Американскиот претседател Доналд Трамп купил стотици обврзници откако се врати на функцијата, вклучително и од американски компании погодени од големите промени во федералните политики што тој ги промовира. Според документ објавен од Белата куќа во вторникот, со кој се открива инвестициската активност на милијардерот за оваа година до почетокот на август, вкупно се извршени 690 трансакции, првата од нив ден веднаш по неговата инаугурација, во ...

Целиот свет е фокусиран на одлуките и преговорите на претседателите на САД, Русија и Украина. Во меѓувреме, пристигнува информација дека лидерот на една од најмоќните економии во светот купил обврзници вредни повеќе од сто милиони долари, додека фјучерсите на американските индекси се тргуваат со загуби. БИЗНИС Трамп купил обврзници вредни 103,7 милиони долари Освен на геополитички план, американскиот претседател Доналд Трамп е активен и на ...

Советот на Народната банка ги промени правилата за задолжителната резерва на банките, со која дополнително се зајакнува улогата на овој инструмент во поттикнување на штедењето во домашна валута и на подолги рокови. Од НБМ велат дека овие промени претставуваат и дополнителна поддршка на монетарната политика на централната банка. „Со измените и дополнувањата на одлуката за задолжителна резерва се зголемува стапката на задолжителната резерва на ...

Инфлацијата во Велика Британија во јули порасна втор месец по ред, зголемувајќи го притисокот врз Банката на Англија да го преиспита темпото на намалување на каматните стапки. Потрошувачките цени во јули се зголемија за 3,8 отсто во однос на истиот месец претходната година, а во јуни, пак, пораснаа за 3,6 отсто. Ова е најбрзото темпо од јануари 2024 година, соопшти денеска Канцеларијата за национална статистика. Зголемувањето, што го предвиде ...

Швајцарија би му обезбедила имунитет од апсење на рускиот претседател Владимир Путин како дел од предлогот за организирање мировни преговори за војната во Украина. Изјавата на швајцарскиот министер за надворешни работи, Игнацио Касис, следи по повикот на американскиот претседател Доналд Трамп до Путин да планира билатерален самит со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Минатата недела Трамп се сретна со Путин на Алјаска, во рамки на ...

Пакет гаранции за безбедност за Украина може да се оформи уште оваа недела, откако лидерите се потпираат на поддршката од американскиот претседател Доналд Трамп за план кој предвидува испраќање европски трупи како дел од можен мировен договор. По самитот во Белата куќа во понеделникот, на кој Вашингтон даде поцврста обврска за гаранциите, европските лидери гледаат можност да ја искористат понудата на Трамп и да ја постават Украина во посилна ...

Американски и европски официјални лица работат на обезбедување силни безбедносни гаранции за Украина, со цел да се отвори пат за историската средба меѓу претседателите Владимир Путин и Володимир Зеленски, а американскиот претседател Трамп ги повика рускиот и украинскиот претседател да покажат „флексибилност“, додека тој ги забрзува напорите за завршување на војната во Украина. Трамп ги охрабри двајцата лидери да одржат билатерална средба. „Се ...

Состојбата на издадени зелени кредити од македонските банки на крајот на јуни годинава изнесувала 31,1 милијарда денари (507 милиони евра), што е зголемување за над две милијарди денари (33 милиони евра) во однос на 2024 година, кога вредноста на зелените кредити изнесувала 29,1 милијарди денари (474 милиони евра). Иако во првата половина од годинава е остварен рекорд кај апсолутниот износ на зеленото кредитирање, учеството на зелени кредити во ...

Пари, недвижен имот, возила, злато, сребро, компјутери и електронска опрема, машини за различни намени... Ова не е листа на желби, туку список на имотот со кој располага Агенцијата за управување со одземен имот (АУОИ). Станува збор за имот што агенцијата го стекнува врз основа на правосилни одлуки на судовите и другите државни органи со кои е наложена конфискација на имот од физички и правни лица. Извештаите покажуваат дека постапувајќи во ...

Во блок-трансакција вредна 47,4 милиони денари (771.000 евра) денеска на Македонската берза се продадоа 6.500 акции од винарската визба „Тиквеш“, коишто претставуваат 2,40 проценти од основната главина на друштвото. Акциите се продадоа по цена од 7.300 денари за акција. Забележително е дека продажбата доаѓа само еден ден пред да се одржи берзанска аукција за голем пакет акции од „Тиквеш“. „Блумберг Адрија“ веќе објави дека на барање на ...

