Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
На 25.12.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода маж(38) од с.Арнакија, скопско и момче(25) од Тетово затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случите ќе следуваат соодветни поднесоци. СВР Велес поднесе кривична пријава против маж(41) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на ...
Руски суд вчера го осуди Сергеј Удалцов, истакнат провоен активист и критичар на Владимир Путин, на шест години затвор за оправдување на тероризмот. Удалцов, лидерот на движењето Левичарски фронт поврзано со Комунистичката партија, беше уапсен минатата година, пишува The Guardian. Според рускиот независен портал Медиазона, обвинувањата произлегуваат од статија што Удалцов ја објави на интернет во поддршка на друга група руски активисти ...
Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, за време на посетата на погон за производство на муниција објави дека Северна Кореја ќе продолжи да работи на развој на ракети во следните пет години, објавија државните медиуми. Ким рече дека „секторот за производство на ракети и гранати во земјата е од најголема важност за зајакнување на одвраќањето од војна“, според KCNA. Ким ги ратификуваше нацрт-документите за модернизација на големите ...
САД извршија воздушни напади врз милитантите на Исламска држава (ИСИС) во северозападна Нигерија, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, тврдејќи дека групата ги напаѓа христијаните во регионот. „Вечерва, по моја наредба како врховен командант, САД започнаа моќен и смртоносен удар врз терористичката ИСИС во северозападна Нигерија, која ги таргетира и брутално убива, првенствено, невини христијани, на нивоа невидени со години, па дури ...
Камбоџа го обвини Тајланд за интензивирање на бомбардирањето на спорните гранични области додека претставници од двете земји се состануваат за да преговараат за прекин на смртоносните судири. Долготрајниот граничен конфликт меѓу соседните држави повторно се разгоре овој месец и го прекрши претходното примирје, а според официјалните податоци, повеќе од 40 лица ги загубија животите, додека околу еден милион беа раселени, пишува „Гардијан“. Иако ...
Како што се приближува Божиќ, во многу делови од светот луѓето се подготвуваат да го прослават празникот со семејството и пријателите. Но, во одредени земји прославата на Божиќ е забранета или строго ограничена, особено кога станува збор за јавни собири, верски служби и празнични манифестации. Во Сомалија, Божиќ и Нова година се забранети од 2009 година, во согласност со примената на шеријатскиот закон. Властите наведуваат безбедносни причини ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека наскоро ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп како дел од напорите за прекин на руската инвазија. „Договоривме средба на највисоко ниво со претседателот Трамп во блиска иднина. Многу работи може да се одлучат пред Нова Година“, објави Зеленски на социјалните мрежи. Украинскиот претседател ја откри најновата верзија на американскиот план за прекин на војната меѓу ...
Кина воведе санкции против 20 американски одбранбени компании и 10 поединци поради продажбата на оружје на Тајван, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи. Мерките вклучуваат замрзнување на нивниот имот во Кина и забрана за кинески организации и граѓани да соработуваат со нив, како и забрана за влез во земјата за санкционираните поединци. Меѓу погодените компании се подружница на Boeing во Сент Луис, како и Northrop Grumman ...
СВР Охрид, во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, ги интензивира превентивните активности насочени пред се кон младата полулација, со цел, укажување на штетноста од нелегалната употреба на пиротехника и на можните опасности и последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства. Превентивните кампањи се реализираат со учениците од основните и средните училишта низ градот и приградските населби, низ интерактивна ...
Комисијата за стручен надзор за случајот со починатото новороденче на Клиниката за гинекологија, по извршениот надзор ги донесе следните заклучоци: Врз основа на целокупната медицинска документација, исказите на медицинскиот персонал и обдукцискиот наод, Комисијата за стручен надзор заклучи дека се работи за предвремено новороденче, со тешка конатална инфекција, респираторен дистрес и нарушена белодробна функција поради незрелото белодробие и ...
