Прес конференција на СДСМ, Симона Цветановски, членка на Извршниот одбор: Се случи еден од најголемите и најшокантни скандали во здравството, откриени се најмалку 10 непотребни операции на срце. Но се уште нема кривични пријави и нема целосни информации во јавноста. Како е можно за ваков скандал без преседан, министерот да го презентира случајот на ваков начин, без целосни информации и без никакви пријави? Министерот Алиу тврди дека комисија ...

Синоќа заседаваше Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Донесени биле повеќе одлуки во најголем дел активно поврзани со тековните подготовки за претстојниот редовен Конгрес кој ќе се одржи на 6 Декември во Кавадарци. Донесена била одлука за избор на делегати кои ќе учествуваат и одлучуваат на Конгресот. „На Конгресот ќе учествуваат над 800 делегати, а генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски беше овластен да ја утврди конечната листа на делегати ...

На Светскиот ден на дијабетесот, 14 Ноември, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија – СЗДМ со кои разговараше за главните проблеми и предизвици со коишто се соочуваат. Тие ја запознаа со личната карта на организацијата, којашто застапува 23 здруженија од земјава посветени на превенцијата од дијабетес, како и грижата и заложбите за унапредување на квалитетот на животот ...

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, во вчерашаната емисија „Аргумент +“, на ТВ 24, изнесе уште еден скандал поврзан со директорот на Платежната агенција, а во кој се открива поврзаноста на акуелниот министер за земјоделство, Цветан Трипуновски и директорот на Платежната агенција Стоилев. Николовски посочи дека првиот договор што го потпишал министерот за земјоделство Трипуновски, за доделување земјоделско ...

Во прилог Ви праќаме говор и линк од прес-конференцијата на потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми: Демократската унија за интеграција ја изразува својата длабока загриженост за исклучително негативната оценка што Европската комисија ѝ ја даде на Северна Македонија во својот најнов извештај за 2025 година. Овој извештај, кој е дел од Пакетот за проширување, претставува една од најслабите оценки што нашата држава ги има добиено во последните десет ...

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, во своето обраќање пред собраниската Комисија за финансирање и буџет истакна дека предлог-буџетот за 2026 година кој го предлага Владата не само што не обезбедува фискална консолидација, туку ја продлабочува фискалната нестабилност и создава сериозни ризици за економијата и граѓаните. Наместо реални реформи и стабилност, буџетот нуди нереални проекции, енормно задолжување и директно прекршување на ...

Уставниот суд на Република Северна Македонија од денеска, во наредната година ќе претседава со Балканскиот форум на уставни судови (BCCF) и ќе биде домаќин на 4. Форум кој ќе се одржи во земјава, на 12 и 13 ноември 2026 година. Претседателот д-р Дарко Костадиновски и официјално го презеде претседателството на 3. Годишен состанок на Балканскиот форум, кој се одржа во Анталија, Република Туркије. Костадиновски ќе го претставува Форумот на ...

По неговиот проект Worldcoin насочен кон скенирање на очното јаболко, Сем Алтман, извршен директор на OpenAI, сега го насочува своето внимание кон уште поамбициозна цел: скенирање на човечки мисли. Неговиот нов стартап, Merge Labs, развива интерфејс мозок-компјутер кој наводно користи ултразвук за читање на мозочната активност, објавува Futurism. Револуција без импланти За разлика од конкурентските проекти кои се потпираат на хируршки импланти, ...

Хеликоптер, кој полетал од Асти, се срушил доцна утрово помеѓу општините Касалромано и Изола Доварезе, во покраините Мантуа и Кремона. Според пожарникарите, во авионот бил само 56-годишен пилот, кој починал при падот. Тој бил исфрлен на неколку метри од местото на кое паднал хеликоптерот. Еден земјоделец забележал што се случило и го вклучил алармот. Безбедносните мерки и техничките прегледи на подрачјето се во тек. Надлежните органи ги ...

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, кој претстојува во тридневна работна посета на Романија и Република Бугарија, ги посети припадниците на македонскиот контингент распоредени во рамките на НАТО активноста „Forward Land Forces – FLF“. Во рамки на посетата во Романија, на покана на началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Романија, генерал Ѓеорѓита Влад, вчера, 13 ноември, присуствуваше на Денот за ...

