Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Градоначалникот на Босилово денеска потпиша меморандум за соработка во рамки на иницијативата WiFi4WB со што се овозможува поставување на бесплатна јавна Wi-Fi мрежа за сите граѓани и посетители на Општина Босилово, соопштија од локалната самоуправа. Се наведува дека граѓаните и посетителите ќе можат да се поврзат на бесплатен и безбеден интернет во Едукативниот центар Босилово, Центар и парк во Босилово. -Wi-Fi мрежата е поставена во рамки ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска 10 Јуни 2026 година започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец мај 2026 година. Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, и ...
Македонски Телеком, Министерството за дигитална трансформација и Британскиот совет започнуваат партнерство за „Училишта на 21 век – Фаза 2“, проект насочен кон развој на дигитални вештини кај учениците. Проектот ќе трае од мај 2026 до јули 2027 година и ќе опфати ученици на возраст од 9 до 10 години и наставници од одделенска настава кои ќе работат на критичко размислување, решавање проблеми, програмирање, сајбер безбедност и основни концепти ...
Американскиот претседател Доналд Трамп порача денеска дека иранската страна премногу одолговлекувала во преговорите со Соединетите Американски Држави и дека, наместо да постигне договор кој би бил добар за неа, сега ќе „мора да плати“. Преку објава на својата социјална мрежа „Трут Сошал“ (Truth Social), Трамп упати сериозни тврдења за состојбата на иранските сили, посочувајќи дека нивната војска е во состојба на потполн неред. „Иранската ...
Музичкото издаваштво во Македонија е витално и потентно, а неговиот иден развој ќе зависи од системското препознавање на неговите вредности, од достапната инфраструктура и мрежа за дистрибуција и од свеста за поголема промоцијата на домашната музичка продукција. Ова е генералниот заклучок на Панел дискусијата „Музичко издаваштво во Македонија – лет во место?“, посветена на актуелната состојба, предизвиците и можностите за развој на домашното ...
Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) реагира на постапката за донесување на новиот Предлог-закон за игри на среќа, оценувајќи дека ваква регулатива со големо економско и општествено влијание не смее да се усвојува без широка јавна расправа. Претставникот на АПИС Скопје, Горан Стоименов, изјави дека поминале две недели откако АПИС и АСОМ доставиле официјално барање до Собранието за организирање јавна расправа во врска со ...
Инфлацијата во Албанија во мај достигна највисоко ниво во последните две години и изнесува три отсто. – За споредба во мај 2025 година инфлацијата била 2,2 отсто. Стапката на инфлација регистрирана во мај оваа година е највисока во последните 29 месеци – од јануари 2024 година – кога инфлацијата изнесуваше 3,4 проценти. Цените најмногу се зголемија кај транспортот, енергијата, киријата, објави државниот Институт за статистка, ИНСТАТ. ...
Министерството за финансии изврши трансфер на 131 милион денари од централниот Буџет кон Развојната банка, средства наменети за реализација на проекти во домашните компании. Со трансферот, како што информираат од МФ, извршен на крајот на минатиот месец, вкупната сума којашто е пласирана во домашната економија за реализација на инвестиции од страна на компаниите изнесува 14,1 милијарда денари или 230 милиони евра. -Ова претставува 92 отсто ...
Тирана, 10 јуни 2026 (МИА) – Во Албанија се пуштени во употреба 36 сезонски здравствени пунктови, со цел да им пружаат услуги на домашните и странските посетители во крајбрежните и планинските туристички региони. Овие здравствени установи се опремени со потребната апаратура, медицински материјали и медикаменти, а во нив работат 100 доктори и 150 медицински сестри. Пунктовите ќе бидат активни непрекинато, 24 часа на ден, 7 дена во неделата, ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска во Општина Брвеница ќе присуствува на настанот по повод стартот на проектот „Училишта на 21 век – Фаза II“, кој се реализира во партнерство со Британскиот совет и Македонски Телеком. Проектот има за цел унапредување на квалитетот на образованието преку развој на вештини за критичко размислување, решавање проблеми и основи на кодирање кај учениците, со што тие ќе се подготват ...
