Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, заедно со амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Михалис Рокас и постојаниот претставник на програмата за развој на Обединетите нации (УНПД) Армен Григоријан, извршија увид во активностите за воспоставување на граничниот премин „Маркова Нога“, каде во тек е реализацијата на проектот „Гранична станица Преспанско Езеро: Воспоставување на граничен премин меѓу ...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, порача дека процесот на проширување на Европската Унија повторно добива силен импулс, посочувајќи ја Црна Гора како најсериозен кандидат за следна членка на европското семејство. Говорејќи по Самитот ЕУ – Западен Балкан, Кошта нагласи дека иднината на регионот е неразделно поврзана со Европската Унија и оцени дека Црна Гора бележи значителен напредок на патот кон полноправно членство. „Веќе ...

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска го одби предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за директни преговори за завршување на војната, истакнувајќи оти таква средба „нема цел“. Тој на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург истакна дека Зеленски вчера му испратил „грубо“ писмо, особено по нападот врз студентскиот дом во Луганск, при што загинаа 21 човек. Путин претходно му понуди на Зеленски средбата да се ...

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево се сретна со претставници на стопански комори и на градежни компании за реализација на капитални проекти. -По интензивната агенда во Тиват утрово и можноста за средби со лидерите на ЕУ, директно на средба со стопански комори каде разговараме со градежните компании и нивниот интерес за учество во реализација на капиталните проекти во државата, пишува Мицкоски на својот ФБ профил. сст/ Фото ФБ Христијан ...

Општина Дојран објави повик со кој бара организатор на културно лето, манифестација која ќе обезбеди културни и забавни случувања во период од два месеци во текот на летната сезона. Во јавниот повик објавен на општинската веб страна е наведено дека се бара заинтересирано правно лице или здружение на граѓани со кое ќе се склучи меморандум за организирање на манифестацијата со назив ,,Дојранско културно лето-Дојрански ракувања”. Настаните е ...

Најголемата и најпозната криптовалута во светот, биткоинот, денеска се соочи со нов бран на продажба, при што неговата вредност значително се намали во однос на претходните рекордни нивоа. Во текот на тргувањето, цената на биткоинот накратко падна под прагот од 60.000 долари, пред повторно да се стабилизира околу нивото од 62.000 долари. И покрај делумното закрепнување, криптовалутата останува далеку под своите историски максимуми. Новиот ...

Унгарската влада следната недела ќе достави пакет законски предлози неопходни за обезбедување пристап до околу 16,95 милијарди евра од европските фондови, потврди денеска премиерот Петер Маѓар. Во објава на социјалните мрежи по владината седница во Будимпешта, Маѓар соопшти дека кабинетот одлучил да започне итна ревизија на јавните набавки за апарати за механичка вентилација набавени за време на пандемијата на Ковид-19. Според него, овие ...

Европската Унија мора јасно да покаже дека има политичка волја и дека е подготвена за проширувањето, кое веќе со години доцни, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц на Самитот ЕУ – Западен Балкан во црногорскиот град Тиват. Мерц информираше дека за следните конкретни чекори за влез на земјите од Западен Балкан во Унијата веќе разговарал и со францускиот претседател Емануел Макрон. Според германскиот канцелар, овој дел од Европа во ...

Рудник Саса и оваа година го одбележа 5 Јуни – Светскиот ден на животната средина (World Environment Day 2026), реализирајќи нова едукативна и еколошка иницијатива под мотото „Пријатели на биодиверзитетот – Чувари на природата и климата“ (#3BBuddies; #BeesBugsBirdsGuardians; #SasaForNature; #WorldEnvironmentDay), насочена кон подигнување на јавната свест за значењето на биолошката разновидност, зачувувањето на природата и потребата од ...

Со официјално претставување на историско катче кое содржи медицинска апаратура што се користела меѓу двете светски војни денеска Лекарската комора одбележува 34 години постоење. Медицинската опрема е донација од семејството Србјак, кое е потомок на Ѓорѓи Дудев кој како доктор работел во Прилеп и е еден од првите организатори на здравствениот систем во Македонија. – Колегата оставил за себе апаратура која ние со гордост ја прикажавме денес. ...

Граѓаните кои утре планираат да се движат низ централното градско подрачје треба да сметаат на привремени ограничувања и пренасочување на сообраќајот поради одржување на ревијална трка во Скопје. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во сабота, 6 јуни, во периодот од 17 до 18 часот ќе биде воведен посебен режим на сообраќај со цел безбедно одвивање на спортскиот настан. Трасата на трката ќе започне кај Порта Македонија, а ...

