Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кивате. Со кои грешки го загрозувате вашето, но и здравјето на блиските во сезоната на грип и настинки? Штом дојде октомври, можеме да ја очекуваме и сезоната на грип и настинки. Бидејќи поретко проветруваме и минуваме повеќе време во затворен простор со други луѓе, во есен и зима е и полесно да се ...

8 есенски парчиња за жени над 40 со кои секогаш ќе изгледате тренди Палто од велур, широки дебели панталони, но и плетен комплет. Осум парчиња кои ќе ви бидат доволно за оваа есен да изгледате тренди. Ако сакате да се подновите за новата сезона, но немате идеја, секогаш можете да се консултирате со трендовите. Оваа есен се става фокус на поедноставните и поудобните парчиња, кои, пак, се идеални и за жени над 40 години. Осум модни парчиња за ...

Шпаркасе Банка АД Скопје: Со приклучувањето кон СЕПА, се воведени нови, поволни услови за плаќања во евра Од денеска, 6 октомври, Шпаркасе Банка АД Скопје започнува со извршување СЕПА-трансфери. Банката направи значаен исчекор кон современите европски платни системи, приклучувајќи се кон Единственото подрачје за плаќања во евра СЕПА (Single Euro Payments Area). Со оваа иницијатива, Шпаркасе Банка станува активен учесник во извршувањето на ...

Нашиот фризер Октај Сејди за средбата со Хајди Клум во Париз: „Ми пријде и ми кажа дека сме исто облечени“ „Додека јадев во ресторан после ревијата, одеднаш погледнав случајно пред мене и ја видов Хајди Клум. Со еден збор, за неа ќе кажам дека е ЖЕНА ЛАВ. Изгледа како да има 33, а не 53 години. Најинтересно е дека таа ми пристапи прва, а јас бев во шок“ - Октај Сејди за CRNOBELO.com накратко раскажува за средбата со светски топ модел. Нашиот ...

Видеолотарија Касинос Австрија: 1.250.000 евра исплатени добивки во септември! Видеолотарија Касинос Австрија им исплати фантастични 77.017.392 денари (околу 1.250.000 евра) на своите играчи на ВЛТ терминалите ширум Македонија во септември. Овие бројки не се само статистика – тие претставуваат илјадници нови среќни приказни! Среќни бројки во септември: · 5 СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот добитници → заедно поделија 32.674.350 денари · 23 МИЛИОНЕР ...

„Забрането“ - нова песна на Марија Спасовска по една година пауза Една од најнадежните и најперспективни македонски пејачки од новата генерација, младата Марија Спасовска, по речиси една година пауза има нова песна. Во периодот кој е зад неа младата пејачката беше посветена на студиите и факултетот на престижниот американски „Сити колеџ“ во Солун, каде покажа дека не е врвна во креирањето и изведбата на сопствената музика, туку и во ...

Атрактивната Симона Поповска со слика на хаотична убавина, живот обоен од емоции и страсти промовираше видео за „Бели ноќи“ Симона Поповска ја претставува својата нова песна „Бели ноќи“, која преку моќна лирика и впечатлив визуелен концепт ја раскажува приказната за љубовта, искушенијата и трансформацијата на човековата душа. „Бели ноќи“ носи урбан поп звук и текст кој отвора прашања: „Кој е тој што нема тајна, нема рана? Ти си мојот порок, ...

Се огласи сопругата на Дарко Лазиќ, првпат по сообраќајката - се појави со конци на челото, слави прв роденден на ќерката „Иако многу луѓе ме прашаа дали ќе го скријам белегот на фотографиите, ни сега не користам Фотошоп“, вели Катарина Лазиќ по сообраќајката со Дарко и додека тој е на настап, таа објави фотографии со последиците од незгодата. Пејачот Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина Лазиќ на 25-ти септември имаа тешка сообраќајна ...

Татина ќерка: Дејвид Бекам ѝ држи чадор на Харпер како да ѝ е телохранител (фото) Дејвид Бекам уште еднаш покажа дека е слаб на неговата ќерка која е татина маза - додека се упатуваат кон ревијата на Викторија, тој ѝ држи чадор на Харпер за да не ја наврне, додека пак синот Ромео има телохранител кој ја врши таа „должност“ за него. Во петокот, на 3 октомври, Викторија Бекам имаше своја ревија на Париската модна недела, а нејзиното стилско ...

„Зошто се мучите?“: Шеговито видео од Скопски маратон - Аеродромци кулираат со гитара додека маратонците трчаат На социјалните мрежи се споделува видео од двајца мажи кои ‘кулираат’ седнати во зелената површина среде булеварот во Аеродром - си распослале маса, пијат вода и кафе, едниот свири на гитара, а во тревникот покрај нив лежи куче, додека маратонците трчаат низ Скопје. Вчера по 21-и пат низ улиците на главниот град се одржа ...

