Белград
11ᴼ /
10ᴼ
Заменик претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, денеска одржа средба со амбасадорката на Грција, Н.Е. Софија Филипиду, заедно со заменик-амбасадорката г-ѓа Кристина Василату. На почетокот, г. Фетаи им посака добредојде и изрази длабока благодарност за континуираната поддршка на Грција на патот на Северна Македонија кон европската интеграција. За време на разговорот се дискутираше за успешното одржување на ...
Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми со апсорпцијата на атмосферските и фекалните канализации во урбаните делови на градот. Ова доведе до задржување и создавање водени површини под подвозниците и надвозниците, извести Центарот за управување со кризи. Од ЦУК апелираат на зголемена внимателност при движење низ улиците и избегнување на сообраќајот кон ...
Образованието е заедничка општествена одговорност. Министерството за образование и наука не може самостојно да креира ефективни и долгорочни образовни политики доколку тие не произлегуваат од реалните потреби и предизвици што ги посочуваат општествените чинители. Во таа смисла, особено значајна е улогата на бизнис заедницата, која најдобро ги согледува динамичните барања на пазарот на трудот и потребата од практично применливи знаења и вештини. ...
Приоритет на Министерството за здравство е децентрализација на онколошките услуги во државата, започнавме со клиниките и здравствените институции што имаат соодветни кадри и инфраструктура, изјави министерот за здравство Азир Алиу во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1. „Имаме веќе функционални одделенија во Битола и во Тетово. Во Градска општа болница „8-ми Септември“ сè е средено, значи веќе тој процес, административен за добивање ...
Ноќеска (18.11.2025) во 01:33 часот на регионалниот пат Граничен премин Блато-Дебар, кај место викано „Шуланска раскрсница“, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода лице(33) од Дебар. Претходно, на патот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген амарок“ со дебарски регистарски ознаки, кое го управувал лицето и патничко возило „дачиа дастер“ сопственост на МВР и при преземање мерки по незгодата констатирано ...
Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март, а во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, почнува утре, во судницата во затворот „Идризово“. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски најави дека обвинението ќе го застапува тим од околу 15 обвинители, со веќе утврден план за нивна координација. „Во судница обвинението ќе го застапуваат истите обвинители што беа и досега, но ...
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 23-годишник од Волково, бидејќи се обезбедено докази дека извршил други полови дејствија со девојче кое не наполнило 15 години согласно член 188 став 5 од Кривичниот законик. Во временскиот период од мај до јули годинава, обвинетиот во својот дом принудувал петгодишно девојче на полови дејствија и и се заканувал дека не смее да му кажува за тоа на нејзиниот татко. Заедно со ...
Град Скопје ја активира новата забрана за фрлање отпад во периодот од 22 часот навечер до 6 часот наутро, со цел воведување поголем ред во управувањето со сметот и спречување на злоупотребата на контејнерите. Неспроведувањето на оваа мерка граѓаните ќе ги чини 50 евра, додека за фирмите и останатите правни лица казните се движат од 1 300 до 1 800 евра, а може да бидат и повисоки зависно од видот на отпадот што се исфрла. На самиот почеток ...
Во текот на минатите две недели, од страна на мобилни царински тимови откриени се повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани: – 2 употребувани фотоапарати SONY и CANON со објективи од 50 мм кои при контрола на автобус кој сообраќал на редовна линија Брисел-Скопје, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце, биле пронајдени сокриени во ќеса над првите седишта. Вредноста на апаратите е проценета на ...
Ветеното, го реализиравме. Од вчера официјално започна аплицирањето за набавка на електронски уреди, велат од Владата, во соопштението кое го пренесуваме во целост: Студентите ги добиваат ветените 250 евра или 15.300 денари за набавка на електронски уреди, лаптоп, таблет или персонален компјутер. Оваа мерка на Владата подразбира дека сите студенти до 29 години кои имаат запишано семестар во учебната 2025/2026 на додипломски студии на државните ...
