Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рамковен договор со Иран може да се постигне „во текот на следната недела“, објави синоќа американскиот радиодифузер Еј-би-си Њуз (ABC News). Трамп во телефонско интервју за Еј-би-си рече дека меморандумот за разбирање за повторно отворање на Ормуската Теснина и продолжувањето на сегашниот прекин на огнот може да биде завршен и договорен „во текот на следната недела“, пренесе ДПА. „Треба да ...
Стопанската комора на северо-западна Македонија со свечен настан во Филхармонија, вечер одбележува 20 години од нејзиното основање. Како што се истакнува, овој настан одбележува две децении континуирана посветеност во застапувањето и унапредувањето на интересите на бизнис-заедницата, како и создавање на поповолна економска средина. Според најавата, настанот ќе обедини претставници на институции, бизнис-заедницата, како и локални и ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на отворање на новиот базен Карпош, во Општина Карпош. Како што соопштуваат од владината прес-служба, базенот е со вредност од 46.700.000,00 денари. Станува збор за училишен базен со корито со длабочина од 0,80 до 1,20 метри, со ширина од 9 метри и должина од 25 метри. Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ...
Јавното обвинителство на Република Македонија во соработка со проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ денеска во Скопје организира конференција „Од стратегија до пракса: Јакнење на комуникацијата на Јавното обвинителство со јавноста“. – Конференцијата има меѓународен карактер и на неа ќе биде презентирана новата Комуникациска стратегија на Јавното обвинителство за периодот 2026-2028 година, како и Акцискиот план и активностите за ...
Трифун Костовски во своја изјава наведува дека реакциите што ги добива преку социјалните мрежи за идејата за формирање нов политички субјект се претежно позитивни, но посочува дека постојат и медиуми и поединци кои изразуваат сомнеж во неговиот личен и професионален интегритет. Тој ги повикува критичарите подетално да ја анализираат неговата биографија, истакнувајќи дека јавната дебата треба да се базира на факти и проверени информации. ...
Од полноќ стапија во сила нови малопродажни цени на горивата, кои носат изразена промена на пазарот: дизелот бележи значително намалување, додека бензините имаат благ раст. На прв поглед станува збор за рутинска корекција на цените на пумпите, но зад овие бројки стои многу поширока слика – движењата на светските берзи, енергетските политики, државните акцизи и директното влијание врз секојдневниот живот и трошоците на граѓаните. Според ...
Македонија ќе има најдобри автопатишта во региoнот. Речиси три децении немаше инвестиции во патната инфраструктура, ние како Влада ги придвижуваме работите и работиме на неколку фронтови, истакна вицепремиерот Александар Николоски во поткастот „Риштази”. – Македонија ќе има одлични автопатишта, би рекол, најдобри во регионот во следниве години како ќе ги завршуваме проектите. Факт е дека ние изгубивме најмалку 3 децении, мислам, на ...
Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Канцеларијата на Генералниот обвинител на Република Португалија потпишаа Меморандум за соработка во повеќе клучни области од заеднички интерес. Меморандумот во Лисабон го потпиша Генералниот обвинител на Република Португалија Амадеу Гера, додека од македонска страна во Скопје свој потпис стави Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески. Денеска, при посетата на ...
За година и половина завршивме 37 километри и ги пуштивме во сообраќај на автопатот Охрид-Кичево и тоа е доказ дека многу сериозно ги водиме проектите. За разлика од нас, владата на СДСМ и на ДУИ седум години не стави ни метро асфалт, истакна вицепремиерот Николоски во интервју на поткастот „Риштази”. Проблемот, посочи министерот, е на предходната влада која што од политички причини тој проект го напушти. – Факт е дека седум години владата ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека разговорите со Исламската Република Иран продолжуваат со забрзано темпо. Тој ова го објави на социјалната мрежа Трут Суошл (Truth Social) веднаш откако го потврди постигнувањето на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах. Трамп соопшти дека имал продуктивни разговори со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и со претставници на Хезболах, во кои е постигнат договор за ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска учествуваше на тркалезна маса во Францускиот сенат, во рамки на Парис Сајбер Самит 2026, посветена на градењето сајбер капацитети во земјите од Западен Балкан во услови на постојани и комплексни закани. Настанот, кој се одржа во Палатата Луксембург во Париз, ги собра претставниците на земјите од регионот, француските партнери и претставници на Western Balkans Cyber Capacity ...
