Белград
10ᴼ /
9ᴼ
Климатските промени предизвикани од човекот ги направија десетте најсмртоносни екстремни временски настани во последните 20 години поинтензивни и најмалку двојно поголеми шанси да се случат, според новата анализа на научниците од групата World Weather Attribution (WWA) од Империјалниот колеџ во Лондон. Бурите, топлотните бранови и поплавите што ги погодија Европа, Африка и Азија во последните две децении убиле повеќе од 570.000 луѓе, пишува ...
Кинескиот претседател Кси Џинпинг му соопшти на шпанскиот крал Фелипе VI дека втората по големина економија во светот сака да соработува со Мадрид за зајакнување на глобалното влијание на двете нации. Филип е првиот шпански монарх во последните 18 години што ја посетува Кина, додека Мадрид се стреми да ги зголеми кинеските инвестиции и да го прошири своето дипломатско влијание во Азиско-пацифичкиот регион. Кина, од своја страна, се стреми да ги ...
Најмалку 42 мигранти се водат за исчезнати и се верува дека се удавиле кога гумен чамец се превртел кај либиското крајбрежје, соопшти Меѓународната организација за миграции (ИОМ). Спасени се седум лица што шест дена пловеле по морето по потонувањето на чамецот со вкупно 49 лица во близина на нафтното поле Ал Бури, северозападно од либискиот брег. Според ИОМ, мигрантите потекнуваат од Судан, Нигерија, Камерун и од Сомалија. Од падот на режимот на ...
Нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ целосно ги елиминира своите шалтери за пријавување, преминувајќи на исклучиво дигитално работење. Патниците сега мора да се пријават онлајн и да имаат дигитална или испечатена карта за влез во авионот со себе. Според новите правила, сите патници мора да се пријават преку апликацијата на „Рајанер“ или официјалната веб-страница пред да пристигнат на аеродромот. По пријавувањето онлајн, тие мора да ја преземат ...
Поранешниот германски министер за надворешни работи Зигмар Габриел (СПД) денес изјави дека руската инвазија на Украина ќе беше спречена доколку поранешната канцеларка Ангела Меркел останеше на чело на Германија. „Цврсто сум убеден дека немаше да завршиме во оваа војна доколку Меркел беше на власт. Преку договорите од Минск, кои таа ги иницираше, војната беше одложена за осум години“, изјави тој за германскиот јавен сервис АРД. Договорите од ...
500 лица до денес, се отстранети од работа од претпријатијата во градот Скопје, соопшти вчера во интервју Орце Ѓорѓиевски, новоизбран градоначалник на Скопје. – Тоа се лица кои се платени од парите на скопјани, но не оделе на работа со месеци, дури и години. Тука, нема да има толеранција, а ќе има и одговорност! Секој оној што чесно си ја работи својата работа ќе биде награден, а оној што не работи – ќе биде санкциониран. Ред во Скопје, мора да ...
Друштвото на писателите на Македонија со длабока тага и жалење ја известува јавноста дека денес, 12.11.2025 г. почина поетесата Славица Свидерска (1984, Битола). Доктор по филолошки науки. Лекторка по македонски јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Факултетот за странски јазици во Тирана. Зад себе остави богато поетско, есеистичко и научно творештво од областа на теорија на книжевноста. Преведувана е на десетина јазици и ...
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ЗИМСКА ...
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена. Прогноза за 14.11.2025 Минимална температура: -3°C до 5°C Максимална температура: 15°C до 20°C Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Прогноза за 15.11.2025 ...
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Рита Колумбија. На средбата се разговараше за тековната и идната соработка меѓу Собранието и Канцеларијата на ОН во Северна Македонија, со акцент на улогата на законодавниот дом во процесите поврзани со одржливиот развој, човековите права и доброто владеење. Претседателот Гаши изрази ...
Времето утре, наутро ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени. Во наредните денови ...