Застрашувачки видеа од поплавите во Бугарија: Реки по улиците, има и загинати Додека се проценува штетата од поплавите од крајот на минатата недела, во Бугарија има ново предупредување за обилни дождови кои повторно може да предизвикаат поплави, особено покрај Црното Море. Во петокот (03.10) Бугарија се соочи со обилни дождови кои предизвикаа големи поплави. Во западните делови на земјата имало врнежи од снег поради кои беа затворени многу ...

Сузана Турунџиева повторно со апел: „Името на Атиџе се злоупотребува за продажба на мед, кој не е нејзин“ „Апелирам до сите свесни и одговорни луѓе да пријават злоупотреба на името МЕДЕНА ЗЕМЈА, со користење на фотографии од Атиџе Муратова“, сподели емотивно Сузана Турунџиева во 2023-та, но бидејќи злоупотребата трае, повторно потсети на ова за да ја заштити својата пријателка. Сузана Турунџиева години наназад е пријателка со Атиџе, нашата ...

Меган Маркл критикувана за „морничаво“ видео од лимузина, во близина на местото каде што загина принцезата Дијана Меган Маркл сподели видео од лимузина снимено во Париз, во близина на местото каде што загина принцезата Дијана. Додека некои мислат дека е ненамерна грешка, други ја нарекуваат „злобна“ и се сигурни дека сака да му испрати некаква порака на кралското семејство. Деновиве Меган Маркл е во престолнината на Франција, по повод ...

Авантуристичко запросување на Леонора од кочанско – над море, на парасејлинг во Марбеља (фото+видео) „По цел ден прошетка низ градот, Бојан предложи да се качиме на парасејлинг. Јас со насмевка го одбивав, велејќи дека тоа веќе сме го доживеале во Тунис, но неговата упорност беше посилна од моите убедувања, па се согласив. И токму таму, над брановите, во тој миг на безвремена убавина, Бојан го извади прстенот“ - раскажува за CRNOBELO.com ...

Бале Брзи (72) е херојот од Скопски маратон, истрча 42km во македонска народна носија: „Трчам уште од 1970-та“ „Го имаме неформалниот победник на маратонот! Не трчаше за медал, туку за Македонија“, беа коментарите за Благоја Ацковски (72) од Скопје, а ние не можевме, а да не го исконтактираме. И нè не разочара, и ведар и инспиративен и за секоја пофалба. Ни кажа дека истрчал повеќе од 45 полумаратони, планинари, си прави домашно слатко, има ...

Соработник на Диди за неговата мрачна страна: „Не чувствува емоции, веќе планира турнеја за кога ќе го ослободат“ И покрај потресните сведоштва, Пи Диди доби само четири години зад решетки. Сега, неговиот поранешен публицист вели дека тој е личност без емоции и кога ќе излезе од затвор, брзо ќе се врати на нозе, па дури и ќе си ја спаси кариерата. Шон Комбс, попознат како Пи Диди, минатата недела беше осуден на 4-годишна затворска казна за ...

Моника Коцарева за CRNOBELO: „Беше надреално да гледам како колекцијата која живееше во мојата глава, оживеа под париските светла“ „Ревијата која се одржа во срцето на Париз беше патување во 19. век. Моментите непосредно пред првиот модел да зачекори на пистата беа мешавина од адреналин и голем фокус за тоа што ќе се случи. Но неколкумесечната работа кулминираше во еден прекрасен, 15-минутен спектакл“, вели за CRNOBELO.com дизајнерката Моника ...

Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ посакувам ваков маж“ „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот на популарноста. И се сретнуваме во Театар за деца, јас работев таму, а он во тоа време се вработи во театарот, ама не се ни погледнувавме. Јас го загледував, уствари, а тој мене не, зашто мислел дека јас сум таква ѕвезда што ме носат на работа ...

Дрво на желбите - Одберете едно јаболко и дознајте дали желбата ќе ви се исполни Замислете си желба, колку што можете поконкретна, а потоа изберете едно од деветте јаболка и дознајте дали таа ќе се оствари. Тестовите за забава постојат токму за тоа - да ве разонодат. Па затоа, не го земајте одговорот од забавниот тест како 100% точен, туку гледајте на него само како на патоказ за тоа што можете да направите за навистина да ви се исполни ...

10 докази дека вековите минуваат, а проблемите на луѓето остануваат исти (низ илустрации) Родителите и понатаму мачат исти маки со децата, жените секогаш се жалат дека немаат што да облечат, а караниците меѓу соседите се и минато и сегашност... Кои проблеми ги имале и нашите претци, а и ние денес? Понекогаш ни се чини дека нашите проблеми се огромни и никој претходно ги немал, особено не нашите предци. Но, реалноста е дека проблемите се ...

Каков ракопис имале познатите историски жени: Мерилин Монро неразбирлив, кралицата Елизабета I - везела Мерилин Монро имала ракопис кој аналитичарите го поврзувале со нејзината анксиозност, несигурност и трауматично детство. Кралицата Елизабета II од наше време имала непрепознатлив ракопис, а пак принцезата Дијана имала уникатно пишување. Можеби никогаш не сте помислиле ова, но веројатно би ве интересирало каков е ракописот на некои познати ...

Грешки со кои им ја олеснувате работата на крадците кога сте на патување Не го прицврстување телефонот со ремче или нешто слично додека фотографирате наоколу. Нешто неизбежно на секоја популарна туристичка дестинација се крадците. Додека локалците можеби знаат како да се справат со нив, туристите секогаш се полесна мета бидејќи обично не ја познаваат областа добро, но и бидејќи не обрнуваат многу внимание бидејќи се фокусираат на разгледот. ...

Што би направиле познатите Македонци кога би биле градоначалници на Скопје? „Тротоарите би ги вратила на пешаците, а за автомобилите - катни гаражи. Редовно чистење на шахтите, зашто кога врне не можеме да излеземе пешки - сè е поплавено“ - се дел од работите кои би ги направила Катарина Ивановска кога би била градоначалник на Скопје. Скопје од поодамна е град со загаден воздух, сообраќаен метеж, ѓубре расфрлано по улиците, а ни ноќниот ...

Shtip Fashion Days 2025 – INFINITY На 10 и 11 октомври Штип ќе биде центарот на бесконечен стил, градот ќе добие едно од најочекуваните случувања Shtip Fashion Days 2025. Публиката ќе има можност да ужива во ексклузивни ревии на врвни македонски дизајнери и поголеми брендови, но и да ги запознае новите млади таленти кои ќе ја обликуваат иднината на модната сцена. На настанот ќе присуствуваат и специјални гости, јавни личности и инфлуенсери, ...

Меган Маркл за првпат се појави на Модната недела во Париз и стилски издоминира Со елеганција како принцезата Дијана и лице речиси без шминка, Меган Маркл издоминира во првите редови на ревијата на брендот Balenciaga. Едно од најголемите изненадувања на Модната недела во Париз беше првото појавување на Меган Маркл на овој настан. Војвотката од Сасекс, отпатува во Париз по повод првата ревија на Пјерпaоло Пичоли, како креативен директор на ...

Доријан (10) од Скопје има страст за животни - Фаќа змии и инсекти во природа, ги проучува и враќа назад „Животните како да чувствуваат дека тој нема лоша намера, не бегаат, туку остануваат мирни, што му овозможува да ги набљудува одблизу. Не се плаши од змии, препознава кои видови може да се опасни и е претпазлив, но никогаш не покажува страв“, вели мајката на малиот Доријан за CRNOBELO.com. Доријан Борсов (10) од Скопје е ученик во VII ...

6 психолошки трикови кои секогаш функционираат Направете пауза, макар и од минува-две пред да донесете одлука, а кога некој ви поставува непријатно прашање, дајте му комплимент за да го одвлечете вниманието од себе. Нашата потсвест секогаш работи и го „впива“ нашето опкружување, а ние не сме ни свесни за тоа. Токму затоа, постојат и психолошки трикови кои навистина функционираат, дури и ако и делуваат како измислица. Шест психолошки трикови ...

Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфликс? Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско изненадување – покрај телото на исчезнатата жена по која трагале, тие нашле черепи претворени во чинии, стол со човечка кожа и органи во тегли… На 3-ти октомври излезе новата сезона од антологиската серија Monsters на Нетфликс која се фокусира на вистински ...

12 луѓе кои создадоа убав простор во домот и дворот со своите две раце (фото) Стара кујна трансформирана во модерен простор, ново купатило кое не личи на старото, запуштен двор кое е вистинска оаза... Некои луѓе навистина имаат талент (а други идеја и пари). Со малку трпение, вештини и фантазија, некои луѓе успеваат да направат вистинска магија во домот. Тие ги споделија своите мини ремек-дела на Редит и покажаа како успеале да ...

Лиснато со јаболка со цимет - колачи со кои домот ќе замириса на есен Топол дом, мирис на тазе испечен колач со јаболка и цимет. Има ли нешто што толку многу потсетува на есен? Ако сакате домот да ви замириса на есен, тоа можете да го направите и со подготовка на овој лесен десерт. Потребни ви се само неколку состојки, а крајниот резултат е вкусен десерт, кој притоа изгледа прекрасно. Со ова ќе ги воодушевите и домашните и гостите. Потребни ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 11ᴼ
7.2
71%
1011
weather icon

Загреб

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
89%
1014
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
0.51
80%
1010
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
9.8
84%
1013
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
95%
1015
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
3.58
85%
1001
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.0
82%
1004
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
100%
1005
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
10.29
84%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
94%
1014
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
77%
1007
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Цинк

3.24

Калај

40.11

Никел

471972.96

Злато

135322.28

Сребро

1837.41

Бакар

10.76

Платина

53106.37

Рутениум

29192.88

Родиум

255598.44

Кобалт

55.67

Паладиум

45879.12

Алуминиум

2.89