Инфлацијата во еврозоната се задржа на целното ниво на Европската централна банка (ЕЦБ), што ги поддржува аргументите на официјалните лица кои велат дека нема брзање за натамошно намалување на каматните стапки. Потрошувачките цени се зголемија за два отсто на годишно ниво во јули, исто темпо како и во претходниот месец, соопшти денеска Евростат. Економистите анкетирани од „Блумберг“ очекуваа забавување на 1,9 проценти. Основната мерка, која ...

„Мајкрософт Корп.“ стана втората компанија во светот што достигна пазарна капитализација од 4 трилиони долари откако објави квартални заработки што ги надминаа очекувањата на Волстрит, што доведе до пораст на акциите во четвртокот. Акциите на технолошкиот гигант скокнаа за дури 8,2 отсто во раното тргување во Њујорк, зголемувајќи ја неговата пазарна вредност на 4,1 трилион долари. „Енвидија“ ( Nvidia Corp) стана првата компанија што ја ...

Во првата половина од годината „Витаминка“ ги зголеми вкупните приходи за 12 отсто, покажуваа финансискиот извештај. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 99 отсто, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2024 година се повисоки за 12 отсто. Растот на приходите е поради зголемената продажба на одредени групи на производи. Остварените единечни вкупни ...

Растот на акциите нагло опадна во пресрет на воведувањето царини од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, а Белата куќа побара од производителите на лекови да ги намалат цените во САД. Обврзниците беа нестабилни, но со благи подеми и падови во пресрет на податоците за работните места. Доларот го забележа својот најдобар месец во 2025 година. Индексот S&P 500 за првпат од април изгуби еден отсто добивка. Трамп испрати писма до ...

„Макстил“ во првата половина од годината оствари позитивни финансиски резултати благодарение на производството кое ги надмина плановите на компанијата. Производството на дебели лимови бележи раст од 5 отсто во однос на истиот период лани, а производството на челичанските слабови во извештајниот период е намалено за 10 отсто, но бележи раст во однос на плановите на компанијата за 7 отсто. Во овој период се остварени приходи од работење во износ ...

Акциите на Редит (Reddit Inc.) скокнаа откако компанијата објави најпрофитабилен квартал досега и проектираше приходи за третиот квартал кои далеку ги надминуваат очекувањата на аналитичарите, што укажува на зајакнување на нејзиниот бизнис со дигитално рекламирање. Компанијата во четвртокот соопшти дека очекува приходите за тековниот квартал да бидат меѓу 535 и 545 милиони долари, при што средината на тој опсег е значително над просечната ...

„Епл“ (Apple Inc.) пријави најголем квартален раст на приходи во последните три години, надминувајќи ги очекувањата на Волстрит, благодарение на зголемената побарувачка за ајфони, стабилизацијата на пазарот во Кина и значајниот пораст на приходите од услуги. Во третиот фискален квартал, кој заврши на 28 јуни, приходите на „Епл“ пораснале за 9,6 отсто и достигнале 94 милијарди долари. Тоа е далеку над проценетите 89,3 милијарди долари, според ...

Канада најави дека во септември ќе ја признае палестинската држава, што палестинскиот претседател Махмуд Абас го нарече „историска одлука“, а американскиот претседател Доналд Трамп го дочека тоа „на нож“. Палестинското Министерство за надворешни работи ја нарече одлуката „храбра и принципиелна“, нагласувајќи ја нејзината важност за правдата и правото на Палестинците на самоопределување, додека Трамп на својот профил на социјалните мрежи наведе ...

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утрово по македонско време ги објави новите царински стапки за сите земји од светот што досега не постигнаа официјално трговски договор, пред да истече последното одложување на претходно објавените царински стапки, на први август. Македонија официјално има стапка од 15 отсто, исто како за Европската унија, којашто склучи трговски договор само пред три дена, на 27 јули. Првично објавената царинска ...

Канада најави дека во септември ќе ја признае палестинската држава, што палестинскиот претседател Махмуд Абас го нарече „историска одлука“, а американскиот претседател Доналд Трамп ја дочека „на нож“. Палестинското Министерство за надворешни работи ја нарече одлуката „храбра и принципиелна“, нагласувајќи ја нејзината важност за правдата и правото на Палестинците на самоопределување, додека Трамп на својот профил на социјалните мрежи рече дека ...

Прекинот на работата на контролата на воздушниот сообраќај во Велика Британија што се случи вчера попладне го наруши распоредот на летање и пренасочи и откажа повеќе од 150 лета. Ова се случи во еден од најпрометните периоди од годината за патување, а конкретниот проблем со радарот сѐ уште не е познат. Прекинот на услугата резултира со откажување на 84 поаѓања и 71 пристигнување низ Велика Британија, според податоците од „Сириум“ (Cirium). ...

