Белград
10ᴼ /
9ᴼ
Семките од тиква, скриени во средиштето на плодот, се многу повеќе од вкусна ужина. Можете да ги јадете печени како грицки, да ги посипете во салати или да ги додадете во омилените печива. Но нивните придобивки за здравјето се неверојатни – богати се со протеини, влакна, магнезиум, калиум, цинк и железо. Научните истражувања покажуваат дека семките од тиква можат да помогнат во превенцијата на бројни болести. Еве пет причини зошто треба да ги ...
Како што цените на среброто се приближуваат кон рекордни максимуми, се поставува прашањето што точно е рекордно високо ниво, објавува „Bloomberg“. Одговорот не е јасен за среброто. Највисокото ниво на скапоцениот метал во историјата е достигнато во раните 1980-ти, кога обидот на браќата Хант да го монополизираат пазарот ги зголеми цените. Тоа е еден од ретките пазари што сè уште не ги надминале рекордните максимуми од бумот на стоките во ...
Светската банка ја зголеми прогнозата за раст на Кина за 2025-та година како дел од поширокото зголемување на своите прогнози за Источна Азија и Пацификот по летото во кое неизвесноста околу американските тарифи ја потресе глобалната економија, објави „CNBC“. Финансиската институција сега очекува економијата на Кина да порасне за 4,8%, во споредба со прогнозата од 4% во април. Новата проценка е поблиску до официјалната цел на Пекинг за раст на ...
На последното рочиште, обвинетите Мајсут Мемиши, Алмир Асани и Флорин Арифи добија по три години казна затвор за создавање диви депонии на дел од локацијата во Вардариште. Основниот кривичен суд, тројцата обвинети ги прогласи за виновни затоа што создале депонија спротивно од прописите, иако знаеле дека немаат дозвола согласно Законот за управување со отпад и немале основано правно лице за таква дејност. -Без дозвола и документација за собирање, ...
Рецептот за сарма се пренесува со години, а стана вирален бидејќи гарантира дека ќе биде совршено цврста однадвор и сочна одвнатре. Ништо не мириса толку добро како сармата што се крчка со часови и се топи под лажицата. Кога ќе се отвори капакот и ќе го почувствувате мирисот на чадено месо и зелка, едноставно не можете да одолеете. Состојки: -1 главица кисела зелка (поголема, збиена) -800 г мешано мелено месо (свинско и говедско) -150 г чадена ...
Со најавените законски измени, пензионерите наскоро ќе можат да работат без ограничувања, во која било дејност и колку што сакаат, а притоа да продолжат да ја примаат својата пензија. Досегашното законско решение дозволуваше само сезонско ангажирање – три до четири месеци годишно – и тоа во дејности со недостиг од работна сила, како што се угостителството, земјоделството и услугите. „Законот ќе се воспостави од 1 јануари 2026 година, меѓутоа ...
На најголемиот саем за храна и пијалаци Anuga 2025, кој се одржува во Келн од 4 до 8 октомври, Виталиа го претстави најновиот бран на иновации во областа на здравата и функционалната исхрана. Со впечатливите нови производи и современиот изложбен концепт, тимот на Виталиа ја однесе македонската експертиза во срцето на европската прехранбена индустрија. Оваа година темата на саемот е „Sustainable Growth“ (Одржлив развој), тема под која Anuga ги ...
Кога ќе се каже „Binance“, најчесто се помислува на графикони, берзански податоци и напредни технолошки решенија. Но, зад оваа глобална платформа стои нешто многу поважно – нејзината заедница. Токму луѓето кои секојдневно комуницираат, споделуваат совети и учат едни од други, се најголемата движечка сила на екосистемот. Binance заедницата ги обединува милионите корисници ширум светот преку Discord, Telegram, WhatsApp и други локални групи. ...
Организацијата на работодавачи спроведе истражување на тема социјалниот дијалог и работната сила во секторот за водоснабдување и канализација. Под лупа се ставени неколку клучни сегменти што ги засегаат вработените но и самиот сектор. Во истражувањето не е опфатена само Македонија, туку и Бугарија, Италија, Малта. Со тоа Организацијата смета дека се истакнува важноста на социјалниот дијалог за унапредување на условите за работа. Истражувањето е ...
Додека стравувањата за заканата што Русија ја претставува за европската безбедност продолжуваат да растат, загриженоста за поширок конфликт и нуклеарно оружје останува. Рускиот претседател Владимир Путин редовно зборуваше за нуклеарно оружје уште од целосната инвазија на Русија на Украина во февруари 2022 година, критикувајќи го Западот за поддршката на Киев. Во последниве години, Москва го стави своето оружје во состојба на висока готовност, ...
Во Македонија денес се чека по неколку недели, а понекогаш и со месеци, за да дојде мајстор. Без разлика дали станува збор за електричар, водоводџија, гипсер, керамичар или молер – најдобрите одамна се во Германија, Швајцарија, Словенија или некаде каде што трудот им се плаќа. „Нема веќе кој да работи“, ќе ви рече секој инвеститор, секој газда што гради или дури и домаќинка што само сака да поправи чешма. Мајсторите се претворија во најбараната ...
Европската Унија се соочува со нов предизвик кога станува збор за вештачката интелигенција (AI) – компаниите едноставно не ја користат доволно. Според стратегијата што Европската комисија ќе ја објави во среда, а Политико имаше увид во неа, целта е да се забрза примената на технологијата за AI во економијата со цел да се намали доминацијата на Соединетите Американски Држави во овој сектор. Податоците покажуваат дека минатата година само 14 ...
Pepco ќе ги отвори првите продавници на македонскиот пазар во средината на 2026 година во Скопје, носејќи го еден од најголемите паневропски дисконти со широка понуда во 19-та земја. Отворањето го означува дебито на Pepco на македонскиот пазар и им нуди на потрошувачите нова дестинација за стилски секојдневни потреби со најдобра комбинација на цена и квалитет. За многу луѓе низ Европа, Pepco стана продавница што не се пропушта при пазарење: ...
На годишниот состанок на регионалниот проект за техничка помош во областа на финансиската едукација, поддржан од ОЕЦД и Министерството за финансии на Холандија, што се одржува во Сараево во организација на Централната банка на Босна и Херцеговина, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, истакна дека во услови на зголемени економски ризици и брза дигитализација, финансиската едукација и дигиталната писменост се неопходни за користење ...
Неколку европски држави разгледуваат идеја која на прв поглед звучи економски логично – да се укинат дел од државните празници со цел да се зголеми бројот на работни денови и да се поттикне економски раст. Аргументот е дека секој „изгубен“ ден значи помалку производство, помал приход и послаб буџет. Но, колку е навистина реална таа логика и што би значела во контекст на Македонија? „Не можеш да создадеш продуктивност со заморени луѓе“, вели ...
Златото повторно е во фокусот, не само кај традиционалните инвеститори, туку и кај централните банки и земјите што бараат засолниште од политичките и економските неизвесности. Цената на унца злато скокна од почетокот на годината за импресивни 50 проценти, достигнувајќи рекордни 4.000 долари, што е највисоко ниво во историјата. Овој скапоцен метал не доживеал таков пораст од 1979 година, кога иранската револуција и нафтениот шок предизвикаа ...
Најследениот YouTuber во светот, MrBeast (вистинското име Џими Доналдсон), изрази сериозна загриженост за брзиот напредок на вештачката интелигенција(AI). Тој предупредува дека „страшни времиња“ ги очекуваат милионите креатори кои заработуваат за живот од креирање содржини, бидејќи новите алатки овозможуваат креирање цели видеа врз основа на едноставни текстуални барања. Неговите коментари следат по објавувањето на најновата алатка на OpenAI, ...
Според пресметките на Државниот завод за статистика, инфлацијата во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, бележи зголемување од 4,0 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 4,1 %. Инфлацијата бележи минимално забавување, но сеуште е далеку од таргетираното ниво од 2 %. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, изнесува -0.2 %. Намалувањето ...
Сѐ повеќе луѓе денес ја мерат секоја потрошена паричка. Некои од нужда, други од навика што ја стекнале во време кога цените растеа побрзо од примањата. Се менува начинот на кој граѓаните трошат – од луксуз и импулсивни купувања, кон строга рационалност и внимателно планирање. „Нема веќе ‘ај ќе земам ова, ќе земам она’. Сега се мисли двапати и за леб“, раскажува Јасмина, самохрана мајка од Скопје, која со просечна плата едвај успева да го ...
Сè повеќе луѓе посегнуваат по протеински ужини и оброци, мислејќи дека му прават услуга на своето тело и го олеснуваат слабеењето. Пазарот е полн со производи кои ветуваат повеќе енергија, помалку глад и побрзи резултати, но нутриционистите предупредуваат дека некои од овие навидум здрави избори можат да имаат спротивен ефект. Иако протеините играат важна улога во одржувањето на мускулната маса и контролата на апетитот, не секоја протеинска ...
Сè уште кај нас важи она старото – „јас не сум луд за да одам кај психијатар“. Фраза што ја слушаме премногу често, и што на чуден начин ја држи во заложништво една цела генерација луѓе што молчат додека им гори под нозете. Во земја во која е срам да плачеш, уште поголем срам е да побараш помош. Иако бројките зборуваат поинаку – анксиозноста, депресијата и паничните напади се меѓу најчестите здравствени состојби во последните години, особено кај ...
Во просториите на ЕВН Македонија вчера се одржа работна посета на австриската сојузна министерка за Европа, интеграција и семејство, г-ѓа Клаудија Плаколм. Во делегацијата присуствуваа и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Северна Македонија, г-ѓа Сања Божиновска, како и Н.Е. Мартин Памер, амбасадор на Република Австрија во земјава, со претставници од амбасадата. За време на посетата, гостите имаа можност да ...
Европскиот систем за брзо предупредување за храна и добиточна храна (RASFF) ја извести Хрватска дека на нејзина територија се пронајдени македонски црвени пиперки што содржат нелегални количини на метомил. Тие истакнуваат дека ризикот е „сериозен“ и дека е потребно зеленчукот да се повлече од пазарот. Имено, кај овие пиперки од Македонија е пронајдено дека содржат 0,049 mg/kg – pmm метомил, додека максималната дозволена количина на овој пестицид ...
Меѓународниот натпревар во шутбал – walking football се одигра меѓу екипите на Клиника Жан Митрев „Wild hogs” и хрватскиот клуб „Mladi Starci“ од Загреб во присуство на лица од дипломатскиот кор на Хрватска, делегацијата на Здружението ‘‘Сриједе Вриједе‘‘, авторизиран претставник на Хрватската фудбалска федерација за промоција на овој вид спорт и публика. Двете екипи приредија инспиративен натпревар кој уште еднаш ја потврди силата на спортот да ...
Проектот кој датира повеќе од една деценија и денес фигурира како ветување кај дел од кандидатите за носители на локалната власт во Битола. Градот се уште не може да се пофали со големи подвизи во справувањето и третманот со отпадните води, кои во моментов целосно се испуштаат во реката Драгор, што ја прави високо загадена. Решението се гледа во проектот за изградба на пречистителна станица, колекторски систем и канализациона мрежа, кои во ...
На 22 октомври во хотел „Александар Палас“ ќе се одржи гламурозната церемонија на доделување на престижните признанија Македонската бизнис заедница се подготвува за својот најважен и најпрестижен настан. На 22 октомври 2025 година, во хотел „Александар Палас“, ќе се одржи гламурозната церемонија на доделување на престижните награди „Бизнис Лидер“, вечер на прославување на извонредноста и успехот на најуспешните во македонскиот деловен свет. ...
Кога младите лекари заминуваат од земјава, не заминуваат само дипломи и титули, туку заминуваат години вложено знаење, човечка топлина и еден вид невидлива сигурност дека ќе има кој да те прегледа кога ќе ти затропа на телото. Македонија веќе подолго време ја живее оваа тивка криза, која не избива во насловите секој ден, ама полека ни ја вади душата. Според податоците, секоја година по неколку стотини млади лекари бараат потврда за заминување во ...
Во време кога корпоративната одговорност сè повеќе се сведува на зборови и кампањи, Flex Group избра да зборува со дела. Во месецот посветен на женското здравје, групацијата обезбедува бесплатни превентивни прегледи на дојка за сите свои вработени жени. Flex Group, која ги обединува Flex Credit, Zemi Pari, Flex Broker, NAN и Flex Pay, денес брои речиси 400 вработени, од кои над 90% се жени. Со оваа иницијатива, групацијата испраќа силна порака ...
„Stellantis“ намали речиси 10.000 работни места во Италија во последните четири години, а производството на возила, вклучувајќи комбиња и мали камиони, се намали за повеќе од половина од 2004-та година, соопшти синдикатот „Fiom-Cgil“. Европската автомобилска група, која ги вклучува италијанските брендови „Fiat“, „Lancia“ и „Alfa Romeo“, значително ги намали своите операции во Италија во последните години, бидејќи „Stellantis“ мораше да се справи ...
Шест месеци откако администрацијата на Трамп ја започна својата хаотична глобална тарифна кампања, еврозоната ја пребродува бурата, изјави претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард. Нема економски шок. Инфлацијата е под контрола. Тарифните договори донесоа олеснување. А довербата на инвеститорите во еврото се искачи на четиригодишен максимум во однос на главните валути. Но, силата на заедничката валута претставува закана за ...