Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, изнесе обвинувања дека актуелниот градоначалник на општината, Сотир Лукровски, подолг период не се појавува на работното место, иако, како што тврди, му е истечено боледувањето. Според изјавата на Јакимовски, во официјалната документација за боледување стоело дека рокот за враќање на работа бил 30 мај, но од тој датум наваму, како што наведува, градоначалникот не ...

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) потсетува дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата на патарини, почнувајќи од 15 јуни годинава лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за корисници на електорнски тагови. Со наведената измена, вршењето на наплата со MCard на овие ленти се укинува, а корисниците кои користат MCard ќе ја реализираат наплатата на останатите достапни ленти на ...

Во завршна фаза е реконструкцијата и проширувањето на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид. За околку два месеци, ќе добиеме целосно нов модерен аеродром, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска заедно со директорот на ТАВ, Неџат Курт, извршија увид во градежните работи. Вицепремиерот Николоски истакна дека оваа модернизација на охридскиот аеродром е за прв пат од неговата изградба ...

Целосна дигитализација на системот на издавање и контрола на лиценци што ги издава државата преку систем на СМАРТ лиценци претстави денеска Министерството за дигитална трансформација. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска на брифинг со медиумите посочи дека моделот овозможува лесна и брз проверка на валидноста на издадените лиценци преку систем што содржи електронско барање, електронски регистар, QR проверка, ...

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска ќе одржи брифинг за медиумите на кој ќе го претстави системот за издавање СМАРТ лиценци, наменет за лиценцирање субјекти кои вршат јавни овластувања – со пилот лиценци за даватели на квалификувани доверливи услуги. Системот, како што информираат од Министерството, содржи електронско барање, електронски регистар, QR проверка, транспарентност и проверлива трага. На средбата ќе ...

Одбраната на Стефан Богоев поднела предлог за гаранција во висина од 60.000 евра со цел тој да се брани од слобода во рамки на истрагата што се води против него. Според информациите објавени во медиумите, во жалбата доставена до судот се наведени аргументи со кои се оспоруваат причините поради кои на Богоев му беше определена мерка притвор. Одбраната смета дека не постојат основи за опасност од бегство ниту можност за влијание врз сведоци во ...

Германија се соочува со највисоко ниво на сиромаштија во последните години, покажуваат најновите податоци на германските социјални организации и Федералниот завод за статистика. Според извештајот на Германското здружение за социјална еднаквост, дури 13,3 милиони жители моментално живеат во сиромаштија или се изложени на ризик од сиромаштија, што претставува 16,1 проценти од вкупното население. Податоците покажуваат дека бројот на лица ...

Граѓаните на Косово денеска излегуваат на парламентарни избори, трети по ред во последните 16 месеци, во обид да се надмине институционалниот застој што ја потресува земјата веќе подолг период. До новото гласање дојде откако политичките партии не успеаја да обезбедат потребно мнозинство за избор на нов претседател на државата по истекот на мандатот на претседателката Вјоса Османи. Неуспешните преговори доведоа до распуштање на парламентот и ...

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска во Скопје ќе го одржи 32. Конгрес кој е посветен на финализирањето и усвојувањето на новата идеолошка платформа и програмска рамка на партијата, документи кои треба да ги дефинираат идните политички насоки и приоритети на партијата. Конгресот, како што информираат од партијата, ќе се одвива во два дела – отворен и работен. Во рамки на отворениот дел ќе се обрати претседателот на СДСМ, ...

Криптовалутите денеска бележат позитивни движења, при што најголемите дигитални средства остварија значителен раст и ја вратија довербата кај инвеститорите по периодот на нестабилност на пазарот. Најголемата светска криптовалута, Биткоин, се искачи на 62.244 долари, што претставува дневен раст од 2,06 проценти. Со ова, биткоинот повторно ја надмина психолошката граница од 62.000 долари и го привлече вниманието на инвеститорите кои внимателно ...

Мнозинство британски граѓани не сакаат да ги поништат правилата за Брегзит, покажува новото истражување спроведено од организацијата „Britain Unbound“ во соработка со YouGov. Според тоа истражување, околу 60 отсто од испитаниците изјавиле дека не би биле подготвени да се откажат од дел од законодавниот суверенитет заради поблиска економска соработка со ЕУ. Околу 27 отсто од анкетираните изјавиле дека би прифатиле таква размена, додека 14 ...