Американски и европски официјални лица веднаш ќе почнат да работат на обезбедување силни безбедносни гаранции за Украина, со цел да се отвори пат за историска средба меѓу претседателите Владимир Путин и Володимир Зеленски, според лица запознаени со ситуацијата. Гаранциите ќе се фокусираат на зајакнување на украинските воени сили и капацитети без никакви ограничувања, како што се рестрикции на бројот на војници, изјавиле истите лица, кои ...

Бројот на посетители, кои пристигнуваат во САД со студентски визи се намали во јули, што претставува четврти последователен месец како на годишно ниво опаѓа бројката на нови странски студенти. Намалувањето беше најизразено од Азија, најголемиот меѓународен пазар за образование, бидејќи имиграциските политики на администрацијата на Доналд Трамп создадоа тесни грла и ефект на заплашување врз потенцијалните студенти. Прочитај повеќе Велика ...

На Блискиот Исток, Хамас прифати договор предложен од Катар и Египет за прекин на војната во Газа, што ги зголемува шансите за долгоочекуваниот напредок во преговорите. Имено, според предлогот на договорот, Хамас се согласи да ослободи половина од израелските заложници што ги држи во Појасот Газа, во замена за ослободување на палестински затвореници и делумно повлекување на израелските трупи. Од почетокот на конфликтот во Газа, според ...

Финансиските пазари се тргуваа во тесен опсег, при што глобалните акции се држеа близу рекордно високо ниво откако средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со претседателот на Украина и европските лидери заврши со повик за трилатерална средба со Русија. Фјучерсите на европскиот индекс на акции добија 0,2 проценти бидејќи лидерите на САД, Украина, Европа и НАТО го поздравија напредокот во разговорите за прекин на војната во Украина. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски го повика Владимир Путин и го поттикна рускиот лидер да започне подготовки за самит со Володимир Зеленски, откако во вчера се сретна со украинскиот претседател и европските лидери во Белата куќа. Предлогот, што Трамп го претстави како средба еден на еден меѓу лидерите на Украина и Русија, а по која би следела трилатерална средба со учество на сите тројцата – претставува најнов чекор во ...

Враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа ги помести глобалните пазари поради неговите ветувања што вклучуваа пониски трошоци за позајмување, даноци и регулативи и повисоки тарифи за трговските партнери. „Блумберг њуз“ ги следи флуктуациите и кумулативното влијание од вториот мандат на претседателот Трамп врз група средства - американските акции, доларот, 10-годишните државни обврзници, златото и биткоинот - поврзани со политиките на неговата ...

Денеска ќе се одржи првата од двете аукции на државни записи и обврзници планирани за овој месец. На денешната аукција државата ќе собере 500 милиони денари (8,1 милиони евра), а до крајот на месецот за наплата стигнуваат 1.180.530.000 (19 милиони евра). Следното задолжување по основ на државни хартии од вредност е планирано за една недела. Според календарот на Министерството за финансии, до крајот на годинава ќе се одржуваат по две акции ...

Акцијата на „Крка“ на 13 август достигна нов рекорд од 201 евро (затворачка цена), а само ден претходно беше остварен еден од најголемите дневни обеми – според податоците од Љубљанската берза дури 5,5 милиони евра (во последниот месец просекот беше под два милиона евра). Недела претходно следевме серија трансакции со акции на „Крка“ во вкупна вредност од близу два милиона евра. Како течеше продажбата и кој е купувачот? На Љубљанската берза, во ...

На почетокот на 2025 година, Мајкл Оливерос тешко успеваше да продаде европски акции со помала пазарна капитализација. Инвеститорите се насочуваа кон поголемите акции, обложувајќи се дека заканите на претседателот Доналд Трамп за тарифи нема да се реализираат. Економскиот раст се покажа како издржлив, а оптимизмот околу корпоративните заработки го поттикна индексот на големи компании Stoxx Europe 600 до рекордни височини. Околу осум месеци ...

Враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа ги помести глобалните пазари поради неговите ветувања што вклучуваа пониски трошоци за позајмување, даноци и регулативи и повисоки тарифи за трговските партнери. „Блумберг њуз“ ги следи дневните флуктуации и кумулативното влијание од вториот мандат на претседателот Трамп врз група средства - американските акции, доларот, 10-годишните државни обврзници, златото и биткоинот - поврзани со политиките на ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговите европски сојузници денеска пристигнуваат во Вашингтон, загрижени да дознаат што точно ветил Доналд Трамп на самитот со Владимир Путин, стравувајќи дека ќе ја натераат Украина да прифати непријатни отстапки. Трамп ќе биде домаќин на Зеленски и неколку европски лидери за да ги изнесе условите за можен мировен договор што го дискутирал со Путин на петочната средба во Алјаска. Додека се очекува ...

Здружението „Инженери на Република Македонија“ (ИНРМ) поднесе иницијатива до Уставниот суд за укинување на член 31 од правилата за снабдување со електрична енергија и преиспитување на делови од член 185 од новиот Закон за енергетика. Причината, како што посочуваат од ИНРМ, е продолжената пракса на издавање таканаречени „паушални фактури за струја“, иако од 29 мај 2025 година законот наложува фактурите да се засноваат исклучиво на реално измерена ...

Азиските пазари забележаа раст додека инвеститорите ги очекуваат разговорите на американскиот претседател Доналд Трамп со неговиот украински колега Володимир Зеленски, откако самитот со Русија заврши без ново разгорување на геополитичките тензии. MSCI Asia Pacific индексот порасна за 0,4 отсто, поттикнат од растот во Кина и Јапонија, додека Јужна Кореја заостануваше. Фјучерсите на европските акции се зголемија за 0,3 отсто, а оние на S&P ...

„Раде Кончар-Трансформатори и електрични постројки -ТЕП“ ДООЕЛ преку Македонската берза соопшти дека има намера да објави понуда за преземање на компанијата „Раде Кончар-Апаратна техника“ АД Скопје. „Ги известуваме сите акционери на ‚Раде Кончар-Апаратна техника‘ АД Скопје дека имаме намера да објаваме понуда за преземање на целното друштво ‚Раде Кончар-Апаратна техника‘ АД Скопје по цена од 2.435 денари по акција. Понудата за преземање ќе ...

Цената на нафтата падна додека трговците го насочија вниманието кон денешната средбата меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски, при што украинскиот лидер се соочува со американски притисок да постигне мировен договор со Русија што подразбира откажување од дел од територијата. Брент се тргуваше под 66 долари за барел откако во претходната сесија затвори со пад од 1,5 отсто, додека американската сурова нафта Вест Тексас Интермедиет (WTI) се ...

Володимир Зеленски се наоѓа во невозможна ситуација: да ризикува со гневот на Доналд Трамп или да прифати брз договор за завршување на војната на Русија во Украина, по цена на катастрофално отстапување територии во замена за нејасни безбедносни гаранции што би ѝ овозможиле на Москва за неколку години да се врати уште посилна. Со оваа пресудна дилема се соочува украинскиот лидер додека патува за Вашингтон на разговори со американскиот ...

Европските лидери ќе му се придружат на украинскиот претседател Володимир Зеленски на неговиот важен состанок со америкснкиот претседател Доналд Трамп, што ќе се одржи утре во Вашингтон, како знак на поддршка бидејќи украинскиот лидер се соочува со зголемен притисок од САД да се согласи на брз мировен договор со Русија, што вклучува отстапување на делови од територијата. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, генералниот ...

Македонија допрва ќе го имплементира системот за е-фактура, кој ќе ги опфати сите даночни обврзници што креираат фактури. Навидум сложена трансформација на работењето на стопанството, но во реалноста не би требало да претставува никаков проблем во денешната дигитална ера, секако доколку имаме институционален капацитет да се поткрепи целиот процес. Управата за јавни приходи (УЈП) минатиот месец најави дека е-фактурата, која претставува нова ера ...

Индексите на акциите на Волстрит во текот на викендот паднаа од рекордните максимуми бидејќи некои макроекономски податоци покажаа мешани сигнали за тоа како американските потрошувачи ја гледаат економијата. Инвеститорите, исто така, внимателно ја следеа во живо средбата меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин. „Иако не можеме да го предвидиме исходот од самитот во Алјаска, ние сме внимателни на потенцијални нарушувања бидејќи веруваме дека ...

„Ер Канада“ попладнево ќе продолжи со работа откако владата презеде мерки за прекин на штрајкот на повеќе од 10.000 членови на кабинскиот персонал, што доведе до стотици откажани летови. Летовите ќе продолжат во недела навечер со постепено зголемување во текот на наредните денови, соопшти авиокомпанијата со седиште во Монтреал. Сепак, се очекува да поминат неколку дена пред работењето комплетно да се врати во нормала. Канадскиот одбор за ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 9ᴼ
7.72
68%
1013
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
92%
1014
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
76%
1013
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
8.15
84%
1014
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.57
89%
1003
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1004
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
100%
1006
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
11.32
87%
1015
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
1.34
94%
1014
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
4.12
67%
1009
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
93%
1007
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Иридиум

145787.60

Родиум

255598.44

Кобалт

58.42

Платина

52952.77

Никел

473339.37

Злато

135056.24

Бакар

10.95

Рутениум

29192.88

Сребро

1878.05

Цинк

3.23

Паладиум

46425.68

Калај

40.48