Електричниот автомобил со најмногу недостатоци! Секоја година, TÜV, организација која спроведува технички прегледи во Германија, објавува годишен извештај базиран на своите наоди за возилата кои минуваат низ станиците за технички преглед. Изданието на извештајот за 2022 година е првото во кое компанијата специјално ги класифицирала електричните возила од причина што бројот на електрични возила веќе е доволно голем за релевантна ...

Електричниот кросовер Kia EV6 е севкупен добитник на изборот Auto 2022 од престижното британско списание What Car?, а дополнително стана и електричен SUV на годината. Тоа е само вториот електричен автомобил кој станал автомобил на годината – првиот во 2019 година беше Kia e-Niro Најновата награда за автомобил на годината за Kia EV6 е продолжение на рекордниот број награди и признанија од водечките меѓународни медиумски експерти во ...

Дерек и Алекс се толку очајни што ја понудиле својата „корвета“ од 2016 година како награда на оној што ќе го најде нивниот Марли Кучето е најдобриот пријател на човекот, а колку далеку човекот е подготвен да оди во име на своето сакано куче, имало многу примери. Ако сте го гледале Џон Вик, веројатно се разбираме за што зборуваме. Сепак, ова не е приказна за елитна група на убијци, туку приказна за трогателна врска помеѓу едно ...

Според плановите на комисијата на Изборот, деновиве заврши првиот круг на гласање за кандидатите за титулата Светски автомобил на годината 2022. Она што следи (8 февруари) е скратување на списокот на кандидати (10 листата за Car of the Year 2022) и по пет кандидати за останатите категории. Потоа следува и втората рунда на тестирања Изборот за Светски автомобил на годината се организира од 2004 година, а победниците ги избираат автомобилски ...

Врвот во гамата е верзијата RS со 295 КС која до стотка стигнува за 6,5 секунди Škoda официјално ја претстави целосно новата купе верзија на моделот Enyaq. Како и стандардниот модел, Enyaq Coupe iV се базира на MEB платформата на Volkswagen наменета за електрични модели и благодарение на новата форма на каросеријата, со коефициент на отпор на воздух (cd 0,234) поставува нови стандарди во својата класа. Поатрактивната форма на задниот ...

Некои прават скулптури со големина на зрна ориз, а некои се обидуваат да направат намален мотор со внатрешно согорување По многубројните минијатури, ова е уште една. Името на моторот е Cison FG.VT9 и е класичен V2 2-цилиндерски клипен мотор во V конфигурација. Неговиот работен волумен е само 9 ccm, но е целосно функционален. Иако неговата намена не е позната, овој мотор развива пристојна моќност од 0,75 КС. Тоа не е многу слично на уште ...

Откако Toyota го купи нивниот дел од заедничката фабрика за автомобили во Колин, Чешка, пред две години, беше само прашање на време кога француската компанија конечно ќе се откаже од производството на се понепрофитабилни автомобили Уште еден (или два), производител се откажува од сегментот А, кој се соочи со многу предизвици во последните години, како што се строгите емисии и барања за безбедносна опрема штореално ги зголемуваат трошоците за ...

Повеќето жени воздивнуваат по Џејсон Момоа, а повеќето мажи сакаат да бидат Џејсон Момоа. Во меѓувреме, Џејсон Момоа не е повеќе заедно со сопругата и живее во кампер. За „среќа“, не во кој било, туку во Earthroamer Актерот е уловен од папараци, а сликите покажуваат дека ова веројатно не е најдобриот момент во неговиот живот. Џејсон Момоа по 16 години се разведе од Лиза Бонет со која има две деца. Медиумите истакнуваат дека ...

Јапонскиот производител на автомобили Toyota Motor Co. објави зголемување на продажбата на нови возила за 10,1% за 2021 година, со што го компанијата го повторила минатогодишниот успех крунисан со неофицијалната титула најголем светски производител на автомобили. Овој пат Toyota разликата во однос на второпласираниот Volkswagen е уште поголема Азискиот производител во 2021 година продал вкупно 10,5 милиони возила, а таа бројка ја вклучува и ...

Со последната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,01%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 24.01.2021 година Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,00 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки ...

„Да се изгубат нервите“ на пат не е многу добра идеја „Овој Accord за малку ќе ме удреше од страна, а потоа реши да го „нападне“ „Рапторот“ и за малку ќе удреше во него. Претпоставувам дека тоа го налутило возачот на Raptor и тогаш сè започнува…“, гласи описот на видеото објавено на YouTube. Може да се забележат две возила како се борат за позиција на левата страна на автопат, а ...

Мате Римац сподели неколку снимки на својот профил кои ја покажуваат моќта на полнење на батеријата на Nevera Според достапните информации, моќностите на полнење поддржани од системот на nevera моментално се најголеми во светот. Снимките од полначот Ionity покажауваат моќност од 310 kW, 333 kW и неодамна 350 kW. Зборуваме за моќности постигнати во моментите кога наполнетоста на батеријата е околу една третина. На крајот на циклусот, ...

