Поранешниот ирански министер за надворешни работи, Џавад Зариф, се огласи на Икс откако објави план за завршување на војната, велејќи дека е „огорчен од неодговорната агресија и грубите навреди“ на американскиот претседател Доналд Трамп. „И како Иранец, огорчен од неодговорната агресија и грубите навреди на Трамп, но горд на нашите вооружени сили и отпорен народ, имам сомнежи во врска со објавувањето на овој мировен план во Foreign Affairs, ...

Министерот за надворешни работи на Иран, Сејед Абас Аракчи, во телефонски разговор со својот руски колега, Сергеј Лавров, предупреди дека усвојувањето на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации во врска со Ормускиот теснец само по себе ќе стане дел од проблемот. Аракчи ги осуди потезите на Соединетите Американски Држави и некои земји во Советот за безбедност на ОН за вршење притисок врз Иран, нагласувајќи дека „секоја ...

Филипините објавија дека на нивните бродови ќе им биде дозволено безбедно поминување низ Ормускиот теснец, по разговорите со Иран. Министерката за надворешни работи Тереза Лазаро рече дека разговорите биле „позитивни и продуктивни“, додека Иран рече дека на филипинските бродови ќе им биде одобрено „безбедно и непречено поминување“. Спогодбата ги опфаќа бродовите што пловат под филипинско знаме, енергетските пратки и филипинските ...

Рускиот претседател Владимир Путин му рече на египетскиот министер за надворешни работи Бадр Абделати дека ситуацијата на Блискиот Исток е „заедничка грижа“ за двете земји и дека Москва е подготвена да помогне во нејзината стабилизација. „Се надеваме дека сегашниот конфликт ќе биде брзо решен. Како што знаете, вчера на оваа тема зборуваше и американскиот претседател Доналд Трамп. Дозволете ми да повторам дека сме подготвени да направиме сè за ...

Скопје – Во големата сала на галерискиот простор Чифте амам, на 17 март 2026 во 19:00, ќе биде отворена самостојната изложба „А“ на уметницата Олгица Антовска. Поставката е конципирана како долг полиптих од триесет платна, поставени на бела позадина и продолжени во нишите на просторот. Делата, инспирирани од водата и светлината, уметницата ги претвора во симбол на живот и духовност. На платната, обликувани во кружни и елипсоидни форми, боите ...

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од околу 0°C до 7°C, при што најстудено ќе биде во западните и повисоките предели, а повисоки вредности ќе има во источните и југоисточните делови. Максималните температури ќе бидат во пораст и ќе достигнат од околу 10°C до 17°C, со ...

– Денес не зборуваме само за еден инфраструктурен проект. Денес зборуваме за нешто многу поголемо – за поврзување, за стабилност и за иднината на двете држави во рамките на европското енергетско семејство, изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешниот настан по повод изградбата на далекувод Битола-Елбасан. – Интерконективниот далекувод Битола–Елбасан не е обичен далекувод. Тој е симбол на една затворена празнина која со години стоеше како ...

Министерството за одбрана денеска го објави новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на македонската Армија. Општите услови (да се македонски државјани, да се полнолетни и да имаат посебна здравствена и физичка способност), посебните услови (да имаат завршено средно образование и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници), како и сите останати детали се ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, се обрати на Конференцијата за отпочнување на процесот на ко-креирање на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028 (НАП7). Настанот го означи почетокот на новиот циклус на ко-креација на националниот акциски план во рамки на глобалната иницијатива Партнерство за отворена власт, со цел зајакнување на транспарентноста, отчетноста и учеството на јавноста во процесите на ...

Денеска во Собранието на Република Северна Македонија, претседателот на Собранието, Африм Гаши, и Народниот правобранител, Фатон Сељами, потпишаа Меморандум за соработка меѓу Собранието на Република Северна Македонија и институцијата Народен правобранител. Со Меморандумот се воспоставува рамка за унапредување на меѓуинституционалната соработка во насока на поефикасна заштита и почитување на човековите права и слободи, јакнење на владеењето на ...

На 01.04.2026 околу 12:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Иван Хаџиниколов“ и ул.„Јанко Митиќ“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лице(37) од с.Студеничани, скопско, удрило во пешакот Б.А.(93) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. На ...

Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, учествуваше на конференцијата со која денеска во Клубот на пратеници отпочна процесот на кокреирање на националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026 – 2028 – НАП7, ставајќи акцент на улогата на Собранието како активен и кредибилен партнер во овој процес. За Димовска овој процес претставува суштинска можност да се унапреди културата на отворено, транспарентно и отчетно ...

Со воена свеченост во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, Првата пешадиска бригада (1.пбр), најголемата борбена единица во составот на Командата за операции, го одбележа Денот на единицата. На свеченоста присуствуваа: министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, заменик-министерот за одбрана Адмир Шабани, заменикот на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор ...

Соопштение на Левица: Под силен притисок од јавноста, Орце Ѓорѓиевски ретерираше и ја повлече скандалозната најава дека од 1 април, сите станари како и физичките и правните лица со издадена дозвола, ќе можат да паркираат исклучиво во зоната за која ја поседуваат дозволата, а во останатите зони ќе мора да плаќаат паркинг по 25 денанари од час. До промена на одлуката на Георгиевски доаѓа за помалку од 24 часа и тоа под силен притисок од ...

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски денеска беше во посета на ОУ „Коле Канински“ каде со новопроектираната состојба се предвидува реконструкција на постоечките тоалети кои со децении не се реконстуирани, со што ќе се овозможи задоволување на современите стандарди за хигиена и на учениците и на вработените, а исто така ќе се изгради посебен тоалет за лица со инвалидитет. Реконструкција е предвидена и во двата блока, во подрум, на ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во гостување во утринската емисија „Македонија наутро“ на МРТВ вели дека не ги прифаќа нападите дека Законот за високо образование има престроги критериуми, а притоа како што рече нема ниту еден универзитет во државата кој што е во првите 2500 најдобри на Шангајската листа. „Сакам да верувам дека образованието создава таков кадар. Но не можам а да не споменам, еве да речеме нешто кое што се ...

Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски, престојува во дводневна работна посета на Атина,со цел средби со претставници на највисоките судски институции во Република Грција. Во рамки на посетата, претседателот Костадиновски, е во придружба на претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, и претседателот на Врховниот суд, Африм Фидани. Според агендата, ќе остварат средби со претседателите и претставници на Врховниот суд ...

Сериозно сме посветени на инвестициите, Буџетот во моментов е во одлична кондиција, а Министерството за транспорт е рекордер во работење годинава со 65 % реализација на капиталните инвестиции до сега, истакна во гостувањето на “Топ Тема” на ТВ Телма, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. “Буџетот е во одлична кондиција и доколку се соочиме со ситуација на продолжена воена криза, со добро планирање ќе ...

Премиерот Христијан Мицкоски во неговото гостување во „Македонија наутро“ на МРТ изјави дека за време на периодот на транзицијата во земјава од многумина сиромашни видовме како малкумина станаа екстремно богати и затоа има големо разочарување и иселување, но испрати порака дека борбата треба да ја водиме тука затоа што само дома си е дома. Премиерот Мицкоски додаде дека кога државата стануваше независна, кога се одвојуваше од поранешната ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Париз, Франција, оствари средба со министерот делегиран за Европа, Бенџамин Адад. На средбата стана збор за натамошно унапредување на билатералните односи, продлабочување на политичкиот дијалог и зајакнување на соработката на владино ниво, со посебен фокус на економската соработка. Министерот Муцунски нагласи дека европската интеграција е ...

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на покана на градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, присуствуваше на Свечената академија „30 години Општина Новаци“, со која беше одбележан значајниот јубилеј на општината. Во своето обраќање, министерот упати честитки по повод 30-годишнината, нагласувајќи дека „Со својата работа, посветеност и визија, градоначалникот, Советот и општинската администрација ја создаваат иднината ...

После 20 години, направивме законски измени и за прв пат овозможиме полагање на стручни испити за капетан на брод и бродски екипаж, што е чекор понапред во професионализација на внатрешната пловидба и подигнување на нивото на безбедност во пловниот сообраќај, истакна денеска од Охрид, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. “Уште кога бев избран за министер за транспорт, се соочив со овој проблем и заеднички со ...