– Суспензијата на исплатите за ИПАРД програмата поради корупцискиот скандал во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието предизвикаа шок, недоверба и огромна неизвесност кај илјадници македонски земјоделци и компании. Бидејќи владата и министерството молчат денеска ќе објавиме колкав е импактот, колку проекти се засегнати, колкава е вредноста на инвестициите. Бројките огромни и поразителни, изјави Љупчо Николовски од СДСМ. – Со ...
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа работен состанок со регионалната директорка на Светска банка за Западен Балкан, Шаошинг Ју, на која беа потенцирани приоритетите на Министерството за унапредување на јавното здравство. „Министерството за здравство е институционално мобилизирано и посветено на темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита, вклучувајќи и интеграција на моделот на долготрајна нега. Овие два сегментa ќе ...
Во интервју за емисијата Топ Тема, претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски зборуваше за низа актуелни прашања, меѓу кои е предметот со измените на Кривичниот законик, извештајот на Европската унија за владеењето на правото, состојбата со судиските плати, предметите поврзани со изборите, постапката за избор на судија во Европскиот суд за човекови права. Костадиновски потенцираше дека измените на членот 353 од Кривичниот законик со ...
Во рамките на програмата на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ кој се одржува во Дојран, годинешниот лауреат на наградата „Мето Јовановски“, српскиот актер, Лазар Ристовски за прв пат одржа мастерклас на тема „Aктерството во уметноста на филмот и местото на актерот во филмската индустрија денес“. Во Музејот на Град Дојран, Ристовски го сподели неговото прво искуство со актерството кога снимале филм со негов колега. ...
Соопштение на СДСМ: Владата тоне во скандали, заради корупција се губат стотици милиони евра од ЕУ. Затоа ДПМНЕ измислува приказни и секојдневно штанца приказни за СДСМ, да го одвлече вниманието од сопствените проблеми. Кога во една Влада царува корупција и неспособност, очигледно им останува само да зборуваат за Венко Филипче и за СДСМ кои единствени ги разобличуваат криминалите на власта. СДСМ нема да трча по лагите кои секојдневно ги пласира ...
На 12.11.2025 во 00:00 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца е пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник А.Х.(13), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. На 11.11.2025 во 18:35 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Ф.К.(68) од Скопје пријави дека од домот се оддалечила неговата внука Х.К.(21), која имала здравствени проблеми. Се ...
Apple издаде итно предупредување до корисниците на iPhone да ги проверат своите поставки и веднаш да ја преземат најновата верзија на оперативниот систем iOS 18. Имено, во најновото ажурирање беа откриени сериозни безбедносни недостатоци кои би можеле да им овозможат на хакерите пристап до чувствителни податоци без знаење на корисникот. Apple потврди дека новата верзија на iOS 18.6.2 се препорачува за сите корисници бидејќи содржи важни ...
Побарувачката за клима уреди може да се зголеми повеќе од трипати на глобално ниво до 2050 година, предупредија денес Обединетите нации, повикувајќи ја меѓународната заедница да пронајде поодржливи решенија за ладење. Програмата за животна средина на ОН соопшти дека побарувачката може да се зголеми поради глобалното зголемување на населението и богатството во комбинација со сè поекстремната топлина. „Растечката побарувачка за системи за ладење ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се најде во центарот на вниманието, овој пат со бизарна изјава за магнетите за време на настан во Овалната соба, објавува „Индипендент“. Сè се случи вчера, за време на положувањето заклетва на новиот американски амбасадор во Индија. Трамп ја искористи приликата да одржи неочекуван монолог за Кина, фокусирајќи се на неодамнешниот договор за извоз на ретки земни метали. „Кина ќе нè удри со ретки ...
Украина се соочува со критичен недостиг на војници, бидејќи рекорден број мажи ја напуштаат земјата и одат за Европа, предупреди градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, во интервју, пишува Политико. „Имаме огромни проблеми со војниците – со човечките ресурси“, изјави Кличко за Axel Springer Global Reporters Network, признавајќи го данокот што речиси четиригодишната војна го нанесе врз способноста на Украина да ги пополни своите редови. Руските ...
