Белград
5ᴼ /
4ᴼ
Од 15 ноември 2025 година, секој возач во Македонија ќе мора задолжително да има зимска опрема во возилото, соопштуваат надлежните институции. Оваа мерка, велат, е воведена за поголема безбедност на патиштата во услови на снег, мраз и ниски температури. Непочитувањето на правилото ќе се казнува со глоба од 45 евра, без исклучок. Што значи тоа за возачите? За патничките возила (до 3.500 кг), задолжително е возилото да има зимски пневматици на ...
Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, доколку има докази за злоупотреби во јавните претпријатија, е надлежен тоа да го пријави во Министерството за внатрешни работи или во Јавното обвинителство. „Во однос на изјавите на градоначалникот, ќе кажам дека тој како градоначалник, доколку има докази и е надлежен, тоа може да го пријави на надлежните органи – МВР, и да ги достави тие ...
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра. Во текот на денот ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Прогноза за 13.11.2025 Минимална температура: -3°C до 6°C Максимална температура: 13°C до 20°C Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од ...
Кина ја обвини американската влада дека хакирала биткоин-новчаници и украла криптовалути вредни 13 милијарди долари. Локална безбедносна фирма тврди дека нападот бил државно организиран, но според анализата на CryptoSlate и документите на американското Министерство за правда, станува збор за искористување безбедносна ранливост во софтвер, а не за државен хакерски напад. Во декември 2020 година од новчаници поврзани со кинескиот рударски базен ...
ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 03.11.2025 до 07.11.2025 зема 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 50 мерни места во Градот Скопје. Согласно ...
На 10.11.2025 во 19:00 часот на ул.„Борис Кидрич“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода М.И.(22) од Неготино. При контрола во патничко возило „бмв х1“ со луксембуршки национални ознаки, кое го управувал, пронајдени се три лица мигранти од Кина, додека при дополнителни проверки констатирано е дека табличките припаѓаат на друго возило. Мигрантите се спроведени ...
Чистка во Владата – можна смена на Панче Тошковски, Цветан Трипуновски, Игор Филков и уште четири други министри, објави ТВ21, повикувјќи се на неофицијални информации: МОЖНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА ВО СЛЕДНИТЕ РЕСОРИ: Во актуелниот владин кабинет има 15 министри од ВМРО-ДПМНЕ, 6 од ВЛЕН и 2 од ЗНАМ., наведува ТВ21. Инаку претходно власта се произнесе дека прво ќе се чека конгресот на ВМРО ДПМНЕ, каде ќе се анализира изборниот резултат, а ...
Руските сили презедоа целосна контрола врз источниот дел од градот Купјанск во Харковската област и активно напредуваат во Покровск во Донецката област, објави денес руското Министерство за одбрана. Министерството, исто така, објави дека неговите трупи ја окупирале населбата Новоупенивске во југоисточниот Запорожски регион. Москва тврди дека освојувањето на Покровск, наречен „портата кон Донецк“, би создало платформа за понатамошен напредок кон ...
По рускиот напад врз пристанишната инфраструктура во украинскиот регион Одеса во текот на ноќта, дрон веројатно паднал на романска територија, потврди денес романското Министерство за одбрана. Инцидентот го означува најновото нарушување на воздушниот простор на НАТО во услови на повторени руски напади врз украинските пристаништа на Дунав, објавува The Kiev Independent. Округот Измаил, една од главните цели на нападот, се наоѓа веднаш преку ...
Во судир меѓу туристички автобус и камион во близина на египетскиот град Рас Гариб, во близина на Хургада, рано утрово загинаа две лица, а 39 се повредени, соопштија египетските власти. Во соопштението за медиумите се наведува дека загинале возачот на автобус на локална туристичка компанија и уште едно лице, како и дека меѓу тешко повредените има странски државјани, пренесува „Мирор“. Повредените се пренесени со брза помош во болниците во ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека, иако Унгарија обезбеди ослободување од американските санкции, Брисел продолжува да го забранува увозот на руски енергетски производи од 2027 година. „Тие сакаат да ги продолжат војната и санкциите“, рече Орбан во објава на „Фејсбук“, пренесува MTI. Тој оцени дека луѓето во Брисел презедоа брзи мерки. „Тие изјавија дека Унгарија е ослободена од американските санкции, но сепак ќе го забранат ...