Скопје, 1 јуни 2026 (МИА) – Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека државната каса е во одлична состојба и дека, и покрај враќањето на ДДВ за горивата на 18 проценти, цените на горивата во земјава остануваат меѓу најниските. Тој најави и воведување нови мерки, кои, според неговите зборови, ќе зависат од интензитетот на актуелната криза. „Буџетот е во одлична кондиција, ги натфрламе проекциите кои што ги имавме на почетокот на годината и ...
Обемот на стратешките нафтени резерви на САД падна на најниско ниво во последните две години, откако официјален Вашингтон беше принуден да ги отвори складиштата за да го ублажи глобалниот дефицит настанат поради конфликтот со Иран. Министерството за енергетика на САД (ЕИА) соопшти дека резервите на нафта и нафтени деривати во стратешките резервоари во моментов изнесуваат 1,584 милијарди барели, како и дека резервите и понатаму опаѓаат. ...
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, денеска изјави дека Русија ја доработила својата идеја за концептот на колективна безбедност во регионот на Персискиот Залив и оти е подготвена да им ја претстави на заинтересираните страни. Тој наведе дека, покрај подготвеноста да пружи практична поддршка за можниот договор меѓу САД и Иран, Русија ја унапредила својата идеја за колективна безбедност во зоната на Персискиот ...
Скопје, 01.06.2026 Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа се обрати на отворањето на Македонскиот енергетски форум 2026, кој годинава се одржува како официјален партнерски настан на иницијативата „Road to COP31“. Во своето обраќање, министерот Хоџа истакна дека енергетската безбедност и климатската отпорност денес се тесно поврзани предизвици и нагласи дека форумот претставува важна платформа за отворање на клучните ...
Цените на американската нафта ВТИ (WTI) скокнаа за речиси осум отсто и надминаа 94 долари за барел, по извештаите дека Иран би можел да ги прекине контактите со САД поради ескалацијата на израелските воени операции во Либан. Според податоците од берзите во 16:00 часот, цената на нафтата ВТИ порасна за 7,84 отсто на 94,109 долари за барел, а на нафтата Брент (Brent) за 6,53 отсто на 97,060 долари. Иранската новинска агенција Тасним пренесе ...
На 1 јуни 2026 година, во Вилнус, се одржаа политички консултации меѓу делегации на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија и Министерството за надворешни работи на Република Литванија, предводени од заменик-министерот Зоран Димитровски и заменик-министерот Сигитас Миткуш. Во духот на традиционално добрите и пријателски односи меѓу двете земји, соговорниците ја потврдија заедничката ...
Во месец мај констатирани се 28.494 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“, намален бројот на прекршоци за управуввање на нерегистрирано возило за 7,9 проценти споредбено со април Во периодот од 01.05.2026 до 31.05.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 28.494 прекршоци. Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за ...
На чија страна ќе застанат еко-активистите кои упорно ги кочат инвестициите во рударството?! Голем број најави за рудници низ годините не беа остварени, а последно на жестоки обвинувања и удари наиде и инвестицијата за рудник за бакар во Иловица. Дали оние кои континуирано го блокираат развојот на оваа индустрија автоматски му вртат грб и на Брисел?! Нов план на земји-членки на Унијата предвидува земјите-кандидати, како што е Македонија, ...
Иранскиот преговарачки тим ја прекинува размената на пораки со САД преку посредниците поради израелските напади врз Либан, објави иранската новинска агенција Тасним. – Нема да има дијалог сè додека не се почитуваат ставовите на Иран и Хезболах за ова прашање, објави Тасним, додавајќи дека иранските претставници бараат прекин на израелската офанзива и целосно повлекување од окупираните територии. Агенцијата објави и дека Иран целосно ја ...