Грчки суд изрече казна од 1,7 милиони евра за суровост кон животните. По дојава од минувачи, грчката полиција наишла на затвор за мачки. 68-годишен Грк затворил 58 мачки во трошна зграда. Ги оставил без храна, вода и ги мачел. Уапсениот човек им рекол на властите дека собирал животни скитници бидејќи бил чувствителен на нивната тешка состојба. Неговите адвокати се обидоа да го претстават како ментално болен, но експертите на судот докажаа дека ...
Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска околу 10:30 часот по локално време ја погоди територијата на Кипар, со епицентар во близина на градот Пафос, на длабочина од околу 17 километри. Сведоци изјавиле дека земјотресот предизвикал одрони во областа околу селото Полеми, каде што бил почувствуван најсилно. „Карпи и камења се стркалаа низ ридот“, изјавиле мештани. Граѓаните, уплашени од тресењето, во паника излегле на ...
Анкара денес ја потврди смртта на 20 турски војници во воен товарен авион што се урна вчера во источна Грузија. Турското Министерство за одбрана ги објави имињата и фотографиите на жртвите, но сè уште не ги објави можните причини за падот на авионот Ц-130. „Нашите херојски соборци станаа маченици на 11 ноември 2025 година“, се вели во соопштението издадено во име на министерот за национална одбрана Јашар Ѓулер, кое го емитуваше државната ...
Албанскиот парламент доцна синоќа го усвои Законот за родова рамноправност, по повеќечасовна и остра дебата. Законот беше изгласан со 77 гласа „за“, 36 „против“ и без воздржани. Новите измени утврдуваат дека терминот род се однесува на општествено создадени улоги, однесувања и атрибути што се сметаат соодветни за жени и мажи. Опозициската Демократска партија остро се спротивстави, обвинувајќи дека законот има за цел „уништвање на семејството“. ...
Интензивно се вршат градежните активности на терен за реализација на проектот за изградба на нов плочест мост и сервисна улица „500“ во населеното место Марино. Со проектот ќе се реализира изградба на нов плочаст мост со коловоз широк 6 метри и тротоари од по 1,5 метар од двете страни, со што ќе се обезбеди безбедно и непречено движење на пешаците и возилата. Покрај мостот, интензивно се работи на терен и изградбата на новата сервисна улица во ...
СДСМ мора, може и ќе биде движечка сила на промените – државотворна партија што ја носи Македонија во ново време, пишува поранешниот градоначалник на Крушево од редовите на СДСМ, Томе Христоски. „СДСМ мора да биде партија во која секој член ќе се чувствува слушнат, почитуван и вреден. Партија што ќе биде коректив на власта, но никогаш нечиј привезок за поткусурување или лични интереси. Време е да се обединиме, да ја подигнеме главата и да ...
Македонија е меѓу ретките држави кои има двоцифрен раст на бројот на туристи. За само една година, воведена е 21 директна авио дестинација од европските метрополи, а само лани преку Македонија транзитирале преку 10 милиони патници. Ова доволно кажува за посветеноста на Владата за развој на туризмот, истакана вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на денешната трибина “Автопат Е- 75 Инфраструктурата како основа за развој на ...
Доскорешниот градоначалник на Крушево, Томе Христовски, на социјалните мрежи излезе со став за состојбите во неговата матична партија СДСМ. Христовски вели дека СДСМ мора да биде сплотена партија, да обединува и да носи издржани решенија за проблемите. „Ова не е борба за фотелји, ова е борба за душата на СДСМ и иднината на државата. Нашата цел мора да биде јасна – СДСМ повторно да стане победничко движење, партија која обединува, која создава, ...
– Кога се лаже се држат рачињата во формација извежбана од медот, вели екс градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска како реакција на вчерашното интервју на актуелниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски кој обвини дека град Скопје има долг од 300 милиони евра. -Ајде градоначалник да ги објавиш сите фирми со долг по институција, со фактури и датуми од кога им се должи за да знае народ дека лажеш. – Исто и со име и презиме да ги објавиш сите ...