Белград
11ᴼ /
10ᴼ
Пратениците на СДСМ и Коалицијата утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна Анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“ објави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче повикувајќи ги сите пратеници да ги поддржат. „Пратениците на СДСМ и Коалицијата ги поддржуваат барањата на семејствата на загинатите и повредените во Кочани и утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна ...
„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на ...
Во Македонија моментално ги реализираме најкрупните капитални проекти во изградба на патната и железничката инфраструктура на главните транспортни Коридори 8 и 10. Имаме визија преку развој на инфраструктурата да придонесеме за регионален развој, за економска стабилизација и брз и сигурен транспорт кон Централна и Југоисточна Европа, истакна вицепремиерот Николоски на панел дискусијата на економскиот форум во Виена. Презентирајќи ги капиталните ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и претседавач со Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешната седница на Советот, укажа дека констатираното назадување на државата посочено во извештајот на Европската Комисија, не е само формален запис на хартија, туку реалност што секојдневно ја чувствуваат и граѓаните и стопанството. „Граѓаните очекуваат напредок, очекуваат вистински, видливи резултати кои што ...
Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Осомничениот 74-годишник, при вршење семејно насилство, лишил од живот жена со која биле во блиски лични односи, така што со тврд предмет и задал повеќе удари во главата, кршејќи и го черепот. Потоа, со остар предмет пресекол делови од телото и ги ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и претседавач со Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, порача дека извештајот на Европската Комисија е показател дека власта нема политичка волја да продолжи со реформите. „Жалам што слушаме пораки на евроскептицизам тука во телата, во Собирањето, во кои што најмногу треба да се работи и на полето на реформите и на тоа што државата треба да испорача за да станеме ...
Предложениот Буџет за 2026 година е документ кој ја турка државата во уште подлабока сиромаштија, неизвесност и задолжување, а граѓаните ги остава заборавени. Оваа влада нема никаков план за достоинствен живот на граѓаните. Единствено што знае е да приредува театар што сите скапо го плаќаме“, рече пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулевски, на седницата на Комисијата за финансирање и буџет. Тој потенцираше дека со овој предлог буџет граѓаните се ...
Украина нема шанси да ја добие војната, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. Неговите коментари доаѓаат во време кога надежите за непосредно примирје бледнеат, а Европа се бори да ги зајакне финансиите на Киев. Во интервју со извршниот директор на германската медиумска група „Аксел Спрингер“, Орбан рече дека финансиската поддршка за Украина ја „убива“ Европската Унија „економски, финансиски“ и е „едноставно лудо“. Унгарија претходно го ...
На 16.11.2025, по претходно добиени оперативни сознанија, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Одделот за специјални и посебни операции и Одделот за криминалистичка полиција, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран и сериозен криминал, спроведоа ...
Седум децении од основањето денеска одбележа Бирото за развој на образованието, а на свеченоста организирана по тој повод се обрати и министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска која упати благодарност до сите сегашни и поранешни вработени во институцијата за придонесот кон градењето на националниот образовен систем, посакувајќи уште многу ефективен труд и позитивни резултати во иднина. „Министерството за образование и наука и ...
На денешната седница на Националниот совет за евроинтеграција, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати сериозни критики за состојбата со реформите и европскиот пат на државата, нагласувајќи дека Македонија стои во место, а владата нема политичка волја за суштински реформи. „Јасно кажува овој извештај, дека реформи нема, го губиме времето. Ова е еден од најлошите извештаи кои што државата го добила. Полош е само тој во 2015 година, кога сме ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска во рамки на работната посета на Виена, оствари средба со Северин Грубер, генерален секретар во федералното Министерство за економија. На средбата на која беа потврдени добрите билатерални односи, се разговараше и за економската и трговска соработка меѓу двете земји. Двајцата говорнци истакнаа дека Македонија и Австрија имаат одлична економска, соработка, ...
На денешната седница Извршниот одбор на СДСМ донесе одлука да започне постапка за исклучување од членство член на Советот на општина Карпош, заради непочитување на одлуките и ставовите на СДСМ и работење спротивно на интересите на партијата, соопштија од СДСМ. – Советникот гласаше за изборот на претседател на Советот во Карпош спротивно на партиските одлуки и ставови. Согласно Статутут на СДСМ, непочитување на одлуките, работење и гласање ...
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 15 часот и 48 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Благоевград, на 124 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.2. Според досегашните податоци со ...
Да се посветиме на реформите, не поради „политичката волја“ за уставните измени, туку заради владеење на правото, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на заедничка седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања, на којашто се дискутираше за Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава за 2025 година. Укажувајќи на неиздржаноста на забелешките за немањето политичка волја во државава, ...
– Денеска во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје бев подложен на успешна хируршка интервенција и се чувствувам стабилно. Во моментов сум под надзор на лекарите, по што следува краток период на опоравување, соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. – Ве уверувам дека Министерството за внатрешни работи продолжува непречено и ефикасно да функционира согласно утврдените процедури. Целиот тим професионално си ги извршува ...
Претседателот на СДСМ и претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешното обраќање на седницата каде се разгледуваше Извештајот на Европската комисија, порача дека документот претставува силна и јасна опомена но и доказ за катастрофалните политики на владата на Мицкоски. „Ова е еден од најлошите извештаи кои што државата го добила од Европската Комисија. Полош е само тој во 2015 година, кога сме оценети како ...
