Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Министерството за надворешни работи на Русија денес објави дека долгорочните последици од агресијата на НАТО врз Југославија во 1999 година сè уште се чувствуваат. „Воената операција на НАТО против суверена Југославија пред 27 години беше трагедија, чии долгорочни и повеќекратни последици се чувствуваат дури и денес“, објави Министерството за надворешни работи на Русија на Телеграм, во врска со годишнината од бомбардирањето. Како што е ...
Силен земјотрес со магнитуда од 7,6 степени ја погоди денес областа во близина на Тонга во Тихиот Океан, поради што крајбрежните области беа евакуирани, но нема опасност од цунами. Геолошкиот завод на САД објави дека земјотресот се случил рано навечер по локално време, на длабочина од околу 240 километри. Земјотресите на помали длабочини обично се чувствуваат посилно на површината. Епицентарот на земјотресот бил во морето, околу 153 километри ...
Иран почна да им наплаќа на бродовите за минување низ Ормускиот теснец, еден од клучните светски транспортни правци за нафта и гас. Дел од комерцијалните бродови сè повеќе минуваат низ иранските територијални води преку таканаречениот „Техерански коридор за наплата“, каде што иранските сили ги проверуваат бродовите и во некои случаи наплаќаат за минување, според анализата на поморските податоци што ја пренесува Lloyd’s List. „Најмалку два ...
Катар не е цел на напади веќе неколку дена, но ситуацијата останува многу напната, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, Маџид Ал-Ансари. На прес-конференција во Доха, тој потврди дека немало ирански ракети или дронови насочени кон Катар од минатиот четврток, но предупреди дека земјата е сè уште „во окото на бурата“, објавува Би-Би-Си. „Последниот пат кога стоев тука на подиумот, веднаш откако завршив, имаше два ...
Во четврток преку денот времето ќе биде стабилно, суво и потопло. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер од јужен правец. Од вечерните часови нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност која ќе услови период на нестабилно и постудено време со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во петок, кога ќе има и услови за појава на ретки грмежи. Поради продор на постудена воздушна маса, на планините и ...
На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Загреб беше пречекана од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, со што започна нејзината дводневна официјална посета на земјата. Двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на македонската и хрватската делегација во чиј фокус беа традиционално пријателските билатерални односи. ...
Училиштето е местото каде се гради култура на ненасилно однесување и се стекнуваат вештини за градење пријателства место конфликти. Децата од мали треба да се воспитуваат дека нема ништо привлечно во носењето оружје. И тоа да се објаснува соодветно на нивната возраст, но упорно и со примери. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на настан во СУГС „Владо Тасевски“ во Скопје со кој беше означен стартот на ...
И покрај обврските и предизвиците во Буџетот, Владата ги следи состојбите, презема внимателно мерки и одлучува навремено. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска којашто учествуваше на денешната конференција „Централното банкарство во услови на постојани светски промени: поттикнување стабилност, иновации и издржливост“ во организација на Народната банка. „Притисокот што го имаме за сервисирање на обврските во ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали се размислува на владина седница за ослободување на резервите на мазут за потребите за производство на струја, изјави: „Во овој момент размислуваме, но исто така добивме информација и дека оние количини коишто требало да се повлечат на крајот од минатата година кога беше прогласена кризната состојба, ...
Во Уставниот суд денеска се одржа тркалезна маса на тема „Воведување на уставна жалба“, организирана со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. На настанот воведно излагање имаа претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, амбасадорот на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, како и претставници на институции, експертската и ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во СУГС „Владо Тасевски“ во Скопје се обрати на официјалното започнување на кампањата за подигнување на јавната свест за ризиците од злоупотреба на мало и лесно оружје, наменета пред сè за младата популација. Кампањата е дел од проектот „Поддршка на националните власти на Македонија во намалувањето на ризикот од пролиферација и злоупотреба на малото и лесно оружје“, кој се реализира со ...
OPENAI го претстави ChatGPT Health, нова функција во рамките на ChatGPT што им овозможува на корисниците да поврзуваат медицински картони и податоци од апликации за следење на здравјето за подобро да ги разберат сопствените наоди, да ги следат здравствените обрасци и да се подготват за дискусии со лекарите. Компанијата нагласува дека алатката не е наменета за дијагностицирање или лекување на болести. Иако алатките за вештачка интелигенција сè ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали е договорено намалување на цената на горивата со ОКТА, изјави: „Да во текот на вчерашниот ден, министерката за енергетика, минерални суровини и рударство имаше разговор до генералниот директор на ОКТА и дополнително имаме уште еден денар. Така што денеска ќе имаме, од денеска практично 3 денари попуст на ...
Граѓаните не гледаат бенефит од намалувањето на ДДВ-то на горивата и нафтените деривати, поради тоа што и покрај намалувањето на ДДВ-то, цените пораснаа, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека се исполни тоа на што предупредуваше СДСМ во изминатите недели, порастот на цените на горивата и нафтените деривати, придонесе за зголемување на цените на храната. “Порастот на цените на ...
Денеска во Уставниот суд се одржа тркалезна маса на тема: Воведување на уставна жалба?, на која со свое обраќање се обратија претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, амбасадорите на ЕУ и ОБСЕ, Михалис Рохас и Килијан Вал. Во прилог целосното обраќање на претседателот Костадиновски: Дозволете ми да ја изразам мојата искрена благодарност до Делегацијата на Европската Унија за ...
Претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова, е во официјална посета на Хрватска, каде што имаше средба со претседателот, Зоран Милановиќ. Тој коментираше за долгогодишниот процес на пристапување на Северна Македонија кон Европската Унија, нагласувајќи дека на земјата ѝ се поставуваат премногу барања и услови. Тој рече дека Северна Македонија сама одлучува за својот пат, објави Индекс.хр. „Македонија сама одлучува што е подобро за неа и кој ...
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за очни болести по повод успешно реализирани трансплантации на рожница, во соработка со тим експерти од Америка. „Во рамки на посетата на експертите од САД, успешно се реализирани вкупно 16 трансплантации на рожница. Оваа посета претставува значајно продлабочување на соработката што ја воспоставивме со нив при првата посета, кога беа поставени темелите на ова ...
Соопштение на Левица: Денес во Софија, Република Бугарија, претседателот на Левица проф. д-р Димитар Апасиев и пратеникот Амар Мециновиќ, ја посетија кубанската амбасада и остварија состанок со Н.Е. Мариета Гарсија, на кој ја изразија нашата цврста и недвосмислена солидарност со народот на Куба, кој со децении се соочува со неправедна, незаконска, нехумана и злосторничка економска блокада. Блокадата е систем на колективно казнување што го ...
Во рамки на официјалната посета на Република Хрватска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи засновани на меѓусебна почит и доверба, интензивен политички дијалог и конструктивна соработка во сферите од заеднички интерес. Претседателката посочи дека нов импулс во соработката, но и доказ за искреното пријателство е ...
Прес конференција на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче – интегрален текст: Деновиве во државата се случува тоа на што предупредивме и тоа уште пред неколку недели, а тоа е дека порастот на цените на енергенсите, на дериватите, на нафтата, на бензините ќе повлече поскапување на сите прво прехранбени продукти, понатаму на се друго во државата. Нафтата беше 71 денар сега е 95,5 денари и граѓаните веќе се жалат дека имаат проблем дека не ...
На 23.03.2026 во 13:00 часот, полициски службеници од ОВР Демир Хисар лишиле од слобода маж(33) од с.Сопотница, демирхисарско. Имено, врз основа на наредба од Основен суд Битола, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории, сопственост на Д.Д(64) од с.Сопотница, Демир Хисар, кои ги користи лицето, при што биле пронајдени две ловечки пушки, муниција за ловечка пушка. По документирање на настанот, против него ќе следува ...
Само 13 земји во светот дишат воздух кој се смета за безбеден, а квалитетот на воздухот се влошува на глобално ниво, главно поради климатските промени предизвикани од човекот. Ова е според новиот Извештај за квалитет на воздухот во светот за 2025 година, објавен од швајцарската компанија за следење на загадувањето IQAir по анализа на податоци од 9.446 градови во 143 земји и територии, објавува Euronews. Извештајот покажа дека квалитетот на ...
Американските сојузници во Персискиот Залив се приближуваат кон приклучување кон борбата против Иран, заземајќи поцврст став по серијата напади што ги осакатија нивните економии и ја засилија заканата на Техеран да воспостави долгорочна контрола врз Ормускиот теснец, објавува The Wall Street Journal. Неодамнешните потези на земјите од Заливот ја зајакнуваат способноста на Америка за воздушни напади и отвораат нов фронт за притисок врз ...
Војните, за разлика од нелегалните царини, не можат да се започнат и запрат за да се задоволат претседателските каприци или да се потпрат пазарите во слободен пад. Значи, клучното прашање откако Доналд Трамп се повлече од заканите за напад на иранските електрани не е дали имал уште еден TACO (Trump always chickens out) момент – „Трамп секогаш се повлекува“. Вистинското прашање е дали Трамп може да се извлече од сопствената војна со Иран, дури ...
Најмалку шест лица се повредени во областа на Тел Авив утрово кога остатоци паднаа врз градот по пресретнувањето на иранска ракета, соопшти израелската служба за итни случаи Маген Давид Адом. Израелските медиуми, повикувајќи се на началникот на полицијата во Тел Авив, соопштија дека паднала раке што носела боева глава од 100 килограми. Во инцидентот се оштетени неколку згради. Снимките објавени од израелските медиуми, исто така, покажаа ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б.И.(31) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. Пријавената, како вработена во филијала на една банка во Тетово, на 03.11.2025 во службени простории на банката од 59-годишник од Тетово примила 39.000 евра кои сакал да ги стави како депозит на неговата сметка во банката, но пријавената наместо да ги уплати во рок од три дена како што кажала на сметката на ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлов, вчера оствари средба со извршната потпретседателка на Европската комисија за социјални права и вештини, квалитетни работни места и подготвеност, Роксана Минзату. На средбата стана збор за унапредување на соработката во областа на образованието, вештините и младинските ...
На 23.03.2026 во 02:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиja од слобода лице(36) од Кавадарци. Претходно било пријавено дека во домот се однесувал агресивно и се обидел да се повреди со остар предмет, а по пристигнување на полициските службеници тој им се заканувал и си нанел повреди. Притоа, полициските службеници испукале два предупредувачки куршуми во воздух. Известен бил јавен обвинител, а приведениот бил ...
На 22.03.2026 околу 17:00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локален пат село Клечовце- село Шупљи Камен, на место викано „Кантон“, патничко моторно возило „даеву тико“ со кумановски регистарски, управувано од М.Д.(64) од Куманово, излетало од патот. Притоа, лекар од Итна медицинска помош кај возачот М.Д. констатирал смрт, додека кај сопатничката Л.Д.(57) биле констатирани телесни повреди во Општа болница Куманово. Според изјавата на ...
На 22.03.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во 13:30 часот на ул.„Методија Андонов – Ченто“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Р.(56) од Скопје и патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, по што возачот со возилото „бмв“ го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот З.Р. , констатирани во ...