Како главен двигател во нивната потрага по автономни возила, компанијата John Deere го наведува глобалниот недостиг на персонал Производителот на земјоделска опрема John Deere го претстави својот прв самоуправувачки трактор 8R, кој земјоделците можат да го управуваат преку паметен телефон и работи 24 часа на ден. Избрани фармери во САД го тестираат тракторот од 2019 година, а некои од функциите вклучуваат шест камери и вештачка ...

Способни да обезбедат побрзо полнење и значително поголем опсег со едно полнење, батериите во цврста состојба се сметаат за следно поглавје во развојот на електричните автомобили Toyota е една од многуте компании која инвестира во оваа технологија. Сепак, шефот на стратегијата за електрификација и погонски единици на компанијата, Тибо Паке, минатиот декември изјави дека технологијата ќе дебитира на хибридно, а не на чисто електрично возило. ...

Германската марка потврди дека ќе постави соларни панели во покривот на електричните возила со цел надополнување на батеријата со помош на соларна енергија Брендот од Штутгарт наведува дека со соларните панели е можно секојдневно зголемување на автономијата на движење за максимални 25 километри. Вака собраната енергија се испраќа во засебни батерии (од литиум, железо и фосфат) и од таму се напојува клима уредот, инфозабавниот систем, како и ...

Citroen, Peugeot и Opel издадоа засебни соопштенија дека одлуката е донесена за да се обезбеди одржливост на овие модели во иднина Citroen, Peugeot и Opel кои се дел од групацијата Stellantis веќе оваа година ќе ги исфрлат бензинските и дизел варијанти на нивните патнички комбиња или миниванови од европскиот пазар. Тоа значи дека сите компактни и средни патнички комбиња на овие производители ќе работат само на електричен погон. Погодени од ...

Со последната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,24%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 03.01.2021 година Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки ...

Норвешка сака да биде прва во светот која ќе ја забрани продажбата на бензински и дизел автомобили уште во 2025 година Продажбата на електрични и хибридни автомобили во Норвешка минатата година пораснала за 48 отсто и сочинувала две третини од вкупната продажба, покажуваат податоците од Здружението за патен транспорт на Норвешка, OFV. Норвешка сака да биде прва во светот која ќе ја забрани продажбата на бензински и дизел автомобили уште во ...

Renault објави фотографии од новиот модел во последната фаза на развој Новиот Austral кој доаѓа како замена за Kadjar пристигна на европските патишта. Се уште е камуфлиран модел, па имаме само поглед на димензиите на возилото. Се добива впечаток дека Austral е поголем, а информациите за новата CMF-CD3 платформа носат многу придобивки за идните сопственици. Од Renault информираат дека се вршат последни проверки на платформата и на останатите ...

Досега пријавените грешки доаѓаат од САД, Канада и Велика Британија Таканаречениот Milenium Bug кој предизвика страв низ целиот свет во 1999 година ја погоди автомобилската марка Honda. И тоа сега, повеќе од 21 година подоцна, системите на различни модели на возила на Honda се префрлија во 2002 година наместо во 2022 година. За разлика од страшната „милениумска бубачка“, која го држеше во неизвесност целиот (компјутерски) свет во ...

Volkswagen Passat во лимузинска верзија е еутанизиран Германската марка го суспендираше производството на овој, некогаш култен модел во Европа. Причините за ваквата одлука лежат во тоа што караванскиот Volkswagen Passat се продава подобро, а тука е и слично позиционираниот на пазарот Arteon. За укинување на Passat во Европа се зборува од 2020 година. Се очекуваше за негово пензионирање во 2023 година, но се чини дека VW ги забрза работите. ...

За електричните модели нема интерес. Сите бараат дизели кои сега се дури и поскапи отколку во годините по аферата Dieselgate На нови автомобили ширум светот се чека долго време поради недостатокот на чипови и прекини во синџирите на снабдување, следствено и производството, а цените се високи, па многу Германци се одлучуваат за користени возила. Но, во меѓувреме и нив ги нема доволно, па истите бележат големо поскапување. Подобрување на ...

Промената на бојата на надворешноста на автомобилот со притискање на копче звучи како научна фантастика, но оваа технологија се развива повеќе од десет години Ова е нешто што допрва треба да влезе во сериско производство, но новиот концепт BMW iX Flow покажува како сето тоа би можело да изгледа. Засега не може да се промени од црвена во црна боја, а потоа во сина, но iX Flow претставен на овогодинешниот CES е одличен прв чекор во таа насока. ...