Поминати се времињата кога енергетиката значеше само производител, пренос и потрошувач. Сега имаме динамичен систем во којшто сите треба да вложиме максимален напор за да го одржиме и да обезбедиме стабилна испорака на електрична енергија за граѓаните, порача претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Ацо Ристов на денешниот состанок со менаџментот на ЕВН Македонија ...
Компанијата dm drogerie markt, во соработка со Здружението на граѓани за промоција и поддршка на здравјето „Матрона“, организира бесплатна едукативна и интерактивна обука на тема „Правилна исхрана кај деца во најрана возраст и важноста на оралната хигиена кај трудници и деца“. Настанот ќе се одржи на 17 јуни, во периодот од 17.30 до 19.30 часот, во „Јавна соба“, на ул. 50 Дивизија 22 во Скопје. Местата се ограничени, а сите заинтересирани ...
„По природа сум многу внимателен, аналитичен и грижлив, особено кога станува збор за иднината на моето дете. Сметам дека сум финансиски писмена личност, а кога разгледувам можности за остварување дополнителни приходи, секогаш правам детални анализи, но и слушам препораки и искуства од луѓе на кои им верувам. Подолгорочните размислувања ме однесоа до ВФП Фонд Менаџмент, а дополнително контактот со вработените, ми влеа сигурност. Вака ја ...
Владата најавува нов пристап кон управувањето со минералните ресурси, со акцент на поголема економска корист за државата и локалните заедници. Новите закони треба да обезбедат поефикасна регулација, повисоки приходи и примена на современи еколошки стандарди. Според најавите, реформите треба да создадат услови за нови инвестиции во секторот, вклучително и во проекти поврзани со ископ на бакар. Инвеститорот истакна дека станува збор за повеќе ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, оствари средба со осумте практиканти кои ја поминаа селекцијата и започнаа практична работа во локалната самоуправа. Во наредните шест месеци тие ќе бидат ангажирани во различни сектори, 20 часа неделно, согласно своите студиски програми, со месечен надоместок од 15.000 денари. „Ме радува што оваа година сите практиканти се од различни струки и се распоредени во соодветните сектори. Тие ...
Црногорската Влада, заедно со францускиот претседател Емануел Макрон, свечено го потпиша договорот со градежниот гигант „Bouygues Bâtiment International“. Потпишан договор со познат француски партнер кој го менува здравствениот пејзаж на Црна Гора На 4 јуни 2026 година, во присуство на премиерот Милојко Спајиќ и францускиот претседател Макрон, министерката за јавни работи Мајда Аџовиќ и заменик-генералниот директор на Bouygues, Кристоф Пети, ...
Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 11.06.2026 година (четврток), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. ...
Во Фондот за здравствено осигурување на Македонија денеска со почеток во 11:30 часот ќе се одржи прес-конференција посветена на тестирањето за рано откривање на рак на грлото на матката, информираат од Фондот. Како што е најавено, на прес-конференцијата ќе бидат презентирани состојбите и трендовите во спроведувањето на скрининг-програмите, опфатот на осигурениците со ПАП и ХПВ тестирање, како и користењето на овие превентивни услуги. Ќе ...
Поранешен пилот управувал со комерцијални авиони речиси 17 години без да поседува соодветна лиценца, извршувајќи повеќе од 900 домашни и меѓународни летови, соопшти вчера полицијата од Онтарио. Истрага за измама и фалсификување откри дека пилот на авиокомпанијата, кој во текот на својата кариера од 1998 до 2025 година летал за Ер Канада, фалсификувал лиценца што му била неопходна кога во 2009 година бил унапреден во капетан, се наведува во ...
Европската комисија предложи мобилизирање на 500 милиони евра за поддршка на земјоделците кои се соочуваат со повисоки трошоци за вештачки ѓубрива, со предупредување дека растот на цените може да го одложи садењето и да претставува ризик за производството на храна. Предлогот предвидува користење на земјоделската резерва во рамките на Заедничката земјоделска политика на ЕУ, која во моментов изнесува околу 200 милиони евра. Комисијата исто ...
