Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Скопје вчера беше домаќин на второто издание на Croatia осигурување бизнис трка 5K, најмасовната корпоративна спортско-рекреативна манифестација која на едно место обедини повеќе од 50 компании, институции и организации од Македонија. На кејот пред Acibadem Sistina, 750 вработени од финансискиот сектор, ИТ индустријата, телекомуникациите, фармацијата, логистиката, производството, јавните институции, дипломатските претставништва и невладиниот ...
Германија и Франција се подготвени да лансираат нова иницијатива насочена кон забрзување на процесот за пристапување во Европската Унија за земјите од Западен Балкан и за Молдавија, нудејќи им придобивки од подлабока интеграција уште пред полноправно членство. Предлогот, претставен во заеднички документ за позиција во кој ДПА имала увид, повикува земјите кандидатки да добијат награди за исполнувањето на пристапните критериуми, вклучувајќи и ...
Македонија направи значаен чекор на меѓународен план откако доби место во Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) за мандатниот период 2027–2029 година. На гласањето во седиштето на ОН во Њујорк, кандидатурата на земјата доби силна поддршка од државите членки, што се оценува како важна потврда за меѓународниот углед и активностите на македонската дипломатија во последните години. Премиерот Христијан Мицкоски ја поздрави ...
Стефан Богоев е македонски политичар, економист и поранешен градоначалник на Општина Карпош, кој во јавноста стана познат како еден од најмладите градоначалници во земјата. Во својата кариера бил пратеник во Собранието, градоначалник на Карпош, потпретседател на СДСМ и директор на Царинската управа. Богоев е роден во Скопје во 1989 година. Дипломирал на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, на насоката бизнис администрација и финансии. Во ...
Во Тиват денеска ќе се одржи Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на Европската Унија и Западен Балкан“, а главна тема ќе биде проширувањето на Унијата. Со собирот ќе претседава претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта, кој претходно ги посети земјите од регионот, додека домаќин е претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. На Самитот ќе присуствуваат и претседателката на Европската комисија, ...
„Од диплома до компетенции: новата улога на универзитетите преку поврзување на академијата и економијата“ е наслов на конференцијата, што ќе се одржи денеска во организација на Стопанската комора на Македонија. Конференцијата, како што се наведува во соопштението на Комората, има цел да отвори национален и регионален дијалог за трансформација на високото образование во функција на економскиот развој, конкурентноста, иновациите, задржување на ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе учествува на Самитот Европска Унија – Западен Балкан кој ќе се одржи во Тиват, во Црна Гора. Самитот, како што соопштуваат од Владата ќе се одржи во хотелот „Regent Porto Montenegro”, каде што лидерите ќе разговараат за актуелни прашања поврзани со европската интеграција на земјите од регионот и соработката со Европската Унија. По завршувањето на Самитот во 15:30 часoт е предвидена заедничка прес- ...
Собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање денеска ќе одржи јавна расправа на тема: „Реформски пакет на Предлог закони за дигитална трансформација на Република Северна Македонија“. На Јавната расправа ќе се дебатира за Предлог на законот за електронските комуникации, Предлог на законот за безбедност на мрежни и информациски системи, Предлог на законот за архивски материјал и архивска ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на следната недела ќе ги објави имињата на компаниите кај кои инспекциските контроли откриле неправилности во декларирањето на млечни производи. Станува збор за вкупно десет оператори со храна, од кои осум се домашни компании, а две се увозници. Директорот на АХВ, Оливер Миланов, информираше дека анализите покажале разлики помеѓу податоците наведени на декларациите и реалниот состав на ...
Успешно заврши првиот македонско-грчки „Digital Bridge & Business ICT Forum“, кој денеска во Скопје обедини повеќе од 130 претставници на компании, институции и организации од Северна Македонија и Грција, со фокус на создавање нови деловни партнерства, размена на знаење и отворање можности за заеднички настап на регионалните и европските пазари. Во рамки на форумот беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу МАСИТ и грчката асоцијација ...