Претседателот на СДСМ и на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешеншана седница на Советот упати сериозни критики за состојбата во правосудството, посочувајќи дека Европската комисија јасно укажува на тоа дека независноста на судството во државата е нарушена и со тоа директно е загрозена неговата независност и кредибилитет. „Генералната независност и финансиска автономија на правосудството се поткопани со вмешување и ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и претседавач со Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешната седница на Советот посочи дека забелешките на Европската Комисија укажуваат на сериозни слабости во економското управување и неспроведувањето на неопходните реформи и предупреди на сериозноста на укажувањата на ЕК во делот на економските политики. „Во тој дел Европската Комисија утврдува дека владата нема ...
„Денеска е објавен јавниот повик и ги повикувам сите студенти да аплицираат, мислам дека се 55.000 на број. Тоа што го ветуваме тоа и го исполнуваме, 15.300 денари добива секој студент за набавка на електронски уред“, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање. Премиерот Мицкоски истакна дека чекале изборите официјално да завршат за да можат да го објават повикот за аплицирање, за кој што рече трае ...
Советот на Општина Карпош одржа вонредна седница на која се разгледуваа четири точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Во таа насока, советниците го поддржаа Планот на Програми за развој на локалната самоуправа за 2026 година. Имено, согласно потребите од областа на комуналните работи и уредување на просторот, ќе бидат преземени одредени активности за подобрување на инфраструктурните капацитети во општина Карпош. Станува збор за капитални ...
Соопштение на Левица: Градската власт усвои мерка која го забранува фрлањето отпад во периодот од 22:00 до 06:00 часот, со што секој граѓанин во Скопје станува потенцијален прекршител само затоа што се обидел да постапи совесно. За ваквиот сулуд предлог кој не одговара на реалноста и никако не е решение на горливиот проблем, единствено советничката група на Левица се спротистави и гласаше против. Оваа одлука всушност претставува признание дека ...
Лишени од слобода возачи во Делчево, Тетово, кривопаланечко, на автопатот Скопје – Штип и на патот Тетово – Гостивар, управувале возила под дејство на алкохол и со многу поголема брзина од дозволеното . На 16.11.2025 во 08:30 часот на експресен пат Куманово – Крива Паланка, кај с.Ранковце, полициски службеници од ОВР Крива Паланка лишија од слобода лице (36) од Крива Паланка. При контрола во сообраќајот со радар, полициските службеници ...
На 16.11.2025 во 16:50 часот во Полициската станица Валандово е пријавено дека на регионален пат помеѓу село Удово и Валандово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(42) од село Старо Балдовци, општина Босилово и мотоцикл „бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Г.Б.(52) од Кавадарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и неговата ...
Во периодот од 01.11.2025-16.11.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 10.210 издадени платни налози, 2.983 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 55 лица, од кои 37 за ...
Започна аплицирањето за електронски ваучери за студенти преку Националниот портал за е-услуги. Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека од денеска е отворен Јавниот повик за доделување на вредносни ваучери за студенти за набавка на електронски уреди, кој се спроведува преку Националниот портал за е-услуги – uslugi.gov.mk. Сите студенти може да аплицираат најдоцна до 20 декември 2025 година, а реализацијата на ...
Соопштение на Влен: Биномот ДУИ-СДСМ го користеше европското знаме не за Европа, туку како крпа за да ги избрише трагите на Никола Груевски и да ја спаси кожата на Сашо Мијалков. Под маската на „хармонизација со ЕУ“, тие гласаа за измени во Кривичниот законик за кои денес гледаме како целото општество пати. Ова не беше закон за европски стандарди, туку понуда за амнестија за заробување на државата, потпишана од ДУИ во име на Албанците, но во ...
Најмалку три лица загинаа, а повеќе десетици се повредени во Португалија по налетот на силното невреме и торнадото Клаудија што во изминатите денови го погоди регионот, соопштија португалските власти. За повеќе региони, меѓу кои Брага, Фаро, Сетубал и Бежа, издадени се портокалови и жолти метео-аларми поради продолжениот ризик од екстремни временски услови. Претседателот Марсело Ребело де Соуза изрази сочувство до семејствата на загинатите и ...
Турската полиција уапси уште три лица во истрагата за смртта на германска државјанка и нејзините две деца, кои починаа од труење со храна за време на одмор во Истанбул. Приведени се управителот на хотелот и двајца работници задолжени за дезинфекција. Со нив, бројот на уапсени во случајот се зголеми на седум. Семејството — мајка, татко и две деца од 3 и 6 години — пристигнало во Истанбул од Германија на 9 ноември. На 12 ноември сите биле ...
Само патриотска влада може да ја спаси Унгарија од војната во Украина, од нелегалната миграција и родовата идеологија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. Сијарто предупреди дека унгарската опозиција „ќе ја предаде Унгарија на Брисел“, објави агенцијата МТИ. „Брисел сака ситуацијата да се влоши, војната да трае уште подолго и да ескалира понатаму. Не им е грижа што илјадници, десетици илјади луѓе умираат на фронтот и ...