Прекинот на работата на контролата на воздушниот сообраќај во Велика Британија што се случи вчера попладне го наруши распоредот на летање, пренасочи и откажа повеќе од 150 летови. Ова се случи во еден од најпрометните периоди од годината за патување, а уште е непознат конкретниот проблем со радарот. Прекинот на услугата резултираше со откажување на 84 поаѓања и 71 пристигнувања низ Велика Британија, според податоците од „Сириум“ (Cirium). ...

Распоредот на летови од скопскиот аеродром се зголемува за уште пет нови дестинации. Имено, министерот за транспорт Александар Николоски денеска објави дека ќе бидат воведени пет нови авиолинии од Меѓународниот аеродром Скопје. Од ноември од Скопје ќе се лета до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн. „Утрово потпишавме Договор за пет нови дестинации кои што ќе се оперираат од скопскиот аеродром. Пет нови авиолетови кои ќе ...

„Опен еј-ај“ се согласи да биде главен клиент за нов центар за податоци во Норвешка, првата европска локација за инфраструктурниот потфат „Старгејт“ (Stargate) на компанијата за вештачка интелигенција (ВИ). Компанијата за центри за податоци „Енскејл глобал холдингс“ (Nscale Global Holdings Ltd.) ќе го изгради објектот со финансирање од норвешкиот инвеститор „Акер“ (Aker ASA), соопштија денеска компаниите. Локацијата, која ќе биде во заедничка ...

Првото полугодие од 2025 година „Реплек“ го заврши со значаен раст на приходите од продажба во сегментот фармација за 22 отсто, евидентен како на домашниот, така и на странските пазари. Консолидираната нето добивка достигна 130 милиони денари (2,11 милиони евра), што е пораст за 90 отсто во однос на истиот период од минатата година, соопшти компанијата. Нето-приходите од продажба во сегментот фармација во периодот од јануари до јуни годинава ...

Американскиот инвестициски гигант „Блекрок“ (BlackRock Inc.) ги извести регулаторните тела за промена на својот сопственички удел во „Баваг“ (Bawag Group AG), една од најголемите австриски банки. „Блекрок“ (BlackRock) го помина законски дефинираниот праг на сопственост во понеделник, 28 јули. Од берзанското соопштение не е јасно дали „Блекрок“ го зголемил или го намалил својот удел. Сигнал до пазарот Известувањето за значајни удели е ...

Глобалниот пазар на бакар закрепнува од најголемиот шок досега во годината на политички изненадувања, насилни ценовни флуктуации и невидена дислокација на трговијата. Американскиот претседател Доналд Трамп продолжи со 50 проценти царини за увоз на бакар, но ги исклучи клучните производи, вклучувајќи го и рафинираниот метал, кои се главен столб на меѓународниот синџир на снабдување. Овој потег предизвика рекорден пад на цените во САД, по ...

Во првата половина од година „Макпетрол“ оствари вкупен приход 14,48 милијарди денари што е за 0,69 отсто повеќе во однос на лани. Најголемиот трговец со нафтени деривати во земјава ја зголеми добивката пред оданочување за 4,96 отсто споредено со минатата година. Во првите шест месеци од 2025 година количествениот промет бележи раст од 3,59 отсто, стои во финансискиот извештај за периодот јануари - јуни годинава. „Друштвото го прошири ...

„Мајкрософт“ (Microsoft Corp.) е на пат да стане втората компанија во светот која достигнала пазарна капитализација од четири трилиони долари, откако ги објави кварталните приходи што ги надминаа очекувањата на Волстрит, што доведе до голем раст на акциите во продолженото тргување во средата. Акциите на технолошкиот гигант скокнаа и до девет проценти, над 560 долари, во доцното тргување во Њујорк, и доколку барем дел од овој раст се задржи до ...

Народната банка (НБРМ) и овој пат ги задржа непроменети каматните стапки, а главната причина зошто од почетокот на годината нема намалување на трошоците за задолжување е забрзувањето на инфлацијата. Добро утро, ова се останатите пет вести што се важни за почеток на денот. Што остана по Европскиот младински олимписки фестивал? Пет дена по официјалното затварање на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ), кој годинава се одржа во ...

Претседателот Доналд Трамп изјави дека ќе воведе царина од 25 отсто за Индија почнувајќи од 1 август и сугерираше дека ќе додаде дополнителна казна поради енергетските набавки на земјата од Русија. Трамп во објава на Трут сошл во средата рече дека Индија има царини што се „меѓу највисоките во светот, и ги има најстрогите и најодвратни нетарифни трговски бариери од сите земји.“ „Исто така, тие отсекогаш купувале најголем дел од својата воена ...