Општина Струмица продолжува со уредување на руралната патна инфраструктура. Денеска, градежна механизација беше ангажирана на тампонирање и одржување на полските патишта во населеното место Куклиш, со што директно се олеснува пристапот до земјоделските површини за локалните земјоделци, соопштија од локалната самоуправа. Се наведува дека во рамките на овие активности екипите на терен извршиле порамнување и тампонирање на клучни земјоделски ...

Интересот за финалната серија во НБА лигата достигна рекордни размери, а цените на билетите за натпреварите во легендарната сала „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк рушат досегашни рекорди. Според податоците од платформите за продажба на билети, најевтиниот билет за третиот натпревар од финалната серија чини 11.461 долар, додека за четвртиот меч навивачите треба да издвојат најмалку 13.065 долари. Тоа значи дека љубителите на кошарката кои ...

Кувајт ги осуди како „опасна ескалација“ иранските напади извршени врз цели на негова територија и во Бахреин. Во соопштението на кувајтското Министерство за надворешни работи се наведува дека нападите претставуваат „директна закана за животите на граѓаните“. Според Кувајт, дејствијата на Иран се сериозна ескалација на тензиите во Персиски Залив и ги кршат основните принципи на меѓународното право. Овие напади претставуваат опасна ескалација ...

Долго време во општеството е отворено прашањето што треба државата да стори за да се намали бројот на обложувалници, автомат-клубови и казина. Од една страна државната каса на годишно ниво инкасира повеќе од 350 милиони евра, но од друга страна различните политички структури кои владеат во последните десетина години, се под притисок на критичката јавност која бара целосно затворање на игрите на среќа и „продавниците“ за брзи кредити. ...

Околу 35 отсто од албанските граѓани или секој трет не можат да си дозволат основни трошоци како што се наем, сметки за комунални услуги, еднонеделен одмор далеку од дома или купување нова облека. Податоците на Евростат покажуваат дека Албанија останува меѓу земјите со највисоко ниво на материјална и социјална немоќ во Европа. Неможноста да се си дозволат овие трошоци ги одразува економските тешкотии со кои се соочуваат многу албански ...

Туристичкиот сектор во Европската Унија ја започна 2026 година со позитивни резултати, покажувајќи дека интересот за патувања и понатаму останува висок. Според најновите статистички податоци, во првиот квартал од годинава биле регистрирани повеќе од 471 милион ноќевања во хотелите, апартманите и останатите сместувачки капацитети низ земјите-членки на ЕУ. Во споредба со истиот период лани, тоа претставува раст од 3,4 проценти, што е уште еден ...

Енергетската сигурност, забрзаната зелена транзиција и регионалното поврзување беа во фокусот на обраќањето на заменик-министерот за енергетика, рударство и минерални суровини Мирослав Лабудовиќ на XXIII Конференција на парламентарните комисии за европска интеграција и европски прашања (КОСАП), што се одржа во Струга. Обраќајќи се пред претставници на институции и парламентарни тела од земјите од Југоисточна Европа, Лабудовиќ истакна дека ...

Судбината на проектот „Иловица-Штука“ предолго останува заглавена во статус кво состојба, додека Македонија губи време, инвестиции и можности за економски развој. Ние, локалните жители обединети во Граѓанската иницијатива „И Здравје и Работа“ сметаме дека е време институциите конечно да го завршат процесот и да донесат одлуки врз основа на законите, науката и стручните анализи. Доколку проектот „Иловица-Штука“ ги исполнува законските услови, ...

На првиот кат во Етнокуќата во Кочани синоќа беше отворена изложбата на изработки од обуката за ткаење на вертикален разбој, реализирана пролетва од Здружението „Синтезис“ и Општина Кочани. Во витрините на Етнокуќата се изложени и ткаени, плетени, везени и шиени предмети позајмени од кочанци – сведоштво на богатата локална етнолошка ризница, како и нови изработки со современ уметнички израз. Пред присутните, учесничките во обуката и ...

Седумнаесеттото стручно советување за подземна и површинска експлоатација на минерални суровини ќе се одржи на 30 и 31 октомври 2026 година во Охрид. Скопје, јуни 2026 – Отворен е повикот за пријавување научни и стручни трудови за XVII-то стручно советување со меѓународно учество од областа на подземната и површинската експлоатација на минерални суровини, ПОДЕКС-ПОВЕКС 2026. По успешното минатогодишно издание, годинава се очекува уште ...

