Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Утре ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (над 60 km/h) од јужен правец. Кон крајот на денот под влијание на циклонска активност, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во петок наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m² ), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините ќе се формира нова ...
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на Републиката, беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од Р. Грција, на околу 290 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML5.0 Интензитетот на почувствуваниот земјотрес според податоците изнесува III степени според Европската макросеизмичка скала. ...
Променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (над 60 km/h) од јужен правец. Кон крајот на денот почнувајќи од запад ќе има повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта, а на планините и на некои од повисоките места во западните делови ќе преминуваат во снег. Во Скопје, променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на ...
На 24.03.2026 година полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје по претходно обезбедена судска наредба извршија претрес во дом и други простории кај лице(21) од Скопје. При претресот пронајдени и одземени се 19 паковки со кокаин и една дигитална вага. Г.Ј. е лишен од слобода. По предлог на јавен обвинител, судија на претходна постапка му определи притвор од 30 дена. На 24.03.2026 година полициски службеници од ...
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во средата предупреди дека војната во Иран е надвор од контрола и дека светот се соочува со закана од многу поширок конфликт. Гутереш на прес-конференција во седиштето на ОН во Њујорк изјави дека војната, стара повеќе од три недели, е целосно надвор од контрола и „ги преминала границите што дури и лидерите мислеле дека се замисливи“, објави агенцијата Анадолија. „Светот се соочува со ...
Турски танкер за сурова нафта беше цел на напад со беспилотно летало во Црното Море, во близина на Истанбул, објави телевизијата НТВ. Нападот врз М/Т Алтура наводно се случил на 15 наутички милји од Босфорот. Податоците од следењето на бродовите покажуваат дека станува збор за танкер од класата Суецмакс кој превезува околу милион барели руска сурова нафта од Урал од Новоросијск. Алтура е под санкции од Обединетото Кралство и Европската Унија, ...
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес изјави дека Германија може да помогне во обезбедувањето мир откако ќе се воспостави прекинот на огнот во војната со Иран. „Оваа војна е катастрофа за светските економии. Влијанието е апсолутно јасно сега“, предупреди тој за време на состанокот со својот австралиски колега Ричард Марлес во Канбера. Потребно е дипломатско решение „што е можно поскоро“, рече Писториус, апелирајќи пред сè до ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија подготвува операција насочена кон украинските системи за водоснабдување во наредните месеци. Во своето вечерно обраќање, тој предупреди дека секоја локална заедница мора исклучително сериозно да ја сфати заштитата на клучните објекти, објави Украинска правда. „Исто така, знаеме дека Русите подготвуваат операција против системите за водоснабдување во наредните месеци. Секоја ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на војската да ја интензивира воздушната кампања против Иран во следните 48 часа, со цел да уништи што е можно поголем дел од воената индустрија на земјата, поради стравувањата дека Вашингтон би можел да предизвика прекин на огнот. Директивата дојде откако владата на Нетанјаху доби копија од нацрт-планот на САД од 15 точки за завршување на војната, заклучувајќи дека тој не ги опфаќа соодветно ...
Неименуван израелски функционер изјавил за „Тајмс оф Израел“ дека во напад во иранскиот град Бандар Абас бил убиен командантот на морнарицата на Иранската револуционерна гарда, Алиреза Тангсири. Според тие тврдења, Тангсири бил одговорен за затворањето на Ормутскиот теснец, еден од клучните светски правци за транспорт на нафта. Засега нема официјална потврда од Иран, ниту коментар од израелската војска за наводниот напад./Извор:Makfax ...
Соборениот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, денес ќе се обиде пред федералниот суд во Њујорк да ги отфрли обвиненијата за наркотероризам, тврдејќи дека американските власти го спречуваат во фер одбрана, пишува Си-ен-ен. Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес беа уапсени на почетокот на јануари во Каракас во операција на американските сили, по што беа префрлени во САД, каде што се соочуваат со обвиненија за долгогодишен заговор ...
Пентагон развива воени опции за „последен удар“ врз Иран, што би можело да вклучува копнени сили и масовни воздушни напади, изјавија за „Аксиос“ двајца американски функционери и два извори запознаени со ситуацијата. Ескалација може да се случи ако дипломатските преговори не напредуваат, а особено ако Ормускиот теснец остане затворен. Некои американски функционери веруваат дека силната демонстрација на сила за прекин на борбите би создала ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц во Бундестагот предупреди на експлозија на насилство во општеството, и во реалниот и во дигиталниот простор, нагласувајќи дека „значаен дел од тоа насилство доаѓа од групи доселеници“. Неговата изјава за мигрантите предизвика силни реакции во парламентот и се очекува да биде тема на јавна дебата во наредните денови. Во однос на војната меѓу САД и Изеаел од една страна и Иран од друга, Мерц рече дека Германија ...
Американските разузнавачки агенции предупредија во својот последен годишен извештај дека Западен Балкан останува област на зголемени политички тензии и надворешни влијанија, со особено истакната улога на Русија во дестабилизацијата на регионот, пренесуваат медиумите во регионот. Во извештајот „Годишна проценка на заканите 2026“, објавен од Канцеларијата на директорот на Националната разузнавачка заедница на Соединетите Американски Држави, се ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Полска, Радослав Шикорски, престојуваше во работна посета на Варшава, Полска. На средбата со својот домаќин, министерот Муцунски изрази задоволство од високиот степен на развој на македонско-полските односи, кои се цврсто поставени на позитивна патека, како и од искреното ...