Илјадници верници се собраа на Бадник во Келнската катедрала за да ја прослават божиќната миса, но празничната атмосфера одеднаш беше нарушена од бизарен испад на маскиран маж. Инцидентот ги шокираше присутните и брзо стана тема на социјалните мрежи, пишува германскиот „Билд“. Како што потврди полицијата за „Билд“, маж облечен во црна наметка искочи од толпата, со впечатлива златна маска на лицето и плишани уши на главата. Тој изведе краток ...
Првиот заменик-претседател на украинскиот парламент, Олександр Корниенко, го објави почетокот на работата на работната група која ќе се занимава со прашањето за организирање претседателски избори во Украина. Според него, првиот состанок ќе се одржи веќе оваа недела, каде што ќе се разгледаат можностите за спроведување избори во воени услови, иако Уставот на Украина забранува избори за време на вонредната состојба воведена по руската агресија. ...
Учениците кои отсуствуваат од настава подолго од три недели, затоа што се на болничко лекување, можат да го продолжат образованието преку онлајн вклучување во наставата во реално време во својот клас, да ги користат доставените материјали и задачи од наставникот или пак, наставникот да организира индивидуална настава во зависност од состојбата на ученикот, по прилагодена наставна програма на таквата состојба и за тоа да се користат постојни ...
Заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Туркије Фатих Улусој. На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Трукије кои традиционалнo се пријателски и значајни за двата народи. На средбата се разговараше за инвестиционата политика на Владата, ставајќи фокус на планираните инфраструктурни проекти, а се отвори и прашањето за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на децата дека нема да дозволи злобен Дедо Мраз да се инфилтрира во Соединетите Американски Држави, учествувајќи во традиционалното божиќно следење на Дедо Мраз. За време на јавувањето од својата резиденција Мар-а-Лаго во Флорида, претседателот на децата им објаснил и дека јагленот е „прекрасен“, а Дедо Мраз има „помалку ангелска природа“, пишува „Скај њуз“. Седејќи покрај божиќната елка, ...
Соопштение на СДСМ: Како што веќе најавивме, се води кампања за обид за дестабилизација на СДСМ одвнатре, од страна на ВМРО, а координирана од центарот на СНС. Зошто се прави сето ова? Затоа што АКТ изнесе компромитирачки податоци за криминал и корупција, чијшто пипци се протегаат од СНС до ВМРО. Овој октопод е инструирана од СНС и во целост управува со коалицијата ВМРО/ЗНАМ. По објавите и податоците за Алта банка, оваа група започна кампања ...
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски денеска одржа годишна прес-конференција на која ги презентираше работењето и активностите на Судот во изминатата година, како и приоритетите за 2026 година. Упати апел до Судскиот совет и до Собранието да изберат двајца нови уставни судии, со цел Уставниот суд да продолжи непречено да ја извршува својата надлежност. Во продолжение целосниот говор: Почитувани претставници на медиумите, На ...
Денеска, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателот на Владата Христијан Мицкоски присуствуваа на промоција на 120 нови службени возила, наменети за потребите на македонската полиција, како дел од континуираните напори за унапредување на материјално-техничките капацитети на Министерството за внатрешни работи. Новите возила ќе бидат распределени во полициските организациски единици низ државата и ќе придонесат за поефикасно ...
– Би сакал да им честитам на вработените во Министерството, на министерот, на луѓето коишто го водат ова Министерство, за еве успешно завршената набавка, за успешно завршениот проект и она коешто за мене е многу важно, е што, се подобрува мобилноста на припадниците на Министерството за внатрешни работи, изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска на промоцијата на новите возила на полицијата. – Ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да ги ...
Советот на Општина Илинден го усвои Буџетот за 2026 година, кој изнесува 742.557.000 денари, односно над 12,5 милиони евра. Споредбено со минатата година, може да се забележи значителен пораст во средствата со коишто ќе располага Општината. При неговото креирање беа земени предвид остварените приходи и расходи од претходните години, како и реалните проекции за приходите во 2026 година. Буџетот има изразена развојна насока и е подготвен ...