Јавнообвинителската функција секогаш сум ја поимала како повик и можност за придонес кон подобрување на системот, општеството и пред сè животот на граѓаните, вели во својата порака со која ја најавува оставката обвинителката Ленче Ристоска. – Затоа во текот на мојата кариера особен предизвик ми претставуваше работата на случаи кои најдиректно влијаат врз дерогирањето на општествените вредности и принципи. Работењето на високопрофилни случаи ...

Откако ќе наполните 30 години, губењето на мускулната маса е природна појава. За жал, губењето на мускулната маса го олеснува зголемувањето на маснотиите. Воспоставувањето постојана рутина на вежбање, како и јадењето одредена храна, може да ви помогне побрзо да согорувате маснотии. Еве 5 намирници што ќе ви помогнат да ослабете во вашите 40-ти години, според нутриционистот Лиса Јанг. Ленено семе Ленено семе е одличен извор на омега-3 масни ...

Говорот на американскиот претседател Доналд Трамп за војната со Иран траеше околу 20 минути, но главно беше повторување на пораките што ги кажуваше со денови, без никакви нови конкретни одговори на клучните прашања, анализира Би-би-си. Како што истакнува дописникот на Би-би-си, Гари О’Донохју, содржината на говорот во голема мера одговара на она што Трамп веќе го објавува на социјалните мрежи. Би-би-си предупредува дека говорот остави голем ...

Голем број танкери за нафта останаа од двете страни на Ормускиот теснец утрово, додека блокадата на клучниот воден пат од страна на Иран продолжува. Податоците од Vesselfinder покажаа дека десетици танкери се запрени покрај бреговите на Обединетите Арапски Емирати и Оман. Околу една четвртина од светската трговија со поморска нафта поминува низ Ормускиот теснец, што го прави еден од најважните и најранливите енергетски коридори во светот. ...

Светот моментално е во „мрачен час“ од историјата, изјави денес папата Лав Четиринаесетти, за време на мисата за мир во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан. Папата рече дека „во свет кој е растргнат меѓу силите што го уништуваат, постои нов народ, кој не е жртва, туку сведоци“, пренесува „Анса“. „Во овој мрачен час од историјата, бог со задоволство нè повика да го шириме мирисот на Христос таму каде што владее смрдеата на смртта. Да го ...

Религиозната советничка на американскиот претседател Доналд Трамп, Паула Вајт, предизвика бран реакции на социјалните мрежи откако вчера го спореди американскиот претседател со Исус Христос. Вајт, долгогодишен сојузник на Трамп, е позната по своите јавни молитви за Трамп, вклучувајќи ја и онаа што ја изговори на почетокот на митингот на 6 јануари 2021 година, непосредно пред нападот врз американскиот Капитол. „Исус нè научи на многу лекции ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во своето гостување на РТС, зборуваше за вооружувањето на Хрватска, како и за регионалниот воен сојуз. Александар Вучиќ рече дека Германија во моментов е вклучена во трка во вооружување со САД и Кина, но дека не сака да навлегува во причините за таквата политика, според медиумите во соседството. „Дојче Веле“ е германски сервис и тие не се познати по својата објективност. Сега ги бранат Хрватите. ...

Силна промена на времето ја зафати Хрватска, каде над Јадранот се наоѓа циклон што носи облачно време низ целата земја, дожд, поројни врнежи и грмежи на морето, додека во внатрешноста врнежите се засилуваат, пренесе Нова.рс. Во Горски котар и делови од северозападната внатрешност паѓа снег проследен со силен ветер, што значително го отежнува сообраќајот. Во текот на денот се очекува дополнително зголемување на снежната покривка, додека ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
62%
1015
weather icon

Белград

18ᴼ / 16ᴼ
5.14
52%
1012
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
77%
1012
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
76%
1017
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.79
73%
1013
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
95%
1012
weather icon

Атина

18ᴼ / 14ᴼ
2.06
62%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
82%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1017
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
3.13
65%
1015
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
4.12
83%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
2.57
75%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9719

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Родиум

319899.93

Алуминиум

3.57

Сребро

2840.84

Рутениум

51376.89

Платина

64172.89

Кобалт

45.39

Калај

50.03

Бакар

12.06

Паладиум

48883.97

Иридиум

253540.09

Злато

166450.52

Цинк

3.35