Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) активно работи на подготвување на нова одлука која ќе ги утврди надоместоците за ветеринарните друштва. За да се финализираат овие процеси, институцијата го чека ребалансот на буџетот, со цел да се утврди висината на дополнителните средства кои ќе бидат одобрени. Во однос на неисплатените обврски од претходниот период, АХВ информира дека тие веќе се поднесени до трезорот, а исплатата се одвива според ...
ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на АДП-групацијата стана спонзор на младинскиот фудбал на ФК Пелистер од Битола. Поддршката има за цел подобрување на квалитетот, конкурентноста и меѓународното искуство на младите фудбалери и младинскиот фудбал преку организирање контролни натпревари и учество на домашни и меѓународни турнири во подготвителниот зимски период и натпреварувачката полусезона 2026. Со оваа соработка, ТАВ ...
Вината на Винарската визба „Тиквеш“ и годинава освоија високи признанија на еден од најпрестижните и највлијателни светски вински натпревари – „Decanter World Wine Awards 2026“, потврдувајќи го континуитетот на својот врвен квалитет и меѓународна конкурентност. Во исклучително силна конкуренција од речиси 17.000 вина од 58 земји од светот, кои учествуваа на годинешното издание на „Decanter“, врвните вина на „Тиквеш“ освоија вкупно 18 медали, ...
Македонски Телеком и Спортскиот центар „Борис Трајковски“ започнуваат стратешко партнерство со кое најголемата спортска сала во земјата добива ново име и нов идентитет и станува Т Арена. Т Арената во рамките на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ наскоро ќе добие нов визуелен изглед со препознатливата магента боја на Т брендот и на надворешниот и во внатрешниот простор на салата. Телеком веќе 25 години ја поврзува Македонија преку ...
Новата Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026–2030 ги опфаќа областите како што се јавни набавки, надзор над спроведувањето на законите, правосудство, транспорт и инфраструктурни проекти, просторно и урбанистичко планирање и градежништво, здравство, како и животна средина, енергетика и природни ресурси. Оваа стратегија едногласно беше усвоена на денешната 34 седница од страна на членовите на Државната ...
Официјалните статистички податоци за првите три месеци од тековната година укажуваат на впечатливо зголемување на туристичките приходи од приближно 65 проценти. Ова достигнување е продолжение на исклучително продуктивната 2025 година, период во кој беше забележан забележителен напредок во туризмот и беа остварени историски резултати, истакна министерката за туризам на Грција, Олга Кефалојани, во нејзиниот настап за грчката телевизија ЕРТ, ...
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, не ја смета Европската Унија за соодветен соговорник за постигнување договор за прекин на непријателствата во Украина, според извештаите на меѓународните медиуми. Во својот коментар, објавен од Министерството за надворешни работи на Русија, Лавров истакнал дека вистинската намера на европските лидери не е да водат преговори со Русија, туку да обезбедат поддршка за украинскиот врв. „Целта ...
Македонскиот претприемач Игор Илиевски, извршен директор на компанијата AMENEX, ја објави својата нова бизнис-книга „The Big Pain: Trust Without Structure“ (Големата болка: доверба без структура), достапна на платформата Amazon во Kindle и хартиено издание – https://www.amazon.com/dp/B0GXC175CV/ Глобално, книгата беше објавена на 25 април годинава. Подоцна, официјално беше презентирана пред меѓународна бизнис-публика на Global Power Summit, ...
Белгија увезува повеќе гас од Русија отколку пред почетокот на војната во Украина, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на податоци од белгиското Министерство за економија. Според податоците, рускиот гас учествувал со повеќе од 11 проценти во вкупниот увоз на гас во Белгија минатата година. Слични количини биле увезени и во 2019 година, додека по почетокот на воените дејствија во Украина уделот на рускиот гас се намалил на околу пет ...
Полициски службеници синоќа привеле српски државјанин кој со „Порше“ возел 188 километри на час на автопатот Куманово–Скопје, кај клучката „Рафинерија“, го привеле Б.С.(30) од Република Србија бидејќи со возило „Порше“ возел . – При контрола во патниот сообраќај, извршена со радар, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „Порше“ со српски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (30). По извршеното мерење било констатирано дека ...