Американскиот Конгрес синоќа одобри речиси 70 милијарди долари за финансирање на агенциите за спроведување на законите за имиграција, што се смета за голема победа на претседателот Доналд Трамп во неговите напори да ги продолжи своите цврсти имиграциски политики во остатокот од неговиот втор мандат. Мерката, која беше поддржана од Републиканците, помина во Претставничкиот дом со тесно мнозинство од 214 наспроти 212 гласа откако претходно ...
Јордан и Кувајт денеска соопштија дека биле цел на ирански ракети и оти нивната противвоздушна одбрана ги елиминирала заканите, додека иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека цел на нивните напади во текот на изминатата ноќ била и американската Петта флота во Бахреин. Јорданската војска соопшти дека нејзините системи за противвоздушна одбрана пресретнале и собориле пет ракети лансирани од Иран кон подрачјето ...
Во Скопје денеска и утре ќе се одржи регионалната конференција „Акцелератор за дигитална трансформација на Западен Балкан“, во организација на Амбасадата на САД, во име на Бирото за сајбер простор и дигитална политика при Стејт департментот. Настанот што ќе се одржи во хотелот „DoubleTree Hilton“ денеска ќе го отворат вршителката на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД, Никол Варнс, заедно со министерот за дигитална трансформација, ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги повика европските земји да воведат ограничувања за патувања, поради епидемијата на ебола во делови од Централна Африка, а со цел да се спречи ширењето на вирусот за време на Светското првенство во фудбал. Според неименувани официјални претставници, на 1 јуни САД испратиле дипломатски документ во кој изразиле загриженост поради епидемијата и ги повикале европските земји да воведат ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска ќе изврши увид во изградбата на втората фаза од железничката пруга кон Бугарија, на делницата Бељаковце–Крива Паланка. Како што информираат од Министерството за транспорт, на увидот ќе присуствува и директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски. Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска ќе изврши увид во ...
Поради дефект на водоводна цевка со пречник од 100 милиметри на крстосницата меѓу улиците „Милан Марковиќ“ и „Брадфордска“ денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Милан Марковиќ“, „Крчин“, „Пијанец“, „Копачка“, „Илија Павлев“, „Стрезово“ и дел од улиците „Леринска“ и „Братфордска“ во општина Карпош. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:00 часот до ...
Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје информира дека денеска без електрична енергија ќе останат повеќе делови од главниот град и неговата околина. Во периодот од 08:30 до 15:30 часот, прекин на снабдувањето со струја ќе имаат дел од корисниците на улиците „Наум Наумовски Борче“ и „Ленинова“ („Аминта Трети“) во Општина Центар, во реонот околу кафулињата „Кала“, „Ателје“, „Адмирал“ и околните објекти. Од 09:00 до 13:00 часот без ...
Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, по одлуката на Апелацискиот суд Скопје со која е потврдена едногодишната затворска казна за предметот поврзан со изградбата на општинската зграда, изјави дека пресудата е политички мотивирана. „Осуден сум од политички причини, за да не можам да се кандидирам на евентуални повторени избори за градоначалник на општина Карпош“, рече Јакимовски во изјава за медиумите. Тој оцени дека ...
Скопје, 9 јуни – Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се обрати на сесија на Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија, посветена на европските политики за водите во услови на климатски промени. Во своето обраќање, министерот истакна дека водата денес се третира како прашање на безбедност, економски развој, јавно здравје и квалитет на живот. Тој нагласи дека новите ...
Семејството на американскиот претседател Доналд Трамп заработило најмалку 2,3 милијарди долари од криптовалутни проекти што ги промовирало по изборите во 2024 година, додека повеќе од еден милион инвеститори забележале нето-загуби во приближно ист износ, покажува истражување на Ројтерс, пренесуваат западни медиуми. Агенцијата анализирала блокчејн записи, корпоративни документи, интернет-објави и јавни изјави на семејството Трамп и на ...