Веќе и официјално, Џејсон Момоа му се придружува на „семејството“ и својот трозабец од Aquaman го менува за механички клуч во претстојното 10-то продолжение на познатата сага Fast & Furious. Она што се знае за следното продолжение на Fast and Furious е датумот на објавување – април 2023 година, а според претходните најави снимањето требаше да започне во јануари 2022 година, што е токму сега. Ветеранот од франшизата ...

Знаците за оштетена ламбда сонда може да го загрижат секој возач. Што треба да знаете за работата на сензорот? Каде се наоѓа и за што е одговорна? Ламбда сондата во бензинските мотори се користи од 1979 година. Барањето за нејзина употреба е регулирано со прописи поврзани со ограничувањето на издувните гасови. Новите автомобили имаат повеќе од еден сензор во издувниот систем. Што е ламбда сонда и каде се наоѓа? Ламбда сондата е мал сензор ...

Ford Bronco Raptor докажува дека Американците сакаат да се забавуваат и не ги забораваат љубителите на старите добри автомобили Тешко дека има модел кој привлекол поголемо внимание во автомобилскиот свет на американскиот пазар во последните неколку години колку Ford Bronco. Откако беше најавен пред четири години, не помина ниту еден момент да не биде предмет на пишување и шпекулации во медиумите, а нарачани беа над 250.000 примероци пред ...

Потврдени се датумите за предсезонски тестирања за 2022 година Станува збор за тридневно возење во Шпанија и исто толку во Бахреин пред првата трка од шампионатот. Тоа значи вкупно две сесии. Барселона: 23-25 февруари Првото излегување ќе биде малку „поприватно“, дозволувајќи им на тимовите да ги возат своите сосема нови болиди за прв пат оваа сезона. Од Барселона нема да има пренос во живо или тајминг во живо, но ќе има класичен ...

Formula 1 го продолжи договорот со организаторите на Големата награда на Сингапур. Според договорот, трките од најпрестижната тркачка серија на патеката Марина Беј ќе се одржуваат најмалку до 2028 година Трката за Големата награда на Сингапур првпат се одржа во 2008 година и беше редовен дел од календарот на Formula 1, до избувнувањето на пандемијата со Ковид-19, што беше за откажување на трките во 2020 и 2021 година. Оваа година трката се ...

Алијансата Renault Nissan Mitsubishi се подготвува за следната фаза од својата трансформација Благодарение на најавените инвестиции од дури 25 милијарди долари во следните пет години, овие три марки заеднички ќе развијат и лансираат најмалку 35 нови електрични модели до крајот на деценијата. Во новото соопштение од Алијансата во кое детално е опишан патоказот за трите автомобилски производители, Алијансата вели дека 90 отсто од овие 35 нови ...

Ford објави кратко соопштение со кое го запозна светот дека е произведен 40-милионитиот примерок од линијата F-Series Честа да го носи бројот 40.000.000 му припадна на Ford F-150 Tremor во Iconic Silver боја. F-Series линијата за првпат на пазарот се појавува во 1947 година и со текот на годините, покрај F-150, е проширена и со поголеми модели како F-250 и F-350. Со сегашната генерација, меѓудругите достапни се и хибридни и целосно ...

Tesla нема да започне со производство на пикапот Cybertruck EV оваа година бидејќи се фокусира на зголемување на капацитетот во сегашните фабрики во Калифорнија и Кина, a ќе започне со производство i во новите фабрики во Тексас и Германија Иако многумина го очекуваат сега веќе славниот пикап Tesla Cybertruck, се чини дека во 2022 година нема да го видиме на пазарот. Барем така вели Илон Маск, извршниот директор на Tesla. „Нема да ...

Dacia е толку евтина кога е нова што губитокот на вредност е многу мал со нејзината експлоатација Непишаното правило е дека новите автомобили оној момент кога ќе го напуштат салонот имаат голем пад на вредноста. Се разбира, процентуално тоа варира од модел до модел, но генерално купувачот веќе губи голем дел од вредноста на купеното. Едноставно е така, за разлика од недвижностите како станови, куќи и викендички кои не губат вредност, ...

Во Европската унија, 5G мрежата работи помеѓу 3,4 и 3,8 GHz, додека САД во моментов користат фреквенции помеѓу 3,7 и 3,98 GHz Воведен во јули 2016 година, стандардот од петтата генерација за широкопојасни мобилни мрежи не е баш совршен. Технолошките експерти кои работат за Федералната авио индустрија на Соединетите држави предупредуваат дека радарските висиномери кои се користат во авионите може да бидат засегнати од спектарот на опсегот C ...