Експлозија што претставува чин на саботажа ја уништи железничката пруга Варшава – Лублин во неделата, изјави денес полскиот премиер, Доналд Туск. „На линијата Варшава – Лублин (селото Мика) се случи чин на саботажа. Експлозијата на експлозивна направа ја уништи железницата“, напиша Туск на X, пренесува ПАП. Во неделата наутро машиновозачот пријавил неправилности на железничката инфраструктура во областа Жичина на телефон, а според полицијата во ...
Поранешниот командант на британската морнарица, лорд Алан Вест, денес предупреди дека рускиот напад врз Украина ризикува да се претвори во целосен конфликт со западниот одбранбен блок и дека Велика Британија веќе „всушност е во војна со Русија“. „Доста е тешко да се види како некој ќе излезе од овој конфликт бидејќи не сакаме целосна војна меѓу НАТО и Русија. Русија би изгубила – а опасноста од нивна загуба е прашањето дали потоа би ја направиле ...
Во руски ракетен напад врз источноукраинскиот град Балаклија загинаа три лица, а десет беа повредени, меѓу кои и три деца, изјави во понеделник регионален воен претставник во регионот Харков. Нападот што се случи ноќеска го погоди центарот на градот, при што беа повредени деца родени во 2007, 2010 и 2011 година, изјави преку апликацијата за пораки Телеграм Виталиј Карабанов, началник на воената администрација на Балаклија. Деветмина од ...
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) објави дека пред неколку дена спречила обид за атентат врз висок руски функционер. Станува збор за експлозија што требало да се изврши на гробот на неговите најблиски на московските гробишта со помош на видеокамера скриена во вазна со цвеќе. Руските медиуми сега објавија дека цел на нападот бил главниот советник за безбедност на рускиот претседател и поранешен министер за одбрана Сергеј Шојгу. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе ги објави сите документи за покојниот финансиер и осуден педофил Џефри Епштајн, но посочи дека критичарите и теоретичарите на заговор веројатно никогаш нема да бидат задоволни. „Ќе им дадеме сè. Секако… [Но] што и да дадеме, никогаш не е доволно. Дадовме 50.000 страници и ситуацијата е иста како и измамата со Русија“, изјави Трамп за новинарите. Тој ги спореди документите за Епштајн со ...
Вооружена и маскирана група Албанци отвори оган врз припадници на српската армија во реонот на базата „Дебела Глава“, во близина на административната линија со Косово, вчера околу 15 часот, објави вечерва Радио-телевизија на Србија (РТС), а пренесе Данас.рс. Инцидентот се случил во подножјето на брдото Шоп, каде што вооружената група испукала 15 истрели во правец на патрола на српската армија. Според РТС, во таа прилика било погодено куче кое ...
Деветгодишно момче од Бар почина ненадејно. Како што објави порталот „Приморски“, три дена пред кобниот настан, момчето добило мали сипаници и имало висока температура, поради што неговите родители го носеле на лекар неколку пати. Споменатиот портал потврди дека родителите го однеле детето кај педијатарот во Општата болница во Бар во текот на ноќта помеѓу петокот и саботата. Сепак, дежурниот педијатар проценил дека нема потреба да го ...
Во Белград е во тек голема полициска потрага откако 24-годишен маж беше застрелан на Канарево Брдо во неделата. Напаѓачот го пречекал пред зградата каде што живее, а тешко повредениот млад човек е во критична состојба и лекарите се борат за неговиот живот, пишува Телеграф.рс. Според сведоците, напаѓачот носел перика и бил виден во близина на зградата еден ден пред пукањето. Го застрелал младиот човек во градите додека се приближувал кон својот ...
Окружниот суд во Бихаќ го осуди Мехмед Вукалиќ, поранешен домар во средно училиште во Сански Мост, на 42 години затвор, објавија локалните медиуми. Вукалиќ (62) беше прогласен за виновен за убиство на директорот на училиштето Нијаз Халиловиќ, секретарката Нисвета Кљуниќ и наставничката по англиски јазик Гордана Миџан. Тој ги уби сите тројца со огнено оружје. Беше осуден на 14 години затвор за секое од трите убиства, а доби и дополнителна една ...