Тргувањето на Македонската берза во првата недела од јуни донесе вкупен промет од над 91,6 милиони денари во редовното тргување, покажуваат официјалните податоци за периодот од 1 до 5 јуни 2026 година. Во текот на петте работни дена биле реализирани 409 трансакции, при што биле истргувани вкупно 49.527 хартии од вредност. Најголем интерес кај инвеститорите предизвикале акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Македонски Телеком, кои го ...

Оваа награда не е само лично признание, ами признание за еден пат, за години поминати во театарот на сцена, меѓу сценографии, режисери, деца, млади.. По професија сум архитект, но судбината ме однесе на сцената која секогаш ми беше простор да се исполни со идеја, со емоции, со светлина. Имав чест да создадам светови што траеја кратко на сцената, но долго остануваа во сеќавање на публиката. Посебно место во мојот живот има Театарот за деца и ...

Повеќе од 14 500 матуранти се пријавени за полагање на матурата и денеска ќе го имаат првиот екстерен испит, кој е изборен за кандидатите. Задолжителниот екстерен испит (мајчин јазик и литература) матурантите ќе го полагаат на 11 односно на 12 јуни. Во согласност со измените на Законот за средното образование, оваа година првпат се полагаат три типа матурски испит според видот на образование – државна матура, државна стручна матура и државна ...

Технолошкиот гигант Amazon најави нова фаза од автоматизацијата на својата европска логистичка мрежа, претставувајќи напреден робот со вештачка интелигенција кој може самостојно да извршува задачи и да реагира на едноставни гласовни команди. Проектот е дел од инвестициски план вреден околу 10 милијарди евра, насочен кон модернизација на магацините, забрзување на испораките и зголемување на ефикасноста на работењето низ Европа. Новиот робот, ...

Пазарот на злато изминатата недела беше обележан со значителни ценовни промени, покажувајќи дека благородниот метал сè потешко ја задржува улогата на стабилно засолниште за инвеститорите во време на неизвесност. Во периодот од 29 мај до 5 јуни, цената на златото беше под силно влијание на геополитичките случувања, движењата на нафтата и очекувањата поврзани со каматните стапки во САД. Овие фактори предизвикаа чести промени во расположението ...

Ситуацијата на Блискиот Исток повторно се влошува откако САД и Иран извршија нова размена на воени удари, дополнително ставајќи го на тест веќе кревкиот прекин на огнот меѓу двете земји. Американската војска соопшти дека пресретнала и соборила четири ирански беспилотни летала кои биле насочени кон Ормутскиот Теснец. Според американските власти, дроновите претставувале директна закана за безбедноста на поморскиот сообраќај во регионот. По ...

ЈП Лајка денеска и утре организира дводневен едукативно-забавен настан Лајка-Фест во Градски парк – Скопје, посветен на вдомување, одговорно сопствеништво, едукација и заедништво помеѓу граѓаните и животните. Како што информираат од ЈП Лајка, во рамки на фестивалот присутните ќе имаат можност да уживаат во зона за вдомување и привремено згрижување, едукативна зона за одговорно сопствеништво, зона за обука и дресура, детска зона со ...

Премиерот Христијан Мицкоски ќе го посети Институтот за јавно здравје – Скопје, информираат од Владата. Притоа Мицкоски ќе оствари увид во набавената нова опрема, лабараториите, мерната станица, како и на отворањето на првото Психолошко советувалиште за деца и адолесценти од ваков карактер во државата, направено по сите светски стандарди и останатите новини во работата на Институтот. Од Владата соопштуваат дека по настанот предвидено е ...

Креативност, урбана визија и одржливи решенија за градовите на иднината – ова се елементите што ги дефинираа проектите на 21-то издание на Меѓународниот студентски архитектонски натпревар организиран од компанијата Saint-Gobain кој ќе се одржи во Белград 23-25 јуни, 2026. Повеќе од две децении, натпреварот стана еден од најважните меѓународни настани посветени на идните архитекти, инженери и дизајнери, нудејќи им можност да работат на реални ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.91
48%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.68
73%
1012
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.8
55%
1014
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.5
54%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
68%
1013
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.5
80%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
2.8
49%
1009
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
0.75
46%
1012
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.14
50%
1013
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
5.36
67%
1012
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 25ᴼ
5.81
54%
1013
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
2.5
95%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Калај

56.46

Сребро

1994.05

Платина

56135.20

Паладиум

43499.96

Родиум

274085.11

Алуминиум

3.25

Цинк

0.00

Бакар

13.51

Злато

136962.18

Кобалт

56.29