Германската влада има намера да ја зголеми својата поддршка за Украина на повеќе од 11,5 милијарди евра следната година, за да ѝ помогне на земјата да се одбрани од руската агресија. Според податоците, овој износ е вклучен во предлогот на Министерството за финансии, кој ќе биде предмет на последната дебата за нацрт-буџетот за 2026 година во буџетската комисија на Бундестагот. Владини извори минатата недела изјавија дека дополнителните средства ...
Израелскиот Кнесет усвои во прво читање закон со кој се воведува смртна казна за палестинските затвореници осудени за убиство на израелски граѓани. Законот го предложи пратеникот на Кнесетот Лимор Сон Хар Мелех, а предлогот сега оди на разгледување во комисиите пред второто и третото читање. Предлогот доби значително мнозинство гласови – 39 пратеници гласаа за него, додека 16 гласаа против. По гласањето, крајнодесничарскиот министер Итамар Бен ...
Ноќните поројни дождови на грчкиот остров Лезбос, ги поплавија куќите и другите објекти на западниот дел од егејскиот остров и ги принудија локалните власти да затворат неколку училишта за инспекции и поправки, објави Екатимерини. Најтешко погодени беа областите Калони и Скала, а жителите ја опишаа количината на вода што падна на островот како „невидена“. Одлуката за затворање на сите училишта во западен Лезбос беше донесена како превентивна ...
Турски воен товарен авион Ц-130 со најмалку 20 лица на борд се урна во Грузија, веднаш по полетувањето од Азербејџан. Според првичните информации, властите потврдија дека има жртви, но точниот број засега не е соопштен. На местото на несреќата веднаш се испратени екипи за спасување и итни служби. Претседателот на Турција, Таип Ердоган, го прекина својот говор во Анкара за да изрази сочувство на семејствата на настраданите, нарекувајќи ги ...
Грчките земјоделци одржуваат протестни демонстрации низ целата земја. Нивните барања се за продолжување на исплатата на субвенции и помош. Грчките земјоделци ја обвинуваат владата дека намерно ги прикрива оние што ги украле европските субвенции. Министерството за аграрен развој ги суспендираше сите исплати на земјоделците додека не заврши истрагата за украдените субвенции од ЕУ. Обвинителството веќе поднесе обвиненија против над сто лица кои ...
Украинските власти подигнаа обвинение против седум лица поврзани со корупциска афера вредна околу 100 милиони долари, во која се инволвирани високи функционери на државната енергетска компанија „Енергоатом“. Националното биро за борба против корупција на Украина (НАБУ) соопшти дека привело пет лица, а идентификувало уште двајца осомничени за вмешаност во шема за злоупотреби при јавни набавки во државните претпријатија, особено во „Енергоатом“. ...
Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Државата Израел оствари средба со израелската амбасадорка Вивиен Ајзен и д-р Амира Халперин, виш научен соработник за БИКОМ. Претседателката на Пратеничката група, Рашела Мизрахи, истакна дека средбата е уште една потврда за силните и пријателски односи со Израел, уште од воспоставувањето на дипломатските односи во 1995 година. Израел е клучен партнер на НАТО преку Медитеранскиот ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави промена во пристапот кон финансирањето на Украина и трговските односи со Индија, како и поддршка за новиот сириски лидер Ахмед ал-Шара, за време на редовна средба со новинарите во Белата куќа. Трамп истакна дека САД повеќе не издвојуваат свои средства за Украина, туку добиваат пари преку НАТО. „Веќе не трошиме пари. Сега тие се плаќаат преку НАТО“, рече американскиот претседател проценувајќи дека САД ...