Иранскиот воен советник Мохсен Резаи изјави дека неговата земја „чека“ американските трупи да пристигнат во регионот. „Кога не постигнаa никакви резултати со нивната воздушна моќ, што е нивна главна предност, што очекуваат од копнена операција? Дали американските војници сакаат да умрат за Израел? Ние ги чекаме“, напиша Резаи на платформата Икс. Резаи неодамна беше назначен за воен советник на врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, а ...
Американското Министерство за одбрана соопшти дека склучило договори со одбранбената индустрија за значително зголемување на производството на ракети, ставајќи ја индустријата „во воена состојба“, поради засилената потрошувачка на муниција во конфликтот на Блискиот Исток. Во соопштението се наведува дека американските, израелските и заливските сили користат големи количини пресретнувачки ракети против иранските напади, што отвора прашања за ...
Украина во текот на ноќта кон средата лансирала стотици дронови кон цели во Русија, соопшти руското Министерство за одбрана, оценувајќи дека станува збор за најсилниот украински напад со дронови од почетокот на војната во 2022 година. Вкупно 398 дронови со долг дострел биле пресретнати над различни руски региони. Нападот следува еден ден откако Русија изврши два големи напади врз Украина, при што испрати рекорден број од 950 борбени дронови. ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европа направила две сериозни грешки во односите со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, оценувајќи дека европските лидери ја пропуштиле можноста навреме да ги препознаат политичките промени во Вашингтон. Во интервју што го даде за блогерот Марио Науфал, кое беше објавено на социјалната мрежа Икс, Орбан изјави дека првата грешка била исмејувањето на Трамп од самиот почеток. ...
Ирански воен извор предупредuva дека Иран би можел да отвори дополнителни стратешки фронтови, вклучително и областа околу теснецот Баб ел-Мандеб, доколку САД и Израел преземат воена акција против иранските територии или го зголемат притисокот со поморски операции. Техеран е подготвен да одговори на секој обид за воен или економски притисок со проширување на конфликтот на нови клучни точки. „Доколку непријателот се обиде да преземе каква било ...
За време на редовната прес-конференција во Белата куќа, портпаролката Каролин Ливит изјави дека претседателот Доналд Трамп „сака мир во Иран“, а ако Иран не го прифати фактот дека е поразен, тој ќе се погрижи „тие да бидат погодени посилно од кога било досега“. „Претседателот Трамп не блефира и е подготвен да ги отвори портите на пеколот. Иран не треба повторно да процени погрешно“, нагласи Ливит. Портпаролката додаде дека „најновата погрешна ...
Силен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Света Гора во Грција вчера вечер во 21:08 часот по локално време. Потресот предизвикал значителна вознемиреност кај монасите и поклониците и предизвикал материјална штета на манастирските згради. Пријавени се штети на зградите и во црквата Во Кареја, административниот центар на Света Гора, се појавиле бројни пукнатини во постарите згради. Во времето на земјотресот, се ...
Министрите за надворешни работи од водечките западни демократии се среќаваат во Франција оваа недела, во услови на војни во Иран и Украина, економска неизвесност и растечка вознемиреност околу сè понепредвидливата американска надворешна политика. Дводневниот собир, околу 40 километри југозападно од Париз, ги собира министрите од Г7 – Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД – со учество на Европската Унија. ...
Во руските воздушни напади загинаа две лица во и околу североисточниот украински град Харков, а нападот врз пристаништето Измаил на Дунав оштети пристанишни објекти и енергетска инфраструктура, соопштија официјални лица. Обвинителите во регионот Харков, во соопштение објавено рано во четврток, изјавија дека жена повредена во нападот врз градот Харков починала во болница од повредите. Тие рекоа дека девет лица се повредени во нападите врз два ...
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, ги доведе во прашање повиците на САД за разговори, велејќи дека промената на тонот на Вашингтон е признание на неуспех, откако Американците претходно повикаа на „безусловно предавање“. Арагчи, исто така, потврди дека САД испратиле неколку пораки до Техеран во последните денови преку, како што рече, „пријателски земји“, но нагласи дека ова не може да се смета за преговори. „Не побараа ли ...
Рускиот претседател Владимир Путин вчера потпиша декрети со кои се ограничува извозот на готовина и злато како дел од поширока кампања за борба против сивата економија и спречување на одливот на капитал. Според еден декрет, пренесувањето рубљи преку границата на Русија во Евроазиската економска унија (ЕАЕУ) ќе биде забрането во еквивалент на повеќе од 100.000 долари по девизен курс на Банката на Русија од 1 април, со одредени исклучоци. Друг ...
Веќе денес, доколку цената беше пазарна, дизелот можеше да чини повеќе од 250 динари вели претседателот на Србија Александар Вучиќ. Тој изјави дека акцизата за горивата е веќе намалена колку што дозволува законот, но дека сега „според тесното толкување на еден член од Законот за трговија“, акцизата дополнително ќе се намали за да се ограничи порастот на цените. Веќе денес, доколку цената беше пазарна, дизелот можеше да чини повеќе од 250 ...
Речиси целата комуникација од Иран останува блокирана, а прекинот на интернетот влезе во својот 26-ти ден, објави NetBlocks. Организацијата што ја следи интернет конекцијата вели дека прекинот надминал 600 часа, оставајќи ги „цивилите отсечени од меѓународните мрежи“, што, предупредуваат тие, го нарушува нивното право на пристап до информации во време на војна. За потсетување, иранските државни медиуми вчера објавија дека полицијата уапсила ...
Во Лесковац е уапсен државјанин на Македонија, осомничен дека со камион удрил пешак и не застанал по сообраќајната несреќа. Припадници на Министерството за внатрешни работи во Лесковац, во соработка со Полициската управа во Сремска Митровица, го уапсиле Н. К. (1993), државјанин на Северна Македонија, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела – тешки дела против безбедноста на јавниот сообраќај и непружање помош на лице ...