Сега за сега, не е познато дали оваа нова студија еден ден ќе се претвори во сериски модел или ќе остане само изложбен автомобил од CES 2022 Најмладиот турски производител на автомобили, TOGG, на Саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас го претстави своето ново концептно возило. Станува збор за таканаречениот Transition Concept Smart Device проект изработен со заеднички сили на турската компанија и Pininfarina Сега за сега, не е ...

Ова е понуда за клиентите кои ценат атрактивен изглед и уште подобри перформанси надвор од патот. Toyota Hilux е пик-ап кој не треба да се презентира бидејќи има долга традиција како едно од најдобрите возила во својата класа. Ова е поткрепено со титулата меѓународен пик-ап на годината IPUA, како и со бројните успеси, вклучително и настапите на релито Дакар. Toyota Hilux GR Sport е дизајниран да го донесе духот на Дакар и да го привлече ...

Со новиот дизајн на задниот дел на Lexus NX за 2022 година, јапонската марка го отстранува логото од „задникот“ на идните модели кое ќе биде заменето со натписот Lexus Во едно неодамнешно интервју, Брејн Болејн, шеф на одделот за глобален маркетинг на Lexus, потврди дека ова решение ќе биде имплементирано не само на концептите како LF-30 и LF-Z Electrified, туку и на новиот LX како и сите нови модели. Му се допаѓало тоа некому или ...

Сè додека моторот не ја достигне работната температура, бројот на вртежи во минута треба да остане во долната третина од опсегот на вртежи Многу производители на автомобили тврдат дека моторот со внатрешно согорување повеќе не треба да се загрева до работната температура. Ова тврдење е оправдано со високите стандарди на производство според кои се произведуваат моторите и изборот на материјали. Но, ако сакате долго да уживате во вашето ...

Американскиот производител на автомобили во 2021 година продал 936.172 електрични автомобили споредено со 499.647 една година порано И покрај големите проблеми како што беше неодамнешното повлекување на речиси половина милион автомобили поради проблеми со задната камера и лошо прицврстената хауба која може да се отвори при возење, Tesla се приклучи на листата на компании вредни повеќе од трилион долари. Американскиот производител на ...

Од 2028 година, во Франција ќе биде забрането огласување на возила кои испуштаат повеќе од 123 g/km CO2 Од почетокот на март, производителите на автомобили кои планираат да се рекламираат во Франција ќе мора да објавуваат и пораки во своите огласи од типот: „За кратки патувања, изберете пешачење или возење велосипед“, „За кратки релации, изберете јавен превоз“, „Размислете за споделено возење“. Една од ...

Buick Regal повеќе не е достапен во САД, но овој модел се уште е присутен во другите делови на светот Во 2020 година, моделот беше освежен за кинескиот пазар, а рестилизација доживеа и европската верзија под ознаката Opel Insignia. Тоа значи дека ќе остане во продажба уште најмалку три години, но кога ќе замине во пензија, популарната Insignia ќе биде заменета со целосно ново возило. Новата генерација на перјаницата на Opel нема да пристигне ...

Со најаеродинамична каросерија досега, EQXX со себе носи револуционерна батерија од следната генерација – со аноди од силициум Сега за сега, ова е само прототип со лажни задни врати и седишта, но со автономија од 1000 километри според стандардот WLTP. Тајната е, пред сè, во најаеродинамичната каросерија на светот – коефициентот на отпор на воздухот е само 0,17! Претходниот рекорд го држеше друг Mercedes, EQS претставен ...

Со последната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,17%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 27.12.2021 година Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денари/литар, во однос на ...

Американскиот производител испорачал речиси милион автомобили на своите клиенти во 2021 година Tesla постави нов рекорд во продажба на возила во 2021 година, испорачувајќи речиси 1 милион нови автомобили на своите клиенти. Ова се гледа од извештајот на компанијата објавен на 2 јануари. Бројот на продадени електрични возила на американскиот производител минатата година изнесува 936.172. Ова е речиси 2 пати повеќе (87%) од претходниот рекорд ...

Од Инголштад доаѓа најава за серија модели, кои го комбинираат бараниот концепт – електричен погон и SUV / Crossover издание Audi Q6 e-tron, електричен SUV со средна големина, се очекува наесен, а првиот кој ќе биде изграден на специјализирана платформа за електричен погон PPE (Premium Platform Electric). Имено, за разлика од 4,90 m долгиот Audi e-tron SUV модел, изграден на класична платформа приспособена за електричен погон, MLB evo, ...