Голем дел од компаниите со седиште во Европската Унија кои имаат деловни активности на Куба забрзано си заминуваат од оваа карипска држава поради новите, поостри санкции од САД што стапија во сила денеска, пренесува бриселскиот портал „Политико“. Според медиумот, европските фирми кои ќе одлучат да останат на островот се соочуваат со висок ризик од замрзнување на нивниот имот или од целосно исклучување од американскиот финансиски систем. Меѓу ...

Поголемиот дел од водечките азиски берзански индекси денеска ја завршија трговската сесија со пад, додека инвеститорите остануваат претпазливи поради неизвесностите на глобалните финансиски пазари и очекувањата поврзани со економските политики на најголемите светски економии. Најголем пад меѓу следените пазари забележа индонезискиот индекс IDX Composite, кој потона за 3,92 проценти и тргувањето го заврши на 5.610,80 поени. Овој пад е ...

Соединетите Американски Држави најавија значителна промена во својата енергетска стратегија, планирајќи инвестиции од стотици милиони долари за обнова на индустријата за јаглен, вклучувајќи и изградба на нови енергетски капацитети, кои би биле први такви проекти во земјата по повеќе од една деценија. Американскиот претседател Доналд Трамп во Овалната соба потврди дека за оживување на овој сектор ќе бидат издвоени 700 милиони долари. Според ...

Јапонското Министерство за индустрија денеска предложи замена на два до пет застарени нуклеарни реактори до 2040-тите и вкупно 11 до 14 до 2050-тите години. Министерството за економија, трговија и индустрија ги претстави целите на состанокот на министерскиот панел, со намера да ги поттикне инвестициите и да обезбеди доволен број персонал во нуклеарната индустрија, пренесува Кјодо. Агенцијата додава дека планот е објавен во момент кога ...

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изјави дека проектот за брз автобуски превоз (БРТ) повторно е ставен во фокусот и дека се создадени услови за негово придвижување по подолг период на застој. На прес-конференција посветена на инфраструктурните инвестиции, Ѓорѓиевски истакна дека Владата и меѓународните финансиски институции обезбедуваат поддршка за реализација на проекти ...

Заменик-министерот за енергетика, рударство и минерални суровини Мирослав Лабудовиќ учествуваше на Енергетскиот форум на Енергетската заедница во Атина, каде што беше дел од панел-дискусиите посветени на интеграцијата на пазарите на електрична енергија и продлабочувањето на енергетската соработка со Европската Унија. Во своето обраќање, Лабудовиќ го презентираше напредокот што Македонија го постигнува во усогласувањето на националното ...

Ји Хе, ко-извршен директор и коосновач на Binance, е вклучена на годишната листа “Most Powerful Women in Business” на магазинот Fortune за 2026 година, станувајќи првиот лидер од крипто-индустријата што се најде на оваа глобална ранг-листа. Ова признание ја позиционира меѓу 100-те највлијателни жени – лидери во светот на бизнисот и претставува значаен момент за индустријата на дигитални средства, која сè повеќе станува интегриран дел од ...

Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески, во рамките на Годишното собрание на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), коешто се одржува во Рига, оствари работна средба со директорот на ЕБОР за Југоисточна Европа, Гжегож Желињски. На средбата присуствуваше и Фатих Туркменоглу, постојан претставник на ЕБОР во нашата земја. Во текот на разговорите беше истакната досегашната соработка меѓу Народната банка и ЕБОР преку поддршката на ...

Заштитата на животната средина е легитимна и неопходна цел, но дел од јавните дебати околу рударството сè почесто се претвораат во целосно отфрлање на секоја инвестиција без разлика на технологијата, стандардите и економските придобивки. Во исто време, Европската Унија работи на нови политики за критични минерали и ги охрабрува земјите да развиваат сопствени капацитети за снабдување со суровини. Македонија, како земја кандидат, се очекува ...

Шпаркасе Банка АД Скопје ја проширува својата продажна мрежа со отворањето нова експозитура во Шопинг центар Сарај, на ул. „2“ бр. 6 во Скопје. Експозитурата е отворена за клиентите секој работен ден, од понеделник до петок, во периодот од 08:00 до 16:00 часот. Со новата локација во Сарај, Шпаркасе Банка продолжува да инвестира во унапредување на достапноста на своите производи и услуги, обезбедувајќи современо и квалитетно банкарско ...