Франција ја соопшти намерата да стане првата членка на Групата на седум (Г7) што ќе ја признае Палестина како држава. Ирска, Норвешка и Шпанија веќе го направија тоа, прекинувајќи со консензусот во Западна Европа и САД дека Палестинците треба да ја постигнат државноста преку преговори со Израел. Големо мнозинство земји во светот — околу 150 — ја признаваат палестинската држава. Овие декларации имаат симболична вредност за Палестинците и служат ...

Скопската компанија „Алкалоид“ оствари во првото полугодие годинава единечна нето-добивка од 15,3 милиони евра или за седум отсто повеќе во однос на истиот период лани. Консолидираната нето-добивка изнесува 13,9 милиони евра или 4 проценти повеќе од минатата година. Компанијата соопшти дека вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – јуни 2025 година изнесуваат 10 милиони евра. Во периодот за анализа „Алкалоид“ оставри ...

„Стопанска банка“ од Скопје ја зголеми добивката за два отсто споредено со истиот период лани. Во финансискиот извештај за првата половина од годината се наведува дека банката „продолжи со остварување солидни резултати и висока профитабилност“ и остварена е добивка пред оданочување од 2.022.904 илјади денари. „Согласно примената на регулативата за глобален данок кој ја засега, Стопанска банка пресметува данок со примена на ефективната даночна ...

Руската нафта од типот Урал моментално се продава со најмала разлика во цената во однос на референтните пазарни цени од почетокот на војната во Украина во 2022 година, што укажува на тоа дека новите европски санкции досега не го даваат очекуваниот ефект. Нафтата што се извезува од западните пристаништа на Русија последниве денови се продавала со просечен „попуст“ од 11,45 долари по барел во однос на референтната цена на нафтата од типот Брент ...

„ЕТоро“ (eToro Group Ltd.) планира да лансира токенизирани верзии на акции кои котираат на американската берза, овозможувајќи им на клиентите да тргуваат со акции во кое било време од денот. Иако од компанијата одбија да прецизираат кога ќе започне понудата, рекоа дека веројатно ќе почне прво во Европа. Платформата за тргување и инвестирање ќе ги издава средствата како ERC20 токени на блокчејнот Ethereum. Откако ќе биде пуштена во употреба, ...

Народната банка (НБРМ) ги задржа непроменети каматните стапки на вчерашната седница на Извршниот одбор за монетарна политика. Kаматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 5,35 проценти, каматните стапки на депозитите преку ноќ се задржуваат на 3,95 проценти, додека на депозитите на 7 дена на ниво од 4 проценти. Од НБРМ соопштија дека со оваа одлука се задржува внимателниот пристап при водењето на монетарната политика, ...

Данската фармацевтска компанија „Ново Нордиск“ (Novo Nordisk A/S) го назначи својот шеф за меѓународни операции, Мазиар Мајк Дуосдар, за нов извршен директор поради забавување на продажбата на лековите за слабеење, што предизвика предупредување за профитот и пад на пазарната вредност од 93 милијарди долари. Одлуката доаѓа во момент кога компанијата се соочува со растечка конкуренција и намалена побарувачка за своите најпродавани производи ...

Инвеститорите кои ги анализираат изјавите на Џером Пауел барајќи денеска каква било индикација дека Федералните резерви (Фед) се приближуваат кон намалување на каматните стапки, можеби ќе останат без одговор. Од креаторите на политиките во голема мера се очекува да ги држат каматните стапки стабилни на овој петти последователен состанок, којшто завршува денеска. Несогласувањата од еден или повеќе функционери би можеле да ја испратат пораката ...

Цените на суровата нафта повторно растат. Во понеделникот цената на 159-литарски барел сурова северноморска брент нафта се зголеми за повеќе од два проценти, на 70 долари, а вчера следеше помало зголемување. Во времето на пишување барел брент се тргуваше за околу 70,50 долари. Трговските преговори беа главна тема на разговор на нафтените пазари во последните денови, но фокусот ќе се префрли на состанокот на ОПЕК+ (Организацијата на земји ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
6.69
70%
1014
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1014
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
74%
1014
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
6.19
88%
1015
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
97%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
1.79
89%
1003
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1005
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
100%
1007
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
10.8
87%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
1.34
94%
1014
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
71%
1009
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
93%
1008
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Цинк

3.23

Калај

40.48

Платина

52952.77

Рутениум

29192.88

Родиум

255598.44

Алуминиум

2.91

Злато

135056.24

Никел

473339.37

Бакар

10.95

Кобалт

58.42

Иридиум

145787.60

Паладиум

46425.68