Владата на предлог на Министерството за финансии, на последната седница, ја усвои Стратегијата за управување со јавниот долг 2027–2029, со изгледи до 2031 година.Со Стратегијата се потврдува определбата за одговорно и внимателно управување со јавните финансии, одржување стабилно ниво на јавниот долг и обезбедување средства за реализација на развојните проекти, соопшти попладнево Министерството за финансии. Стратегијата предвидува постепено ...
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се намалуваат за 6,50 денари по литар, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 88,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 90,00, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 85,50, а литар Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 87,50 денари. ...
Руската влада денеска соопшти дека забранува извоз на керозин до 30 ноември, со цел да се обезбеди стабилност на домашниот пазар на горива. Одлуката е донесена во време на интензивирани украински напади со дронови врз руските рафинерии, што доведе до намалување или стопирање на производството. Русија извезува керозин по железнички пат во Централна Азија, меѓу кои и Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан. Русија веќе го ограничи ...
Гевгелија, 1 јуни 2026 година – Со настапите на Пајак, групата Зијан и Слаткаристика, вчеравечер во Гевгелија заврши четиридневната програма по повод официјалното отворање на МЕГА Шопинг Парк. Овој настан, кој понуди разновидна содржина за сите генерации, во текот на изминатите четири дена привлече над 40.000 посетители од земјата и регионот, со што и официјално беше заокружен почетокот со работа на овој проект. Финалната вечер помина во ...
Вкупно 16.885 казни се изречени во текот на изминатиот месец при интензивни сообраќајни контроли на патиштата спроведени од полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, информира Министерството за внатрешни работи. Најголем дел од санкциите се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина на движење – 4.473 прекршоци. Следуваат непрописното паркирање со 3.851 санкција, како и користењето мобилен телефон при управување ...
Се одржа Првата работилница за изработка на Стратешки план за развој на Општина Илинден за периодот 2027–2031 година, документ што ги дефинира развојните приоритети, стратешките цели и клучните проекти за локалната заедница. На работилницата присуствуваше градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека подготовката на новиот Стратешки план претставува значаен процес преку кој се утврдуваат насоките за понатамошен ...
Како резултат на тековните движења на меѓународните цени на горивата и континуираната конструктивна комуникација со Владата, ОКТА АД – Скопје донесе одлука да воведе привремен попуст од 2 денари по литар бензин (95 и 98 октани) во периодот од 2 до 16 јуни 2026 година. Оваа иницијатива е продолжение на серијата мерки за поддршка што ги спроведува ОКТА од март оваа година, а имаат за цел ублажување на влијанието на нестабилноста на ...
На 31 мај во Струга, пред бројни гости, партнери, соработници и љубители на наутиката, компанијата УниМар официјално го претстави својот прв модел на чамец STIA 580, означувајќи почеток на едно ново поглавје во развојот на македонската наутичка индустрија. Настанот не беше само промоција на нов производ, туку и приказна за визијата, истрајноста и повеќедецениската посветеност на квалитетот. Зад брендот УниМар стои компанијата Унипласт, ...
Раст на даночната основа и на нето даночниот ефект кај данокот на добивка, покажува обработката на даночните биланси за 2025 година што ја направи Управата за јавни приходи. Ова, според УЈП, укажува на стабилност во наплатата на приходите од данокот на добивка. – Даночен биланс за оданочување на добивка – образец „ДБ” поднесоа 25.506 даночни обврзници, наспроти 25.051 во 2024 година, додека даночен биланс за оданочување на вкупен приход – ...
Девизни резерви на крајот на април годинава изнесувале 5.207 милиони евра. Податоците на Народната банка покажуваат дека најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (70,8 проценти), по што следуваат монетарното злато (16,8%) и валутите и депозитите (12,3%). На крајот на декември 2025 година официјалните девизни резерви изнесуваа 4.925,3 милиони евра.лв/са/ фото: принтскрин НБ/ Извор: МИА Девизни резерви на крајот на ...