Mozzart ја покрена кампањата за одговорно обложување. „Ајде да зборуваме за одговорноста – колку сме одговорни кон себе и колку сме одговорни кон луѓето што ги сакаме. Одговорноста е привилегија која нè прави победници, не само на теренот, туку и во животот. Постави мерка, почитувај ја, уживај во спортот, но не дозволувај да те повлече во нешто што не е игра. Играј одговорно, биди победник“, порача познатиот водител Димитар Атанасовски. Овие ...
Утрото ќе биде облачно, во крајните југозападни делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени. Во Скопје, променливо облачно, во текот на денот со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...
„Јавноста да биде спокојна. Сè додека е оваа влада, нелегална миграција, легална миграција, како резултат на пропаднати апликации за азил, како резултат на некакви си договори, нема да има. И тоа се гледа“, нагласи премиерот Христијан Мицкоски како одговор на пратеничко прашање во Собранието. „Многу пати коментиравме во јавноста дека е апсолутна лага и конструкција дека било кога сме разговарале воопшто на оваа тема во процесот за ...
Следува период на стабилно и студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во деновите од викендот ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над 60 km/h). Прогноза за 27.12.2025 Минимална температура: -4°C до 3°C Максимална температура: 2°C до 9°C Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Прогноза за 28.12.2025 Минимална ...
Координаторот на пратеничката група на СДСМ и пратеник, Оливер Спасовски на денешната собраниска седница за пратенички прашања упати прашање до министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во однос на високата цена на зелениот картон автомобилите кој што им е потребен на граѓаните за патувања надвор од државата. Прашањето се однесуваше на заштитата на трети лица и нивниот имот од последиците од сообраќајни незгоди, како сопственици на ...
Пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, на денешната седница посветена на пратенички прашања упати две прашања до министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, а се однесуваа на минималната плата за која владата не сака да даде конкретни одговори, а е најниска во регионот, како и за високите цени за кои граѓаните не се задоволни, па дури одат и во соседни земји да пазарат. Во продолжение интегрален текст од прашањето: Почитуван министер, Двете ...
Грипот се појавува секоја зима, но се чини дека ситуацијата е поинаква оваа година, пишува Би-Би-Си. Мутиран сезонски вирус на грип може да ја донесе најлошата зима во последните десет години, предупредува Би-Би-Си. Сезонскиот вирус на грип одеднаш мутирал во текот на летото, што, според експертите, му овозможува да избегне дел од постоечкиот имунитет. Последицата е што сезоната на грип започнала повеќе од еден месец порано од вообичаеното, а ...
Католиците, протестантите и другите верници кои се придржуваат до грегоријанскиот календар, денес ширум светот го одбележуваат еден од најрадосните празници – Божиќ, со кој се слави раѓањето на Исус Христос. Празникот традиционално се прославува во кругот на семејството, со молитва, богослужби и обичаи што се разликуваат од земја до земја, но носат заедничка порака на мир, надеж и заедништво. Како што налагаат обичаите, предвидено е овој ден ...
Постојаниот претставник на САД во НАТО, Метју Витакер, во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека е можен договор во Украина во следните 90 дена. „Ако биде завршено, тоа ќе биде во следните 90 дена“, рече Витакер. Тој додаде дека е очигледно дека оваа зима може да биде навистина тешка за Украинците поради нападите врз енергетската инфраструктура. Витакер додаде дека Вашингтон планира да продолжи да врши притисок врз двете страни за решавање на ...
Два резервоари за складирање нафта се запалиле во руското пристаниште Темрјук во Краснодарскиот крај, по украински напад со дрон, соопшти денеска регионалниот штаб за вонредни состојби. Пожарот зафатил површина од околу 2.000 квадратни метри, пренесува Интерфакс. Во гаснењето учествувале 70 лица, меѓу кои и припадници на Главната управа на Министерството за вонредни ситуации на Русија за Краснодарскиот крај. Според првичните информации, нема ...