Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Времето денес променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени, јавува УХМР. Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. ...
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ја исмеа ефикасноста на руските системи за воздушна одбрана распоредени во Венецуела откако американските специјални сили спроведоа операција за апсење на Николас Мадуро во Каракас. За време на говорот посветен на успехот на американските сили, шефот на Пентагон ја истакна слабоста на руската воена технологија. Според него, исклучителниот професионализам на американските војници им овозможил да ја ...
Заменик-шефот на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп и еден од неговите клучни советници, Стивен Милер, разговараше со Си-Ен-Ен за тоа како администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се справува со ситуацијата во Венецуела по апсењето на Николас Мадуро, но се осврна и на Гренланд, велејќи дека територијата треба да стане дел од САД. Милер рече дека американската војска е „распоредена надвор од Венецуела“ и дека ...
Венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо, која минатата година помина месеци криејќи се, изјави дека е благодарна за акцијата на Доналд Трамп во Венецуела, нарекувајќи ја „џиновски чекор за човештвото, за слободата“. Таа го пофали американскиот претседател Доналд Трамп за апсењето на авторитарниот лидер Николас Мадуро. „3 јануари ќе остане запишан во историјата како ден кога правдата триумфираше над тиранијата“, изјави Мачадо за ...
На 05.01.2026 во 16:05 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Градец, во населба Млаки, патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од лице (46) од с.Врапчиште, гостиварско, удрило во 69-годишниот Б.С. од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицински центар Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар. На 05.01.2026 во ...
На 05.01.2026 во 19:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Емин Бојана“ во с. Бојане, скопско, 47-годишник од тетовско, управувајќи патничко возило „ауди“ со италијански регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски ѕид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник од Тетово, додека со телесни повреди се здобила 14-годишна сопатничка од Тетово, констатирани во Клиничката болница Тетово и Комплекс ...
Бадник денес се одбележува како еден од најпрепознатливите датуми во народниот и верскиот календар – празник што истовремено е и тивка подготовка и силна порака. Во фокусот не се спектаклот и раскошот, туку домот, трпезата без месо и чувството дека „вечерва се собира семејството“. Од раните утрински часови низ градовите и селата се чувствува празничната динамика: се купуваат ореви, суво овошје и посни производи, се подготвуваат житото и ...
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Утре врнежите ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во ...
Православните христијани во светот, во Македонија и црквите кои се раководат по Јулијанскиот календар денеска го слават Рождеството Христово – Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква изутрината се одржуваат божикни литургии. Божик е денот на Христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Денеска воедно завршува 40-дневниот пост и овој ден се прославува со богата ...
Претежно облачно, а наместа и магловито со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Минималните утрински температури ќе се движат од околу 2 степени на северозападот до 10 степени на југоистокот, додека дневните максимални ќе бидат во интервал од 8 до 16 степени. Во западните и југозападните ...
Откако американските сили го уапсија венецуелскиот претседател Николас Мадуро за време на викендот, американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација издадоа серија предупредувања до други земји – Колумбија, Куба, Мексико, Иран, но и Гренланд, самоуправна територија на Данска, пишува CNN. „Нашата работа е да имаме земји околу нас кои се одржливи и просперитетни и каде што нафтата е дозволено слободно да тече“, рече Трамп. ...
Пред федералниот суд Даниел Патрик Мојнихан во Менхетен, каде што денес Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес ќе се појават пред судијата, се собраа десетици демонстранти, барајќи ослободување на уапсениот венецуелски лидер. Дел од толпата носеше транспаренти со пораката „Ослободете го претседателот Мадуро“, додека други демонстранти истовремено ги поддржаа потезите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во ...
Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди регионот Чугоку во западна Јапонија во вторник наутро, по што следеа низа силни потреси, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Епицентарот на првиот земјотрес беше во источната префектура Шимане, соопшти агенцијата, додавајќи дека нема закана од цунами. „Чугоку Електрик Пауер“, која управува со нуклеарната централа Шимане, на околу 32 км оддалеченост, соопшти дека работењето на нивниот блок ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не очекува нови избори во Венецуела во следните 30 дена. „Ќе потрае некое време“ „Прво мора да ја поправиме земјата. Не можете да имате избори“, изјави тој за американската телевизија NBC News. „Ќе потрае некое време. Мора да ја излечиме земјата додека не се опорави“. Владата на Венецуела сè уште го смета Николас Мадуро, кој беше приведен од американските сили во саботата, за легитимен ...
Силна експлозија синоќа ја вознемири загрепската населба Трешњевка, откако во дворот пред основно училиште во Новa цеста била активирана силна пиротехничка направа, јавува „Дневник.хр“. Според сведоци, се слушнале две експлозии, а една од жителките изјавила дека од силниот удар се треселе прозорците. Од загрепската противпожарна служба соопштиле дека во 22:56 часот добиле пријава за пожар на игралиштето на Основното училиште „Јулије Кловиќ“, ...
Соопштение на СДСМ: Секако дека ги осудуваме сите кои се како Мадуро и како Мицкоски. Ние засега можеме само со зборови да осудиме, а се надеваме дека вам наскоро ќе ви се суди според законите на оваа држава, за да не мора да доаѓаат по вас, како што дојдоа по Мадуро. Ве осудуваме за мигранти за пари и за предавство на Македонија. Ве осудуваме за 161 тендер за една компанија, за 9 милиони евра за друга, за 1,2 милиони евра тендери од Пошта. ...
