното интервју за „Фајненшл тајмс“. „Тој нема никаков избор“, нагласи Трамп. Претходно, американскиот претседател телефонски разговарал со Нетанјаху, објавија израелските медиуми. Американскиот политички портал „Аксиос“ објави дека Трамп пред разговорот изјавил ...
Без електрична енергија деенска од 08.00 до 12.00 часот ќе останат корисниците од улиците Хо Ши Мин, Приштинска, Призренска, Марко Крале, Љубо Петровиќ и Бутелска во Општина Бутел, инвормира РЦУК Скопје. Струја од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од бул. Борис Трајковски – зградите спроти Расадник – Трим и Лум, Елена Лука и други, како и дел од корисниците од ул. Михаил Чаков во општина Кисела Вода. Извор: МИА Без електрична енергија ...
Европската комисија ја предупреди Албанија дека контроверзниот туристички проект во заштитеното подрачје Вјоса-Нарта, кој се поврзува со Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, би можел да влијае врз нејзиниот напредок на патот кон членство во Европската Унија, објави Ора њуз, повикувајќи се на Политико. Предупредувањето доаѓа во период кога во Албанија повеќе дена траат протести против изградбата на луксузен туристички ...
Фирмата која е во фокусот на истрагата поврзана со поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, продолжила да склучува договори со институцијата и по промената на раководството, објави Телма. Според информациите, годинава компанијата добила еден од највредните договори со Царинската управа. Станува збор за јавна набавка за внатрешно одржување на хигиената во деловните објекти на институцијата, чија вредност изнесува околу ...
Во Клубот на пратеници денеска ќе се одржи Бизнис форум за одржливост – Доделување на наградите „Предводници на одржливиот развој“. Настанот го организира Клубот на одговорни бизниси на Конект во партнерство со Министерството за економија и труд на Република Северна Македонија и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во Северна Македонија. Според организаторите на настанот ќе се обратат државниот секретар во Министерство за ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во работна посета на компанијата „Макпрогрес“ во Виница, по повод отворањето на новата фабрика за кондиторски производи – фабрика во рамки на брендот „Винчини“. Како што соопшти владината прес-служба, во рамки на посетата, премиерот Мицкоски ќе оствари работен состанок со менаџерскиот тим на компанијата, на кој ќе се разговара за тековните економски состојби, извозните ...
Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за европски прашања, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за одбрана и безбедност, како и Законодавно-правната комисија. Комисијата за европски прашања ќе го разгледува Предлогот на законот за високи раководители, во прво читање, додека Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе ги ...
PrimeClass.mk организира бесплатен едукативен вебинар за една од најследените компании во глобалната технологија и капиталните пазари. Иван Ивановски,ко-основач на Прајм Капитал, и основач на PrimeClass.mk долгогодишен инвеститор на меѓународните пазари на капитал, ќе одржи бесплатен вебинар посветен на официјалното излегување на SpaceX на берза, тема која сè повеќе го привлекува вниманието на глобалната инвеститорска јавност. Вебинарот е ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на 32. Конгрес на партијата порача дека Македонија се наоѓа пред историска можност за забрзување на европската интеграција, оценувајќи дека актуелната власт нема јасен план за напредок кон Европската Унија и ја обвини за економски застој, слабеење на институциите и зголемена политичка контрола врз правосудството и медиумите. Тој повика на обединување на прогресивните сили против национализмот, популизмот, ...
Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид денеска ги пречека првите 239 патници од Вроцлав, Полска, кои пристигнаа со новата авиолинија на авиокомпанијата Wizz Air. Со ова официјално започна сообраќањето на новата редовна линија меѓу Охрид и еден од најатрактивните полски градови. По повод првиот лет, ТАВ Македонија организираше свечен пречек за патниците, кои беа послужени со традиционално охридско ѓомлезе од хостеси облечени во македонски ...
Единствена Македонија како сериозна и одговорна партија која во основа се бори за одбрана на националните интереси, внимателно го следеше денешниот конгресен говор на лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Од партијата изразуваат жалење што на овој значаен партиски настан Филипче не упатил повик, ниту пак посветил внимание на потребата од донесување заеднички национален документ на сите македонски партии, кој би ги дефинирал виталните национални ...
Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, изнесе обвинувања дека актуелниот градоначалник на општината, Сотир Лукровски, подолг период не се појавува на работното место, иако, како што тврди, му е истечено боледувањето. Според изјавата на Јакимовски, во официјалната документација за боледување стоело дека рокот за враќање на работа бил 30 мај, но од тој датум наваму, како што наведува, градоначалникот не ...