Раселените Палестинци во централна Газа ги спасија своите работи и ги потпреа оштетените шатори во неделата откако силните ветрови и дождот ги уништија нивните импровизирани шатори во областа Ал-Заваид. Џихан Ал-Рифи, мајка на шест деца, за Ројтерс изјави дека шаторот на нејзиното семејство се урна и се поплави за време на ноќната бура, покажувајќи ја штетата нанесена на нејзиното засолниште. „Не е погоден за живеење. Мислам, дали сакам да ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека републиканците во Конгресот подготвуваат закон со кој ќе се воведат санкции за сите земји што соработуваат со Русија. Трамп додаде дека новите мерки би можеле да се однесуваат и на Иран, клучен воен сојузник на Москва, пишува „Киев Индепендент“. „Секоја земја што соработува со Русија ќе биде санкционирана многу строго“, изјави Трамп за новинарите во Палм Бич, Флорида. Претстојното законодавство ...
Млад полицаец од Горна Австрија се нашол во сериозна неволја бидејќи наводно ги открил локациите на полициските радари во WhatsApp група со повеќе од илјада членови. 27-годишникот утре ќе се појави на суд во Велс под обвинение за злоупотреба на службена должност. Од почетокот на 2023 година до крајот на 2024 година, возачите во округот Феклабрук имале моќна алатка за избегнување казни – информации што доаѓале директно од полициските редови, ...
Група вооружени лица отвориле оган врз припадници на српската армија во близина на административната линија. Инцидентот се случил денес околу 15 часот во подножјето на ридот Шоп, кога напаѓачите испукале 15 истрели во правец на припадници на српската армија, погодувајќи куче кое било во непосредна близина на патролата. Вооружената група потоа избегала со шест џипови кон Косово. Ниту еден припадник на српската армија не е повреден во овој напад, ...
Група хрватски навивачи вчера вечер беа нападнати на магистралниот пат Цетиње – Будва. Според неофицијални информации од Управата на црногорската полиција, непозната група им го блокирала патот и им ги оштетила возилата со метални шипки, кршејќи прозорци и ретровизори, пишува Вијести.ме. Навивачите го пријавиле инцидентот во полицијата во Цетиње, но наводно не можеле прецизно да ја идентификуваат точната локација на нападот. Полициската управа ...
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. ...
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови во форма на невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Во Скопје, следува период на ...
Во 2026 година македонските граѓани ќе можат да уживаат во значително повеќе продолжени викенди отколку во 2025 година, благодарение на раскошниот календар на државни и верски празници кои, според Законот за празниците на Република Македонија, се водат како официјално неработни денови. Дел од нив се паѓаат непосредно пред или по викенд, што создава дополнителни денови за одмор, патувања, релаксација и семејни собири. Новата година започнува со ...
На 16.11.2025 во 21:00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово уапсија момче (23) од Куманово. Имено, по завршување на кошаркарскиот натпревар во спортска сала во Куманово помеѓу екипите на МКК Куманово и КК Пелистер од Битола, настанала физичка пресметка помеѓу навивачите на двете екипи, а биле физички нападнати полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Притоа, мажот е забележан како со тврд предмет ги оштетува ...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против маж(37) од с.Мешеишта, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 02/03.10.2025 во атарот на струшкото село Мислешево, полициски службеници од ОВР Струга го затекнале пријавениот како управува патничко возило „митсубиши паеро“ без регистарски таблички натоварено со огревно дрво без документација. Притоа, тој се обидел со возилото да ги ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на 17тата седница на Управниот одбор на Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA) на министерско ниво, која се одржа во рамките на конференцијата „Партнерство за реформи: Министерски дијалог Западен Балкан – Италија“ во Рим, Италија. На седницата беа презентирани и усвоени Годишниот извештај за периодот од 19 октомври 2024 до 19 октомври 2025, кој ги акцентира ...