На 05.01.2026 година во 15.20 часот, во патничко возило „пасат“ со дебарски регистарски ознаки, кое било во колона за влез во државата, на граничниот премин „Ќафасан“, избувнал пожар. Повредени лица нема, а возилото, сопственост на маж(34) од Дебар, било веднаш отстрането од колоната и со противпожарен апарат било спречено натамошно ширење на пожарот. На 05.01.2026 година во 15.20 часот, во патничко возило „пасат“ со дебарски регистарски ...
На 05.01.2026 година во 22 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека на улицата „Живко Туфекџиоски“ во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу две малолетни лица при што, едното се здобило со телесни повреди. Се преземаат мерки за расветлување на настанот, по што ќе следи соодветен поднесок. На 05.01.2026 година во 22 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека на улицата „Живко Туфекџиоски“ во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег бележиме на Попова Шапка кој во моментов не се задржуват на коловозот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 ...
На 05.01.2026 во 01:02 часот во СВР Скопје е пријавено дека на наплатна рампа „Петровец“ во Скопје, вработениот Н.А.(45) бил физички нападнат од едно лице, кое употребило стаклен предмет и му нанелo повреди, по што со возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки ја скршило рампата и заминало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава. На 05.01.2026 во 01:02 часот во СВР Скопје е пријавено ...
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни (над 25 l/m²) во среда попладне и во текот на ноќта, кога во западните делови ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе бидат претежно од снег. Во западните делови се очекува да се формира нова снежна покривка. ...
Денеска (05.01.2026) во 08:50 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар лишија од слобода лице (35) од с.Вруток, гостиварско. Тој се сомничи дека во текот на утринските часови извршил кражба во црквата „Света Богородица“ во Гостивар, при што одзел пари. Кај него се пронајдени и одземени дел од украдените пари. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена ...
Здружението „Бадникови поворки“ информира дека и оваа година, на 6 јануари 2026 година, ќе се одржат Бадниковите поворки, како најголема народно-културна и духовна манифестација во земјава, посветена, како што велат, на радосното и достоинствено најавување на Христовото Рождество – Божик. „Годинава, Бадниковите поворки ќе се одржат во рекордни 80 градови и населени места низ Македонија, како и во македонската дијаспора во Словенија, Италија, ...
-Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска презентираше нови докази кои укажуваат на длабока и системска поврзаност на Алта банка со структури, финансиери и функционери на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти СДСМ. „Акциите на САД против корупцијата, како и специјалниот Закон на САД за Западен Балкан, се силен показател дека се враќа фокусот за санкционирање на корупцијата и криминалот во регионот“, истакна Александар Саша Димитријевиќ генерален секретар на СДСМ, ...
На 04.01.2026 во 11:00 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека на локалниот пат во с.Дурачка Река, кривопаланечко, кај место викано „Мушкаричина бавча“, 83-годишниот К.М. од с.Кошари, кривопаланечко, управувајќи мопед „томос“, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Здравствен дом Крива Паланка, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што ...
Министерството за правда на САД објави ажурирано обвинение против венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кое сега ја вклучува и неговата сопруга, Силија Флорес, обвинувајќи ги за долгогодишна вмешаност во меѓународна трговија со дрога. Обвинението, кое беше ажурирано минатата сабота, наведува сериозни обвиненија за наркотероризам и корупција на највисоко ниво. Според обвинителите, повеќе од 25 години, Николас Мадуро и другите венецуелски ...
Швајцарските власти ги идентификуваа сите 40 жртви од ужасниот пожар што се случи во бар за време на новогодишната ноќ во популарниот скијачки центар Кран-Монтана, при што повеќе од половина од загинатите биле на возраст од 18 години или помлади. Пожарот, кој избувна во барот „Ле Констелејшн“ во 1:30 часот наутро на 1 јануари, бил предизвикан од употреба на пиротехнички прскалки во објектот, потврдија обвинителите. Истражителите веруваат дека ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека е задоволен од реализацијата на инфраструктурните проекти во 2025 година, за која вели дека била предизвикувачка година. Тој исто така најави дека очекува стапка на раст од повеќе од три проценти од следната година и дека Србија ќе биде една од најдобрите земји во Европа. Вучиќ го изјави ова за време на обиколката на работите за изградба на дел од Дунавскиот коридор кај Голупац и истакна ...
Високо преработената храна ги оштетува сите главни органи на човечкото тело и претставува сериозна закана за глобалното здравје, според најголемиот светски преглед на истражувања објавени во списанието „Лансет“. Високо преработената храна која, според „Гардијан“, денес сè повеќе ја заменува свежата храна во исхраната на децата и возрасните на сите континенти, е поврзана со зголемен ризик од неколку здравствени проблеми, вклучувајќи дебелина, ...
Николас Мадуро се соочи со нов удар од Европа. Швајцарската влада одлучи да ги замрзне сите средства што Мадуро и луѓето поврзани со него ги имаат во Швајцарија, а мерката стапува на сила веднаш. Како што е најавено, целта е да се спречи изнесување на какви било средства од земјата. Доколку идните судски постапки покажат дека средствата се стекнати нелегално, Швајцарија вели дека ќе се обиде да ги врати парите на венецуелскиот народ. Сè уште ...