Кубанскиот премиер, Мануел Мареро Круз, вчера пред пратениците претстави пакет од 175 економски мерки што предвидуваат широка приватизација на делови од социјалистичката економија, во обид земјата да се справи со засилените американски санкции. Доколку бидат одобрени и спроведени, реформите би претставувале најголема промена на економскиот модел на Куба од револуцијата на Фидел Кастро во 1959 година и значаен чекор кон пазарно ориентирана ...
Нема да се одржат преговорите меѓу САД и Иран што беа предвидени за денеска во швајцарското планинско одморалиште, соопшти швајцарското Министерство за надворешни работи. Соопштението уследи откако портпарол на Белата куќа изјави дека американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ја одложил средбата со претставниците на иранскиот преговарачки тим. На средбата требаше да се разговара за спроведувањето на меморандумот што Вашингтон и Техеран ...
Поради дефект на приклучна водоводна цевка на бул. „Партизански одреди“ 48 А денеска прекинато водоснабдување ќе бидат делод корисниците на улицата „Мајаковска“ и дел од булеварот „Партизански одреди“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување на работните активности. Извор: МИА Поради дефект на приклучна водоводна цевка на бул. „Партизански одреди“ 48 А ...
Центарот за безбедносни студии – Скопје ќе ја организира првата меѓународна “Skopje Security Conference 2026” денеска, 19 јуни 2026 година, во “DoubleTree by Hilton” Скопје. Конференцијата ќе се одржи на тема „Безбедност во транзиција: навигација низ технологијата, геополитиката и отпорноста во свет што се менува“ и ќе собере јавни функционери, креатори на политики, дипломати, безбедносни експерти, академици, технолошки специјалисти, ...
Недвосмислена е посветеноста за унапредување на инфраструктурата во регионот и јасно се утврдија принципите и насоките дека заеднички ќе инвестираме во изградбата на железничкиот Коридор 10, порача заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, за време на учеството на самитот за инвестиции во транспортот „Обезбедување раст и конкурентност преку поврзување“, што се одржува денеска во Солун. За ваквата заложба, ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истражна постапка во врска со сомнежи за финансиски злоупотреби во рамки на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Во предметот се опфатени 18 физички лица и осум правни субјекти, за кои постојат сомнежи за сторени кривични дела поврзани со злоупотреба на службената положба и перење пари. Акцијата ја спровеле надлежните институции во координација со ...
Цените на нафтата забележаа пад на меѓународните берзи по информациите за договор меѓу САД и Иран кој би можел да влијае врз стабилноста на транспортот и снабдувањето со енергенси. На лондонскиот пазар цената на еден барел се спушти под границата од 78 долари, додека американскиот пазар исто така регистрираше намалување. Инвеститорите реагираа на најавите дека може да дојде до постепено олеснување на ограничувањата поврзани со поморскиот ...
Корисниците на производите на Apple би можеле да забележат повисоки цени во иднина, откако технолошкиот гигант предупреди дека растот на трошоците за клучни компоненти создава дополнителен притисок врз производството. Главниот фактор зад можните промени се мемориските чипови, чија цена расте поради зголемената глобална побарувачка и ограничените производни капацитети. Овој тренд е особено поврзан со брзиот развој на уреди и системи базирани ...
Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денес објави дека пристигнало решението со кое официјално е заштитен македонскиот рубин како наш, автентичен полускапоцен камен. „Го заштитивме македонскиот рубин. Му благодарам на Геолошкиот завод за соработката. Веќе имаме нешто македонско заштитено. Продолжуваме понатаму со заштита и на одредени видови мермер“, изјави министерката на средба со новинарите. Рубинот што се екстрахира во Македонија ...
Јавното претпријатие ЖРСМ Инфраструктура информира дека поради изведување на завршните градежни работи на пругата Скопје – Велес, на делницата од станица Скопје до станица Зелениково за потребите на проектот „Градски воз“, привремено од 22 јуни 2026 до 1 јули 2026 година, нема да сообраќаат следниве патнички возови: На релација Скопје – Гевгелија: 611 (06.20) и 631 (16.55); На релација Гевгелија – Скопје: 630 (04.30) и 632 (17.02); На ...