Во рамки на еднонеделниот престој на медицинска делегација од Duke University (САД), една од водечките светски институции во клиничката медицина, на Универзитетската клиника за очни болести беа изведени вкупно девет трансплантации на рожница, поставувајќи нови стандарди во офталмолошката грижа во нашата држава. Делегацијата, составена од проф. д-р Lloyd Williams, асс. д-р Nick Garson и д-р Sheena Song во рамки на посетата беше примена и од ...

Јавноста, но и опозицијата ги отворија прашањата зошто не се објавуваат имињата на одговорните за безпотребни операции на пациенти за срце. И каква ќе биде одговорноста за тоа што одредени пациенти, иако немало потреба биле оперирани, а со тоа им се загрозило здравјето. Скандалот оди до таму што од 19 проверени случаи, дури 10 пациенти непотребно биле оперирани. – Комисијата испорача објективни резултати, врз основа на професионално, научно и ...

На денешната комисиска расправа за финансирање на буџет, пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи обвини дека предложениот буџет на Владата носи рекордно задолжување и историски најголемо плаќање камати. „Во 2026 година јавниот долг ќе се искачи над 62% од БДП, со планирано задолжување над 120 милијарди денари и „рекордни 21,27 милијарди за камати“, посочи Битиќи. Тој нагласи дека парите наместо во развојни проекти се топат во дефицитот. „Од ...

Во врска со сите барања и прашања што се однесуваат на одредувањето на датумот за изборите за градоначалник во Гостивар, Врапчиште, Маврово-Ростуша и Центар Жупа, претседателот на Собранието постапува само врз основа на роковите и процедурите утврдени во Изборниот законик. Затоа датумот на изборите ќе биде објавен во горенаведениот законски рок и јавноста ќе биде известена во наредните денови, соопштија од кабинетот на претседателот на ...

Утре наутро ќе биде постудено со услови за појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 19 степени. Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде ...

Во деновите од викендов ќе се задржи сончево и тивко време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Во понеделник облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе преовладува променливо облачно со локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Прогноза за 16.11.2025 Минимална температура: -2°C до 7°C Максимална температура: 14°C до 19°C Наутро ...

Експертите од Градежниот факултет во Белград, доцентката Сања Фриц и редовна професорка Јелена Добриќ, ја анализираа достапната документација за уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад и, гостувајќи во подкастот „Сфера“, открија исклучително загрижувачки информации. Имено, работата на хидроизолацијата на покривот е извршена во декември 2022 година, во текот на кој во Нови Сад врнело 18 дена. Ова беше истиот месец кога ...

Студенти од неколку белградски факултети и иницијативата Ансамбл на Генералштабот ќе се соберат денес во 11 часот пред зградата на Генералштабот под слоганот „Ние сме жив ѕид“. Како што најавија, ќе упатат усно предупредување до властите на Александар Вучиќ поради нивната намера да го урнат комплексот, кој беше оштетен во бомбардирањето на НАТО, објавува Nova.rs. Организаторите нагласуваат дека денешниот собир ќе биде само најава за идните ...

Илон Маск и неговата компанија xAI ја лансираа „Грокипедија“, најавувајќи ја на почетокот на октомври како конкурент на онлајн енциклопедијата „Википедија“, која е креирана и уредувана од волонтери и која некои американски републиканци ја обвинија за политичка пристрасност и, заедно со Маск, тврдат дека е „премногу левичарска“. Името „Грокипедија“ доаѓа од четботот Groka на xAI, за кој Маск тврди дека „бара максимална вистина“. Верзијата 0.1 од ...

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) тврди дека спречила атентат врз висок руски владин функционер во Москва, кој го планирале украинските разузнавачки служби. Уапсени се тројца соучесници во заговорот, руски сопружници и мигрант од централноазиска земја, објави Центарот за односи со јавноста на ФСБ, пренесува ТАСС. Нападот бил планиран на гробиштата во Москва, на гробот на роднина на овој висок руски владин функционер, а осомничените ...

САД одобрија продажба на делови за борбени авиони на Тајван за 330 милиони долари, соопшти Пентагон, што е прва таква трансакција откако претседателот Доналд Трамп ја презеде функцијата во јануари. „Предложената продажба ќе ја зголеми способноста на примателот да се справи со сегашните и идните закани со одржување на оперативната подготвеност на флотата на примателот од Ф-16, Ц-130“ и други авиони, соопшти Пентагон. Вашингтон има формални ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека ризикот од ширење на војната меѓу Украина и Русија е „секојдневна можност“ поради лидерите на западните земји кои, според него, даваат простор на провоени наративи. Во интервју за јавното радио, Орбан ја повика Европа да „се сврти и да се движи кон мир, а не кон војна“, објави МТИ. Орбан истакна дека фундаменталното прашање е што е во интерес на Европа, а неговиот одговор е – „мир“. Тој нагласи дека ...