Со свечена церемонија на плоштадот „Скендербег“ денес официјално е отворен Албанскиот саем на книгата – Скопје 2026, во организација на Општина Чаир и Институтот за книга и промоција од Тирана. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, како што се наведува во општинското соопштение, во обраќањето пред присутните истакна дека саемот претставува значаен момент за афирмација на албанскиот јазик, културата и книгата во јавниот простор. Изет ...
Четири лица го загубија животот во пад на мал авион во областа Кампанож, во близина на спортски аеродром во Хрватска, пренесува Н1 Хрватска. Според информации од теренот, несреќата се случила кога леталото се урнало во непосредна близина на Медулин. Командантот на Противпожарната служба на градот Пула, Ивица Ројниќ, потврдил дека сите четири патници во авионот се загинати. Според неофицијални податоци, станува збор за мал германски авион кој ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) следната недела ќе ги објави имињата на компаниите кај кои биле утврдени неправилности при декларирањето на млечни производи, најави директорот на институцијата, Оливер Миланов. Станува збор за вкупно десет оператори со храна, од кои две се увозни компании, а осум се домашни производители. Кај нив, според АХВ, се утврдени отстапувања меѓу декларираниот и реалниот состав на производите, што укажува на ...
Денес во Музејот на македонската борба во Скопје се одржа првата јавна расправа посветена на изработката на Националната стратегија за развој на туризмот на Република Северна Македонија за периодот 2027–2032 година. На настанот се обрати министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој истакна дека започнувањето на процесот на подготовка на новата Национална стратегија претставува значаен чекор кон создавање современ, одржлив и конкурентен ...
Комисијата за хартии од вредност (КХВ) денеска ги додели Годишните награди за млади истражувачи за 2026 година, кои се доделуваат по седми пат во рамки на Kонкурсот за најдобри научноистражувачки трудови од областа на пазарот на капитал. Добитник на првата награда е авторот Горан Христовски за трудот со наслов „Динамична поврзаност на источноевропските пазари на капитал: пристап на проширена заедничка поврзаност“. Трудот, како што ...
Со одлука на турскиот министер за правда Акин Гурлек, Турција ќе формира 140 нови судови со цел да ја зголеми ефикасноста на правосудниот систем и да го скрати времето потребно за разгледување на предметите на граѓаните, јави ТРТ Хабер, повикувајќи се на изјава на министерот. „Под водство на нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган, со цел поефикасно и побрзо обезбедување правосудни услуги за нашите граѓани, како и за поттикнување ...
Поголем дел од азиските берзански индекси денеска забележаа пад под влијание на претпазливоста кај инвеститорите и неизвесноста на глобалните финансиски пазари. Најголем пад меѓу водечките индекси забележа Hang Seng од Хонг Конг, кој се намали за 379,81 поени или 1,48 проценти, затворајќи на ниво од 25.253,40 поени. Во негативна зона се најде и кинескиот FTSE China 50, кој изгуби 190,88 поени или 1,17 проценти, завршувајќи на 16.181,07 ...
Скопје, 4 јуни 2026 (МИА) – До крајот на тековната година не е предвидено издавање нова еврообврзница. Сè што било предвидено во Буџетот за 2026 година при неговото усвојување, со цел обезбедување средства за покривање на постоечките долгови, веќе е реализирано. Останува само да се обезбедат средства за финансирање на буџетскиот дефицит до крајот на годината, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. „Според буџетските ...
Управата за јавни приходи (УЈП) ја отвора третата фаза од проектот за воведување на системот за е-фактура, во рамки на која се овозможува тестирање преку нова веб-апликација наменета за компаниите. Целта на оваа фаза е да се обезбеди практична тест-околина во која деловните субјекти ќе можат да ги испробаат сите клучни функционалности на системот, вклучувајќи креирање, испраќање, прифаќање, одбивање и сторнирање на електронски фактури. ...