Денес во Општина Лозово се одржа регионален настан кој на уникатен начин ги спои занаетчиството и европската образовна агенда. Настанот, организиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Општина Лозово и Здружението на жени од Лозово, во соработка со здруженијата на жени од Велес, Свети Николе и Градско, послужи како работна платформа за едукација и вмрежување на занаетчиите и граѓанските здруженија од целиот ...
Бугарскиот парламент го одобри зголемувањето на плафонот на државниот долг до 3,8 милијарди евра, јави БТА. Бугарскиот парламент денеска на второ читање ги усвои измените на т.н. продолжен буџет за 2026 година, со кои му се овозможува на Министерскиот совет, до донесувањето на Законот за државниот буџет за 2026 година, да презема државен долг во износ до 3,8 милијарди евра за финансирање на буџетскиот дефицит, вклучително и за префинансирање ...
Граѓаните и посетителите на Општина Берово од денеска можат да користат бесплатен јавен Wi-Fi на Градскиот плоштад „Димитар Беровски“, како дел од регионалната иницијатива за дигитална поврзаност WiFi4WB. Проектот е финансиран од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од страна на GIZ во рамки на програмата EU4Digital. Неговата цел е да обезбеди бесплатен и сигурен интернет пристап за граѓаните низ ...
Во ЛУ Градски музеј Крива Паланка денес се одржа прес-конференција и увид во рамки на проектот „КУЛТУРНА ОБЛАСТ – Заедница за културно наследство и атрактивен туризам во сите сезони“, поддржан преку Интеррег ИПА програмата за прекугранична соработка Бугарија – Северна Македонија. Проектот опфаќа уредување на музејски и културни простори во Крива Паланка и с. Градец, со цел унапредување на културната инфраструктура и развој на културниот ...
Платежната недисциплина во Европа продолжува да биде сериозен предизвик за компаниите и финансискиот сектор, покажува најновата студија „Европски платежни практики 2025“ на EOS Group, спроведена меѓу 2.200 финансиски менаџери од 11 европски земји. Според резултатите, од околу 18 милијарди фактури кои секоја година се издаваат во Европа, приближно секоја четврта се плаќа со задоцнување или воопшто не се плаќа. Притоа, 19% од фактурите се ...
Вчера, по повод одбележувањето на 36-годишнината од постоењето на ВМРО-ДПМНЕ, на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, имавме чест и задоволство да се придружиме на десетици илјади граѓани. Нивното присуство претставуваше силна поддршка и испрати порака за единство и заедништво, истакна Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, на прес-конференцијата што МИА ја пренесува во целост. „Искрено им благодариме на сите кои беа ...
Петнаесет милиони евра изнесува новата инвестиција на компанијата „Пурпласт“ во ТИРЗ 2 во Скопје, со која ќе се обезбедат до 200 нови вработувања. За оваа економска активност денеска се одржа состанок помеѓу директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Гоце Димовски, и извршниот директор на „Пурпласт“, Мехмет Шишманоглу. Димовски истакна дека новото вложување претставува значаен напредок во понатамошниот развој на компанијата и дека претставува ...
„И покрај добрата дигитална подготвеност на граѓаните, прифаќањето електронски плаќања кај малите трговци е ограничено и претставува голем предизвик за платниот систем во земјава.“ Ова беше истакнато од вицегувернерот на Народната банка Игор Величковски на отворањето на работилницата „Премостување на јазот кај прифаќањето на електронските плаќања од страна на трговците: Форум на засегнатите страни за заклучоците и следните чекори“, ...
Денешниот ден го означува почетокот на новата ера на паметно купување во Македонија. Pepco, водечкиот европски дисконтен ланец за разновидна стока, официјално ги отвори своите врати за македонските потрошувачи со истовремено отварање на две големи продавници во Скопје: во Капитол мол (Capitol Mall) и во Рамстор мол (Ramstore Mall). Големото отворање беше одбележано со прес конференција на кој присуствуваа Хорхе Герваси (Jorge Gervasi), ...
Во насока на унапредување на безбедноста во сообраќајот, се подготвуваат законски измени за уредување на употребата на електрични тротинети. Ова го истакна министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, при презентацијата на националниот проект „Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“ во Владата. Министерот информира дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ...