Белград
9ᴼ /
8ᴼ
Биткоинот се искачи блиску до своето историски највисоко ниво, поттикнат од зголемената побарувачка од институционални инвеститори и корпоративни трезори, што ја зајакна и пошироката динамика на криптопазарот. Оригиналната криптовалута во еден момент порасна за 3,3 отсто, надминувајќи го нивото од 122.000 долари, што е само малку под рекордот поставен кон средината на јули. Паралелно, етерот викендов скокна над 4.300 долари, достигнувајќи го ...
Биткоинот се искачи блиску до своето историски највисоко ниво, поттикнат од зголемената побарувачка од институционални инвеститори и корпоративни трезори, што ја зајакна и пошироката динамика на криптопазарот. Оригиналната криптовалута во еден момент порасна за 3,3 отсто, надминувајќи го нивото од 122.000 долари, што е само малку под рекордот поставен кон средината на јули. Паралелно, етерот викендов скокна над 4.300 долари, достигнувајќи го ...
Владата на една од последните седници одржана на 1 август годинава ги разгледувала информациите за задолжување на Македонија со заем кај домашни комерцијални банки во износ до 70.000.000 евра и за потенцијално задолжување на меѓународниот пазар на капитал во износ до 950.000.000 евра. Можноста за ново задолжување се разгледува во период кога јавниот долг на земјата надмина 9,71 милијарди евра заклучно со вториот квартал од годинава што е еднакво ...
Колумбискиот конзервативен сенатор и претседателски кандидат Мигел Урибе Турбај почина денеска, повеќе од два месеци откако беше застрелан за време на предизборен митинг во западна Богота. Неговата сопруга, Марија Клаудија Таразона, ја потврди смртта на 39-годишникот рано утрово. „Почивај во мир, љубов на мојот живот“, напиша таа во објава на Инстаграм. Урибе Турбај беше критично ранет на 7 јуни за време на предизборен митинг во главниот град ...
Катар Гас транспорт (Qatar Gas Transport Co.) бара заем од 1 милијарда долари од група банки, посочува упатен извор, со што се придружува на силниот бран позајмувања од компании на Блискиот Исток кои во последно време обезбедуваат средства од азиски кредитори. Мизухо банка (Mizuho Bank Ltd.) е е единствен назначен главен организатор и координатор на петгодишниот договор, изјави истиот извор, кој побара да остане анонимен бидејќи станува збор ...
Македонија угости над половина милион туристи во првата половина од годинава. Државниот завод за статистика пресмета дека заклучно со јуни земјава ја посетиле 520.861 туристи, што е за 13,5 проценти поголем број од истиот период лани. Или во апсолутна бројка, годинава дошле скоро 62.000 туристи повеќе отколку во првата половина од 2024 година. При тоа, важно е да се напомене дека бројот на домашни туристи опаѓа, а бројот на странски се ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека самитот меѓу САД и Русија неделава може да ја отвори вратата за преговори за украинската територија, иако претседателот Володимир Зеленски и понатаму одбива да се откаже од територија окупирана од Русија. Намалувањето на јазот меѓу ставот на Зеленски и барањата на рускиот претседател Владимир Путин за потврдување на придобивките во источна Украина е една од најосетливите точки, во пресрет на ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека самитот меѓу САД и Русија оваа недела може да ја отвори вратата за преговори за украинската територија, иако претседателот Володимир Зеленски и понатаму одбива да се откаже од територија окупирана од Русија. Намалувањето на јазот меѓу ставот на Зеленски и барањата на рускиот претседател Владимир Путин за потврдување на придобивките во источна Украина е една од најосетливите точки, во пресрет ...
„Епл“ (Apple) подготвува голема надградба на гласовната контрола преку Сири (Siri), која би можела да ја промени досегашната интеракција со ајфоните. Новата функција, која користи подобрен систем наречен „ап интентс“ (App Intents), ќе овозможи Сири да управува со апликациите на уредот целосно преку глас, без потреба од допир на екранот. Ова значи дека корисниците ќе можат да бараат од Сири да најде, уреди и испрати слика, да коментира на ...
Работата со тргувањето со акции е што секој има свое мислење. А во моментов постои невообичаена дивергенција на пазарот, која е очигледна како судир на човекот наспроти машината. Компјутерски водени трговци не биле толку оптимисти за акциите во споредба со нивните човечки колеги од почетокот на 2020 година, пред да настапи ковид пандемијата, смета Параг Тате, стратег во „Дојче банк“. Двете групи инвеститори (човечки и компјутерски трговци) ...
Цените и акциите на литиумот во понеделникот нагло пораснаа откако батерискиот гигант „Контемпорари амперекс технолоџи“ - КАТЛ (Contemporary Amperex Technology Co. Ltd. – CATL) ги прекина операциите во голем рудник во Кина, поттикнувајќи шпекулации дека Пекинг би можел да суспендира и други проекти додека се справува со прекумерниот капацитет во економијата. „Тјанки литиум“ (Tianqi Lithium Corp.) скокна за најмногу 19 отсто во Хонгконг, додека ...
Компаниите „Енвидија“ (Nvidia Corp.) и „Адвенсд мајкро дивајсис“ - АМД (Advanced Micro Devices Inc. – AMD) се согласиле да ѝ плаќаат на владата на САД 15 отсто од приходите од продажбата на ВИ-чипови во Кина, во рамките на договорот за обезбедување лиценци за извоз, необичен договор што може да предизвика загриженост и кај американските компании и кај Пекинг. Според лице запознаено со ситуацијата, „Енвидија“ планира да сподели 15 отсто од ...
Иран нема да дозволи инспекции на нуклеарните објекти за време на посетата на висок претставник на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во Техеран в понеделник, изјави министерот за надворешни работи Абас Арагчи. „Сѐ додека не постигнеме нова рамка за договор, нема да започне никаква соработка“ со нуклеарниот надзорен орган на Обединетите нации, рече тој во телевизиско обраќање. Арагчи не го откри името на заменик-генералниот ...
Пред една и пол деценија Гиљермо Фелисес им помагаше на клиентите да ја надминат европската должничка криза. Денес тој ги претставува како добар избор обврзниците што некогаш беа во самиот центар на таа бура. Италија, Шпанија, Ирска, Португалија и Грција, кои во 2011 година беа на работ да колабираат под товарот на својот долг, оттогаш се трансформираа во врвни избори за компании како „ПЏИМ фиксд инкам“ (PGIM Fixed Income), каде што Фелисес ...
Во последната деценија, краудфандингот (crowdfunding) се етаблира како алтернативен извор на финансирање, кој им овозможува на стартапи, креативци и мали бизниси да соберат средства директно од заедницата – најчесто преку онлајн платформи. Наместо класично финансирање преку банки или инвеститори, овој модел нуди нова можност: да ја тестираш идејата на пазарот и истовремено да изградиш заедница околу неа и производот. Сепак, додека во Европа ...
Трамп и Путин ќе се сретнат в петок на Алјаска. На маса е прекројување на картата на Украина. Зеленски вели дека тоа нема да го дозволи. Европските лидери инсистираат да се видат со Трамп пред тој да се сретне со Путин. Добро утро, ова се останатите пет вести што се важни за почеток на денот. Лето во Хрватска: Колку заработуваат Македонците таму Тоа што веќе навлеговме во август воопшто не значи дека периодот на вработување сезонски работници е ...
Минатата недела на берзите помина релативно мирно – во споредба со турбулентните месеци од јануарското враќање на претседателот Доналд Трамп во Белата куќа. Сепак, берзанските случувања беа пораздвижени во Јапонија, од Волстрит пристигнаа предупредувања за берзанска корекција, а во регионот НЛБ објави извештај за работењето. Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно. Вашата претплата е успешна. Во Азија минатата ...
Тоа што веќе навлеговме во август воопшто не значи дека периодот на вработување сезонски работници е завршен. И покрај фактот дека од година на година условите за обезбедување работни дозволи за странци се олеснуваат речиси во секоја земја поради глобалниот недостиг од работна сила, сепак очигледно работници тешко се наоѓаат, па дури и сега има активни огласи за вработување за оваа летна сезона. Нашата стандардна летна слика на пазарот на ...
Европските лидери се обидуваат да остварат разговор со Доналд Трамп пред планираната средба на американскиот претседател на Алјаска со рускиот лидер Владимир Путин, според лица запознаени со прашањето. Лидерите сакаат да разговараат со него пред петок, кога Трамп и Путин треба да се сретнат, велат овие лица, кои инсистираат на анонимност. Секоја ваква комуникација би следела по интензивниот дипломатски викенд меѓу американски, украински и ...
Години наназад, „гуглањето“ беше рефлекс – несвесна навика вградена во секојдневието на милијарди луѓе. Без разлика дали бараме рецепт, истражуваме симптоми на болест, планираме патување или купуваме нов уред, полето за пребарување на Гугл и „десетте сини линкови“ беа вратата кон интернетот и знаењето. Моделот заснован на клучни зборови, оптимизација на содржина и неизбежни кликови со децении доминираше во дигиталниот простор. Но, за само две ...
Еден од најпровокативните предмети во мојот гардеробер е обична темна маица дизајнирана од еден либертаријански економист. Во 10 реда на предната страна пишува: „Царините не само што наметнуваат огромни економски трошоци, туку и не успеваат да ги постигнат своите главни политички цели, а притоа поттикнуваат и политичка дисфункција.“ Поврзано со ова, извршниот директор на „Епл“, Тим Кук, минатата недела отиде во Белата куќа за да му даде на ...
Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи итна седница во врска со планот на Израел за заземање и трајно окупирање на градот Газа, соопштено е од седиштето на ОН во Њујорк. Седницата, чие одржување го побараа пет земји – Данска, Франција, Грција, Велика Британија и Словенија, ќе почне во 10 часот наутро по локално време, односно во 15 часот по централноевропско време, пренесе МИА. Според извори од Советот за безбедност, сите ...
Гувернерката на Федералните резерви, Мишел Боуман, објави дека се залага за три намалувања на каматните стапки годинава. Во подготвениот говор, Боуман рече дека поддржува повеќекратни намалувања на каматите и дека ова мислење ѝ било зацврстено од последните слаби податоци за пазарот на трудот. Комитетот за монетарна политика на Фед годинава ги задржуваше каматните стапки непроменети, што Боуман го поддржуваше до јуни. Но во јули, таа и ...
Топлотните бранови низ Европа сè почесто предизвикуваат потреба нуклеарните електрани да се исклучуваат од работа, при што се очекува ситуацијата да се влошува во следните децении, а опциите за ублажување се ограничени. Според студија објавена во списанието „Енерџи економикс“, прекините во работата на нуклеарните централи предизвикани од временски услови – главно поради зголемената температура на водата за ладење – се зголемиле тројно во ...
Се очекува иницијативите на американскиот претседател Доналд Трамп за создавање нов светски поредок преку воведување низа нови царини да го забават светското стопанство и да ги зголемат тензиите во односите на САД со нивните сојузници и ривали. Првите знаци на штетното влијание на царините врз американската економија веќе се забележливи. Трамп и неговиот тим, разбираливо, имаат сосема поинаков поглед на ситуацијата. Тие истакнуваат дека ...
На 4 јули, додека САД го славеа Денот на независноста, и највисокиот круг министри во Швајцарија имаше причина за радост. Тие веруваа дека обезбедиле договор за да избегнат казнени тарифи од Доналд Трамп — или барем така мислеа. Три и пол недели поминаа пред швајцарската претседателка Карин Келер-Зутер или некој друг од владата да сфати дека работите ќе тргнат во сосема лоша насока. Кога Трамп ја објави својата тарифна одлука, на Швајцарија ѝ ...
Собранискиот спикер, Африм Гаши се очекува денеска да ги распише осмите по ред локални избори во Македонија. Првиот круг од гласањето ќе се одржи на 19 октомври, а вториот, две недели подоцна, на 2 ноември. На локалните избори, граѓаните ќе бираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје. Со распишувањето ќе почнат да течат изборните рокови. Рокот за поднесување на листите е најдоцна 35 дена пред денот на одржување на изборите, ...
Украина нема да отстапи земја за да стави крај на војната, но е подготвена да соработува со американскиот претседател Доналд Трамп за вистински и траен мир, изјави претседателот Володимир Зеленски. „Украинците нема да ја дадат својата земја на окупаторот“, напиша Зеленски на Телеграм и Х. Ова е неговиот прв одговор на извештаите од петокот дека разговорите меѓу Вашингтон и Москва се фокусираат на договор со кој би се потврдила руската ...
Администрацијата на Трамп најавува дека ќе појасни дека увозот на златни прачки нема да биде предмет на тарифи, откако една американска државна агенција ги изненади трговците со официјална одлука дека тие ќе подлежат на давачки. Администрацијата планира во блиска иднина да објави извршна наредба за да го појасни, како што го нарече, дезинформирањето за тарифирањето на златото и други специјални производи, изјави за „Блумберг“ еден претставник ...
Доналд Трамп објави дека планира да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин следниот петок на Алјаска, додека американскиот претседател се обидува да посредува во договор за примирје со надеж дека ќе стави крај на војната во Украина. „Долгоочекуваната средба помеѓу мене, како претседател на Соединетите Американски Држави, и претседателот Владимир Путин од Русија, ќе се одржи следниот петок, на 15 август 2025 година, во големата држава ...