Цените на нафтата на светските берзи утрово забележаа благо намалување, откако во претходните денови беа во нагорен тренд. Инвеститорите и понатаму внимателно ги следат случувањата на Блискиот Исток, каде што геополитичките тензии продолжуваат да создаваат неизвесност на енергетските пазари. Референтната нафта „Брент“ се тргуваше под нивото од 97 долари за барел, додека американската сурова нафта WTI се движеше околу 95 долари за барел. ...
Градежништвото останува еден од најсилните двигатели на домашната економија, што јасно го потврдуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика за првиот квартал од 2026 година, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според статистичките податоци градежниот сектор во првиот квартал годинава бележи раст од 7,2 проценти во споредба со истиот период минатата година. Овие бројки, истакнува ...
Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески учествуваше на Регионалниот семинар „Kриптосредства и дигитални пари“, којшто се одржа во Приштина, во организација на Централната банка на Косово, каде што гувернери, претставници на централни банки, регулатори и финансиски експерти од регионот разменија мислења за современите предизвици и можности поврзани со дигитализацијата на финансискиот систем. Во рамките на панел-дискусијата посветена ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, најави дека ќе присуствува на Самитот на Г-7 што од 15 до 17 овој месец ќе се одржува во Франција. Трамп преку својата платформа „Truth Social“ соопшти дека во Франција ќе отпатува веднаш по настанот на 14 јуни во Белата куќа, огранизиран по повод неговиот 80-ти роденден на кој, како што најави, ќе бидат организирани и професионални ММА борби. Самитот на групата Г-7 годинава ќе се одржи во бањското ...
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – април 2026 во однос на истиот период од 2025 година се намалил за 3.0 %. Во април годинава, пак, споредено со април лани, бројот на работниците е намален за намален за 2.3 %, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.8 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.2 %, а се зголемил во секторот Снабдување со ...
Иран вчера тврдеше дека нема „никаков конкретен напредок“ во преговорите со Соединетите Држави за завршување на војната на Блискиот Исток, додека нападите повторно се интензивираат во областа на Персискиот Залив. – Разменети се пораки за потребата од прекин на агресијата врз Бејрут, но во преговарачкиот процес не е остварен никаков конкретен напредок – изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, мислејќи притоа на ...
Во Министерството за образование и наука денеска ќе бидат потпишани договори за 14 заеднички научно-истражувачки проекти на Македонија и Австрија во области со развоен потенцијал. Проектите, како што информираат од МОН, се дефинирани во Стратегијата за паметна специјализација на државата. На потпишувањето на договорите најавено е обраќање на министерката за образование и наука Весна Јаневска. Во Министерството за образование и наука денеска ...
Над 100 претставници на технолошки компании, институции и организации од државава и од Грција денеска на форум во Скопје ќе разговараат за можностите за конкретна соработка, заеднички проекти и настап на регионалните и европските пазари. „North Macedonia – Greece Digital Bridge & Business ICT Forum“ го организира Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ во соработка со грчката асоцијација SETPE. Според ...
Агенцијата за храна и ветеринарство денеска организира настан на кој ќе ги одбележи 15- годиншнината од основањето и 7 јуни – Светскиот ден на безбедноста на храната кој годинава се одржува под мотото „Од товар до решенија – Безбедна храна насекаде“.. На настанот, посветен на унапредувањето на системот за безбедност на храната, здравјето и благосостојбата на животните и заштитата на јавното здравје, како и на промовирање на современи ...
Европската Унија најави нова инвестиција од 92 милиони евра насочена кон развој на современ систем за набљудување на океаните, со кој треба да се подобри безбедноста на морските патишта, заштитата на критичната инфраструктура и следењето на промените во морската средина. Проектот е дел од пошироката стратегија на Брисел за зајакнување на европските капацитети во областа на поморската безбедност и научните истражувања. Според европските ...
По 30 дена притвор добија ексдиректорот на Царина Стефан Богоев и уште тројца осомничени за злоупотреба при јавна набавка за чистење на граничните премини и за поткуп од 1.800 евра. „Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) за определување мерка против 4 лица за кои постои основано сомнение дека сториле ...