Niva Bronto има подобрен клиренс од 240 mm и специјално наместена суспензија со модифицирани амортизери и засилена задна оска Во многу делови од светот, Lada Niva буди убави спомени за возило со 4 × 4 подготвено да се справи со најтешките теренски предизвици. Мора да се признае, перформансите на асфалт се, благо кажано, умерено точни, а пасивната безбедност на возилото во случај на судир е горе-долу како средба со Френсис Нгану, UFC ...

„Се чувствувам прилично ризично. Мислам дека треба да се биде внимателен со вакви работи. Се чувствувате како да сте сами со Бог кога го возите ова“ Како ние, така веројатно и Вие, можеби нема многу прилики кога може да се каже дека имаме нешто заедничко со поранешниот Formula 1 шампион Нико Розберг. Сепак, се чини дека ова е еден таков момент, бидејќи возењето Ferrari F40 веројатно е сигурно некаде како на нашата, така и вашата ...

Не е невообичаено некој да се повлече од функцијата извршен директор на производител на автомобили по само неколку месеци во компанијата Токму тоа се случи во WinFast, виетнамската марка на електрични автомобили, од каде по рекордно краток престој си замина Мајкл Лошелер, до неодамна прв човек на таа марка. Според официјалното соопштение, германскиот менаџер ја напуштил компанијата „од лични причини“. Пред виетнамската компанија ...

Купувачите на глобално ниво и понатаму претпочитаат да изберат бела боја за бојата на нивните миленици на четири тркала Американската компанија Axalta, еден од најголемите производители на бои во светот, објави податоци за најчесто избраната боја за автомобили во 2021 година. Белата повторно била најпопуларна со учество од 35%, што е за 3% помаку од минатата година. Бели автомобили најчесто купувале потрошувачите во Азија, каде што нивниот ...

Сегментот SUV воспостави доминација на европско тло Во минатото, производителите работеа особено напорно на долгите и елегантни „берлини“, а таквите модели, по непишано правило, ги претставуваа предводниците на брендовите. Денес тоа е сè поретко и иако седаните сè уште се одлични во премиум класата, тие стануваат вистинска реткост кај големите сериски брендови. Смртната казна е потпишана од самите потрошувачи. ...

Со лансирањето на Yaris во спортска GR верзија, Toyota ги маѓепса возачките ентузијасти ширум светот, а сега оди чекор понатаму и претставува револуционерна комбинација. Експерименталниот GR Yaris е на водороден погон, а се придвижува од погонска единица од Corolla Sport која моментално се натпреварува во серијата Super Taikyu во Јапонија. Станува збор за експериментална технологија на мотор со внатрешно согорување кој користи водород како ...

Volkswagen Golf 8 за 2022 година има освежен мултимедијален систем кој сега работи побрзо и значително подобро. 8-та генерација на Volkswagen Golf, опремена со ажуриран инфозабавен систем, ќе влезе во сериско производство во наредните недели. Вградената мултимедија сè уште се базира на системот MIB3, но е значително подобрена во однос на досега користената. Новиот инфозабавен систем има четири-јадрен главен процесор и изменета ...

Formula 1 објави интересно видео во кое се рангирани најдобрите десет претекнувања во сезоната зад нас. Изборот во видеото е направен врз основа на анкета меѓу фановите на социјалната мрежа Twitter, вклучувајќи маневри на Шарл Леклер, Јуки Цунода, Николас Латифи, Ландо Норис и други. По крајно драматичната последна трка од сезоната во Абу Даби, Formula 1 шампион стана Макс Верстапен (Red Bull Racing Honda), кој успеа да собере вкупно 395,5 ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
4.12
86%
1024
weather icon

Белград

-3ᴼ / -3ᴼ
4.63
90%
1025
weather icon

Загреб

-1ᴼ / -3ᴼ
1.54
88%
1026
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
4.12
91%
1023
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
4.91
67%
1023
weather icon

Љубљана

-2ᴼ / -4ᴼ
1.54
91%
1026
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
0.72
89%
1014
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
3.09
93%
1011
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
7.2
36%
1017
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -3ᴼ
1.54
90%
1021
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
6.69
74%
1022
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
5.14
87%
1018
Currency

61.525

Currency

59.9831

Currency

73.2484

Currency

36.8536

Currency

41.58

Currency

65.4491

Currency

8.18023

Currency

0.58149

Currency

0.38035

Currency

0.52544

Currency

1.69383

Currency

0.6959

Алуминиум

2 $

Иридиум

135048 $

Кобалт

450 $

Никел

494565 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

977 $

Злато

86474 $

Бакар

8 $

Паладиум

29935 $

Платина

31460 $

Цинк

91845 $