Комесарот за транспорт на Европската Унија, Апостолос Цацикостас, изјави денес дека засега нема знаци за недостиг на авионско гориво во Европа во наредните месеци, и покрај отежнатиот транспорт на нафта преку Ормуската Теснина. Тој рече дека моментално нема проблеми со снабдувањето со млазно гориво во Европа и дека не се очекува недостиг во блиска иднина. Според него, најзагрозени се регионалните аеродроми, а главната загриженост произлегува ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, им додели 30 пехари и симболични награди на победниците на Пензионерските спортски игри 2026, кои се натпреваруваа во пет дисциплини : пикадо, табла, домино, фудбал и кошарка, во машка и женска конкуренција. „Честитки до нашите пензионери за спортскиот дух и ентузијазмот што ги покажаа на овие игри. Ова е уште еден успешен проект посветен на активниот живот, рекреацијата и дружењето на ...

Златото ја завршува неделата под притисок, откако цените на благородниот метал забележаа намалување поради зголемените очекувања дека американската централна банка ќе продолжи со рестриктивната монетарна политика. Инвеститорите внимателно ги следат сигналите што доаѓаат од Федералните резерви на САД, особено по најавите дека каматните стапки би можеле да останат на повисоко ниво подолг временски период со цел да се задржи инфлацијата под ...

Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП Групацијата, продолжуваат да бележат рекордни нивоа на двоцифрен пораст на бројот на патници. Во првите пет месеци од 2026 година, во периодот јануари – мај, двата македонски аеродроми опслужија 31,2% повеќе патници отколку во истиот период во 2025 година, или вкупно 1,6 милиони патници (1.580.932), ...

Бизнис магазинот „Форбс“ проценува дека американската поп суперѕвезда Тејлор Свифт стана најбогатата музичарка во историјата со богатство од 2 милијарди долари, што претставува зголемување од 100 проценти во споредба со 2024 година. Свифт (36) го доби статусот на милијардерка во 2024 година благодарение на нејзината турнеја „Eras Tour“. „Форбс“ ја нарече Свифт еден од најкомерцијално успешните текстописци на сите времиња. Во 2020 година, ...

Македонскиот бренд за рачно изработени и персонализирани патики и облека, RVR Brand, стои зад уникатниот дизајн на боксерските патики со кои македонскиот борец Гого Славески ја забележа својата најнова победа во BKFC (Bare Knuckle Fighting Championship). Станува збор за специјално изработен модел на Rudis International боксерски патики, кои за првпат добија целосен performance custom дизајн од RVR Brand. Идејата за темата „Тивко е на ножот“ ...

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 05 јуни 2026 просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 114,92 евра/mwh, додека на MEMO цената е 102,73 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 71,19 евра за мегават час, а на MEMO 36,75 евра. Цена на Storage MAX, индекс кој ја покажува ...

Недостигот на стручен кадар сè почесто се наметнува како едно од клучните прашања за идниот развој на индустријата, особено во секторите каде што практичното знаење, техничките вештини и директното искуство се незаменлив дел од професионалната подготовка. Според податоците на European Training Foundation, младинската невработеност во Македонија во 2024 година изнесувала 29%, додека 22,6% од младите биле надвор од образование, вработување или ...

Македонскиот ИКТ сектор продолжува да биде еден од најсилните двигатели на економскиот раст во државата, достигнувајќи вкупни приходи од 1,77 милијарди евра во 2025 година и извоз од 676 милиони евра, покажуваат податоците презентирани на првиот македонско-грчки „Digital Bridge & Business ICT Forum“, организиран од МАСИТ и грчката асоцијација SETPE, информира денеска МАСИТ во соопштение што МИА го пренесува интегрално. „Анализата на ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.91
48%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.68
73%
1012
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.8
55%
1014
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.5
54%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
68%
1013
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.5
80%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
2.8
49%
1009
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
0.75
46%
1012
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.14
50%
1013
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
5.36
67%
1012
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 25ᴼ
5.81
54%
1013
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
2.5
95%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Родиум

274085.11

Злато

136962.18

Платина

56135.20

Алуминиум

3.25

Паладиум

43499.96

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Калај

56.46

Сребро

1994.05

Кобалт

56.29

Бакар

13.51