Едноставно полека тргнете напред – назад. Неколку сантиметри – да не се оштети системот за сопирање. Повторете го ова неколку пати Повеќето возачи, кога ќе застанат или ќе го паркираат автомобилот, ја активираат рачната сопирачка. Многумина немаат можност да ги остават возилата во гаражи, а временските (не) услови на отворено треба да се земат во предвид. Еден од нив е зимскиот студ, кој создава многу проблеми – на пример, ...

Функцијата дигитален клуч за автомобил на Apple наскоро би можела да биде корисна за отклучување на неколку модели на BMW Според извештајот на Bloomberg, Hyundai и неговиот бренд Genesis до лето исто така ќе имаат поддршка за Apple CarKey. Не е сигурно кои модели ќе ја обезбедат оваа опција, но забележливо е дека некои нивоа на опрема на Ioniq 5 и други автомобили на Hyundai вклучуваат NFC за дигитален клуч. Додека контролите за далечинско ...

Автомобилите во Европа кои се зрели за преса, за жал го наоѓаат патот до Африка, каде што имаат поинаква судбина – повторно да служат како патнички возила или да бидат демонтирани заради продажба на делови. За среќа, некои африкански земји одлучиле да ја прекинат оваа пракса, а лидер е Гана Ако мислевте дека целиот европски отпад завршува на Балканот или генерално Источна Европа, се лажете… Повеќето од оние кои не завршуваат на ...

Ford Shelby GT500 под хаубата носи 660 КС, па за да се контролира таков „ѕвер“ од автомобил потребно е знаење и искуство За жал, главниот протагонист на ова видео го нема ниту едното ниту другото. Сакајќи да испадне фраер со бесна машина, притиснал на педалата за гас до крај, но набрзо загубил контрола над автомобилот. Како резултат на моментот на непромисленост, возачот на Ford Shelby GT500 кој е значително оштетен, завршил во ...

Повеќето телефони кои се продаваат денес имаат исти приклучоци за полнење, но не и iPhone на Apple Земјите членки на ЕУ договорија заеднички став за единствен полнач за електронски уреди, врз основа на кој ќе преговараат со Европскиот парламент за конечниот текст на законот. На 23 септември минатата година, Европската комисија предложи решение за полнење на електронските уреди, како мобилни телефони и таблети, според кое сите треба да имаат ...

Со оглед дека последната генерација на BMW Серија 8 беше претставена во 2018 година, оваа година е вистинското време за освежување Обемот и длабочината на имплементираните промени кај верзиите Coupe, Cabriolet и Gran Coupe на Серија 8 не се такви што луѓето лесно ќе ги препознаат, но на новитетот се додадени некои нови технолошки решенија од новото време, како и одредени промени во опремата… Така, отсега сите примероци од оваа ...

Претходната година дефинитивно беше голем предизвик за европскиот пазар, на што многу јасно укажуваат податоците за продажбата на нови автомобили Регистрирани се вкупно 11,75 милиони нови возила, што е за 1,6% пониско од 2020 година или дури – 26% во однос на 2019 година и пред почетокот на пандемијата. Уште повеќе, ова е најлошата година во Европа (EU+EFTA+UK) од 1985 година! SUV трендот и понатаму е во пораст на Стариот континент. Во ...

Mini се приклучува на се поголемиот број производители кои лансираат сопствена програма за електрификација на стари автомобили Формиран е специјален тим кој ќе ја води програмата Recharged. Идејата е класичните Mini автомобили да се освежат со електрификација. Во процесот на реновирање, нивниот бензински мотор се заменува со електромотор од 122 КС. Според достапните податоци, обновената класика е далеку пожива, достигнувајќи 100 km/h за ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
3.09
86%
1022
weather icon

Белград

-3ᴼ / -3ᴼ
3.6
93%
1024
weather icon

Загреб

-1ᴼ / -3ᴼ
1.54
88%
1025
weather icon

Софија

-1ᴼ / -2ᴼ
2.06
91%
1022
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
4.32
68%
1021
weather icon

Љубљана

-2ᴼ / -3ᴼ
0.51
91%
1025
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
1.34
88%
1013
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
81%
1011
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
10.29
42%
1017
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -3ᴼ
1.03
91%
1020
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
10.8
74%
1022
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 5ᴼ
6.17
87%
1018
Currency

61.525

Currency

59.9831

Currency

73.2484

Currency

36.8536

Currency

41.58

Currency

65.4491

Currency

8.18023

Currency

0.58149

Currency

0.38035

Currency

0.52544

Currency

1.69383

Currency

0.6959

Алуминиум

2 $

Иридиум

135048 $

Кобалт

450 $

Никел

494565 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

977 $

Злато

86474 $

Бакар

8 $

Паладиум

29935 $

Платина

31460 $

Цинк

91845 $