Кина потврди откривање на огромно наоѓалиште на злато, најголемо во земјата од основањето на Народната Република во 1949 година. Се проценува дека има дури 1.444 тони од овој скапоцен метал во покраината Лиаонинг, а веста доаѓа во време кога цените на златото достигнуваат рекордни нивоа, пишува Euronews. Кинеското Министерство за природни ресурси денеска официјално го потврди откривањето на наоѓалиштето Дадонгоу. Според официјалните лица, ...

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денес изјави дека Италија има потенцијал да ја предводи меѓународната борба против корупцијата нагласувајќи ја важноста на соработката и размената на информации во борбата против овој глобален феномен. „Италија е во добра позиција да го искористи своето искуство во борбата против корупцијата. Веќе ја ставаме Финансиската полиција (Guardia di Finanza) на располагање на Албанија и на Црна ...

Две третини од жените во вооружените сили на Велика Британија пријавиле дека биле жртви на сексуализирано однесување од страна на колегите во изминатата година, вклучувајќи коментари за нивниот изглед, вознемирување и допирање, покажа ново истражување. Жените имале двојно поголема веројатност да доживеат такво однесување од мажите, според истражувањето, објавува BBC. Министерството за одбрана, кое го нарача извештајот, ги нарече наодите „целосно ...

Будимпешта и Братислава би можеле да ја блокираат иницијативата за запленување на замрзнатиот руски имот со цел да се обезбеди финансирање за Украина поради корупцискиот скандал што избувна во Киев, според „Политико“. Вчера, министрите за финансии на ЕУ го завршија својот состанок во Брисел, каде што повторно разговараа за прашањето за експропријација на руски имот, но не успеаја да постигнат договор. Весникот забележува дека само неколку ...

Колумбискиот претседател Густаво Петро ги осуди нападите на САД врз бродови во Карипското Море, додека Пентагон најави нова операција за борба против трговците со дрога. Во интервју за NBC News, Петро не ги штедеше зборовите кога го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп. „Тој е варварин“, рече Петро во извадоци емитувани во четврток. „Тој сака да нè исплаши“, додаде тој. Колумбискиот претседател не ја исклучи можноста дека некои од ...

По големиот комеморативен митинг одржан на 1 ноември во Нови Сад, студентите на блокада од сите универзитети во Србија подготвуваат нови протести во нивната борба за распишување предвремени парламентарни избори. Сепак, како што открија во едно интервју, плановите за овој месец се променети поради нивната поддршка за Дијана Хрка, а годишнината од блокадата, 29 ноември, се споменува како можен датум за следниот голем собир, објавува „Нова.рс“. ...

Густа магла се насобрала над Загреб, а со неа и опасно загадување на воздухот кое трае со денови. Официјалните мерења покажуваат дека главниот град е во „црвената“ зона, што значи дека квалитетот на воздухот е лош и може да има штетно влијание врз здравјето, а најпроблематични се PM честичките 2,5 кои лесно продираат во белите дробови, пренесуваат медиумите во регионот. „Катастрофа. Да знаевме, немаше ни да излеземе со нашето бебе. Сега трчаме ...

Воочи престојниот зимски период, се одржа координативен состанок со сите вклучени чинители во Зимската служба. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, секретарот Борче Димитровски и раководителката на Одделението за комунални дејности Марјана Спасевска, ги запознаа претставниците на претпријатијата кои се дел од Зимската служба на општина Битола, СВР Битола и останатите претставници, со програмата за Зимската служба 2025-2026 година, ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 10ᴼ
9.26
72%
1012
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
90%
1014
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
80%
1010
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
9.73
79%
1013
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.0
96%
1015
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
88%
1002
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
87%
1005
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1006
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
9.77
86%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
95%
1015
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
4.63
63%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
93%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Сребро

1878.05

Цинк

3.23

Злато

135056.24

Никел

473339.37

Паладиум

46425.68

Платина

52952.77

Калај

40.48

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.91

Родиум

255598.44

Иридиум

145787.60

Кобалт

58.42