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 03.11. до 09.11.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 134 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска е во работна посета на Општина Ресен. Во рамки на посетата, таа оствари средби со градоначалникот Јован Тозиевски, членовите на Советот на општината и со граѓаните на Ресен. Тие ја запознаа со локалните проблеми, а особено беше нагласено прашањето за миграцијата и одливот на младите од Ресен и Преспанскиот регион. Се акцентираше и важноста на проектот „ЕУ за Преспа“, преку кој се вложуваат ...
Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со Здружението за ретки болести „Живот со предизвици“ одржаа прес-конференција по повод симпозиумот во рамки на кампањата „Ти си редок херој” со заедничка цел да го унапредиме знаењето и практиката во раното препознавање и дијагностицирање на ретките болести. -Ретките болести не се ретки за тие што живеат со нив! Оваа тема е од особена важност, бидејќи матичните лекари, како прва точка на контакт со ...
На 10.11.2025 полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода М.Б.(40) од село Габревци, Љ.М.(64) од село Долни Липовиќ, М.Д.(50) од село Габревци, В.Р.(52) од село Ракитец, М.М.(67) од село Ракитец, С.Р.(34) од село Ракитец, Г.Р.(69) од село Ракитец, В.И.(48) од село Ракитец, В.Н.(72) од село Долни Липовиќ, Г.К.(51) од село Дедино и Ј.Б.(47) од село Габревци, сите во општина Конче. Лишените од слобода, заедно со Ј.П.(46) ...
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка: Откако скандалот кој го најави СДСМ се потврди, денес е време власта да почне да одговара на клучните прашања кои ги засегаат и земјоделците и јавноста, но и време е конечно да видиме оставка од Трипуновски кој три дена се крие од јавноста. Јавноста и граѓаните треба да знаат дека ИПАРД средствата кои се сега суспендирани се додлеуваат како 50% грант за земјоделците, а 50% тие сами ...
На 10.11.2025 во 21:40 часот во СВР Тетово, 53-годишна жена од тетовско пријави дека едно женско лице се обидело да ја измами за сума од 30.000 евра. Според пријавеното, женското лице ја контактирало телефонски и се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила осумгодишно дете, но доколку сака настанот да не го пријават во полиција требало да плати 30.00 евра и да не ...
На 10.11.2025 на стадионот во Кратово, за време на одигрување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Силекс“ од Кратово и ФК „Шкупи“ од Скопје, полициски службеници од ОВР Кратово констатирале прекршоци од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортските натпревари. Имено, за време и по завршување на натпреварот, констатирано е дека шестмина кратовчани недолично се однесувале и извикувале пораки и скандирања со навредлива ...
-Вечерва ја завршивме акцијата за генерално чистење на Скопје. Како што ветив пред скопјани, така и направивме. Покажавме дека со работа, организираност и посветеност, можеме видливо да ги поправиме работите рече градоначалникот Ѓорѓиевски. Повеќе од 2500 луѓе беа вклучени во оваа акција, стотина возила собраа над 4500 тони смет од скопските улици. – Со огромно задоволство можам да констатирам дека акцијата е успешно реализирана. Иако состојбата ...
На 10.11.2025 околу 16:30 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Штип, патничко возило „цитроен“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 64-годишната Е.А. од Штип, удрило во жардиниери, а потоа во патничко возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, паркирано од А.Ј.(25) од Штип. Во несреќата Е.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа од ...
И во овој втор блок со галерија за состојбата за ѓубрето во Скопје, докажуваме дека новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски не го исполни ветувањето. Денеска во 10 часот се навршија 72 часа, периодот за кој вети дека градот ќе биде исчистен. ПР шминката со бројните камиони пред СРЦ Борис Трајковски ја избриша дождот, ѓубрето во полн сјај, Орце не го исполни ветувањето, пишува Рацин.мк. Фотографиите зборуваат со илјада зборови, па затоа ...
Во организација на Советот за регионална соработка (СРС), со поддршка од Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија и Министерството за внатрешни работи на Италија и во партнерство со Владата на Република Северна Македонија, денес во Скопје свечено беше отворена 10-та јубилејна Годишна конференција за координација на безбедноста на Западен Балкан под мотото „Западен Балкан – ЕУ: Заедничка безбедност, заедничка ...